Mythos
За сите љубители на класиката и почитувачи на богатата
Страницата е создадена, пред сè, за учениците кои го избрале предметот „Класичната култура во европската цивилизација“ во шесто одделение од деветгодишно основно образование и има образовна цел.
Се разбира, таа е отворена и за сите љубители на хеленското и римското творештво од областа на книжевноста, уметноста, секојдневниот верски и световен живот, а особено на митологијата која е усна традиција
Запознавање со дванаесетте олимпски богови познати под едно име како Додекатеон.
Научете нешто за нив!
Дванаесет олимпски богови (Додекатеон) Запознавање со дванаесетте Олимпијци, управители од планината Олимп. Овие божества долг период царувале со класичната култура, биле неизоставни и одлучувачки...
Почитувани ученици и љубители на класичната култура,
Нова содржина за фреско-сликарството во историјата на уметност на старите Хелени и Римјани штотуку е објавена.
IV.3.2. Фреско-сликарство во хеленската и римската уметност Презентирање на наставна содржина според Наставната програма по предметот Класичната култура во европската цивилизација.Содржината е преработена на блог-порт...
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради примена на новата Концепција за основно образование, предметот Класичната култура во европската цивилизација го задржува статусот како изборен со извесни огранизациски и програмски измени и насоки:
1. Фондот на наставни часови од 72 се преполовува во 36, значи станува слободен изборен предмет од прво подрачје каде нагласок се става на продлабочувањето на знаењата од задолжителните предмети. Врз основа на квалификациите на наставникот и неговиот избор, по предметот може да се изведува настава во прво или второ полугодие;
2. Додавката „во европската цивилизација“ се брише и предметот го носи називот Класична култура;
3. Во Наставната програма по Класична култура според барањата на новата Концепција за основно образование, се обработуваат концизно сите теми со внимателно одбрани содржини;
4. Според Нормативот за наставен кадар, Наставната програмата е соодветен да ја реализира наставник со завршени Класични студии кој се стекнал со квалификации дипломиран класичен филолог или дипломиран класичар.
Во случај на недостиг од ваков кадар во училиштето, Програмата може да ја реализираат наставници со стекнати квалификации дипломиран историчар по уметност со археологија или дипломиран филозоф;
5. Учебникот се повлекува од употреба.
Она што треба да го знае секој наставник кој изведува настава по Класична култура е дека содржините што се објавувани како отворени образовни ресурси овде на страницата на социјалната мрежа, на блог-порталот Mythos и на ЈуТјуб-каналот Mythos може целосно да се применуваат за реализација на наставните часови. Тие се така конципирани што во поголем обем би одговориле на потребите кои се налагаат со редефинирањето на основното образование.
Блог-порталот Mythos е збогатен со тематските презентации кои ќе им послужат на наставниците и на учениците за усвојување и примена на содржините по предметот како помагало во отсуство на учебник. За тоа дали ќе има објавен учебник во иднина нема никакви наговестувања од одговорните установи.
Содржините се наоѓаат во левиот блок на блог-порталот Mythos.
Врската до блог-порталот е https://mythosmk.blogspot.mk. Ако употребувате мобилен уред, изберете Web Version за да имате целосен преглед на блог-порталот.
Mythos останува верен на своите следбеници и обожаватели.
Среќна и успешна учебна година!
Почитувани ученици,
Запознајте се со хеленското вазно сликарство, типовите на вази, деловите на вазата, четирите стила на сликање и орнаментиката која била аплицирана во процесот на сликање.
IV 3.1. Хеленско вазно сликарство Презентирање на наставна содржина според Наставната програма по предметот Класичната култура во европската цивилизација.Содржината е преработена на блог-порт...
Премиерно, за античкото вајарство. Што е скулптура, релјеф и портрет, што ги карактеризира?
Проследете го видеото за да научите некои посебности за вајарската уметност во антиката.
IV 2. Античко вајарство Презентирање на наставна содржина според Наставната програма по предметот Класичната култура во европската цивилизација.Содржината е преработена на блог-порт...
Почитувани ученици,
Во тек на работната недела следува тематскиот тест на тема „Уметност“.
Во секоја лекција имате рубрика „Да повториме што научивме...“ со зададени прашања со веќе внесени одговори. Ваша должност е да ги научите содржините и да ги увежбате прашањата.
Во продолжение ви ги проследувам прашањата за тематскиот тест, но и за усна проверка:
IV 1.1. Хеленска архитектура
1 .Што претставува архитектурата?
2. Што претставува античкиот храм?
3. Од кои елементи е составен храмот?
4. Што претставува античкиот театар?
5. На што се подигале античките театри?
6. Од колку елементи се состои античкиот театар?
7. Кои се трите столбови на античката архитектура?
IV 1.2. Римска архитектура
8. Кои четири градби се претставителен белег на римската архитектура?
9. Што симболизирала триумфалната порта и каква била нејзината форма?
10. За што служеле аквадуктите?
11. Која била целта на јавните римски бањи наречени терми?
12. Какви простории се фригидариумот и калдариумот во јавните римски бањи?
13. Што претставувал атриумот во приватната римска куќа?
14. Што претставувал триклиниумот во римската куќа?
IV 2. Вајарство
15. Што е вајарство?
16. Од кои материјали се изработувале вајарските облици?
17. Од каков камен се изработувале скулптурите во антиката?
18. Додека скулптурата била украс за подот, релјефната декорација била украс за...
19. Зошто античките вајари изработувале портрети на разни писатели, поети, војсководци, државници?
IV 3.1. Хеленско вазно сликарство
20. Кои два стила на сликање се применувале во хеленското вазно сликарство?
21. Што го одликува црнофигуралниот стил на сликање?
22. Што го одликува црвенофигуралниот стил на сликање?
23. Што се сликало на вази од геометрискиот стил?
24. Што се сликало на вази од ориентализираниот стил?
25. Која орнаментика ја препознаваш на сликата?
IV 3.2. Ѕидното сликарство во античката уметност
26. Што претставува фреската?
27. На кои места се откриени зачувани фрески од историјата на хеленското фреско сликарство?
28. На кои места се откриени зачувани фрески од историјата на римското фреско сликарство?
29. Која е причината што голема збирка на фрески е зачувана во римските градови Помпеи и Херкуланеум?
30. Кои теми се сликани на фреските од Помпеи и Херкуланеум?
Лекциите се објавени во Мајкрософт Тимс во рубрика Files и во папката Наставни материјали.
За претставителните градби од римската архитектура.
Проследете ја да дознаете нешто повеќе.
IV 1.2. Римска архитектура Презентирање на наставна содржина според Наставната програма по предметот Класичната култура во европската цивилизација.Содржината е преработена на блог-порт...
За кратко почнува премиерата на содржините од четвртата тема Уметност.
Увод и Хеленска архитектура како почетна видео-презентација.
Запознајте се со претставителните градби од хеленската архитектура и научете кои биле трите стила на столбови кои се употребувале како потпорен елемент во разни архитектонски решенија во антиката.
IV Увод во уметноста IV 1.1. Хеленска архитектура Презентирање на наставна содржина според Наставната програма по предметот Класичната култура во европската цивилизација.Содржината е преработена на блог-порт...
Премиерно нова содржина за хеленската и римската митологија во 18:15 часот.
Останете на каналот MythosMK на ЈуТјуб.
https://www.youtube.com/watch?v=Dta-eV4JyFA
Почитувани обожаватели и ученици,
Видео-презентацијата за славните херои од хеленската митологија почнува во 19:15 часот премиерно.
Отворете ја врската долу:
https://youtu.be/RZzx_Jn3s1A
Што ќе научам ако го изберам предметот Класичната култура во европската цивилизација во шесто одделение?
Почитувани обожаватели!
Каналот на ЈуТјуб повремено објавува и вонредни изданија, надвор од редовната програма по ККЕЦ.
Овој видео-запис се однесува на дванаесетте подвизи на херојот Херакле.
Вонредно издание: Дванаесетте подвизи на херојот Херакле Обработка на приказна од митологијата на Хелените.
Новата тема „Митологија и верувања“ е една од најбараните од учениците, изобилува со креативни работилници, затоа што митовите се инспирација за сите возрасти.
Дознајте нешто повеќе за митот, митологииите и поделбата на митските приказни според темите што ги обработуваат.
Во описот на наративното видео може да се преземе резиме од содржината за наставен час од наставниците по ККЕЦ и дополнителен извор за истражување за учениците од блог-страницата Mythos.
Уживајте!
III Увод во митологија Презентирање на наставна содржина според Наставната програма по предметот Класичната култура во европската цивилизација.Содржината е преработена на блог-порт...
Атина се смета за колевка на демократијата. Благодарение на таа придобивка што ја имал демосот во Атина, се раѓа нова книжевна форма - говорнички тект, наменет за јавно говорење, односно обраќање кон разни видови на граѓани, претставници на народот, порота, војници, сенатори, со цел да се слушне мислењето на другиот.
Говорништвото е израз на слободата на мислење, изразување и правото на глас.
Запознајте се со говорништвото во Атина и со прочуените говорници кои го престројувале нивното општество во тоа далечно и славно минато.
Премиерата почнува во 19:45 часот.
https://youtu.be/iqqoyqB2u7I
II.4 Говорништво Презентирање на наставна содржина според Наставната програма по предметот Класичната култура во европската цивилизација.Содржината е преработена на блог-порт...