Факултетско студентско собрание на Филолошки факултет

Факултетското студентско собрание на Филолошки факултет

27/05/2024
16/05/2024

Во петок повторно ве очекуваме на филм и дружба на Факултет! Овојпат ќе го проследиме шпанскиот филм "La Noche de 12 Años (A Twelve Year Night)" во режија на уругвајскиот режисер Алваро Брегнер.

Модератор на дискусијата ќе биде лекторот по шпански јазик на Филолошкиот факултет - Гилермо Грациа Сола.

Се гледаме!

05/01/2024

Благодарност до Факултетско студентско собрание на Филолошки факултет и Факултетско студентско собрание на Филозофски факултет за донацијата во вид на прехранбени артикли и новогодишни пакетчиња кои беа дистрибуирани за една од најранливите категории - бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје.
👉 Младите се позитивен пример во заедницата.
👉 Заедно можеме повеќе!

05/01/2024

flf.ukim.mk

Photos from Факултетско студентско собрание на Филолошки факултет's post 15/12/2023

Драги студенти,
Ни претставува особена чест да ве поканиме на настанот "Ние и Конески - мултимедијално поетско читање" кое претставува фузија на креативните моќи на уметничките факултети.

Дојдете заедно да ги почувствуваме скриените симфонии преку магијата на зборот и сликите!

Вашето ФСС. ✨

22/11/2023

Почитувани студенти, Ве покануваме на промоција на веб-страницата „Виртуелен музеј на творештвото на Радован Павловски“. Ве очекуваме во 17 и 30 часот во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Проектот е изработен во соработка со УСС на УКИМ.

22/11/2023

Драги филолози и философи, УКИМци и филмаџии, овој петок дојдете заеднички да го погледнеме и продискутираме најкраткиот но, можеби визуелно најдобриот филм на Кристофер Нолан, Данкерк.

Наш гостин овојпат ќе биде Дамјан Бужаровски, студент на Философскиот факултет и дел од тамошното Факултетското студентско собрание.

Ве очекуваме! ✨

19/11/2023

Драги студенти,

Савче Ѓошева, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е новоизбраната студентска правобранителка на УКИМ.

Позицијата студентски правобранител постои да ве заштити вас и вашите права при нивно прекршување!

Доколку се случи во текот на студиите тие да се прекршат, без размислување поднесете претставка до: [email protected]

Ѝ посакуваме успешен мандат❤️, а вам храброст да се борите за своите права!

14/11/2023

Драги студенти,

Факултетското студентско собрание со вас го споделува календарот на активности за месец Ноември.

Заокружете ги датумите и пренесете на вашите колеги.

Заедно учиме и се дружиме. ✨

14/11/2023

Следната обука во рамките на Новинарскиот клуб ќе се одржи на 16 ноември, со почеток во 17 часот во А1 на Филолошкиот факултет.

Покрај членовите на Новинарскиот клуб, сите заинтересирани студенти на УКИМ може да присуствуваат. На работилницата ќе имате шанса да слушнете практични совети од новинарот Игор Петровски и да навлезете во основите на новинарското пишување.

Се гледаме! ✨

07/11/2023

Овој петок во склоп на Филмскиот и театарски клуб, ни гостуваат режисерката Нела Витошевиќ и писателката и професорка на Филолошкиот факултет Румена Бужаровска. Заедно со нив ќе продискутираме за претставата „Мојот маж“, процесот на режирање и значајноста на театарот. Модератор на дискусијата овој пат е Благоја Јовановски, овогодинешниот добитник на наградата Вавилон.

Ве очекуваме,
Вашето ФСС. ✨

Бесплатни онлајн курсеви по странски јазици – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје 18/10/2023

Бесплатни онлајн курсеви по странски јазици – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје Еден јазик никогаш не е доволен!Бесплатни онлајн курсеви по странски јазици Почитувани студенти,Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ви нуди несекојдневна можн....

15/10/2023

Драги студенти,

Првото предавање во Новинарскиот клуб ќе се одржи на 17 октомври во 17 часот во Сала за седници на Филолошкиот факултет. Наш гостин и предавач ќе биде Снежана Лупевска.

Предавањето е од јавен карактер, така што покрај студентите кои членуваат во Новинарскиот клуб, можат да дојдат и сите останати студенти кои имаат желба.

Ве очекуваме! ✨

10/10/2023

Драги студенти, овој семестар повторно продолжуваме со нашите проекции во Филмскиот клуб. На 13.10 во петок од 17.30ч започнува нашата прва проекција за семестарот. Модератор за оваа проекција ќе биде нашата Моника Зафировска од катедра за Превод и толкување.

Повелете на филмче и дружба! 💛

10/10/2023

Драги студенти, доколку имате пасија кон пишување критики, есеи, колумни, поезија или сакате да снимате радио емисии и поткасти, пријавете се на адресата подоле до 15.10. Повикот важи за сите студенти од сите факултети на УКИМ.

ФСС на ФлФ во соработка со МААА, Правниот факултет и универзитетското радио го формира Новинарскиот клуб на Филолошкиот факултет. Студентите ќе имаат можност за обука покрај искусни новинари и професори. Вашите собрани матријали ќе бидат објавени во списанијата на двата факултети.

Заедно градиме нови простори на Факултетот,
Вашето ФСС. ❤️

Photos from Како си ми?'s post 26/09/2023
Поткаст „Филолошки муабети“, #1 01/07/2023

Конечно, нашата прва епизода од „Филолошки муабети“ е објавена и имате можност да ги слушнете книжевните препораки на нашите студенти. 😊

Поткаст „Филолошки муабети“, #1 Нашиот поткаст има за цел да ве доближи кон темите на книжевноста и културата и со тоа да ве инспирира да осознаете нови хоризонти. Во првата епизода, студен...

29/05/2023

Драги колеги,

Имаме огромна чест да ве поканиме на 1.6.2023 во 17:30, на филмска проекција, предавање и дискусија со македонската талентирана и успешна актерка Сара Климоска.

Се гледаме во Амфитеатар 1 (А1) на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески"!

28/05/2023

Утре во Аула, со почеток од 18ч ќе се одигра претставата „Shakespeare in the 21 century“ во чест на проф. Д-р Рајна Кошка. Режија и изведба на апсолвентите од Англиска катедра.

Ве очекуваме! ✌️

18/05/2023

Драги колеги,

Факултетското студентско собрание во соработка со МААА и Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" имаат чест да ве поканат на втората проекција и првото гостување на режисерот Ѓорче Ставрески во рамките на активностите на Филмскиот, театарски и дебатен клуб.

Ве очекуваме! ⬇️

Прашалник за навики за селектирање на ЕЕ отпад 09/03/2022

Прашалник за навики за селектирање на ЕЕ отпад Овој прашалник ги испитува навиките на студентите на УКИМ поврзани со електричен и електронски отпад*. Го спроведува факултетското собрание на ФЕИТ во соработка с....

Photos from Факултетско студентско собрание на Филолошки факултет's post 21/12/2021

Убави моменти фатени на камера! Членовите на Факултетското Студентско Собрание заедно со претседателката на УСС и деканот на Филолошки Факултет.
+🐈

25/11/2021

🎓UNIVERSITY BREAK 2021🎓

🔈Драги колеги и колешки, со задоволство ви го претставуваме најлудото студентско патување во вашите студентски денови, кое за повеќето од вас ќе биде и прво!🥳

Веќе 2 години со корона пандемија, го изгубивме осетот за меѓустудентска хемија.
Време е за дружба!😎

🏢❤ Магичниот Истанбул е нашата дестинација каде ќе се журкаме, дружиме, прошетаме и одмориме. Градот кој претставува природна врата помеѓу Европа и Азија и со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Посетата на Истанбулскиот универзитет, најфилмската населба Балат, модерниот плоштад Таксим и прекрасниот Босфор ќе направат да се осеќате како во вистинска светска метропола исполнета со универзитетска магија🥂

🔥 Промотивна цена од 99€ за првите 50 пријави

⭐ 3 ноќевања со вклучен појадок
⭐ Автобуски превоз
⭐ Комплетна организација

Пријавување 👇

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfoldO_lNomS56c7EwfcnS_ipWiQX3ia60gjaShrd8yKMm5hA/viewform?usp=pp_url

Photos from Факултетско студентско собрание на Филолошки факултет's post 25/10/2021

Драги апсолвенти,

Сите информации во врска со сликањето се наоѓаат на фотографииве. Јавете се и закажете го својот термин! 😍

Photos from Факултетско студентско собрание на Филолошки факултет's post 01/10/2021

Драги колеги,
На денешниот прв академски час имавте чест да ги запознаете и видите нашиот претседател и студентскиот правобранител .buse .
Им посакуваме среќен почеток на новите студенти! 🍀

14/08/2021

Драги колеги,

Отворениот ден на УКИМ ќе се одржи онлајн на платформата MS Teams, со почеток од 10 до 12 часот.
Линк: https://bit.ly/3CK63Ad

Ве очекуваме! 😍

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Address


Skopje
1000

Other Public Schools in Skopje (show all)
Shkolla 25 Maji Shkolla 25 Maji
Rejhan. Ajvazi . 9
Skopje, 1234

Fansa na ndihmoni qe ta qojme faqen tone ne 100.000 LIKE

ООУ„Браќа Миладиновци“ с.Миладиновци ООУ„Браќа Миладиновци“ с.Миладиновци
Улица 8 бр 90а 1042 Миладиновци
Skopje

Нашето училиште е училиште со еднакви можности за раст и развој!