Borola Macedonia

Borola Macedonia

Добре дојдовте на официјалната страна на Борола Македонија.

31/10/2024

Feminorm®

На која возраст се започнува со земање на Feminorm?

Препорачуваме да започнете со земање кога ќе почувствувате нарушувања во хормоналниот баланс на организмот. Обично оваа промена е по 35-годишна возраст, но промените се многу индивидуални.

31/10/2024

Feminorm®

30/10/2024

Entan® Заштитник на крвните садови

30/10/2024

Entan® Заштитник на крвните садови

•Како дејствува?
Entan го подобрува снабдувањето со крв во ретината, екстремитетите, ушите и мозокот. Го зајакнува колагенот и еластинот. Ги зајакнува ѕидовите на крвните садови. Има анти-воспалително дејство. Ја забрзува циркулацијата на периферната крв и лимфата. Ги спречува тромбоцитите да се слепуваат (вид бели крвни клетки), го подобрува протокот на крв и го спречува затнувањето на садовите. Со тоа, полесно се разнесува потребниот кислород и хранливите материи. Покрај тоа, Entan има моќно антиоксидантно дејство и на тој начин ги штити садовите и клетките од оштетувачкиот ефект на слободните радикали.

25/10/2024

Vivatonin® Good Night

25/10/2024

Vivatonin® Good Night

• Валериjана
• Мелатонин.

•За екстрактите од Валерианата е докажано и потврдено дека поседуваат седативно, анксиолитично и цитопротективно дејство. Го подобруваат сонот и срцевиот ритам. Делува благопријатно на биолошкиот часовник, при стрес и психички оптоварувања, на активноста на вегетативниот систем, расположението и имунолошките функции.

• Мелатонинот е хормон кој е присутен во организмот на сите живи суштества. Се произведува од пинеалоцитите во епифизата (која се наоѓа во мозокот), а исто така и од ретината и гастро-интестиналниот тракт. Мелатонинот го синхронизира биоритамот кај човекот, делува и како моќен антиоксиданс. Овој хормон им помага на луѓето да спијат, го намалува бројот на будења во тек на ноќта, придонесува за скратување на времето за заспивање и за полесно адаптирање, после патување, при смена на часовни зони – jet lag.

Се препорачува за

• Привремено олеснување при симптомите на нервна напнатост, стрес, несоница и вознемиреност
• Подобрување на активноста на вегетативниот нервен систем, расположението и имунолошките функции
• Скратување на времето за заспивање
• Полесно адаптирање после патување, при смена на часовни зони – jet lag.

Употреба
• Возрасни - По 1 капсула навечер, 30 мин. пред спиење.

24/10/2024
24/10/2024

Imunobor® Protect Zinc

Високотехнолошки пастили со депо дејство на ниво на усната шуплина

Иновативна комбинација на природни состојки со благотворно дејство на имунолошкиот систем, локалната имунолошка одбрана и отпорноста на организмот

Погоден за деца и возрасни

Научно развиен производ со максимална чистота, висок квалитет и безбедност во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и системот за анализа на опасност и критични контролни точки (HACCP)

Не содржи вештачки ароми и конзерванси

Не предизвикува несакани ефекти и е погоден за долготрајна употреба

22/10/2024

GinGira® Alba Spray

• Ја смирува, навлажнува и омекнува кожата.

• Потпарување кај возрасни,
• Лесни површни повреди и изгореници,
• Декубитални рани,
• Чешање-алергии, убоди од инсекти, варичела,
• Акни и розацеа,
• Изгореници од сонце,
• Површни кожни инфекции.

Направете нарачка на телефонските броеви 047/229-362, 075/304-726 (Viber) или online.

Побарајте во сите подобро снабдени аптеки (освен аптеки на Зегин).

17/10/2024

• GinGira® Alba Bebe Spray 100 ml

• Ја смирува и хидратира долготрајно, деликатната и нежна бебешка кожа. Го одржува нејзиниот здрав баланс, со тоа што ја потхранува, омекнува, ја подобрува нејзината еластичност и ги зголемува нејзините заштитни функции.
Цинковиот оксид ја заштитува кожата од влијанието на урината, изложување на сонце, како и од други непријатни атмосферски влијанија. Погоден е и за сува кожа.

16/10/2024

GinGira® Activ Spray 30 ml

🧴Цинк оксидот обезбедува кожна бариера за спречување и лекување на иритации на кожата, воспаленија и инфекции.
🌼Календула и камилица
се додаваат за да се постигне силен антисептичен и антиинфламаторен
ефект.
✔️✔️✔️Па така, специјалистите го сметаат спрејот GinGira Activ како соодветен одговор на воспаленијата и инфекциите на кожата.
Покрај тоа, ја смирува, навлажнува, омекнува и ја подобрува
еластичноста на кожата.

15/10/2024

Imunobor® Uro

• Imunobor® Uro е природен производ кој ја зголемува природната заштита на организмот кон инфекции на уринарниот тракт и помага за отстранување на бактериите од уринарниот систем.

• Како деjствува Immunobor Uro?
Боровинката (Сгаnbеггу) спречува прилепување на бактериите врз слузницата на уринарните патишта и излачува во урината материи, кои го запираат размножувањето на бактериите . Таа делува во намалување на воспалението и болката.

• Beta Glucan се поврзува со специфичните рецептори на имуните клетки и ја зголемува нивната способност да убиваат микроорганизми; има директен антимикробен ефект врз голем број микроорганизми; ја зголемува локалната имунолошка заштита на слузницата на уринарниот систем; има анти-инфламаторен ефект. Има синергистички ефект со голем број на антибиотици и ја намалува потребата од антибиотска терапија.

Благодарение на взаемниот потенцирачки ефект на двете состојки Imunobor Uro има моќно имуностимулирачко, противвоспалително, противмикробно и смирувачко дејство.

10/10/2024

Imunobor® Kids Activ Syrup

Што содржи Imunobor Kids Active сирупот?

• Бета глукан - 30 mg
• Витамин Ц (како L-аскорбинска киселина) - 30 mg

Кои се предностите на Immunobor Kids Active сирупот?

• Пријатен вкус, кој се постигнува со користење на природни извори - екстракт од дива јагода
• Зголемената ефикасност се должи на високата количина на микро честички, што обезбедува поефикасна интеракција со повеќе рецептори на имуните клетки
• Содржи активна форма на витамин Ц
• За време на аромата, екстрактот од дива јагода се центрифугира за да се отстранат влакната за максимална безбедност
• Не содржи вештачки ароми и конзерванси
• Удобно за прием дури и од најмалите
• 100% природен производ со патентирана активна состојка
• Не предизвикува несакани ефекти и е погоден за долготрајна употреба
• Одобрено од педијатри како ефикасен и безбеден имуностимулатор ®

09/10/2024

Oxybor® Zn Se Vitamin C

Биоактивна антиоксидантна комбинација со благотворно дејство на имунолошкиот систем

Што содржи Оксибор Цинк Селен Витамин Ц?
Витамин Ц (како L-аскорбинска киселина) – 100 mg
Цинк (како цинк глуконат) – 5 mg
Селен (како натриум селенит) – 33 µg
Кога треба да земаме Оксибор Цинк Селен Витамин Ц?
За добро функционирање на имунолошкиот систем
За заштита на телото од слободните радикали
Задолжителна антиоксидантна комбинација во услови на епидемии
Како функционира Оксибор Цинк Селен Витамин Ц?
Позитивно влијае на функцијата на имунолошкиот систем
Придонесува за заштита на телото од штетното влијание на слободните радикали
Ја поддржува антиоксидантната заштита на телото

08/10/2024

Hepten®

Што е Hepten?
Хептен е природен производ со корисен ефект врз оштетувањето на црниот дроб и жолчката.

Што содржи Hepten?
Една течна капсула (Solucaps) Hepten содржи стандардизиран екстракт со висок квалитет од Sylibum marianum 125 mg, што е 100 mg силимарин. Силимарин, пак, е мешавина на изомерни флавоноидни соединенија (силибинин, силикристин и силидианин). Процесот на стандардизација ја обезбедува чистотата и ефикасноста на секоја капсула Хептен.

Зошто Hepten е толку посебен?
Хептен се разликува од другите препарати по квалитетот на состојките, начинот на екстракција и фармацевтската форма. Фармацевтската форма Solucaps е заштитен знак. Бидејќи силимарин полека се апсорбира од гастроинтестиналниот тракт по орална администрација, solucaps формата овозможува брза и целосна апсорпција на активните состојки.

Како Hepten има хепатопротективен ефект?
Силимаринот ги неутрализира слободните радикали. Овој антиоксидативен ефект предизвикува прекинување на пероксидацијата на липидите и спречување на понатамошно уништување на клеточните структури. Силимарин го намалува производството на супероксидни радикали и азотни оксиди од овие клетки. Силимарин го зголемува производството на глутатион од црниот дроб и цревата. Глутатион се користи за детоксикација на клетките на црниот дроб (Valenzuela 1989). Токсичните супстанции во црниот дроб се претвораат во помалку токсични. Силимаринот ја стимулира функцијата на клеточната мембрана: инхибира навлегување на токсини и ги блокира местата за кои се зафаќаат токсините преку промена на мембраната на хепатоцитите (Hikino 1994, Leng-Pesclow 1996)

Како Hepten ја забрзува регенерацијата на клетките на црниот дроб?
Регенеративниот ефект на Хептен врз хепаталните клетки (хепатоцити) се должи на стимулирање на биосинтезата на структурните и функционалните протеини. Силимарин стимулира специфичен ензим (РНК полимераза I) во јадрата на хепатоцитите, доведува до зголемување на синтезата на рибозомални протеини и регенерација на црниот дроб. Овој механизам на дејствување, исто така, игра главна улога во труењето со аманита печурки, бидејќи го блокира овој ензим во јадрото на клетките.

Дали Hepten има какви било други корисни ефекти?
Хептен има корисен ефект врз составот на жолчката и има ефект на жолчното кесе. Тој покажува антиинфламаторно дејство со инхибиција на воспалителни медијатори (Leng-Pesclow 1996). Исто така има заштитен ефект врз клетките на бубрезите (Sonnenbichler 1999).

07/10/2024

Folivit® Fero

• 1+1 гратис
• подигнете го од вашата омилена подобро снабдена аптека (со иклучок на аптеки на зегин) или
• Направете нарачки на телефонските броеви 047/229-362 • 075/304-726

• Железото е неопходно за создавање на Хемоглобин-пигмент кој пренесува кислород. Недостигот на железо може да го поремети создавањето на еритроцитите и клеточното дишење. Железото е составен дел на многу ензими и е неопходно за правилно функционирање на целиот организам.

• Витамин Б12 и фолната киселина заедно се неопходни за создавањето на ДНК и РНК. Поради тоа тие се важни за процесот на делба на клетките и пренесување на генетскиот код на сите новоформирани клетки. Исто така се важни и за формирањето на црвените крвни клетки. Кај жените фолната киселина е пресудна за затворањето на невралната туба на фетусот за време на бременост.

• Витамин Б9 - фолна киселина 400 µg

• Железо 15 mg - железo фумарат 45.60 mg

• Витамин В12 - цијанокобаламин
9 µg

Want your practice to be the top-listed Clinic in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

За нас...

Историјата на БОРОЛА започнува во 1996 година, кога двајца лекари со претприемнички дух се зафаќаат со задача да ја претворат во една од водечките компании во областа на здравството. Уште од основањето на компанијата, се стреми кон подобрување на квалитетот на живот на своите корисници преку:


  • Современи здравствени услуги

  • Висококвалитетни природни, козметички и други производи за здравјето

  • Целосна здравствена информација
  • Videos (show all)

    Imunobor ® kidsKапсулиМоќен имуностимулатор специјално за децаШто претставува Imunobor Kids?Imunobor Kids е моќен имунос...
    Што содржи Feminorm Duo?Секоја капсула содржи стандардизирани екстракти од:- Trifolium pratense 250 mg, што одговара на ...
    Imunobor® Kids Active
    Ocolut® Duo• Има корисен ефект врз макуларната дегенерација поврзана со возраста и ретинитис пигментоза• Корисен за визу...
    Imunobor® BioticКапсули  За цревна микрофлора и имунитетLactobacillus bulgaricus – неколку здравствени придобивки особен...
    Hepten® е природен производ со корисен ефект врз оштетувањето на црниот дроб и жолчката.Дали Hepten има какви било други...
    Lipibor®• Lipibor се употребува како помошно средство при промената на исхраната и начинот на живот, со цел намалување н...
    Imunobor® KidsНамена на Imunobor Kids Sirup, 100 ml при• При акутни инфекции – вирусни, бактериски и габични• Заедно со ...
    🌙 Ви посакуваме благословен Рамазан Бајрам! 🌟 Нека оваа празнична пригода ви донесе радост, мир и просперитет. Додека го...

    Category

    Telephone

    Address


    Bitola

    Opening Hours

    Monday 08:30 - 16:30
    Tuesday 08:30 - 16:30
    Wednesday 08:30 - 16:30
    Thursday 08:30 - 16:30
    Friday 08:30 - 16:30

    Other Medical & Health in Bitola (show all)
    ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола
    Bitola, 7000

    Центар за јавно здравје Битола е дел од здравствениот ?

    ПЗУ "Д-р Ели" ПЗУ "Д-р Ели"
    Ruza Delceva 34
    Bitola, 7000

    ПЗУ "Д-р Ели" - избор на матичен лекар за деца (14 години работно искуство само со деца) и родители

    Limes -Маја- Битола Limes -Маја- Битола
    Bitola, 7000

    Eколошки производи кои содржат лековити тревки и билки

    Meral Medikal Meral Medikal
    Vasko Karangeleski 41/3/88
    Bitola, 7000

    �За Здрав Живот �Нарачки Инбокс �Вршиме Достава

    Nega od prirodata - LM Nega od prirodata - LM
    Bitola

    домашна изработка на препарати од природни состојки з?

    FARMA Alpiko FARMA Alpiko
    Улица Уж. Република
    Bitola, 7110

    Крема против ШИЛЦИ Крема против ШИЛЦИ
    Македонија
    Bitola, 7000

    ПЗУ Амбуланта 2 ПЗУ Амбуланта 2
    Anesti Panovski 13
    Bitola, 7000

    ПЗУ АМБУЛАНТА 2 Ординација по општа медицина КОНТАКТ ТЕЛЕФОН : 047/255-277, 070/275-695

    Solena Soba Solinaa Solena Soba Solinaa
    Lavcanski Pat Bb
    Bitola, 7000

    Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола
    Димче Лахчански бб
    Bitola, 7105

    Вежби за здрав, хармоничен и исполнет живот.

    Marti Alko Marti Alko
    Niko Fundali Br. 9
    Bitola, 7000