Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер

Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер

Официјална страница на Агенцијата за заштита на право?

30/07/2024

Извештајот на Европската Комисија за владеење на правото за 2024 година претставува синтеза и на состојбата со владеењето на правото во ЕУ и проценка на ситуацијата во земјите-кандидати за членки во ЕУ. За прв пат, Извештајот за 2024 година вклучува и поглавја од земјите за четири земји од проширувањето (Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија).

Препораките вклучени во овој извештај имаат за цел дополнително да им помогнат на земјите-членки во нивните напори да ги унапредат тековните реформи и да им помогнат да идентификуваат каде се потребни подобрувања. За таа цел, Извештајот за владеење на правото за 2024 година го нотира следново:

„Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува пристап до информации од јавен карактер како право на граѓаните вградено во Уставот и подзаконските акти. И покрај ограничените ресурси, Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер ги процесира жалбите и ги следи имателите на информации додека постои загриженост за одбивање и одложување.

Просечно, во изминатите три години имало 8.500 барања годишно за информации од јавен карактер. Засегнатите страни изразија загриженост дека заштитата на личните податоци често се користи како општа причина за одбивање пристап до документи. Доцнењето во добивањето информации е предолго, особено за новинарите кои работат со куси рокови, додека јавната администрација не е доволно одговорна за давање пристап до информации во пракса.“

Кон ова, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер останува посветена на остварувањето на своите надлежности како кредибилен афирматор и заштитник на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер.

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 14/06/2024

📑 На 12 Јуни 2024 година во Тирана, Албанија беше презентиран 5-от Годишен извешатај на БИРН (Balkan Investigative Reporting Network) за слобода на информирањето за 2023 година. Извештајот анализира 715 барања за информации доставени од новинари на БИРН во шест земји од Западен Балкан во 2023 година, меѓу кои и Република Северна Македонија, шест интервјуа со претставници на релевантните власти во секоја земја, како и интервјуа со 12 новинари на БИРН од надворешни експерти.

📈 За одбележување е фактот дека, во 2023, БИРН Македонија го има најдоброто искуство со пристап до податоци користејќи го правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, од поднесени вкупно 63 Барања за пристап до информации од јавен карактер, 54 се во целост одговорени, по 4 барања за пристап до информации од јавен карактер е делумно постапено, 2 барања се одбиени, а по 3 барања воопшто не е постапено од страна на институциите – иматели на информации.

🔏„Јавните институции во Западен Балкан се се помалку подготвени да одговараат на слободата на информации, барањата за информирање, новинарските прашања или да даваат интервјуа“, се заклучува во новиот извештај заснован на работата на новинарите на БИРН во текот на 2023 година, објавен во средата во Тирана, Албанија. “Практиката на таканаречениот „административен молк“ – непостапување по поднесените барања за пристап до информации - стана широко распространета,“ се вели во извештајот.

📩 Извештајот можете да го најдете на следниот линк:https://balkaninsight.com/wp-content/uploads/2024/06/Freedom-of-Information-2023-Annual-Report.pdf

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 07/06/2024

Меѓународната конференција на комесари за информации (МККИ) е светски годишен форум кој ги поврзува комесарите за информации, народните правобранител и други тела надлежни за надгледување на спроведувањето на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од целиот свет, како фундаментален столб за социјалното, економското и демократското управување.

Овогодинешната конференција се одржа од 3 до 5 јуни 2024 година во Тирана, Албанија, на тема „Зајакнување на поединците преку пристап до информации: обезбедување транспарентност и инклузивност во меѓусебно поврзан свет“.

На оваа конференција, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер на Република Северна Македонија ја претставуваа Блерим Исени – Заменик директор на Агенцијата, Макфирете Морина Сулејмани – Советник за спроведување на управни постапки и Александра Стојановска – Советник за меѓународна соработка.

Главниот фокус на дискусиите беше решавање на вообичаените теми поврзани со слободниот пристап како и да ги истражи можните решенија, земајќи ги во предвид новите технологии и дигитализацијата и нивниот ефект врз законските решенија и човековото правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

На затворената сесија, Собранието на МККИ го избра Извршниот комитет, составен од комисионерите на Албанија, градот Буенос Аирес (Аргентина), Бангладеш, Бермуда, Германија, Филипини, Јужна Африка и Соединетите Американски Држави. За Претседател на ИК, со поддршка на Секретаријатот, за периодот 2024-2027 година, е повторно избрана канцеларијата на Комисионерот (ИНАИ) од Мексико.

По ова, беше усвоена заедничка изјава за медиумите.

#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер

ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

30/05/2024

🌐 Во рамките на проектот „Инклузивност во пристапот до информации од јавен карактер за лицата со попреченост“, нашата Агенција заедно со Инклузива-Inkluziva и поддршката на Фондација Отворено општество - Македонија, создадоа нешто навистина посебно: едукативно видео кое има за цел да го поедностави процесот на пристап до информации од јавен карактер, прилагодено за лицата со попреченост.

🎥 Во ова видео, посветените млади активисти на Инклузива ќе ве поведат чекор-по-чекор низ процедурата за барање информации од јавен карактер, осигурувајќи дека секој, без оглед на попреченоста, може да го искористи своето право на пристап до потребните информации.

🎞 Сега можете да го погледнете овој ресурс за зајакнување на нашите граѓани, бидејќи информираноста е моќ, а пристапноста е клуч за напредно општество! 🫂

#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 23/05/2024

Во соработка со УНДП и Архурс центар Скопје, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер одржа дводневна обука на тема „Зголемување на еколошката транспарентност за унапредување на еколошката правда“ на 20 и 21 мај 2024 година, во хотел „Монтана Палас“, Крушево.

Обуката беше реализирана во рамките на проектот „Унапредување на еколошката правда во Северна Македонија“, кој е финансиран од Глобалната програма на УНДП.

На обуката учествуваа претставници од општините Крушево, Велес, Демир Хисар, Прилеп, Тетово, Битола и Струга, како и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда, Министерството за финансии и Државниот инспекторат за животна средина.

Со свои презентации учествуваа Маја Марковска, Извршен директор и Александра Каракашова-Сачкарска од Архурс центар - Скопје, додека пак од Агенцијата обуката ја одржаа Цветан Станоески, Раководител на одделение за управна постапка и Петар Гајдов, Државен советник. Посебен акцент беше ставен на проактивната транспарентност во слободниот пристап до информациите од јавен карактер.

По одржаните презентации, се разви дискусија преку која беа разменети искуства и примери од позитивната пракса со цел зголемување на еколошката транспарентност и унапредување на еколошката правда - како на локално, така и на централно ниво.

#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


Информирај се: www.aspi.mk

21/05/2024

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИИнклузива-Inkluzivaод Куманово, како дел од Проектот за инклузија во пристапот до јавни информации за лицата со попреченост, кој е поддржан од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, подготвија Прирачник за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за лицата со попреченост.

Овој прирачник има за цел да ги информира лицата со попреченост за правото на пристап до информациите од јавен карактер, како едно од уставно загарантираните права.

Слободниот пристап до информации од јавен карактер е процес во кој лицата со попреченост имаат еднакви човекови права, како сите други граѓани, а овој прирачник ќе има овозможи да се запознаат со законските права на кој начин да бараат и да добиваат информации од јавен карактер кои се од нивен интерес.

Прирачникот можете да го прочитате и преземете на следниот линк:⬇️
https://aspi.mk/wp-content/uploads/2024/05/Priracnik-Finalen-1.pdf

#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 17/05/2024

🇪🇸 🇲🇰 На 6 и 7 мај 2024 година, во Мадрид, Шпанија се одржа тематска работилница за анализирање/справување со случаи за слободен пристап до информации, именувана „Политичките партии како иматели на информации – искуства и предизвици“, во организација на Советот за транспарентност и добро владеење на Шпанија.

✅ На работилницата се обратија Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, и Петар Гајдов, државен советник во Агенцијата, при што презентираа примери од праксата.

🌏🌐 Своето искуство го споделија и претставниците од институциите на Естонија, Португалија, Германија, Северна Македонија, Словенија, Швајцарија, Унгарија, Шпанија, Обединетото Кралство, Албанија, Косово, Хрватска, Луксембург, како и претставник на Европскиот омбудсман.

#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер

ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

14/05/2024

Одделот за соработка за слобода на изразување на Советот на Европа, во соработка со Комисијата за право на пристап до информации на CDAI, беше домаќин на значајна регионална конференција во Рабат, Мароко. Овој настан, насловен како „Евро-медитерански пристапи за пристап до информации“, е клучен чекор кон зајакнување на транспарентното владеење и заштита на правото на пристап до информации во нашиот заеднички регион. Регионалниот настан се одржа во контекст на проектот „Слобода на изразување, медиумски плурализам и пристап до информации (SPV-FREXPLUME)“, компонента на Јужната програма V, заедничка иницијатива меѓу Европската Унија и Советот на Европа.

Соединувајќи голем број институционални претставници за пристап до информации од Северна Македонија, Мароко, Тунис, Либан, Ирска, Шпанија, Португалија, Србија, и Грузија, конференцијата имаше за цел да го олесни дијалогот преку споделување на добри практики и знаења за стандардите на Советот на Европа, а особено Конвенцијата за пристап до официјални документи (Тромсова конвенција).

Директорката на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер на Република Северна Македонија, Пламенка Бојчева, ја претставуваше Агенцијата како еден од говорниците на конференцијата. Обраќајќи се на присутните, директорката презентираше искуствени перспективи за процесот на постапување по жалбите во Агенцијата со посебен осврт на судската пракса во постапувањето на Управниот и Вишиот управен суд.

Учесниците се вклучија во плодни дискусии за студии на случај и размена на искуства меѓу колеги и колеги со експерти на Советот на Европа, кои дадоа препораки за воспоставување репер за перформансите на индикаторите за самооценување во областа на пристапот до информации и вредни сознанија за подобрување механизмите и алатките во јужниот медитерански регион (Мароко, Тунис и Либан) и европските држави.

#транспарентност
#отчетност
#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер

ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

https://www.youtube.com/watch?v=UDE0E6KpYZU

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата 29/04/2024

„Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град во државата?“

Истражувачката статија на новинарката Мери Јордановска (Новинска агенција МЕТА), фрла светлина врз предизвиците со кои се соочува Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, нагласувајќи ги напорите на Агенцијата вложени во справувањето со жалбите, справувањето со молкот на администрацијата и борбата против недостатокот на транспарентност кај имателите на информации од јавен карактер.

„Пристапот до информациите е клучна компонента на транспарентната и одговорна власт. Смислата на пристапот до информациите е да им овозможи на граѓаните да видат како работи власта, односно да бидат во можност да откријат корупција или да откријат недостатоци при креирањето на политиките. Во таа смисла, информациите што ги креираат и со кои располагаат јавните власти ѝ припаѓаат на јавноста.“

И покрај напорите да се промовира и олесни пристапот до правата на информации, бирократските процедури и нетранспарентноста на некои од јавните институции како иматели на информации од јавен карактер сè уште претставуваат значајни пречки. Понатаму, статијата ја нагласува потребата од поголема одговорност и мерки за транспарентност за да се обезбеди ефективно функционирање на Агенцијата и да се поддржи правото на граѓаните за пристап до информации од јавен карактер.

Целата статија е достапна на следниот линк:

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 25/04/2024

📑 Членовите на работната група за самопроценка според CAF-методологијата на работење на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Проектниот тим од УСАИД, предводен од експертите за CAF, Неда Малеска Сачмароска и Весна Бочварска Цветковска, на 23.04.24 го одржаа вториот работен состанок.

📈 На овој состанок беше разгледан „Критериумот 5 – Процеси“, според овој меѓународен стандардизиран модел за унапредување на квалитетот во работењето, при што беа детектирани силните страни и областите за подобрување на работните процеси во Агенцијата.

#ПартнерствоПротивКорупција

#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

23/04/2024

Преставници на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер вчера присуствуваа на работна средба во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. На средбата присуствуваа претставници од Советот, како и експерти од Адвокатска канцеларија Георгиевски, предводена од адвокатот Ѓорѓи Георгиевски и Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Мотив за оваа средба беше реализација на една од утврдените активности согласно Акцискиот план од третиот циклус на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)”.

Преку размена на искуства со конкретни практични примери од работата на Агенцијата, утврдување на нацрт-методологија, а со сеопфатна анализа на одлуките на Управниот и Вишиот управен суд, очекуваме да изгради конзистентна пракса во одлучувањето при управните спорови покренати против решенијата на Агенцијата во полза на јавниот интерес.

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 18/04/2024

На денешната обука за „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ одржана во просториите на нашата Агенција присуствуваа службени лица од образовните и здравствените институции на Република Северна Македонија.

Нашиот искусен тим на обучувачи подетално ги запозна присутните со постапката за барање на информации од јавен карактер, исклучоците од слободниот пристап до информациите од јавен карактер, како и со начинот на кој се користи Е-порталот за иматели на информации — достапен на нашата официјална Интернет-страница.

За повеќе информации и практични вежби за поефикасно спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер на сите граѓани, ги повикуваме сите службени лица кај имателите на информации и самите да се пријавуваат за следење на обуките, на електронската адреса: [email protected].

#имашправодазнаеш

#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер

ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

Photos from USAID North Macedonia's post 12/04/2024
10/04/2024
Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 05/04/2024

Во рамките на Проектот за партнерство против корупција, членовите на работната група на АСПИ, со помош на Проектниот тим од УСАИД, предводен од екпертите за CAF, Неда Малеска Сачмароска и Весна Бочварска Цветковска, беа воведени во процесот на самопроценка според моделот за квалитет на CAF.

Целта на Проектот на УСАИД за партнерство против корупција е партнерство со институциите во Република Северна Македонија, со цел да се идентификуваат заедничките приоритети и заедничко создавање и инвестирање во активности кои ги зајакнуваат системите на национално ниво, намалувајќи ја при тоа институционалната ранливост на корупција.

Во следните шест месеци, членовите на работната група за самопроценка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер ќе се обучуваат за имплементација на овој меѓународен стандардизиран модел за унапредување на квалитетот во работењето, со што ќе се овозможи континуирано унапредување на работниот процес и квалитетот на услугите на Агенцијата.

02/04/2024

🌍🔍✨ Во свет каде што информациите течат слободно, транспарентноста и инклузивноста не се само клучни зборови — тие се основни принципи кои го обликуваат нашето меѓусебно поврзано општество. Додека се движиме низ огромниот пејзаж на онлајн ресурси, од клучно значење е да се осигураме дека сите имаат еднаков пристап до информациите. Еве зошто:

1️⃣ Зајакнување преку знаење: Пристапот до информации ги овластува поединците да донесуваат информирани одлуки за нивните животи, нивните заедници и светот во целина. Со поттикнување на транспарентноста, им овозможуваме на луѓето од различно потекло да учествуваат поцелосно во општеството.

2️⃣ Градење доверба: Транспарентноста раѓа доверба. Кога информациите се лесно достапни за сите, тие ја поттикнуваат одговорноста и ја зајакнуваат довербата меѓу институциите, организациите и јавноста. Тоа е основа на здрава, функционална демократија.

3️⃣ Поттикнување на инклузивноста: Инклузивноста значи да се осигура дека никој не е оставен сам на себе. Со рушење на бариерите за пристап до информации, создаваме поинклузивно општество во кое секој може да придонесе, без оглед на нивниот социо-економски статус, локација или потекло.

4️⃣ Промовирање на иновации: Слободниот пристап до информации поттикнува иновации и напредок. Кога знаењето се споделува отворено, тоа инспирира креативност, поттикнува научни достигнувања и води до решенија за предизвиците со кои се соочуваме како глобална заедница.

Како што се залагаме за транспарентност и инклузивност, да внимаваме и на предизвиците. Мора да ги решиме прашањата како дигиталниот јаз, дезинформациите и приватноста на податоците за вистински да го искористиме потенцијалот на меѓусебно поврзан свет.

#Транспарентност
#Инклузивност
#ПристапдоИнформации
#Дигиталнодоба
#отчетност
#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


Информирај се: www.aspi.mk

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 28/03/2024

🌐 Како најголема во нашиот регистар, групата на иматели на информации од образовните и здравствените институции на Република Северна Македонија и денеска беше во фокусот на денешната обука за „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, одржана во просториите на нашата Агенција.

📊 Нашиот искусен тим на обучувачи подетално ги запозна службените лица од образовните и здравствените институции во Република Северна Македонија со постапката за барање на информации од јавен карактер, исклучоците од слободниот пристап до информациите од јавен карактер, како и со начинот на кој се користи Е-порталот за иматели на информации — достапен на нашата официјална Интернет-страница.

👉 За повеќе информации и практични вежби за поефикасно спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер на сите граѓани, ги повикуваме сите службени лица кај имателите на информации и самите да се пријавуваат за следење на обуките, на електронската адреса: [email protected].

#имашправодазнаеш

#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер

ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

26/03/2024

🌐 Во Република Северна Македонија, како и во многу други земји, обезбедувањето еднаков пристап до информации од јавен карактер е од клучно значење за промовирање на родовата еднаквост како една од основите за просперитетно и одржливо општество.

🔐 Слободниот пристап до информации од јавен карактер е од суштинско значење за промовирање на родовата еднаквост на неколку начини. Прво, им овозможува на жените да ги остварат своите права и да пристапат до основните услуги. Второ, слободниот пристап до информации од јавен карактер поттикнува транспарентност и одговорност во управувањето, каде што жените се недоволно застапени на позициите за одлучување — и во јавниот и во приватниот сектор.

👩‍💼👨‍💼 Со обезбедување на транспарентност и отчетност, слободниот пристап до информации од јавен карактер може да помогне во справувањето со родовите разлики во управувањето и да го промовира учеството на жените во одлучувањето.

#родоваеднаквост
#транспарентност
#отчетност
#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 21/03/2024

🌐 На денешната обука за „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ одржана во просториите на нашата Агенција присуствуваа службени лица од образовните и здравствените институции на Република Северна Македонија.

✅ Нашиот искусен тим на обучувачи подетално ги запозна присутните со постапката за барање на информации од јавен карактер, исклучоците од слободниот пристап до информациите од јавен карактер, како и со начинот на кој се користи Е-порталот за иматели на информации — достапен на нашата официјална Интернет-страница.

👉 За повеќе информации и практични вежби за поефикасно спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер на сите граѓани, ги повикуваме сите службени лица кај имателите на информации и самите да се пријавуваат за следење на обуките, на електронската адреса: [email protected].

#имашправодазнаеш

#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер

ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

18/03/2024

🔍 Секој граѓанин има право на слободен пристап до точни и веродостојни информации од јавен карактер. Тоа е камен-темелник на информирано донесување одлуки и здраво општество. Од владините податоци до научните истражувања, транспарентноста ја поттикнува одговорноста и ги овластува граѓаните.

🚫 Сепак, среде огромното море од информации, бранот лажни вести може да биде огромен и опасен.

🌊📣 Дезинформациите се шират како шумски пожар и предизвикуваат конфузија и поделеност бидејќи луѓето веруваат во нивната точност без да ја проверат. Но, со развивање на вештините за критичко размислување и проверка на изворите од кои потекнуваат лажните вести, можеме полесно да се движиме низ лавиринтот на дезинформации.

🔍💡Знаењето е моќ, а пристапот до вистината и информациите од јавен карактер е една од најсилните алатки против дезинформации. Со промовирање на слободниот пристап до веродостојни информации од јавен карактер и поддржувајќи ја вредноста на точните информации во дигиталната ера, можеме да изградиме поотпорно и постабилно општество. 🌐

#ПристапДоВистината
#БорбаСоЛажниВести
#ИнформациитеСеМоќ 🌟
#транспарентност
#отчетност
#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 12/03/2024

Во просториите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се одржа обука за учениците од паралелката 3-8 од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, кои што го слушаат предметот „Прекршоци во постапка пред прекршочниот орган“ во рамките на нивната наставна програма и нивниот наставник Александар Давидовски.

Со цел да им се доближи оваа правна постапка преку искуствата на Прекршочната комисија во Агенцијата, со практични примери се запознаа со начинот на кој се води прекршочната постапка и тоа: кога и зошто може да се покрене прекршочна постапка, кој може да покрене и против кого може да се покрене прекршочна постапка, кои се фазите на прекршочната постапка и сл.

Воедно, учениците беа запознаени со одредбите од законот за СПИЈК, како и за надлежностите на Агенцијата.

Драги ученици, ви благодариме на посетата и мотивираноста да научите повеќе! 🤍

#транспарентност
#отчетност
#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер

#само заедноможемеповеќезасите
ℹ️ Информирај се: www.aspi.mk

04/03/2024

#транспарентност
#отчетност
#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер



Информирај се: www.aspi.mk

Photos from Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер's post 28/02/2024

Работна средба: Транспарентност на политичките партии и коалиции во предизборен и изборен период

Денес во просториите на нашата Агенција се одржа работна средба, насловена „Транспарентност на политичките партии и коалиции во предизборен и изборен период“. Пламенка Бојчева (директорка на АЗПСПИЈК) и Илина Мангова (регионална советничка за Европа, Меѓународен републикански институт — ИРИ), ја отворија оваа работна средба со поздравно обраќање кон присутните.

По воведното обраќање, Марија Саздевски-Вангеловски (виша менаџерка за финансии и администрација, ИРИ) и Петар Гајдов (државен советник, АЗПСПИЈК) направија краток осврт на состојби и предизвици при објавување информации од јавен карактер од страна на партиите и коалициите поврзани со избори и редовно работење, давајќи, при тоа, насоки за унапредување на транспарентноста на политичките партии во предизборен и изборен период.

Во оваа пригода, учесниците-претставници на политичките партии и коалиции во Република Северна Македонија имаа можност да ги споделат своите практични искуства поврзани со информациите од јавен карактер, но и да проговорат за предизвиците со кои се соочуваат со објавување информации и известување во предизборниот и изборниот период.

Извлекувајќи заклучоци од дисусијата, Макфирете Морина-Сулејмани (советничка за спроведување на управни постапки, АЗПСПИЈК, и модератор на настанот) и Марија Саздевски-Вангеловски ја затворија работната средба, потенцирајќи ги чекорите кои треба да следат за зголемена транспарентност на политичките партии и коалиции во предизборниот и изборниот период.

26/02/2024

#транспарентност
#отчетност
#имашправодазнаеш


#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер


Информирај се: www.aspi.mk

19/02/2024

🔎 Истражувачкото новинарство служи како камен-темелник на енергичната демократија, правејќи ја власта отчетна и разоткривајќи прашања кои влијаат на развојот на општеството. Во срцето на овој новинарски потфат лежи клучната меѓусебна поврзаност со слободниот пристап до информации од јавен карактер.

🌐 Оваа симбиотска врска е од суштинско значење за поттикнување на транспарентноста, откривање на скриените вистини и зајакнување на јавноста со знаење.

Прочитајте повеќе на следните линкови: 👇

МК / https://aspi.mk/wp-content/uploads/2024/02/ASPI-07.02.24-_-Симбиотската-врска-помеѓу-истражувачко-новинарство-и-слободниот-пристап-до-информациите-од-јавен-карактер-ЈВ.docx

AL / https://aspi.mk/wp-content/uploads/2024/02/Lidhja-simbiotike-mes-gazetarise-investigative-dhe-qasjes-se-lire-ne.docx

ENG / https://aspi.mk/wp-content/uploads/2024/02/ASPI-13.02.24-_-The-Symbiotic-Relationship-between-Investigative-Journalism-and-Free-Access-to-Public-Information-JV.docx

Videos (show all)

🌐 Во рамките на проектот „Инклузивност во пристапот до информации од јавен карактер за лицата со попреченост“, нашата Аг...
Одделот за соработка за слобода на изразување на Советот на Европа, во соработка со Комисијата за право на пристап до ин...
#транспарентност#отчетност#имашправодазнаеш#jukenitëdrejtënedini#youhaverighttoknow#слободенпристапдоинформацииодјавенка...
#транспарентност#отчетност#имашправодазнаеш#jukenitëdrejtënedini#youhaverighttoknow#слободенпристапдоинформацииодјавенка...
🔎 Истражувачкото новинарство служи како камен-темелник на енергичната демократија, правејќи ја власта отчетна и разоткри...
ℹ️  Службените лица за посредување со информациите од јавен карактер кај имателите на информации се клучни во остварувањ...
#транспарентност#отчетност#имашправодазнаеш#jukenitëdrejtënedini#youhaverighttoknow#слободенпристапдоинформацииодјавенка...
🌐 Слободниот пристап до информации од јавен карактер го зајакнува општеството на неколку начини преку промовирање на тра...
#имашправодазнаеш#jukenitëdrejtënedini#youhaverighttoknow#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер#freeaccesstopublici...
#имашправодазнаеш#jukenitëdrejtënedini#youhaverighttoknow#слободенпристапдоинформацииодјавенкарактер#freeaccesstopublici...