Младински Актив на ЈБТ

Младинскиот Актив е ученичка организација во Гимназијата „Јосип Броз - Тито" Битола.

Младинскиот Актив (МА) е претставничко тело на учениците од Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ од Битола.

Младинскиот актив е составен од Собрание и Совет.

Собранието е составено од 48 членови кои се претседатели и заменици претседатели на класови од прва до четврта година.

Советот е составен од 8 координатори на генерации (по 2 од секоја) + Претседател и Заменик Претседател на МА.

Photos from С О У Гимназија „Јосип Броз Тито“  Битола's post 29/02/2024
Photos from Општина Битола - официјална страница's post 26/02/2024
Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 28/11/2023

Гимназијалците дониравме од душа. Успешно ја завршивме нашата хуманитарна акција за Ангел Христовски од Скопје кој боледува од Душевна мускулна дистрофија (ДМД), од најтежок карактер.
Потребната терапија (со матични клетки), се спроведува во мал број Медицински центри ширум светот, Ангел ја има таа среќа да се лекува во Медицинскиот центар Ву во Кина.
На иницијатива на Младинскиот актив заедно со учениците, стручната служба, директор и пом.директор како и наставниот кадар, реализиравме хуманитарна акција (собирање на пари).
Во текот на претходната недела се собраа средствата, а на ден 24.11.2023 година истите беа уплатени на жиро сметка.
Чинот на хуманоста подразбира чин на среќа. На Ангел му посакуваме сила да го надмине ова и да ја победи болеста.
Нашето малку за некого е многу!
Ангел сите сме со тебе🍀
Донирајте и вие!

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 06/11/2023

Почитувани, ве известуваме дека денес во просториите на Гимназијата се оформи новото раковотство на Младинскиот актив.
На денешната седница по пат на тајно гласање во координација со комисијата за гласови заедно со психолог координатор Елена Кузмановска беа избрани претседател и заменик-претседател на Младински актив за учебна 23/24 година . За претседател е избран старо-новиот претседател Мартин Кочишки од IV-4 клас, а за заменик-претседател е избрана Илина Козарова од III-1 клас.

Годинава продолжуваме уште помотивирано кон нови успеси!👌

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 18/06/2023

Оваа година ја бележиме како една од најуспешните на Младинскиот актив бидејќи сме 🥇 во Македонија 🇲🇰 како најдобра Ученицка заедница благодарение на натпреварот организиран од LEAD и KONRAD ADENAUER STIFTUNG. Зад нас оставаме голем број на реализирани проекти во областа на спортот, музиката, културата, уметноста, екологијата и хуманитарните активности. Оваа прилика ја користиме јавно да им се заблагодариме на психолог координатор на Младински актив Елена Кузмановска, в.д директор Лидија Споа, помошник директор Елена Трпезановска Јоновска, како и сите професори кои секогаш беа тука за нашите потреби и желби да станат реалност. Од наредна година се гледаме со уште поголеми успеси!

26/05/2023

Ве покануваме на свечена прослава на Патрониот празник која ќе се одржи
вечерва во 19:00 часот.

📍Центар за култура - Битола

Учениците од ученичката заедница на Горната Гимназија и детето правобранител “Најгласни“, победници во финалето (фото) - Bitola News 15/05/2023

Благодарност до Bitola news!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=774981081007387&id=100054865068229&mibextid=Nif5oz

Учениците од ученичката заедница на Горната Гимназија и детето правобранител “Најгласни“, победници во финалето (фото) - Bitola News Деновиве во Велес се одржа финалето на натпреварот за најгласна ученичка заедница на Македонија, на кое учествуваа ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Би....

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 13/05/2023

Убави вести од финалето во Велес!🏆
ученичка заедница на Горната Гимназија и Детето правобранител , освоија прво место и награда за НАЈГЛАСНА!👏 ученичка заедница во Република Македонија! 👏
Мартин Кочишки како претседател, Дончо Јанкула како претставник на Младинскиот актив и Евгенија Маслинко како Дете Правобранител , под менторство на психологот Елена Кузмановска, беспрекорно го претставија ставот на младите, кој секогаш е ислушан од директорката, помошник директор, стручната служба и наставниот кадар во Гимназијата. Нивната парола е:
"Изборот не е тој што не дефинира како луѓе, туку ангажманот и борбата за остварување на истиот"❗

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 05/04/2023

Mесецот април е посветен на зголемување на свесноста за аутизмот, па по тој повод учениците од Младински актив, Дете правобранител и психологот од Гимназијата реализираа соодветни активности.

Учениците изработија сини делови од сложувалка кои им ги подарија на наставниците. А во соработка со American Corner Bitola одржавме и креативна работилница. Учениците со помош на 3D Pen дизајнираа делови од сложувалки во разни бои, а психологот одржа едукативно предавање за аутизмот.

Емпатија, разбирање и прифаќање на различностите. Ете, тоа е она што ни е потребно за да станеме подобри луѓе!

American Corner Bitola

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 21/03/2023

На 21 март секоја година се одбележува "Светскиот ден на лицата со Даунов синдром".

Со денешните активности на учениците и психологот испраќаме порака дека сите ние треба да се потрудиме да ја препознаеме и прифатиме позитивната енергија на лицата со Даунов синдром и да помогнеме што повеќе да бидат интегрирани во општествениот живот.

Хромозом плус за љубов плус! ❤️

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 08/03/2023

Огромна чест и задоволство ни беше што имавме прилика за 8 Март да ги посетиме резидентите на Домот за стари лица "Сју Рајдер" - Битола. Нашите ученици, членови на училишните бендови, преку песна ја испратија својата честитка. Заедно со учениците присутни беа и професорот по музичка уметност Владко Симоновски, како ментор на бендовите и училишниот психолог Елена Кузмановска, кои им посакаа најискрени желби за добро здравје на срдечните домаќини. Со песна и младешки полет успеавме да добиеме искрени аплаузи од оваа благодарна публика.

Целиот тим од Гимназијата со голем елан и пристапи на идејата да им го разубави секојдневието на овие прекрасни луѓе. Професорката по математика, Наташа Димитровска, со учениците од III година во склоп на Еко-часот изработија уникатни цветови во оригами техника на кои беа испишани пораки по повод Меѓународниот ден на жената.

Цвеќињата од хартија нив ќе им останат за спомен од нас, а наш спомен ќе бидат широките насмевки, разбудените емоции и присетувањето на деновите од младоста кои не нѐ оставија рамнодушни. Со желба за повторна средба, упатуваме благодарност за срдечниот прием од вработените и директорката на оваа институција.

Во оваа прилика сакаме да ви го честитаме Меѓународниот ден на жената и вам, драги дами кои го следите нашиот училишен профил!🌷

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 04/03/2023

Се верува дека подарената мартинка е знак за топло пријателство и посакување здравје, среќа и бериќет. Стара и убава традиција!
Затоа членовите на Младинскиот актив изработија мартинки со цел да се поделата низ Гимназијата на нивните соученици.

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 25/02/2023

Февруари е месец во кој ја даваме поддршката за лицата со ретки болести, но не само февруари, туку и целата година. Така и годинава, психологот заедно со учениците и професорите од Гимназијата, реализираа настан на платото пред Офицерски дом. Ги обоивме нашите раце во различни бои и со тоа даваме до знаење дека сме свесни за постоењето на овие ретки, но тешки за лекување заболувања. Директорката на Гимназијата, Лидија Споа, заедно со здружението на лица со ретки болести Life With Challenges / Живот со Предизвици ", Хепар Центарот од Битола, директорката на Културен и информативен центар - Битола , родители на деца со ретки болести, заедно испратија апел дека се грижиме за лицата со ретки болести. Посебно задоволство ни претставуваше присуството на градоначалникот и секретарот на општина Битола, Тони Коњановски и Борче Димитровски кои имаа можност да поразговараат со засегнатите родители околу оваа проблематика и да им понудат помош, во рамки на можностите.

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 13/02/2023

Учениците од СОУ Гимназија "Јосип Броз - Тито" Битола, директорката Лидија Споа, стручните соработници и наставниците, традиционално учествуваат во активностите за одбележување на кампањата за ретките болести - "Ретко е да си редок, ретките се силни, ретките се храбри". На глобално ниво, месец февруари е посветен на запознавање со ретките болести, кои постојат во светот и кај нас. На свеста за нивното постоење сеуште треба да се работи, а младите генерации се тие кои го можат тоа. Целта на оваа активност е подигнување на свесноста на учениците за поддршка и прифаќање на лицата со ретки болести но подигнување на јавната свест за изнаоѓање на решенија за снабдување со потребната терапија која треба да ја примаат овие лица. Едно од основните човекови права е правото на здравствена заштита на сите луѓе. 🖐️❤️🧡💜💙💚💛 Ретки болести / Rare diseases Life With Challenges / Живот со Предизвици Ги Запознаваме Ретките Болести

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 09/02/2023

Уште еднаш покажавме и докажавме дека хуманитарниот дух на Гимназијата живее. Во оваа прилика упатуваме голема благодарност до учениците, професорите и родителите за несебичната подршка при донирањето на облека и обувки. Дел од донациите одвоивме за жртвите од земјотресите во Турција🇹🇷 и Сирија🇸🇾, а дел оставивме за социјално загрозените семејства во Битола. Со донацијата испраќаме многу љубов и надеж за подобри денови!

01/01/2023

Членовите на Младинскиот актив ви ги честитаат новогодишните и божиќните празници и ви упатуваат искрении желби за добро здравје, многу среќа, радост и успеси во Новата 2023 година!🎁🎉

ГИМНАЗИЈАТА ОДБЕЛЕЖУВА 130 ГОДИНИ ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОСТОЕЊЕ - ТЕРА 31/12/2022

https://tera.mk/%d0%b3%d0%b8%d0%bc%d0%bd%d0%b0%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0-130-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%b8%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b8/

ГИМНАЗИЈАТА ОДБЕЛЕЖУВА 130 ГОДИНИ ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОСТОЕЊЕ - ТЕРА По повод 130 години од работата на Гимназијата како воспитно – образовна институција, во Офицерскиот дом, беше прикажан документарен филм за работата на училиштето....

130 години, воспитно-образовна институција-нашата Горна Гимназија 31/12/2022

"130 години од работата на Гимназијата како воспитно образовна институција". Документарецот за училиштето - стожер на знаењето во државата- го подготвија Никола Трајковски, професор по македонски јазик и литература со поддршка на Иле Трајковски, професор по историја и учениците Давид Козаров, режија и монтажа и Теодора Јовчевска, наратор.🎥📽️🎬 Никола Трајковски, Иле Трајковски , Давид Козаров, Теодора Јовчевска.
Гордост сте!🤍

130 години, воспитно-образовна институција-нашата Горна Гимназија Видео за Гимназијата „ Јосип Броз-Тито“ - 130 година работа како воспитно-образовна институцијаМонтажа/Редакција - Давид КозаровНарација - Теодора Јовчевска...

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 29/12/2022

Новогодишниот базар во Гимназијата кој се одржа на 27 и 28.12.2022 помина во oдлично расположение и весела атмосфера! Среќни сме што имаме вредни ученици, родители и наставници кои докажаа дека со своите изработки сакаат да придонесат во намерата да се помогне таму каде што е најпотребно во моментот. Благодарни сме на Младинскиот актив и Децата правобранители за учеството во организацијата , како и на сите ученици и наставници кои купија од изработките и што со добро дело ќе ја завршиме оваа 2022 година!

27/12/2022

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА!

И оваа година нашата и ваша Гимназија организира новогодишен хуманитарен базар со изработки на учениците,професорите и родителите🎄 кој ќе се одвива во текот на утрешниот ден и во четврток со почеток во 09:00 часот 📍во просториите на Гимназијата.
Целта на овој базар е од продуктите кои се на продажба, да се соберат средства за донација онаму каде што е најпотребно!❤️‍🩹🎁
Добредојдени сте сите.
Заедно да подариме насмевки!

❄️Нашето малку можеби за некого е многу❄️

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 10/12/2022

По повод „16 дневен активизам против насилство врз жени и девојчиња", во Гимназијата на 09.12.2022 година се одржа настан на кој му претходеа низа едукативни и превентивни активности.
Нашата главна цел како младински актив во соработка со децата правобранители, во овие шеснаесет дена активизам беше да ја подигнеме општествената свест и да поттикнеме на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на насилството врз жената и девојчината. Секој од нас треба да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори.
Потребно е секој од нас да преземе одговорност.
Со овај настан ги поттикнуваме сите жртви на насилство особено девојчињата да не молчат и гласно да се борат против ваквиот чин.
Да се бориме против насилството врз жените и девојчињата и против сите, секој ден, сите заедно!
Оваа прилика ја користиме јавно да им се заблагодариме на професорката по англиски јазик Ирена Димовска-Митревска, професорката по македонски јазик и литература Симона Петровска, психологот Елена Кузмановска, професорот по ликовна уметност Александар Поповски, професорите по музичка уметност Емилија Стефановска и Владко Симоновски, директорката на Гимназијата Лидија Споа, како и г-дин Илија Василевски претседател на Општински совет за малолетничко престапништво-Битола кои несебично ни ја пружиа нивната подршка и ни помогнаа за реализација на овој настан.
ГРОМОГЛАСНО во борбата против насилството врз жените и девојчињата!🧡

09/12/2022

I Want to Break Free - Queen 🎙️🎸🎻🎤

Photos from Младински Актив на ЈБТ's post 24/09/2021

Фер и демократски избори за класни заедници во гимназија за учебната 2021/22 📥🗳️

Want your school to be the top-listed School/college in Bitola?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

I Want to Break Free - Queen 🎙️🎸🎻🎤
Борба против насилството врз жените и децата

Category

Address


Bitola
7000

Other Middle Schools in Bitola (show all)
С О У Гимназија „Јосип Броз Тито“  Битола С О У Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола
Ulica Bulevar 1vi Maj Br. 51
Bitola, 7000

ИНФОРМАТИВНА СТРАНИЦА ЗА СИТЕ ШТО САКААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД НАСТАНИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО