Природни Домашни Производи
Домашна зимниса од еколошки производи од нашата бавча
Кајсиите се овошје кои со својот вкус и мирис потсетуваат на безгрижни летни денови, а притоа се богати со растителни влакна кои помагаат во нормализирање на нивото на холестеролот во организмот, чувајќи го здравјето на срцето.
Исто така, ова овошје е одличен диетален избор, а влијае позитивно и врз работата на цревата, здравјето на коските и внатрешната хидратација на кожата. Само со две изедени кајсии во текот на денот, вие успевате максимално да ја извлечете нивната хранливост и здравствениот бенефит.
Кајсиите се полни со витамин А, познат и како ретинол, којшто го чува здравјето на очите, но и помага при одржување на силен имунолошки систем и ја штити кожата.
Ние се потрудивме бенифитите од ова овошје да ви се достапни и во зима преку нашите сокови без додаток на конзерванс со малку шекер.
Кајсиите користени во нашите сокови се од нашата бавча, која е во еколошка средина не се прскани.
Цена: 170/1 литар
Вишните се одличен извор на витамини и минерали и имаат благотворно дејство на целиот организам. Главниот пигмент е црвен антоцијан кој влијае како антиоксиданс, и затоа е еден од најважните регулатори на срцевиот ритам и процес на стареење.
Ова овошје има голема улога и во одржување на убавината на кожата. Се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспаленија, помага кај несоница, го штити нервниот систем и помага во лекување на тешкотии кај менопауза.
Вишните користени во нашите производи се од нашата бавча не се прскани со никакви средства. Компотот е без конзерванс со малку шеќер.
Цена: компот од вишна марела, тегла 600мл./110 ден.
Click here to claim your Sponsored Listing.