Boswelliа "Alchemy of Life"
Алхемијата на животот "Boswelliа – Alchemy of Life" ќе ви помогне да станете Алхемичарот на својот живот!
Што е Семејна Констeлација и какво влијание има врз животот и реакциите на поединецот, партнерскиот живот, професионален живот, семејството?!
🫴Оваа сабота имате можност да присуствувате на семејна констелација, да учествувате со ваша тема за работа или пак да бидете само учесник во енергетското поле преку кое секако исцелувате и делови од Вас и ќе имате можност да ги раберете 3те битни Закони како непречено би течела животната енергија на правилен начин во Вас и Вашите идни поколенија, од каде ни доаѓаат стравовите, несигурноста во себе, трауми, животен тек...дали се Ваши доживеани или пак се трансгенерациски наследени🙏✨💫🌼🍀
Дајте и правдина и место на Вашата душа и на сите учесници во Вашата лична семејна констелација, само така може да тече животна енергија во Вас и Вашите поколенија, да се изменат некои состојби, да се олеснат трауми, да се подобри здравјето и само така ќе имаме стабилни семејни дрва и здрави фиданки🍀🍀🍀
👉Ве поканувам на 31.08.2024 во 18ч. на Семејни констелации и шамански исцелителен ритуал, останати се уште неколку места, бројот на учесници е лимитиран💫
Повеќе инфо во инбокс 🍀✨🙏
Ви праќам љубов и радост - Џаси ✨🙏💜💛💜
СВЕТЛОСНА КОЗМЕТОЛОГИЈА
Метода за ефикасни, неинвазивни регенарации и подмладувања на клетките, надворешно и на ниво на ДНК✨🙏🍀
💫Светлосната козметологија е заедничка активност на човекот и Вишите сили. По секоја сесија, човекот не само што станува помлад и поубав, со длабински детокс на телото туку и духовно расте.
И повеќе од тоа. Ова е еден вид на исцелување, кога исцелителот, давајќи му на клиентот третман на подмладување или закрепнување од болест, тоа се случува затоа што Вишите битија на светлината учествуваат во апсолутно сите сесии - Ешка, Аја Софија, Марија Магдалена, Архангел Михаил, Архангел Рафаел, Ренуара и Метатрон кои, како што знаеме, ни помагаат и одговараат на нашите молитви во врска со здравјето, младоста и убавината.
✨️🙏✨️Кога некој е инициран во оваа специјалност, три кристали на светлина се фиксираат во биополето, симболи исткаени од Божествената светлина, кои се активираат по рецитирање на одредени мантри. Преку нив Светлосниот козметолог ги користи зраците на највисоките вибрации потребни за спроведување на сесиите. Енергијата се јавува без контакт, на клеточно ниво. Младинскиот ген е активиран. Се разбира, тоа е постепен процес. Отпрвин, стареењето се забавува. Потоа престанува, а потоа следи процес на подмладување.
✨️Оваа форма на козметика има ПОДМЛАДУВАЧКИ ефект врз физичкото тело.
Изгледот ќе се промени по неколку сесии. Кожата на телото ќе стане и посилна и понежна поради зајакнувањето на сврзното ткиво. Ќе изгледате помладо, посвежо и поздраво. Клеточната структура на кожата се менува и подмладува.
✨️Оваа форма на козметика има ИСЦЕЛУВАЧКО дејство врз физичкото тело.
Кристалите со висока фреквенција влијаат на вашите органи и ги лекуваат на клеточно ниво. Веќе по неколку сесии, ќе почувствувате промени во вашето тело.
✨️Оваа форма на козметика енергично делува на СИТЕ СВЕТЛОСНИ ТЕЛА.
Со нејзино практикување, се случува прочистување и енергизирање на вашето Светлосно Тело. „Дојдовната“ туѓа енергија се отстранува. Вашата емоционална состојба се подобрува.
👉Оваа форма на козметика има подмладувачки ефект на ниво на ДНК.
Бидејќи стареењето постои само во дуалниот свет, оваа информација ќе биде отстранета од вашите клетки и ДНК. Програмата за стареење е прекината и инсталирана е нова програма ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ!
👉Од овој момент започнува „одбројувањето“. Вашето тело и органи стануваат помлади!
🤌Важно е да се разбере дека енергијата работи многу моќно и многу интензивно за време на сесијата. Влијанието на оваа енергија ќе биде попродуктивно ако го отворите срцето и им дозволите на кристалите да го вршат своето корисно влијание.
Сфатете дека сте ангел и дека можете да живеете на Земјата многу подолго отколку што разбира вашата свест.
За време на сесијата, вие сте под влијание на трите кристали фиксирани на постерот и Ангелите: Ешка, Аја Софија, Архангел Рафаел и Ренуара.
Дополнително, по желба можете да ги користите крема за лице против стареење и кремата за тело против стареење кои се наполнети со енергијата на кристалите. Овој крем делува на подмладување на вашите клетки.
✨️Што се случува за време на сесија -светлосна козметологија?
🦋Со помош на Нова енергија стареењето на клетките ќе се забави, запре, а потоа започнува процесот на подмладување. Трансформацијата во клетките може да се почувствува веќе на сеансите, како топлина, пецкање, пријатни чувства во телото, зголемена циркулација на крвта, розова кожа и подобрено расположение. Поради зајакнување на кожата, може да се појават симптоми на благ притисок и напнатост на кожата. Клиентот дефинитивно ќе ја почувствува промената.
🦋Чистење
Во енергетските третмани за подмладување и заздравување на кожата и телото, чистењето е неизбежно и неопходно, особено бидејќи се работи со висока фрекфенција 999. За време на процесот на чистење, може да се појават следните симптоми: чешање, акни, дијареа, често мокрење. Како и кај хомеопатијата, може да се чувствувате полошо, но состојбата се враќа во нормала по 3 до 4 сесии.
🦋Спроведување на сесијата
За време на сесијата, вклучена е медитативна музика за длабока релаксација. Клиентот седи или лежи пред постер на кој има високофреквентни кристали против стареење, а на суптилно ниво се одвива комуникација со неговите клетки за нивно обновување, заздравување, закрепнување. За тоа време, Светлосниот козметолог го врши третманот. За да се постигне максимален резултат, идеално е да се спроведат 10 сесии.
🦋Крем
За време на сесијата потребно е да се енергезира кремот кој клиентот вообичаено го користи, за понатамошна употреба. Кремот може да се нанесува на кожата 3 пати на ден, но единствено може да се наполни со енергија само доколку се природни состојките, во спротивно не може да се програмира кремата.
🦋Времетраење и динамика на сесијата.
Сесиите се одржуваат во рок од 2-3 дена, не повеќе и не пократко од 20 минути. Енергијата е многу силна и на телото мора да му се даде време да се прилагоди на промените.
👉ВАЖНО!
Процесот на подмладување се постигнува целосно само ако лицето ја напушти колективната свест за процесот на стареење. Менталната слика за стареењето е многу моќна во нашето општество, важно е да се излезе од оваа универзална програма. Не разговарајте за старите и младите, не сметајте се себеси за стари или млади, само оставете ги овие старосни рамки ✨🙏✨
Време е за подмладување и регенерирање✨🙏✨
“The So-called 'Black Sheep' of the family are, in fact, seekers of liberation roads for the family tree. Those members of the tree who do not adapt to the rules or traditions of the family system, those who were constantly seeking to revolutionize beliefs, going in contrast to roads marked by family traditions, those criticized, tried and even rejected, those, by General, they are called to release the tree of repetitive stories that frustrate entire generations.
The 'Black Sheep', those who do not adapt, those who scream rebel, repair, detoxify and create a new and blooming branch... countless unfulfilled desires, unfulfilled dreams, frustrated talents of our ancestors manifest themselves in their rebellion looking to take place.
The family tree, by inertia, will want to continue to maintain the toxic course of its trunk, which makes its task difficult and conflicting... that no one makes you doubt, take care of your 'rarity' as the most precious flower of Your Tree.
You are the dream of all your ancestors.”
― Bert Hellinger
[ Artist • Marco Melgrati ]
Еве што се случува со нашата мила Планета кога добронамерници од цел Свет во исто време ќе медитираат или ќе и испраќаат исцелувачка енерегија - секој во зависност од својот степен на познавање🙏🍀🙏
Имено, ноќта од 25 јули кон 26 јули влеговме во нов планетарен циклус и се отвори нов бран на Сината Светлина, тоа е ноќта кога Маите ја слават својата Нова Година, денес е прв ден Нова Година според нивниот календар и веќе со нови енерегии, старите се растворени некаде во етерот и преплавени со нова Сина Енергија 🌏🌈⭐️
Сите вчерашни учесници дополнително беа иницирани со Каналот на Сината Енергија, енергија која понатаму може да ја користат во секое време за да направат планетарно исцелување и самоисцелување, бидејќи праќајќи и исцелувачка енергија на Мајката Земја, ние и самите стануваме канал и се самоисцелуваме, впрочем како и со секоја енергија🍀🙏🍀
Патот кон исцелувањето и себеспознавањето не секогаш е лесен и глаток,понекогаш е како патување со воз, понекогаш како тркалање по удолница 😊, но резултатите од храброста со тоа што сте решиле да се соочите со себеси најпрво, па со сите свои стравови, трауми, простувања, емоции и се она што не ви служи вам и не се за Ваше најголемо добро на крајот секогаш резултира со Хармонија, Здравје, Среќа, Радост и Добрина!
🍀🦋👑
Убаво ми е кога на другите им е убаво и лесно 🍀🙏✨️
Нема поголема награда за еден терапевт од тоа да гледа како се случуваат позитивни промени во нечиј живот 🍀♥️🙏
Ова е само дел од секојдневните пораки кои ми го прават денот Најубав ♥️✨️♥️
Убав ден Убави луѓенца, нека е Радост и Спокој 🙏✨️🍀
Би сакала да споделам искуство со енергетски третмани во Високо на Пирамидите со колегите од цела екс Југославија каде имав прилика да практицирам и да практицираат на мене професионалци во Реконективното исцелување и други типови на енергетски терапии 👑😇✨️🍀
Имено колега од Босна ми правеше мене третмани за пршлените, претходно имав мал, но добар напредок поради одење на терапии кај Др.Митко во Битола и требаше 6месеци да поминат за да направиме снимка да видиме дали ке се наместат и ќе се подобри сериозната ситуација на 3 вратни регии, колегата Изет го убрза целиот процес со 3 енергетски третмани и ситуацијата е веќе подобра и видливо пршлените се скоро вратени во линија ( не за џабе нашата работа (квантна медицина) е одлична поддршка на стандардната медицина процесот на заздравување е мноооогу побрз и поефективен) ✨️🙏🍀
Во Високо имаа прилика и луѓе што не се практичари да добијат бесплатен третман за да ја почуствуваат моќта на Божествената енергијата и навистина преубави искуства беа споделени потоа 🍀🙏✨️
Ве молам внимателно погледнете неколку фотографии на кои јасно се гледа енергетското поле на Пирамидите и ќе ви е јасно за каква моќ зборувам 🙏✨️🙏
П.С Сликите се правени со обични телефони без користење на ефекти 😊
Што мислите вие?! Дали Тесла е во право?!
Јас после тоолку години можам слободно да кажам -ДА, ВО ПРАВО Е!!! 🙏✨️🍀
Што претставуваат Традиционалните енергетски медицини и Реконективно исцелување и Лична реконекција.
Слушнете го Др. Ерик Перл оснивачот Реконекцијата 🍀🙏🍀
Kosmos_ The Reconnection în Serbia, Dr. Eric Pearl (Rekonekcija dr Erik Perl) Emisiunea RT Novi Sad 'Kosmos' îl are ca invitat pe Eric Pearl, într-o discuţie care dezvăluie locul vindecării reconective în contextul îngrijirii sănătăţii...
“Не собирајте за себе богатства на земјата, каде што молецот и 'рѓата уништуваат и каде крадците поткопуваат и крадат. Но, складирајте богатства на рајот каде што ниту молец ниту 'рѓа не уништуваат и каде што крадците не поткопуваат и крадат. Тоа богатство на рајот е вашето Светло (Причинско) Тело. Тоа е твоj духовeн капитал, богатство и наследство. Тоа е вашиот небесен свет што треба сами да го изградите за себе. Тоа се микрокосмичките Небеса, Светиот град, живеалиште Божјо, во кое тој гради човечко суштество, камен по камен. Тоа е центарот на Вишата свест на човекот, неговата сопствена Божествена Свест која е како одело што го ткае, за да го облече. Тоа е Телото на Светлината, тоа е човечко Светло тело на небесата!” - Вознесениот Владика Исус Христос🙏❤🙏
Добра ноќ 🥰
Што се случува кога ќе го сретнете вашиот Духовен близнак? Дали ја имате сретнато Вашата Душа Близначка?!
Јас - ДА! И морам да кажам дека е посебна врска и убавина да функционираш и да ја имаш до себе својата Душа Близначка, Растеш и Растеш и Растете ЗАЕДНО!!!
Постојат многу сродни души кои ги среќаваме во различни периоди од животот. Сродна душа може да најдеме во нашиот љубовен партнер, пријатели, па дури и членови од семејството. Но, кога велиме дека копнееме по нашата друга половина, мислиме на нашиот духовен близнак – нашиот близначки пламен, на англиски познат и како „twin flame“.
Сите ние имаме само еден духовен близнак кој е на исто енергетско ниво како нашето, но на спротивна фреквенција. Кога фреквенциите на близнаците со идентична енергија ќе се претопат, се постигнува ускладување на јин и јанг. Во моментот кога близнаците ќе се препознаат, нивните души почнуваат да се враќаат во нивната суштина преку процес на соединување. Можеме да знаеме дали навистина сме го сретнале нашиот близнак, само ако се соединиме со него на емоционално и духовно ниво.
Средбите на духовните близнаци се многу интензивни. Станува збор за длабоко искуство кое ги менува и двајцата партнери. Тие никогаш повеќе нема да бидат исти, бидејќи се доживуваат себеси на поинаков начин. Тие почнуваат интензивно да се чувствуваат себеси во нивната близначка половина.
Егото може да се обиде да му се спротивстави на тој интензитет, да настојува да ја уништи врската и да ја втурне во конвенционалните љубовни односи. Тогаш настануваат драмите, разделбите, караниците и недоразбирањата, сѐ додека близнаците не разберат дека треба да се предадат на безусловната љубов. Средбата помеѓу близнаците ќе ја постигне целта само ако и двете лица се емотивно и духовно зрели за тој однос.
жЦелта на таа средба е духовното будење, кое на почеток се одликува со сите оние збунувачки моменти на препознавање. Чувствуваме дека се познаваме од претходно, од некој друг живот, се препознаваме, хемијата е силна, емоциите интензивни и се добива чувство на љубов на прв поглед. Но, на енергетско ниво работите се сепак многу подлабоки од тоа. Со духовниот близнак се поврзуваме точно преку градите, од срцевите чакри, а двете енергии со ист интензитет но спротивна фреквенција се соединуваат во трета, единствена енергија. Тоа е вистинската енергија на љубовта, онаа која е поголема од сите луѓе на светот, која бара безусловна посветеност, бидејќи само така би можеле да доживееме духовно будење и да стекнеме повисоко ниво на свесност.
Духовното будење го содржи одговорот на некои од најголемите суштински прашања на човештвото од типот „Која е смислата на нашето постоење?“. Врската со духовниот близнак нѐ води право кон тоа сознание, но само ако не се спротивставуваме и не се обидуваме да го трансформираме во нешто површно што не би ја барало нашата стопроцентна посветеност и од кое би можеле да се извлечеме неоштетени.
Близначкиот пар поминува низ кризи во кои се обидува да ги примени дисфункционалните правила на љубовните врски, а кои би требало целосно да ги отфрли. Во таа фаза всушност се тестира подготвеноста на близнаците и нивната зрелост. Доколку успеат да ја поминат таа фаза и не го саботираат текот на нивната енергија, тие сѐ повеќе ќе се зближуваат и заеднички ќе ја продолжат авантурата на духовното будење.
Многу духовни близнаци никогаш не стигнуваат до потполно соединување. Остануваат заглавени во фазата на тестирање и кризи, его, осудувања, лутина, отпор, манипулација и закани. А никој не може да остане долго во таа фаза, бидејќи нејзината главна одлика е неизмерливата болка. Во тој случај близнаците страдаат толку интензивно што целиот тој интензитет на првичното препознавање и љубов се претвора во неподнослива болка. Тогаш близнаците се разделуваат, свесни дека не можат да страдаат заедно до крајот на нивниот живот. Близнакот кој бил позрел и посовесен, кој повеќе се посветил на врската и доживеал поголема болка, самостојно го продолжува патот кон духовното будење. Понекогаш на патот среќава други сродни души меѓу кои наоѓа компатибилен партнер.
Чувството кое ги следи разделените близначки души никогаш не ги напушта. Тие знаат дека пропуштиле нешто највредно и најдрагоцено во животот. Најдоброто нешто што може да се пронајде во човечката љубов. Тој интензитет и енергетска поврзаност веќе никогаш нема да можат да ја постигнат меѓу себе. Нема враќање и почнување од почеток во ваква врска, бидејќи станува збор за трет елемент составен од постоечките два кој имал сопствена свест и кој умрел во моментот на разделбата на близнаците. Невозможно е да се оствари истата поврзаност со некој друг, бидејќи постои само еден духовен близнак. Близначкиот пламен се пали само еднаш и потоа или се распламтува или се гаси.
📢 GIVEAWAY ALERT 📢
Драги пријатели,
Со големо задоволство објавуваме неверојатен giveaway на нашиот профил! 🎉 Имаме чест во денот на отворање на порталот на Моќта да ви понудиме 3 бесплатни Реики третмани на далечина во вредност од 30евра кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата внатрешна хармонија и да го подигнете нивото на вашата енергија. ✨🦋🙏
Како да учествувате:
Доколку сте спремни јавно да го споделите искуството од третманот на нашите профили тогаш👇👇👇
Следете ги нашите профили: и .
Лајкнете ја оваа објава.
Тагнете двајца пријатели во коментарите кои исто така би сакале да искусат реики третмани, ќе ги заследат профилите и ќе споделат искуство.
🗓️ Времетраење на giveaway: од денес до Среда 22.05.2024.
🏅 Избор на добитници: Тројца среќни добитници ќе бидат избрани по случаен избор и објавени на 22.05.2024г.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност за да го подобрите вашето физичко, ментално и емоционално здравје. Реики е древна јапонска техника за релаксација и исцелување која ќе ви помогне да најдете мир и баланс во вашиот живот.
Среќно на сите! 🍀
ЦРНИТЕ ОВЦИ НА СЕМЕЈСТВАТА!!!
Црните овци на семејството се всушност ослободителите на нивното семејно стебло.
Членови на семејството кои не се во согласност со семејните правила или традиции, оние кои постојано се трудат да ги револуционизираат верувањата.
Оние кои избираат патишта против добро изгазените патеки на познати линии, оние кои се критикувани, осудени, па дури и отфрлени.
Тие се повикани да го ослободат семејството од повторувачки обрасци кои ги фрустрираат генерациите.
Овие т.н „Црните овци“, оние кои не се прилагодуваат, оние кои завиваат во бунтовност, всушност поправаат, детоксифицираат и создаваат нови цветни гранки во своето семејно стебло...
Преку оваа револуција се манифестираат безброј неостварени желби, скршени соништа или фрустрирани таленти на нашите предци.
За инерција, семејното стебло ќе стори сé што е потребно за да ја одржи кастрираната и токсична патека на своето стебло, што ќе ја отежне задачата на бунтовникот и ќе ја спротивстави...
Престанете да се сомневате и негувајте ја вашата реткост „како најскапоцениот цвет на вашето дрво“.
Вие сте сон на сите ваши предци!🍀🙏❤
Убави креми за убави луѓе 🍀❤️🍀
Секое пакетче си има своја приказна, радост и љубов додека се подготвуваат 🍀🙏♥️
Подарете радост и природни нежности за себе или своите пријатели 🍀🙏♥️
Ние денес вака 🍀
За едни посебни девојки ♥️🍀🙏
#
Од едицијата "Живот без хемии" ви претставуваме чистење без хемии 🍀
Дома ми се случи протекување асално на цефката од умивалникот во кујна и нормално хаос кој потоа сака чистење, а тоа потоа си повлекува чистење и на други делови...веќе ко си почнал истерај до крај 🤣 И така би.... 🙃🤘🙃
Чистење со сода бикарбона, алкохолен оцет, лимон и алуминиумска фолија не само што чисти одлично туку и дезинфицира површина, а при тоа не ја оштетува 🍀🙏🍀
Резултатите видете ги сами 😇
Со лесно неделен ден 🍀🙏❤️
Играње со глицеринската база е многу интересна и креативна работа од причина што од како ќе се направи после 7ч. може да се користи и да се нурнете во имагинацијата во креирање на сапунчиња 🍀
Шарени сапунчиња од домашно направена глицеринска база, со прехрамбени и природни бои добиени од билки, етерични масла и многу Љубов 🍀❤️🍀
Со оваа база исто така можете да ја развивате и креативноста кај вашите дечиња сосема е безбедна и за нив и нивните рачиња лесно се топи на пареа или во микро, се што ви треба се силиконски калапи, зачини и билки (за природни бои) доколку немате прехрамбена боја дома и секако желба :)
Можете да си нарачате глицеринска база или сапунчиња, изборот е Ваш! ❤️☀️🍀
Совршен подарок е оној кој е направен со многу љубов и внимание, а токму такви се нашите производи во Boswelliа "Alchemy of Life" 🎄🎯🎁🎀🎈
Празниците се ближат, а со тоа и желбата да подариме некому внимание и љубов преку внимателно одбран подарок за да создадеме магија за Новогодишните и Божиќните празици🎁🎄🎁
Време е за одбирање на подароци, а ние сме тука да Ви ги олесниме одлуките и заедно да создадеме магија за Вас и за оние кои ги сакате најмногу ❤🍀🎄
И во дождливиот ден донеси си Сонце🌞 🙏🌼💐🍀☀️🌦
Нека е за многу години Св.Димитрија да не чува и брани од зло и болести сите 🍀🙏🍀
Нема поубава работа од онаа што всушност не ја работиш, туку создаваш со љубов за љубов (кон себе си и другите) ❤️🙏🍀
Сетовите сами си ги креирате 🍀
Што правите во периодите како овие со променливи температурни разлики и исполнети со вируси, бактерии и владеат настинки?!
- Природни чаеви, мене секогаш прв избор ми е Миксот од билки (рузмарин, жалфија, камилица, босилок, мајчина душица, планински, липа, хибискус па и малку каранфилче за воспаленија :) ) со мед и многу лимон.
- Толчен Темјан околу 30-на зрна истолчени, додавам малку јаболков или вински оцет да стане како паста и ставете на грбот кај плешките со газа или потенка крпа одозгора и облечете се. Нека биде на вас најмалку 2 дена или додека не почне само да се одлепува и ќе почуствувате олеснување од градите, а при тоа темјанот и неговите лековити дејства ќе си ја завршат работата преку кожата.
За оние со хронична бронхопнеумонија препорачано е и пред да почне периодот на воспаленија,вируси и бактерии /превентивно да си ставите (НЕ Е ЗА ДЕЦА под 7г.).
- Многу супи со бибер и лимон, цедени лимони и портокали.
- Во дифузер ставам по 2 капки Thieves, copaiba, Ruzmarin преку ден и навечер,а може и на кожа во базно масло.
- Реики третмани
- За полесен и подобар сон, а и намалено кашлање секако може и греано вино со бибер, каранфилче, ѓумбир,цимет и портокал па и анасон 1 ѕвезда :)
За неколку дена кукурек ќе сте се додека реагирате на време и не се тешите дека е обична настинка, обична настинка нема таа е предизвикана од некаков вирус кој потоа се населува на плуќата.
Со лесно периодов и работете на својот имунитет на природен начин и чистете емоции бидејќи и тие допринесуваат за полесно разболување 🍀❤️🙏
П.С Чајот не е за продавање туку е наменет за мојата сестра која е во таков период моментално како и јас, а нека е инспирација за вас и вашите блиски како да си ги реупотребите теглите и ем природни чаеви да пиете наместо од маркетите ❤️🍀❤️
Петок 13ти 🍀 за мене секогаш убав ден 🍀🙏🍀
Дозволете си мало уживање за себе и саканите на овој сончев петочки ден ❤️🍀❤️
Петок 🍀🎁🎀
Изберете го совршениот пар за себе ❤️🍀❤️
Ние како креатори на Boswellia "Alchemy of Life" живееме во склад со животната средина, рециклирање, складирање отпад, реупотреба на материјали.
Се грижиме за тоа да водиме живот без хемии, помалку отпад и реупотребување, а со тоа ем на нас ни е убаво ем правиме нешто добро и корисно за нашата околина 🍀🙏🍀
Од едицијата Реупотреби издвојуваме стар плакар кој некој беше спремен да го фрли, па ние си го купивме и го реупотребуваме за чување на дел од нашите производи, калапи и некои алатки кои ги користиме за производство на природна козметика 🍀