Diaverum North Macedonia
ДИАВЕРУМ обезбедува бубрежна нега за подобрување на животот на пациентите со хронична бубрежна болест, овозможувајќи им исполнет живот.
🌍28 Јули e Светскиот ден на хепатитисот со цел подигање на свеста за значењето на хепатитисот и влијанието врз здравјето, унапредување на превентивните и дијагностичките мерки, третманот, универзална вакцинација и соодветна едукација.
👩🏫👩⚕️ По повод Светскиот ден на хепатитисот, Диаверум одржа едукативни предавања за своите дијализни пациенти по подружниците и им подели флаери. Едукацијата на пациентите е многу важен сегмент од нашата култура за #вистинскагрижа.
Д-р Дитка Ивановска, специјалист, интернист од Диаверум Струмица:
❗️ Хепатитисот е воспаление на црниот дроб, предизвикано најчесто од инфективни агенси-вируси. Постојат 5 типови на вирусен хепатититис, но Б и Ц се најчеста форма на хроничен хепатитис. Се смета дека во светот живеаат околу 354 милиони луге со хепатитис Б или Ц, но поради асимтоматска форма на болеста, бројката е уште поголема. 📈
🩸Трансмисијата е речиси идентична и за Б и за Ц и најчесто е преку контакти со крв, незаштитен полов однос, користење ист личен хигиенски прибор, хоризонтаелен и вертикален пренос. 🩺🌡 Дијагнозата се поставува преку клиничка слика, лабараториски анализи, биопсија.
💉 Денес превенцијата е достапна преку вакцинација за (ХБВ). Во многу земји во светот (вклучително и кај нас) вакцина против ХБВ е задолжителна за секое новородено дете. Пожелна е за ризични групи, пациенти на хроничен хемодијализен програм, здравствени работници кои работат со крв и крвни продукти. Достапна е и имуноприфилакса анти ХБС- готови антитела.
💊Терапија која е достапна за лекување на хепатитите Б и Ц е интерферон и антивирусни лекови.
Со навремено дијагностицирање и лекување СЗО до 2030 има цел да го намали бројот на заболени од хепатитис дури до 90%, а на смртноста до 65%.
Диаверум Македонија со двајца свои претставници, д-р Надица Мисовска, спец. интернист, субспецијалист - нефролог, медицински директор и д-р Менче Неделкоска, спец. интернист, субспецијализант - нефролог и заменик медицински директор, присуствуваше на Euroson School of abdominal ultrasound. 🩺📚
Школата која се одржа на 5 и 6 јуни во Загреб, беше во организација на WFUMB Центар за едукација на Хрватска, Националниот референтен центар за интердисциплинарен ултразвук во медицината и Универзитетска болница Дубрава од Загреб, a беше поддржана од Европската федерација на асоцијации за ултразвук во медицината и биологијата (EFSUMB). 🌐🏥
Присуството беше одлична можност за следење на новитетите во полето на примена на ултразвукот во медицината на интернационално ниво, како и меѓусебна размена на професионални искуства преку директно учество во интерактивни практични сесии. 🆕🌍
Учесниците исто така имаа можност за вклучување во стручни и конструктивни дискусии со меѓународни експерти во полето. 🗣️👩⚕️👨⚕️
Континуираната едукација и усовршување на вработените на Диаверум Македонија ја покажува нашата професионалност и решеност за #вистинскагрижа. 🎓💼
❗Високи температури на воздухот☀️🌡️
Со Вас ги споделуваме советите на Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија.
❗Пациентите на дијализа за внесот на овошје, зеленчук и течности да се придржуваат на добиените индивидуални препораки од дијализните медицински тимови 🍉🥤.
👇👇👇
World Kidney Day за придонесот на Диаверум во подигањето на свесноста за бубрежните заболувања.
Today, we want to give a special thanks to Diaverum Global for supporting our World Kidney Day campaign. Their contribution helps us raise crucial awareness about kidney health.
❓ Како Вие како пациенти може да го подобрите Вашиот исход од дијализниот третман?
✔️ Диаверум Ви споделува неколку совети на таа тема- проследете го видеото подолу! 🍀🎥🩺🗒
⬇️
Диаверум Македонија со четири свои претставници од секторот за интрахоспитални инфекции, присуствуваше на вториот меѓународен симпозиум организиран од страна на Асоцијација за дезинфекција и стерилизација на Македонија (ДСАМ). 🧴🔬 Настанот именуван како „Вие сте во сигурни раце со дезинфекција и стерилизација“ се одржа во Охрид, викендот од 14 до 16 Јуни. 📅🌊
Симпозиумот беше одлична можност на едно место да се соберат професионалци од областа на ИХИ и да ги споделат своите трудови, искуства и знаења. 👩⚕️👨⚕️📚
Дополнително, имавме можност да покажеме како Диаверум директно се справува со влијанието врз животната средина преку своите операции, со одржливоста и климатските промени како врвни приоритети кои се поместуваат напред. Два члена од нашиот тим на медицински сестри одржаа презентации на следните теми:
Благица Најдоска Кочева со темата: „Еколошки аспекти на хемодијализниот третман: Што можеме да подобриме“ 🌍💡 и
Љубица Мандиќ со темата: „Рационализација на создавањето медицински отпад во хемодијализните центри.“ 🗑️♻️
Имаме возбудливи вести за споделување во месецот кога го одбележуваме Светскиот ден на трансплантација! 🎉
Со задоволство го најавуваме лансирањето на нашата програма , која ќе овозможи и финансира безбедно и брзо враќање дома за пациентите на дијализа кои можат да добијат повик за долгочекуваната трансплантација на бубрег додека патуваат низ Европа.
Во Диаверум разбираме дека патувањето е суштински дел од животот. Нашата програма d.HOLIDAY Fly Back ќе им даде на пациентите за трансплантација на бубрег доверба да патуваат спокојно, во еден толку важен момент во нивните животи.
Дознајте повеќе: bit.ly/4c1JfNa
Нефролошката специјалност, а особено дијализата има големо влијание врз животната средина со потрошувачката на вода, енергија и испуштање на течен отпад. 💧⚡🚮
Со инсталирање на сончеви панели во нашите клиники, успеавме значително да придонесеме во намалувањето на потрошувачката на електричната енергија, а со тоа и во намалување на емисијата на штетни гасови и јаглеродни отпечатоци. ☀️🔋
За период од околу една година, успеавме да бидеме вистински партнери на природата и на животната средина, да бидеме пример со нашата вистинска грижа и за . 🌍🤝
Од досегашното работење избегната е емисија на 151,23 тони СО2 или сликовито претставено како засадени 210 дрвца. 🌱🌳
Оваа иницијатива покажува само дел од големата слика на стратегијата за одржливост на Диаверум, со која организацијата ќе постигне Net Zero - загадувања до 2050 година, што е цврсто вкоренета во разбирањето дека нашиот фокус за грижата за пациентите е исто така за доброто на планетата.
Прочитајте го нашиот извештај за ESG за 2023 година за да дознаете повеќе. 📄🔗https://tinyurl.com/5h486axm
Менаџерскиот тим на Диаверум Македонија минатата недела одржа заеднички годишен состанок во Крушево.📅✨
Состанокот беше одлична можност да се направи резиме на досега реализираните проекти и планови, но истовремено и да се разгледуваат идните предизвици. 📈🔍
Освен презентацискиот дел, присутните ги усовршуваа комуникациските вештини и добија насоки за подобрување на резултатите во менаџерското работење, истовремено покажувајќи ја страста, инспирацијата и компетентноста што ја прават нашата култура на #вистинскагрижа.🗣️💡
Секако, сето тоа беше проследено со одлична дружба и тимски активности.🥳🤝
На наше огромно задоволство, вчера во работна посета на Диаверум, имавме чест да не посети амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн. 🇸🇪👩⚕️
Амбасадорката и нејзиниот тим, имаа можност непосредно да се запознаат и да го видат текот на скрининг проектот за пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување. Скрининг проектот, Диаверум го реализира на 9 локации во 8 градови, во соработка со Министерството за здравство. 🏥🩺
Посетата се одржа во нашите простории во Визбегово, каде што при директна средба со пациенти, гостите посведочеа за #вистинскатагрижа насочена кон пациентите што ние како Диаверум ја обезбедуваме. 💖👩🦽
Овој настан претставува голема потврда и поддршка за целокупната наша работа и #вистинскагрижа. 🌟🙌
📢 Нашите ментори на обука за подобрување на практичната настава
На крајот од месец мај, нашите ментори - едукатори присуствуваа на дводневна обука на тема "Стручен и друг кадар (ментори) за спроведување практична обука кај работодавачите" во хотел Сириус во Струмица. Оваа обука, организирана од Стопанската комора на Македонија, има за цел да ја унапреди компетентноста на менторите во компаниите.
Со обучени ментори, ќе се подобри квалитетот на практичната обука за учениците, воедно исполнувајќи ја законската регулатива за вклучување на учениците од средните училишта во практичната настава. Ова е значаен чекор кон поефективно и квалитетно образование и професионален развој.
На покана на УГД Штип, минатата недела, Диаверум присуствуваше на нивниот прв Отворен и кариерен ден.
🎓✨ Одличен настан кој овозможи средношколци, студенти, факултети и работодавачи да се сретнат на едно место.
Нашиот штанд предизвика голем интерес кај идните професионалци кои ја гледаат својата кариера во здравствениот сектор.
🔍💬 Тие ја препознаа нашата #вистинскагрижа во сите сегменти на работењето и ги проширија своите видици при избор на иден работодавач.
Беше вистинско задоволство да се комуницира со идните професионалци во здравството! 🌟👩⚕️👨⚕️
„Изградете ја Вашата кариера со нас - нека Вашиот потенцијал ја достигне извонредноста на нефрологијата“. 💼🩺
🚀 Од 23-26 мај 2024 година, во Стокхолм, Шведска, се одржа шеесет и првиот ЕРА (European Renal Association) конгрес.
🌟Континуираната медицинска едукација, како составен дел од нашата Диаверум култура, продолжува и понатаму да ги јакне, зацврстува и расте компетенциите на нашите професионалци. Наша петчлена делегација на лекари присуствуваше на ЕРА 2024, меѓу кои д-р Николина Смоковска која зеде активно учество со фокус орална презентација.
🔬 На ова инспиративно научно патување, овогодинешното мото беше "Преиспитување на здравјето на бубрезите, трансформирање на грижата за бубрезите".
🔖 61от конгрес на ЕРА е акредитиран од Европскиот совет за акредитација за континуирано медицинско образование (EACCME®).
🌟 Одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри! 🌟
На 12.05.2024, гo одбележавме Меѓународниот ден на медицинските сестри со признание за медицинските сестри кои ја живеат културата на вистинска грижа..
🏅 Марија Негриевска, Железара
🏅 Амела Календар Мустафа, Визбегово
🏅 Виолета Марковска, Делчево
🏅 Љубица Мандиќ, Гевгелија
🏅 Мелита Стојанова, Штип
🏅 Татијана Постолова, Кочани
🏅 Софија Георгиева, Струмица
🏅 Јована Стоилкова, Куманово
🏅 Виолета Ѓоргиевска, Крива Паланка
Овие исклучителни медицински сестри добија плакета како признание за компетентноста и страста што ја покажуваат секојдневно, во подобрувањето на животот на нашите пациенти преку давањето на бубрежна нега 💖
Вие сте нашите херои и наша инспирација! Ви благодариме од срце! 🙌
Денеска е Светски ден на хипертензијата – можност да се подигне свеста за ризиците од хипертензија.
Хипертензијата или високиот артериски крвен притисок може да има многу причинители и е важен фактор на ризик за развој на хронична бубрежна болест (ХББ). А доколку имате ХББ, хипертензијата може да предизвика дополнителни здравствени проблеми и прогресија на болеста.
Сепак, постојат голем број начини да останете здрави и да го намалите високиот крвен притисок, како што се:
Намалете го внесот на сол на помалку од 5 g дневно 🧂!
Бидете физички активни колку што дозволува вашата состојба 🚶♂️!
Намалете ја консумацијата на алкохол 🍷!
Избегнувајте пушење 🚭!
Најдете начини за намалување и управување со стресот 📚!
Ако имате какви било прашања во врска со намалувањето на ризикот од хипертензија, разговарајте со вашиот медицински тим. Во Диаверум, ние сме тука да ве поддржуваме на секој чекор од патот до Вашето подобро здравје.
🌟 Европската недела на ментално здравје е во тек, а во Диаверум веруваме во холистичката благосостојба и вистинската грижа, кои вклучуваат грижа за менталното заедно со физичкото здравје.
Стресот има големо влијание, па за да ја одбележиме Европската недела на ментално здравје, споделуваме неколку наши совети за намалување на стресот и подобрување на Вашата благосостојба:
- Останете активни: бидете активни колку што дозволува вашата состојба. Соодветното вежбање не само што го намалува нивото на хормоните на стрес во телото, туку има толку многу дополнителни придобивки за целокупното здравје.
- Одвојте време за себе: вежбањето јога или медитација има многу придобивки за луѓето со ХББ, вклучително и намалување на стресот.
- Најдете ги позитивните страни: позитивното размислување помага да се ублажи стресот, намалувајќи ги штетните ефекти што ги има врз Вашата ментална и физичка благосостојба.
- Патување: Познато е дека патувањето го намалува стресот и ги ублажува симптомите на анксиозност и депресија.
Секогаш разговарајте со Вашиот здравствен тим за тоа како се чувствувате, тие ќе Ве поддржат на секаков начин!
Меѓународен ден на медицинските сестри 2024
#нашитесестринашатаиднина
За нашите сестри кои ги оставаат своите срца и души, во обезбедувањето на #Вистинскагрижа, денес и секој ден,
Ви благодариме!
Позитивните меѓучовечки односи произлегуваат од добрата комуникација. А добрата комуникација, меѓу другото, поттикнува тимска работа, јасна визија и цели, пријатна средина и атмосфера, фокус, мотивација и резултати. Ние, во Диаверум континуирано ги негуваме овие меѓучовечки односи и високи нивоа на комуникација. 🌱💬
Препознавајќи ја важноста на комуникацијата- активното слушање, ефективноста, како и повратните информации и конструктивната критика, беа фокусот на едукативните работилници одржани неодамна во Диаверум, специјално дизајнирани за нашите вработени. Овие сесии ги презентираше нашиот колега Александар Капетановски, Бизнис Контролер, при што први интерактивно во процесот учествуваа колегите од Визбегово. Во наредниот период во овие работилници ќе бидат вклучени повеќе вработени. 🌟
🎉👩⚕️👨⚕️ Го прославивме Светскиот ден на здравјето со нашите херои во здравството!
Како компанија посветена на здравствениот сектор, „Светскиот ден на здравјето“ е празник на нашите здравствени работници и соработници.
🩺 Во духот на добро здравје и благосостојба на нашите вработени, организиравме превентивни здравствени прегледи „Од нас за нас“.
🏆 Нашите лекари традиционално го избраа докторот на годината. Оваа година, признанието за 2024 година оди на нашата прекрасна докторка, професионална и омилен лик меѓу пациентите, д-р Срданка Б. Костадиноска, за нејзиниот несебичен придонес и #вистинскагрижа за нашите пациенти. 🧡
🌍 Како дел од нашите иницијативи ширум светот за Светскиот ден на бубрегот, организиравме и спроведовме превентивни прегледи со акции за мерење на крвен притисок и гликемија. На присутните им се делеа и лекарски совети. Прегледите беа организирани и спроведени од нашите локални тимови.
📍 Штип, 07.03.2024 година, организиравме превентивни прегледи наменети за пензионерите. Акцијата се реализираше во просториите на „Здружение на пензионери во Штип“. Прегледани беа повеќе од 150 пензионери, од страна на д-р Маја Трајкова, м. сестри Билјана Зафирова, Маја Тасева и Марина Димиќ, како и клиничката менаџерка Даниела Гапева.
📍 Струмица 14.03.2024 година, во центарот на градот на нашиот штанд беа прегледани повеќе од 200 граѓани. Прегледите ги изврши нашиот локален тим составен од д-р Мери Кузмановска, м. сестри Љупка Сејменова и Петранка Илиева, како и клиничката менаџерка Елисавета Колевска.
ℹ️ На присутните им беа поделени информативни флаери за Диаверум амбулантите, како и материјали обезбедени од Здружението на бубрежно болни „Нефрон”.
Активностите завршија успешно, со огромно задоволство на граѓаните кои покажаа благодарност до нашите тимови, за нашата #вистинскагрижа.
🏅 Диаверум Македонија додели Благодарници на вработените кои една декада се посветени на обезбедување бубрежна нега која го подобрува животот! 🎉 Со големо задоволство го доделуваме ова признание за нивната непрекината посветеност, професионализам и хуманост во рамките на дијализната работа.
🤝 Врската помеѓу нашите вработени и компанијата е од витално значење бидејќи го обликува нашето патување напред. Ви благодариме за вашата лојалност, стручност и #вистинскагрижа, правејќи го Диаверум место каде што секој пациент се чувствува ценет и поддржан.
💙 Ви благодариме за секој момент на трпение, секој утешен збор и секоја посветена минута во грижата за нашите пациенти!
📅 Од 04 - 07.04.2024, Диаверум Македонија учествуваше на 7-иот Конгрес на Македонското Здружение за Нефрологија, Дијализа, Трансплантација и Вештачки Органи во Скопје.
Генералниот медицински директор д-р Фернандо Макарио се обрати на присутните како претседавач во сесијата „CKD and DKD – treatment strategies” и како предавач на тема Advancing CKD care: „Innovative Strategies for Enhanced Patent Value”. Неговите идеи предизвикаа интересни дискусии, истакнувајќи ја нашата преданост кон #вистинскагрижа и дигитализацијата за подобри резултати за пациентите.
Партиципација со свои трудови зедоа нашите лекари:
✔︎Д-р Николина Смоковска со орална презентација на тема „Individualized approach to dialysate electrolyte concentration”.
✔︎Д-р Кристина Петрова со приказ на случај „Hemodialysis patient with an abdominal aortic aneurism- case report”, во постер сесиите.
✔︎Д-р Елена Тасева со приказ на случај „Uncommon co-occurrence: Endogenous Cushing’s syndrome in a systemic lupus erythematosus patient undergoing hemodialysis”, во постер сесиите.
🏥 Д-р Макарио исто така го посети нашиот клинички центар во Куманово, каде беа претставени просториите, условите за работа и тимот кој е задолжен за #вистинскагрижа на нашите пациенти, како и мерките кои Диаверум ги презема за .
🌍Светски ден на здравјето, ден посветен на подигање на свеста за глобалните здравствени проблеми. Овогодинешната тема „Моето здравје, моето право“, ја нагласува важноста на достапната, квалитетна здравствена заштита за сите.
Во Diaverum, ние сме посветени на оваа кауза со проширување на нашите услуги во што е можно повеќе земји.
Се проценува дека над 10% од луѓето имаат ХББ на глобално ниво и Диаверум се стреми да го подобри животот на пациентите со ХББ, обезбедувајќи услуги за бубрежна нега од светска класа во 450 клиники ширум светот.
За повеќе информации за Светскиот ден на здравјето посетете: https://bit.ly/3PR3YL3
Генералниот директор г-дин Димитар Клисаровски, заедно со нашите тимови, беа дел од традиционалниот настан организиран од Здружението на бубрежно болни - Нефрон, по повод Светскиот ден на бубрегот на 14.03.2024 во Скопје.
Во своето обраќање, Клисаровски ја истакна нашата заложба кон #ВистинскаГрижа за пациентите, но и активностите што ги организира Диаверум во соработка со Нефрон и други институции.
Тој ги посочи различните активности, насочени кон нашите дијализни пациенти -конкретно со скромен подарок за оптимална практика на лекови во домашни услови, но и активности за подигање на јавната свест за здравјето на бубрезите, вклучувајќи едукации во училишта, акции за мерење на крвниот притисок и шеќер, како и најновиот проект “Скрининг за пациенти во ризик од ХББ”, наменет за 1000 пациенти. Воедно и одличната соработка со Нефрон и останатите институции кои само ја потврдуваат нашата вистинска грижа и заложбите за унапредување на целокупното бубрежно здравје на населението.
Веќе добро познатата приказна на д-р Маја, продолжува со уште едно поглавје - специјалист по нефрологија.
💬 "Кога љубовта и грижата за другите се длабоко во срцето, лесно е да го препознаеш твојот животен пат. Медицината како можност да помогнеш, лекуваш, спасуваш живот и да ја споделуваш среќата со другите е неисцрпна и бара постојано усовршување и надоградување.
Благодарам на Диаверум Македонија за можноста мојата приказна да ја продолжам во #Вистинскагрижа за пациентите како специјалист нефролог" - Маја Ќулибрк Неделковска. 🧡
Прочитајте повеќе 👉 bit.ly/OurPeople-Maja
🎉🌟 Одбележување на Светскиот ден на бубрегот! 🌟🎉
Годинава, го отпочнавме со учество на Годишното собрание на Здружението за бубрежно болни „Нефрон“. 🗓️ Работниот состанок се одржа во Кавадарци на 03.03.2024 год.
👩⚕️ Со претставници од 23 дијализни центри ширум земјата, ние како Диаверум, партиципиравме во стручно – едукативниот дел.
💬 Д-р Дитка Ивановска, интернист, го претстави своето излагање на тема „Јас и мојата болест.“ Нејзината порака за вистинска грижа предизвика голем интерес, со заклучок дека, и покрај болеста, сите треба да живеат исполнет живот.
👏 За нејзината поддршка и згрижување на бубрежно болните, д-р Ивановска доби Благодарница од страна на Нефрон.
Проследете го интервјуто на нашиот медицински директор, д-р Надица Мисовска, спец.интернист, суб.нефролог, објавено на медицинскиот интернет портал "Панацеа".
ИНТЕРВЈУ СО Д-Р НАДЕ МИСОВСКА: Бубрежната болест во раните стадиуми не предизвикува никакви симптоми и затоа претставува подмолна болес „Хроничната бубрежна болест (ХББ) е состојба која е сè почеста во сите земји во светот, претставува значаен глобален предизвик бидејќи е и доста скапа
Од објавата на Министерството за здравство за бесплатен скрининг на 1.000 пациенти во ризик од бубрежни заболувања:
ДЕМИРИ, КЛИСАРОВСКИ И ЃОРГИЕВСКА: БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГ ЗА 2.000 ПАЦИЕНТИ ВО РИЗИК ОД ХРОНИЧНО БУБРЕЖНО ЗАБОЛУВАЊЕ – Министерство за Здравст март 14, 2024 АКТУЕЛНО, Новости, ПОЧЕТНА, Соопштенија Министерот за здравство, д-р Илир Демири, генералниот директор на ,,Диаверум”, Димитар Клисаровски и генералниот д...
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Category
Address
Jadranska Magistrala 100
Skopje
1000
Opening Hours
Monday | 06:30 - 00:30 |
Tuesday | 06:30 - 18:30 |
Wednesday | 06:30 - 00:30 |
Thursday | 06:30 - 18:30 |
Friday | 06:30 - 00:30 |
Saturday | 06:30 - 18:30 |
Budimpestanska
Skopje, 1000
Early to bed and early to rise, makes a man healthy, wealthy, and wise.
Skopje, 1000
Ovlasten zastapnik i distributer za Makedonija za proizvodite na Nutrex i NowFoods.
Bukureshka 2
Skopje, 1000
Секој има право на матичен лекар кој силно ќе се грижи за вашето здравје и здравјето на вашите сакани
Makedonija
Skopje, 1000
Оваа страна е наменета за сите кои сакаат да добијат повеќе информации за употребата на Алое Вера и нејзините корисни својства
50-ta Divizija Br. 5
Skopje, 1000
Mon Bebe - Центар за плодност Љубов пред првиот поглед❣️