Метаноја издавачка куќа (Metanoja Publishing House)

Метаноја издавачка куќа (Metanoja Publishing House)

Максим Горки 19
1000 Скопје
тел: 02 321 4 997

31/10/2023

По повод на Денот на реформацијата 31 Октомври, ви препорачуваме ненадмината биографија на Мартин Лутер реформатор од 16 век., во изданије на Метаноја, Скопје. Превод од англиски: д~р Коста Милков
Kosta Milkov/Коста Милков

31/10/2023

На малата сцена во МНТ, пред публиката собрана по повод промоцијата на постхумната збирка раскази „Мирисливите бои на душата” од Катица Трајковска-Абјаниќ, се одвиваше отелотворувањето на суштинските квалитети кои Катица ги претставуваше лично и професионално. Средба лице в лице, детско љубопитство, уметничка префинетост, длабокоумност, вера, љубов и надеж, а сето облечено во радост.

Така говореше нејзината ќерка, главниот уредник и промоторите на книгата. А одекот на публиката сесрдно ги потврдуваше.

Издавачката куќа „Метаноја” им благодари на сите учесници и присутни што со својата радост по повод книгата на Катица на овој настан потврди зошто радоста а не среќата е клучот за благосотојбата на човештвото.

12/10/2023

Во очи на роденденот на м-р Нада Милкова, директорка на „Метаноја“ (Издавачка куќа, Литературно кафѐ, Галерија) пристигна долго очекуваната слика во авторство на Ване Костуранов. Сликата е подарок од група пријатели. Пренесеното значење на името на оваа троедина институција е „преобразен ум“, тема водилка за иницијативите и активностите на Нада од основањето на „Метаноја“. Сликата на Ване со наслов „Војна“ се вклопува во оваа визија за преобразба на светот во кој владее мир и благосостојба. Куќичките на Костуранов „крвават“ заради човечката алчност и агресија. „Војна“ е потсетник дека секој човек, секоја жена, маж и дете заслужуваат своите родендени да ги дочекаат во радост и спокојство со најмилите околу себе. Нека ѝ е среќен роденденот (11.10) на Нада Милкова и нека нејзината желба за „преобразен свет“ станува сѐ по-остварена со секој нејзин иден роденден.

31/08/2023

На денешен ден пред пет години почина нашата драга пријателка Катица Трајковска-Абјаниќ. Актерка, културен работник, новинар и автор, Катица беше целосно предана на создавање контекст за културно обликување на општеството. Тоа го правеше со знаење, со вештина и со креативно љубопитство. Над сѐ Катица беше карактерна личност со непоколеблив интегритет. Нам лично и како издавачка куќа ни беше најголема чест и привилегија да ја познаваме и да бидеме нејзини пријатели. Голема радост ни причини постхумното издание на Мирисливите бои на душата, збирка нејзини раскази со пригодни текстови за неа од група автори, приготвени во соработката со нејзината ќерка Ena Abjanić Chausidis

29/08/2023

Metanoja inspires 🦋 Thank you Soul Tread 🙏

22/08/2023

Верувај му на внатрешниот глас

Дали навистина сакаш да бидеш преобратен? Дали си подготвен да бидеш преобразен? Или пак, од една страна цврсто се држиш до твојот стар начин на живеење додека, од друга, ги молиш луѓето да ти помогнат да се промениш?
Преобразбата секако не е нешто што можеш сам да го направиш. Тоа не е прашање на силата на твојата волја. Мора да му веруваш на внатрешниот глас што ти го покажува патот. Ти го знаеш тој внатрешен глас. Често се свртуваш кон него. Но откако јасно ќе го слушнеш она што се бара од тебе, почнуваш да поставуваш прашања, да составуваш приговори и да бараш мислење од некој друг. На тој начин се вовлекуваш во безбројни, често спротивставени мисли, чувства и идеи и го губиш допирот со Бог во тебе. И на крај стануваш зависен од сите оние луѓе што си ги собрал околу тебе.
Единствено ако постојано го слушаш внатрешниот глас, ќе можеш да бидеш преобразен во нов живот, живот полн со слобода и со радост.

21/08/2023

❣️❣️❣️

Конкретните заложби да им се остави поправеден и побезбеден свет на идните генерации ги надополнувам и со личната имагинација. Штотуку ја завршив првата верзија на романот за деца чиј работен наслов е „Создавањето на златниот свет“. Хронолошки е замислен како претходник на веќе објавениот „Светот на сребрениот кладенец“. Борбата за „златната суштина“ на човештвото е најавтентична, била тоа да е во вистинскиот или во светот на бајките.

#костамилков

20/08/2023
16/08/2023

Нашиот автор Коста Милков учествуваше во настанот ПОТПИШИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ НА СМРТТА. Покрај излагањето на таа тема тој прочита и една приказна од збирката ПРОЧИТАЈ МИ ПРИКАЗНА - ПРОЧИТАЈ СИ ПРИКАЗНА. Организатори беа здруженијата ЗДРАВА КОТЛИНА и ЕКО ДОЛИНА. Метаноја им благодари на сите заслужни за вечерта да биде збогатена со музичка, со видео и со поетска-книжевна програма. Одлична иницијатива во заложбите за здрава околина за сегашните и за идните генерации.

#РудникНемаДаИма

Сребро и злато немаме

Сите животни во шумата, која се простираше на еден рид од планината, се беа собрале на важен шумски собир. Овојпат никој не се плашеше од никого. Толку беше важно прашањето така што зајаците беа веднаш до лисиците, дивите прасиња до волците, славејчињата до ветрушките. Мечките се потпираа на неколку дрва со улишта пчели во нив без да се обидат ни да се оближат од медот.
Се работеше за самата шума, сосе плодните ниви во долината, реката и неколкуте раштркани подгорски села. Тие сега разговараа на висок тон за опасноста која ѝ се закануваше на оваа прекрасна живописна котлина.
Тука некои луѓе решиле да копаат рудник. Ќе копале сребро и злато. Некои од животните, особено птиците веќе имаа видено што им направија рудниците на шумите и на животните каде што се копаше. „Ужас, сѐ е опустошено“, велеа очевидците, а најпотресена беше една верверичка. „Го исекоа прекрасниот јасен и ми ја уништија цела зимница од ореви, желади...“
Ова не смееше да се дозволи тука. За таа цел имаа план. Тие го познаваа малото девојче во највисокото село чија мајка беше билкарка. Таа веќе ги распознаваше сите билки, та со леснотија знаеше да определи кои се лековити билки, кога треба да се берат и како да се сушат и да се подготвуваат за нивниот лековит ефект.
Сега девојчето беше со нив, а тоа и имаше план. Од нејзината прабаба таа беше научила една волшебничка песна наменета за вакви случаи. Песната имаше магиски моќи да разбуди едно дрво, заштитникот на шумата. Тука ова беше еден стар даб, сигурно постар од петстотини години.
На полна месечина, а тоа беше оваа вечер, песната можеше да ја направи својата магија. Кога стигна полноќ, животните почнаа мелодија, секое со својот посебен глас, кој завиваше, кој црцореше, кој укаше, а девојчето запеа. Таа пееше за сите растенија, како и за прародителите на сите дрвја и како тие благословиле секоја шума да има дрво-заштитник.
Со завршувањето на песната, дабот се разбуди. Ги затресе своите моќни гранки и со глас како од некоја бродска сирена на прекуокеански брод рече: „На што се должи ова будење драги мои?“ Кога му објаснија, дабот рече: „Хм, мислам дека знам како да ви помогнам“. Тој запеа и целата шума се разбуди.
По една недела, кога луѓето со големи камиони, булдожери и други машини, пристигнаа, токму кога почна да се стемнува, а луѓето се спремаа да завршат со копањето и сечењето дрва, се чу голема врева од високо на ридот. Тоа животните викаа на цел глас. Луѓето се стаписаа. Но тоа не беше сѐ. Кога целосно се стемни, целиот распоред на дрвјата и растенијата како да се смени. Луѓето испаничено се обидуваа да го најдат патот, но за чудо како да пристапот до него постојано се менуваше. „Еј кој ме фати за врат?“ Свика едно младо момче. „Ааа, ова дрво се движи!“ Извика еден постар возач на камион.
„Бегај да бегамее!“ Свикаа сите во еден глас. Во тој миг дрвјата се разместија и направија патека за луѓето да избегаат. Тие јурнаа надолу, но зад првата кривина ги дочека уште еден ужас. Таму среде патот стоеше древниот голем и силен даб. Тој со најдлабок глас се закани: „Дома одете си, на газди кажете си, на оваа шума заборавете си!“
Шумата беше спасена, а девојчето продолжи да си бере лековити билки. Животните ја поздравуваа, а дрвјата ги нишаа гранките кога ќе минеше крај нив. Стариот даб си се врати каде што беше изникнал пред петстотини години.
Сребро и злато селаните немаа, а не им ни требаше. Си ја имаа својата прекрасна шума и котлина.
(23.06.2019, Скопје)



📸 Тивериопол.мк

14/08/2023

Една книга со две лица, место за средба и за дружење на големите и малите љубители на приказни

13/08/2023

Да се потсетиме дека битката против загадувањето не се сведува на отпорот против профитерските планови за отворање рудници на Огражден. Оваа битка е општо за секоја педа на Земјата и конкретно за Македонија. Ја споделувам песната „Дожд“ од мојата збирка „Низ болката“. Ме боли душата и за она што му се прави на Скопје.

ДОЖД

Низ прозорецот, па преку крошните
На светилката се гледа дожд силен.
Удира накосо носен од ветровите
Кои се одбиваат од Шарa.
Се враќаат гневно од Титов Врв
А врз Скопје истураат и бол и бес.
Ни ветрови ни облаци не знаат оти
Му ја чистат душата на градот.
Ни молњата ни громот се свесни
Дека се гласник за покајание на
Сите нас кои го угнетуваме градот
И алчно му ги крадеме парковите
Воздухот е преполн гревови наши
Убиствени невидливи честички
На сета валканост на срцата и
Душите во служба на телото.
Дождот неуморно ја мие похотата
Блудот, гнилежот, злобата и зависта
Ги фаќа во своите чисти капки
И жртвено се фрла со нив во калта.

02.05.2020, Скопје

#костамилков

09/08/2023

Happiness, not in another place but this place...not for another hour, but this hour.
- Walt Whitman

Happiness, not in another place but this place...not for another hour, but this hour.
- Walt Whitman



#освежување

03/08/2023

🙏Strumica Online

СРЕБРО И ЗЛАТО НЕМАМЕ

По потекло сум од струмичко, а роден сум на 22 април 1970 во старата болница во Струмица. Годината и датумот на раѓање се совпаѓаат со првото глобално одбележување на „Денот на Земјата“. Оваа коинциденција само го засилува моето горливо противење на бездушното уништување на нашите природни ресурси заради корумпирана желба за профит.

Уште пред неколку години, кога се запознав со ужасните планови за рудници во најплодната котлина во Македонија, речиси потсвесно, кратките раскази за деца кои тогаш ги пишував во најголем дел ми беа поврзани со заштитата на природната околина.
[Kosta Milkov/Коста Милков]

👉 Во продолжение објавуваме една приказна на оваа тема од неговата збирка раскази со наслов „Причитај ми приказна / Прочитај си приказна“.

✍️ Предводени од девојчето билкарка, зајаците, лисиците, волците, мечките и верверичките ви велат, „Рудници НЕМА да ИМА!“

__________________________

Сребро и злато немаме

Сите животни во шумата, која се простираше на еден рид од планината, се беа собрале на важен шумски собир. Овојпат никој не се плашеше од никого. Толку беше важно прашањето така што зајаците беа веднаш до лисиците, дивите прасиња до волците, славејчињата до ветрушките. Мечките се потпираа на неколку дрва со улишта пчели во нив без да се обидат ни да се оближат од медот.

Се работеше за самата шума, сосе плодните ниви во долината, реката и неколкуте раштркани подгорски села. Тие сега разговараа на висок тон за опасноста која ѝ се закануваше на оваа прекрасна живописна котлина.

Тука некои луѓе решиле да копаат рудник. Ќе копале сребро и злато. Некои од животните, особено птиците веќе имаа видено што им направија рудниците на шумите и на животните каде што се копаше. „Ужас, сѐ е опустошено“, велеа очевидците, а најпотресена беше една верверичка. „Го исекоа прекрасниот јасен и ми ја уништија цела зимница од ореви, желади...“

Ова не смееше да се дозволи тука. За таа цел имаа план. Тие го познаваа малото девојче во највисокото село чија мајка беше билкарка. Таа веќе ги распознаваше сите билки, та со леснотија знаеше да определи кои се лековити билки, кога треба да се берат и како да се сушат и да се подготвуваат за нивниот лековит ефект.

Сега девојчето беше со нив, а тоа и имаше план. Од нејзината прабаба таа беше научила една волшебничка песна наменета за вакви случаи. Песната имаше магиски моќи да разбуди едно дрво, заштитникот на шумата. Тука ова беше еден стар даб, сигурно постар од петстотини години.

На полна месечина, а тоа беше оваа вечер, песната можеше да ја направи својата магија. Кога стигна полноќ, животните почнаа мелодија, секое со својот посебен глас, кој завиваше, кој црцореше, кој укаше, а девојчето запеа. Таа пееше за сите растенија, како и за прародителите на сите дрвја и како тие благословиле секоја шума да има дрво-заштитник.
Со завршувањето на песната, дабот се разбуди. Ги затресе своите моќни гранки и со глас како од некоја бродска сирена на прекуокеански брод рече: „На што се должи ова будење драги мои?“ Кога му објаснија, дабот рече: „Хм, мислам дека знам како да ви помогнам“. Тој запеа и целата шума се разбуди.

По една недела, кога луѓето со големи камиони, булдожери и други машини, пристигнаа, токму кога почна да се стемнува, а луѓето се спремаа да завршат со копањето и сечењето дрва, се чу голема врева од високо на ридот. Тоа животните викаа на цел глас. Луѓето се стаписаа. Но тоа не беше сѐ. Кога целосно се стемни, целиот распоред на дрвјата и растенијата како да се смени. Луѓето испаничено се обидуваа да го најдат патот, но за чудо како да пристапот до него постојано се менуваше. „Еј кој ме фати за врат?“ Свика едно младо момче. „Ааа, ова дрво се движи!“ Извика еден постар возач на камион.

„Бегај да бегамее!“ Свикаа сите во еден глас. Во тој миг дрвјата се разместија и направија патека за луѓето да избегаат. Тие јурнаа надолу, но зад првата кривина ги дочека уште еден ужас. Таму среде патот стоеше древниот голем и силен даб. Тој со најдлабок глас се закани: „Дома одете си, на газди кажете си, на оваа шума заборавете си!“

Шумата беше спасена, а девојчето продолжи да си бере лековити билки. Животните ја поздравуваа, а дрвјата ги нишаа гранките кога ќе минеше крај нив. Стариот даб си се врати каде што беше изникнал пред петстотини години.

Сребро и злато селаните немаа, а не им ни требаше. Си ја имаа својата прекрасна шума и котлина.

[23.06.2019, Скопје]

31/07/2023

Да ве потсетам дека на струмичката котлина ѝ треба сета поддршка да се одбрани од канџите на отровните рудници.

Понеделнички – приказна за оваа недела

Бајките ќе го спасат светот

„Гледај каде газиш,“ ѕвонливиот женски глас извика од нигде-никаде. Тој втренчено се обѕираше околу себе, во неверување зашто околу него се простираа само дрвја, додека пред него се протегаше мала козја патека. Од каде сега овој глас? Не се осмели да направи нов чекор. Го стегна планинарскиот стап без да биде свесен за тоа. „Ха-ха, хи-хи-хи“ се чу пак ѕвонливиот глас на, сега беше јасно, девојчето. „Со стап ли ќе се браниш од самовила, баш би сакала да видам како ќе ме погодиш кога не можеш ни да ме видиш?“ „Види види, како се опулил чиниш тулумба видел.“ Дури тогаш тој си го најде јазикот и извика: „Која си ти и што мајтап си играш со мене?“ Настана тишина. Ништо не му беше јасно. Лисјата на гранките затреперија, а особено оние на брезите.
Следно што почувствува беше нешто како развигор. Да можеше да види ќе знаеше дека самовилата мавта со крилјата како виор и таа го создаваше ветрето. „Ајде те молам биди трпелив, цела вечер летав од соѕвездието на ѕвездата Вега во соѕвездието Лира. Пратена сум од нашата царица, големата господарка на северното небо која е заштитничка на сите растенија на земјата. Ти си избран од самовилскиот совет да ги добиеш даровите на исцелување со билки. Ќе можеш да ги користиш за помош на луѓето и за сите животни. Те избравме затоа што со години минуваш по оваа патека, а сѐ што си направил е што им се восхитуваш на дрвјата и кога се во цут, и кога свежо зеленеат или пламено црвенеат. Среќен си само да ги видиш натежнати, како невеста под вел, со снег. Ти навистина ги сакаш. Не си скинал ни едно цвеќе да го однесеш дома. Ете затоа тебе ти ја даруваме оваа исцелителна моќ.“
Откако таа заврши, одеднаш се појави пред него видливо, а тој можеше да види како од разните дрвја се појавуваат секакви лица на дрвјата кои блескаа како да се посипани со светки. Се чу и мелодија, тоа дрвјата, цвеќињата, тревките, грмушките пееја акапела песна која дотогаш никој на оваа земја ја немаше чуено. Кога сѐ се заврши, тој се сети на она што му го кажуваше неговата баба. „Ах внуче, внуче, бајките ќе го спасат светот“.

(11.06.2019.Аеродром Скопје Во авион на лет за Виена

#костамилков

29/07/2023

Денес споделувам песна од збирката “Низ болката” посветена на тажната вистина дека алчно ја уништуваме флората и фаунта. А не беше така на почетокот. Пред сѐ сите живи и неживи твари ни беа доверени да се грижиме за нив. Не бездушно да ги експлоатираме.
И да, РУДНИЦИ НИКАКО!

Не беше така во почетокот

Се вее вејката на ветрот, благо трепери
И в рана пролет зимзелено очи одмора
Но нема кој да ја види, сал пиле црцори
Нема луѓе, нема деца, баби и дедовци

А воздухот чист, кристално ехо и блесок
Раните билки будно кон сонцето свртени
Пијат светлина и в корен живот носат
Првите пчели здравје в крилца збираат

Во шок се шумите, планините и потоците
В дувлата животните со скрбно претчувство
Сетилата да не ги лажат за првпат на векот
Нема мириси и тромави чекори, нема луѓе

Зар само зла коб за човештвото, страв и смрт
Се спасот на сѐ друго земно живо и неживо?
Не, не беше така провидено во почетокот
Наша требаше да е грижата за доброто на сите
22.3.2020, Скопје

#костамилков

📸 М. Стојановски

27/07/2023

По потекло сум од струмичко, а роден сум на 22 април 1970 во старата болница во Струмица. Годината и датумот на раѓање се совпаѓаат со првото глобално одбележување на „Денот на Земјата“. Оваа коинциденција само го засилува моето горливо противење на бездушното уништување на нашите природни ресурси заради корумпирана желба за профит.
Уште пред неколку години, кога се запознав со ужасните планови за рудници во најплодната котлина во Македонија, речиси потсвесно, кратките раскази за деца кои тогаш ги пишував во најголем дел ми беа поврзани со заштитата на природната околина.
Од денес барем еднаш неделно ќе објавувам по една приказна на оваа тема од мојата збирка раскази со наслов „Причитај ми приказна / Прочитај си приказна“.
Предводени од девојчето билкарка, зајаците, лисиците, волците, мечките и верверичките ви велат, „Рудници НЕМА да ИМА!“

Сребро и злато немаме

Сите животни во шумата, која се простираше на еден рид од планината, се беа собрале на важен шумски собир. Овојпат никој не се плашеше од никого. Толку беше важно прашањето така што зајаците беа веднаш до лисиците, дивите прасиња до волците, славејчињата до ветрушките. Мечките се потпираа на неколку дрва со улишта пчели во нив без да се обидат ни да се оближат од медот.
Се работеше за самата шума, сосе плодните ниви во долината, реката и неколкуте раштркани подгорски села. Тие сега разговараа на висок тон за опасноста која ѝ се закануваше на оваа прекрасна живописна котлина.
Тука некои луѓе решиле да копаат рудник. Ќе копале сребро и злато. Некои од животните, особено птиците веќе имаа видено што им направија рудниците на шумите и на животните каде што се копаше. „Ужас, сѐ е опустошено“, велеа очевидците, а најпотресена беше една верверичка. „Го исекоа прекрасниот јасен и ми ја уништија цела зимница од ореви, желади...“
Ова не смееше да се дозволи тука. За таа цел имаа план. Тие го познаваа малото девојче во највисокото село чија мајка беше билкарка. Таа веќе ги распознаваше сите билки, та со леснотија знаеше да определи кои се лековити билки, кога треба да се берат и како да се сушат и да се подготвуваат за нивниот лековит ефект.
Сега девојчето беше со нив, а тоа и имаше план. Од нејзината прабаба таа беше научила една волшебничка песна наменета за вакви случаи. Песната имаше магиски моќи да разбуди едно дрво, заштитникот на шумата. Тука ова беше еден стар даб, сигурно постар од петстотини години.
На полна месечина, а тоа беше оваа вечер, песната можеше да ја направи својата магија. Кога стигна полноќ, животните почнаа мелодија, секое со својот посебен глас, кој завиваше, кој црцореше, кој укаше, а девојчето запеа. Таа пееше за сите растенија, како и за прародителите на сите дрвја и како тие благословиле секоја шума да има дрво-заштитник.
Со завршувањето на песната, дабот се разбуди. Ги затресе своите моќни гранки и со глас како од некоја бродска сирена на прекуокеански брод рече: „На што се должи ова будење драги мои?“ Кога му објаснија, дабот рече: „Хм, мислам дека знам како да ви помогнам“. Тој запеа и целата шума се разбуди.
По една недела, кога луѓето со големи камиони, булдожери и други машини, пристигнаа, токму кога почна да се стемнува, а луѓето се спремаа да завршат со копањето и сечењето дрва, се чу голема врева од високо на ридот. Тоа животните викаа на цел глас. Луѓето се стаписаа. Но тоа не беше сѐ. Кога целосно се стемни, целиот распоред на дрвјата и растенијата како да се смени. Луѓето испаничено се обидуваа да го најдат патот, но за чудо како да пристапот до него постојано се менуваше. „Еј кој ме фати за врат?“ Свика едно младо момче. „Ааа, ова дрво се движи!“ Извика еден постар возач на камион.
„Бегај да бегамее!“ Свикаа сите во еден глас. Во тој миг дрвјата се разместија и направија патека за луѓето да избегаат. Тие јурнаа надолу, но зад првата кривина ги дочека уште еден ужас. Таму среде патот стоеше древниот голем и силен даб. Тој со најдлабок глас се закани: „Дома одете си, на газди кажете си, на оваа шума заборавете си!“
Шумата беше спасена, а девојчето продолжи да си бере лековити билки. Животните ја поздравуваа, а дрвјата ги нишаа гранките кога ќе минеше крај нив. Стариот даб си се врати каде што беше изникнал пред петстотини години.
Сребро и злато селаните немаа, а не им ни требаше. Си ја имаа својата прекрасна шума и котлина.
(23.06.2019, Скопје)

10/07/2023

Писмо

Знаците - јата птици
Во очите, во душата:
Светилници

- Михаил Ренџов, ЗРАЦИ
(Метаноја издавачка куќа (Metanoja Publishing House)

05/05/2023

На македонски

Се ронат букви како малтер од ѕид
Камчиња летаат под копачот лут
Длетото делка омразени слогови
Мотиката го сече зборот пиреј

Менгемето седум осмини исправа
Нагласок клешти го корнат разни
Од трет слог таму ваму го влечат
Камшикот мелодијата ја дресира

Може да се сруши целиот малтер
Карпата сал прашина да се стори
Од резбата ништо да не остане
Пирејот на туѓ јазик да се именува

Не можете воздухот да го ископате
Звукот во шамија да го заврзете
Вселената во вреќа да ја сокриете
Кога зборот македонски одекнал

К.М.

05.05.2020, Ден на македонскиот јазик

Лирски минијатури од зборови до зраци на поетот Михаил Ренџов - Слободен печат 26/03/2023

Благодариме на Тони Димков и на Слободен печат🙏

Лирски минијатури од зборови до зраци на поетот Михаил Ренџов - Слободен печат Амбиентот на промоцијата на новата стихозбирка „Зраци“ видно го израдува, но и збуни 87-годишниот поет Михаил Ренџов. Единственото што можеше да го изусти на промо....

Поезија, музика и јапонски цреши - промовирана „Зраци“ од Михаил Ренџов - Независен Весник 22/03/2023

Поезија, музика и јапонски цреши - промовирана „Зраци“ од Михаил Ренџов - Независен Весник Поезија, музика и јапонски цреши. Улицата Максим Горки во Скопје денес мирисаше на поезија, на звуковни сентенци, афоризми и лирски минијатури, баш како нерасцутени...

Photos from Метаноја издавачка куќа (Metanoja Publishing House)'s post 21/03/2023

Прв пролетен ден, лето Господово 2023. Загледани сме во небото! Изгрејсонцето е порано наутро, зајдисонцето е подоцна навечер. Разбудени сме заедно со весниците на пролетта – цутовите на овошките кои сѐ уште не зазелениле веќе се раскошно бели, розови или се во некоја меѓу-нијанса.

Сето тоа поетот го гледа го презема во себе и од нишките на мислите, на чувствата, на сеќавањата, на надежите, на болката, на тагата, на радоста на храброста и над сѐ на љубовта ткае песна на небото-разбој и со месечината-совалка.

Ете, денот на поезијата е најавен! Михаил Ренџов тоа го најавува со следните зборови:


Го прашав небото,
Ја прашав далечината
Каде, кај се крие Месечината?
Небото ми одговори:
„Загледај се во мене
Длабоко во височината
Таму се крие
Таму спие Месечината“

На сите љубители на поезијата им посакуваме убава пролет и уште поубави поетски мигови.

Повелете денес, вторник 21 март во Литературното кафе „Метаноја“, каде што ден за ден му се радуваме на секој запишан и изречен творечки збор.

Посебно ве каниме утре, во среда на 22 март на промоцијата на поетската збирка Зраци од Михаил Ренџов. Ќе има од сѐ она што го облагородува срцето – поезија, музика и уметност!

МРТ 21/03/2023

За промоцијата на нова книга на Михаил Ренџов во Метаноја утре, среда, 22.03. од 12:00 часот!

МРТ Утре ќе се одржи промоција на новата збирка поезија „Зраци“, на еминентниот македонски поет Михаил Ренџов. Книгата е во издание на „Метаноја“...

„Зраци“ - Михаил Ренџов со нова поетска книга - Независен Весник 21/03/2023

https://nezavisen.mk/zraci-mihail-rendzhov-so-nova-poetska-kniga/

„Зраци“ - Михаил Ренџов со нова поетска книга - Независен Весник „Зраци“ е насловена новата поетска книга на бардот на македонската поезија, Михаил Ренџов, во издание на „Метаноја“. Промоцијата на книгата ќе се одржи во среда н...

Промоција на поетската збирка "Зраци" од Михаил Ренџов | okno.mk 21/03/2023

https://okno.mk/node/96586

Промоција на поетската збирка "Зраци" од Михаил Ренџов | okno.mk Во среда, 22 март 2023 година, со почеток од 12:00 часот, во Литературното кафе „Метаноја“ (Максим Горки 19) ќе се одржи промоцијата на новата збирка поезија на бардот на м....

The most important book of modern times? 19/03/2023

Мајк Пирс за “Пиништување на човекот” од К.С. Луис

The most important book of modern times? C.S. Lewis and "The Abolition of Man": a preface

17/03/2023

На денешен ден во 2000 година книжарницата и литературното кафе „Метаноја“ беа отворени за јавноста. За првпат во Македонија можеше двете омилени работи за многумина, книгата и кафето, да се уживаат на едно место во градот. Токму затоа ни претставува голема чест, задоволство и над сѐ радост на оваа годишнина да ја објавиме поканата за промоција на поетската збирка Зраци од бардот на македонската поезија Михаил Ренџов. Радоста е уште поголема што исклучителниот Петар Ренџов ќе го збогати настанот со музика.

Промотори на книгата се Владимир Мартиновски и Коста Милков.

Повелете во среда, на 22 март 2023 во 12:00 часот, Метаноја литературно кафе, Максим Горки 19.

Photos from Метаноја издавачка куќа (Metanoja Publishing House)'s post 06/02/2023

Издавачката куќа „Метаноја“ 31 јануари ја промовираше книгата од Тим Келер Секое добро дело на македонски јазик. Изданието е овозможено со поддршка на ЛинкАкрос, така што на промоцијата говореше и директорот на оваа организација Клеј Бутемер. Заедно со директорката на Метаноја Нада Милкова и авторот на предговорот на македонското издание Коста Милков тројцата промотори ја образложија важноста на оваа книга за читателството во Македонија која го разгледува прашањето на трудот од библиска перспектива.

Секое добро дело образложува дека Библијата нуди соодветен одговор за улогата на трудот во создавањето на заедница на благосостојба. Според сите библиски автори трудот е креативна спојка на заемен придонес за доброто на сите како акт на обожавање на Бог и дејство на себедавање за другите. За овој двоен акт потребен е интегритетот, дисциплина, креативност, страст и извонредност со која некој им приоѓа на своите работни задачи.

25/01/2023

Издавачката куќа „Метаноја“ со радост ве поканува на промоција на книгата од Тимоти Келер СЕКОЕ ДОБРО ДЕЛО.

Промотори: Нада Милкова, Клеј Бутемер, Коста Милков

Вторник 31 јануари / 19:00 часот

Литератирно кафе „Метаноја“ (Максим Горки 19)

09/08/2022

Освежување на целата личност!❤️

29/06/2022

За плодни нови нешта!😊
Nada Miokovic Milkova

“Најубавите „нови“ нешта се оние каде што она што веќе било и што е ќе се покаже во обновено руво, исто како кога голите гранки на дрвјата разлистуваат во пролетта – исти а нови!” К. Милков

Photos from Kosta Milkov/Коста Милков's post 05/05/2022
Want your business to be the top-listed Media Company in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

"Метаноја" одбележува јубилеј! 🎉 🎂На денешен ден, пред точно 20 години беше отворена првата кафе - книжарница и издавачк...

Address

Maksim Gorki 19
Skopje
1000

Other Skopje media companies (show all)
Clubbersguide Macedonia Clubbersguide Macedonia
Skopje

http://www.clubbersguide.com.mk/ & http://www.clubbersguide.mk

Logos Recordings Logos Recordings
Atinska 18./3
Skopje, 1000

Welcome to Logos Recordings Logos is Supported by: UR, Glenn Underground, Laurent Garnier, Fred P

Sumnal Association for development of the Roma community in Macedonia Sumnal Association for development of the Roma community in Macedonia
Maksud Sadik Bb
Skopje, 1000

https://hotgirlfashion.store/car-scrub-girl/

Магазин... НИЕ Магазин... НИЕ
Skopje

Зборуваме за фактите, а не за нарачките на политичките елити

Porta3 Porta3
Улица Васил Ѓоргов 21, влез 2, локал 9
Skopje, 1000

Единствено списание за градeжништво, архитектура и екологија!

Radio Slobodna Evropa na Makedonski Radio Slobodna Evropa na Makedonski
Ul Makedonija Br 41
Skopje, 1000

Мисијата на Радио Слободна Европа е со професионално новинарство да промовира демократски вредности

RadioMk RadioMk
Boulevard Partizanski Odredi
Skopje, 1000

www.RadioMk.com - Најнови музички информации | Клик и слушај м?

Kapital Kapital
Ulica Marks I Engels Br. 7
Skopje, 1000

Само идејата е капитал, се друго е пари... Twitter: @kapitalmediagr

Нова Македонија Нова Македонија
Улица „Јуриј Гагарин“ бр. 15
Skopje, 1000

ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДНЕВЕН ВЕСНИК www.novamakedonija.com.mk

Glamur Magazin Glamur Magazin
Angel Dimovski 8
Skopje, 1000

█║▌│█│║▌║││█║▌│║▌║ © ΘRIGINALFAN PAGE ©

Metropolis Radio Network Metropolis Radio Network
Ulica 507 Br. 12, Karpos I
Skopje, 1000

https://fastcast4u.com/player/metradio/