Факултетско студентско собрание на Медицински факултет - Скопје
Nearby schools & colleges
Septemvriska Sesija 5 Karposh 2 Bb
A. Dukov Br
Ulica Samoilova
1000
Ulica Risto Shishkov Br
Скопје
Aerodrom
Vodno Bb
Скопје
1000
1000
Bulica Vidoe Smilevski Bato 71
Dimitrie Chupovski
0211
Скопје
Официјална фејсбук страна на Факултетското студентско собрание на Медицински факултет- Скопје
Драги колеги,
Чест и задоволство ни е да најавиме панел дискусија помеѓу еминентни доктори од нашиот факултет на тема „Здравје за сите, секогаш и секаде“, со фокус на примарната превенција.
Нашите панелисти ќе ги споделат своите искуства и знаења за да разговараат за предизвиците и можностите во обезбедувањето квалитетна здравствена заштита за секого, без оглед на нивното потекло или социо-економски статус.
Примарната превенција ќе биде една од најважните теми на дискусијата, каде што ќе се нагласи значењето на превентивната здравствена заштита за одржување на добро здравје, а особено ќе се разгледаат начини за подобрување на пристапноста до превентивните услуги, како и препораки за здрави навики и животен стил.
Оваа панел дискусија е одлична можност да се дознае повеќе за важноста на примарната превенција и да се идентификуваат начини за подобрување на здравствената заштита за сите.
Голема благодарност оди до панелистите:
Проф. Д-р Марија Вавлукис, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија
Проф д-р Игор Спироски од Институт за јавно здравје
Проф. д-р Соња Бојаџиева ЈЗУ Универзитетска клиника за педијатрија
д-р Катерина Ковачевиќ од Центарот за семејна медицина
Асс. д-р сци Гордана Петковска ЈЗУ Универзитетска клиника
за радиотерапија и онкологија
Асс. Д-р Татјана Прошева, ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија
Линк за пријавување: https://forms.gle/DBB7RmbH9HhQnCxR7
Здружение на студенти по медицина - ЗСМ
EMSA - Macedonia ReBorn
Macedonian Medical Students' Association (MMSA Macedonia)
🥰
https://www.facebook.com/100801514873107/posts/671695241117062/?mibextid=Nif5oz
По јавниот апел од страна на студентите кој резултираше и со онлајн петиција, барањето и притисокот од УСС, МОН се согласи за изедначување на стипендиите✌️
Решивме уште еден суштински проблем на студентите и продолжуваме со активна работа🙌
Благодарност до сите медиуми, организации и засегнати страни кои застанаа рамо до рамо со студентите за решавање на овој случај❤️
Почитувани колеги,
Спремете се за опуштање по напорната втора колоквиумска недела што ни следи.
🩺 Комисијата за култура на ФССМЕДФ ве поканува на пост колоквиумска дружба.
📍Место: PublicLab (поранешно Hibou Bar)
🗓️ Датум: 2-ри декември (петок)
🕘 Почеток: 21:00ч
🙅 Влезот не се наплаќа
🥳 Се погриживме да обезбедиме пијачки по студентски цени
🎉 Очекуваме да донесете добро расположение
✨ Резервациите може да ги направите во порака на Instagram профилот на ФССМЕДФ - .medf
‼️Направете си ја резервацијата што поскоро, местата се ограничени
Со среќа на колоквиумите и се гледаме наскоро! 👩🏻⚕️👨🏽⚕️
https://fb.me/e/5eP3Ql5rS?mibextid=N4tvPT
Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 02 декември 2022 во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите!
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
Се гледаме на 02 декември
https://www.facebook.com/100801514873107/posts/649802166639703/
Студентите се обединија!
УСС при Уким, ШТУЛ, ФОН, АМЕРИКАН, ФОП, УКЛО, УГД и движењето Студентски отпор обединето ќе ги бараат своите права!
Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања.
Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања, а тоа се:
Издвојување на средства од буџетот за:
1. Подобри услови во студентските домови
2. Изземање на студентите од антикризните мерки
3. Целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата
4. Изедначување на стипендиите
5. Подигнување на квалитетот на образованието
6. Дигитализација
Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието меѓу кои, средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот!
Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард!
Споделете, Ве очекуваме во што поголем број!
#ОваЕЗаедничкаБорба
#СтудентитеСеОбединија
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=647540813532505&id=100801514873107
Ги слушаме барањата и прифаќаме конструктивни предлози и критики✌️
Не само што не отстапуваме, напротив направени се промени по основ на точка 3 и додадено е ново барање, односно точка 4 🙌
Како што кажавме
#оваезаедничкаборба✊
Почитувани колеги,
Со задоволство Ви го најавуваме едукативниот настан насловен како: "Унапредување на оралната хигиена кај студентската популација во РСМ".
Целта на настанот е подигнување на свеста на студентите за значењето на правилното оджување на оралната хигиена која е клучна за оралното и системското здравје во целост.
По тој повод на секој од студентските кампуси ќе биде одржано предавање за правилните техники на одржување на орална хигиена, по кое ќе следат и работилници водени од сертифицирани демонстратори кои ќе извршат обука на присутните студенти. Во склоп на настанот, ќе им биде направена доброволно и визуелизација на денталниот плак, како и проценка на неговата старост. На учесниците ќе им биде поделен и промотивен материјал, односно четки за заби и интердентални четкички од Curaprox Macedonia (Interdental dooel) кои го спонзорираат овој настан.
На нашиот кампус кој ги вклучува Стоматолошки, Медицински и Фармацевтски факултет, ќе се одржи во амфитеатарот на Стоматолошки факултет на 07.11.2022г во 13:00ч.
Ве молиме сите кои сакате да учествувате на работилниците да се пријавите на следниов линк со цел да биде обезбедена четкичка за заби од Curaprox Македонија за секој од вас.
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1z_w0uKXoxyS2rIUqEdswy5ugZFQk1m8vP-1Lbe9rMv8/edit?usp=drivesdk
Повик за учество – Истражувачка група за благосостојба и однесување на животните
Во рамките на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје се формира истражувачка група составена од студенти на додипломски, постдипломски и докторски студии, како и дипломирани млади истражувачи кои се заинтересирани да спроведуваат истражувања од областа на благосостојба и однесување на животните.
Истражувачката група за благосостојба и однесување на животните ќе соработува и ќе биде дел од UFAW мрежата (Universities Federation for Animal Welfare- https://www.ufaw.org.uk/) од каде ќе добива поддршка за истражувањата на младите истражувачи, а ќе соработува и со други меѓународни асоцијации од областа на благосостојба и однесување на животните.
Состаноците на групата ќе се одржуваат на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Се повикуваат сите оние што се заинтересирани да учествуваат во Истражувачката Група за Благосостојба и Однесување на животните да го изразат својот интерес најдоцна до 7-ми Ноември со праќање емаил на Ена Добриќ, ДВМ ([email protected]) и да достават контакт информации за да бидат повикани на првиот состанок на групата.
https://fvm.ukim.edu.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%b0-%d0%b7/
Почитувани колеги,
Ве покануваме на презентација за работата на УСС која ќе се одржи на Фармацевтскиот факултет на 01.11 во Предавална 3 во 16:00 h.
Гостин ќе ни биде претседателот на Универзитетското студентско собрание - Славчо Темелковски кој ќе позборува за работата на самото собрание и што всушност претставива УСС како тело.
Би ни било драго да бидете во што поголем број. 😊
Убав ден и се гледаме во вторник!
Од утре започнуваме со промоција на Универзитетското студентско собрание низ сите факултети! 📖
Целта на оваа активност е пренесување на нашите заложби, идеи, решенија и визија. ✨
Запознавањето со Усс започнува од Филолошкиот факултет во 10 часот. Настаните ке бидат водени од ново избраниот лидер на Усс Славчо Темелковски.📚
Тековно за сите други факултети ќе бидете известени преку нашиот профил.😄
Солидарноста и работата се одлика на ова студентско собрание✌️
Живееме во духот на хуманоста и да помогнеме онаму каде е најпотребно, затоа на 1 Ноември (Вторник) на Економскиот факултет (Читална) во период од 10-15 часот се спроведува крводарителска акција ❤️
Се гледаме таму 🙌
https://www.facebook.com/100801514873107/posts/634457788174141/
Работата и солидарноста се главни одлики на Универзитетското студентско собрание!
Во соработка со ИТК Македонија воведуваме бесплатна обука по пливање за студентите со атипичен развој и инвалидизирани лица секоја среда и петок од 14:00 часот во базенот "Борис Трајковски"🏊♂️
Ве повикуваме сите кои познавате студенти од оваа категорија да споделите до нив со цел оваа иницијатива да биде успешна🔊
Почитувани,
Ви благодариме на сите што бевте активно дел од овој Прв Интернационален Конгрес на Факултетското Студентско Собрание при Медицински Факултет, а воедно и на сите спонзори кои помогнаа за да може да се реализира истиот што е можно подобро.
Се надеваме дека овој Интернационален конгрес на ФСС ќе биде традиција и на идните генерации!
Со почит,
Организациски одбор на првиот Интернационален конгрес на ФСС при Медицински Факултет
First International Congress of FSA
💜💙💜💙💜
.mk .sweets .mk .mk .mk
Во соработка со Националната агенција за европски програми и мобилност организираме "Отворен ден за запознавање на студентите на Уким со еразмус+ програмите за мобилности размена"📚
Како Усс веруваме дека со ова ќе ја подигнеме транспарентноста и информираноста на студентите поврзано со програмите со што ќе придонесеме во градењето на уште поквалитетни капацитети благодарение на овие размени🙌
Настанот ќе се одржи во просториите на Inno FEIT на 25.10 (Вторник) со почеток во 12:00 часот.
Ве очекуваме во што поголем број✌️
Почитувани студенти,
🔴 Членовите на Црвен крст на РСМ спроведуваат анкета во врска волонтирањето, притоа сакаат да го слушнат мислењето на нас студентите од УКИМ. Доколку сте во можност би им значело да пополните. Анкетата нема да ви одземе време повеќе од 2 минути.
Твоето мислење ни е важно! Здраво, Сакаме да ги слушнеме твоето мислење, желби и интереси за како да ја направиме најсоодветната програма за волонтирање во Црвениот крст на РСМ. Затоа те замо....
Отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина) – Медицински факултет Отворен повик за проектни решенија на тема ОБЕЗНОСТ (дебелина) И оваа година, 🎓со почетокот на новата академска учебна година, Центарот за кариера на УКИМ со нови а...
Пријавувањето започнува денес во 20:00 часот.
💥 Online registrations will be open on MONDAY at 8 p.m.
🕗 Set your reminders, because no one would want to miss this opportunity to become part of the First International Congress of FSA.
Факултетско студентско собрание на Медицински факултет - Скопје
Покана за учество во Career Transition Support Macedonia програмата:
Дали сакате подобро да се квалификувате за вашата прва работа? Не знаете од каде да започнете и кои вештини се навистина потребни? Тогаш оваа програма е за вас!
Почитувани студенти со задоволство ви ја претставуваме Career Transition Support Macedonia програмата за подобрување на вашите вештини за Аплицирање на работни места по ваш избор.
Оваа програма ќе ви овозможи да ги подобрите вашите вештини (да креирате одлично CV, Мотивациско писмо и симулации за вашето прво интервју).
Можат да учествуваат сите оние кои сакаат да го зголемат своето знаење за тоа што се е потребно за една апликација да биде успешна.
Доколку вашиот профил одговара на нашето барање ве покануваме да ни се придружите на Кариерниот ден кој ке се одржи на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј.
Сите заинтересирани можат да се најават на овој линк: https://tinyurl.com/2p88dvrf
Драги матуранти, наши идни студенти,
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
Се гледаме на 19 август 😊!
Огромната заинтересираност за дарување крв е само показател за големината на вашите срца ❤
Сеуште е во тек крводарителска акција во организација на Одборот за Јавно Здравје при Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) и Факултетското студентско собрание (ФССМЕДФ) заедно со Катедрата по педијатрија предводена од проф.д-р Соња Бојаџиева, Институтот за трансфузиона медицина предводен од Суб.спец.д-р Садула Усеини и Прим.д-р Горан Андонов.
Крводарителската акција "Хуманоста на испит" продолжува до 8.7 до 17ч. во просториите на Институтот за трансфузиона медицина.
Дарувај крв, спаси живот ❤🩸
#дарувајкрвспасиживот
Почитувани,
Со големо задоволство Ве известуваме дека Факултетското студентско собрание на Медицински факултет (ФССМЕДФ) и Одборот за Јавно Здравје при Macedonian Medical Students' Association (MMSA Macedonia) MMSA Skopje - Macedonian Medical Student's Association , заедно со Институтот за трансфузиона медицина предводена од директорот Суб.спец. д-р Садула Усеини и Прим.д-р Горан Андонов и во соработка со Катедрата по педијатрија при Медицински факултет-УКИМ, предводена од проф. д-р Соња Бојаџиева ја продолжуваме акцијата "Хуманоста на испит".
🩸Крводарителската акција ќе се одржи на Институтот за трансфузиона медицина од 4.7 (понеделник) до 8.7 (петок) од 9ч. до 17ч.
🩸 Како студенти на Медицинскиот факултет сме пример за крводарителство ❤.
🩸Дарувај крв, спаси нечиј живот ❤.
*Покана за учество на ден за кариерен развој*
Почитувани студенти,
Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY!
На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
Настанот ќе биде интерактивен, организиравме панел дискусии и кратки мотивациски обраќања со цел да ве инспирираат, насочат и да ви помогнат во вашиот иден кариерен развој.
Дополнително имаме штандови за подготовка на професионално CV организирано од THRIVITY, можност за непосреден разговор и кариерно насочување од Асоцијацијата на кариерни советници, директна комуникација со релевантни претставници на компаниите учесници, како и, зона за забава и освежување (организирана од Coca Cola).
За време на настанот за добрата атмосфера ќе се погрижат повеќе диџеи.
Агенда на настанот
09:30 Пристигнување на компаниите и нивно сместување
10:00 Пристигнување на студенти и други поканети гости
10:30 Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина
· Обраќање на ректор
· Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
· Обраќање на претставник од THRIVITY
11:00 Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови
11:30 Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)
12:10 Музички сет #1
12:30 Мотивациски говор # 1 (COO Sensile Medical Switzerland: Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд Inspiration for employment – globally open labor market)
13:00 Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници
13:30 Музички сет #2
14:30 Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор
14:45 Музички сет #3
15:30 Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска
15:50 Музички сет #4
Компании кои ќе учествуваат на настанот:
Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Geresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил
Се гледаме на 7ми јуни на платото пред УКИМ!
Честит празник!
На денешен ден (08.05.2022) се одржа Halk Eco Skopje run 10k на којашто заземавме активно учество и постигнавме одлични резултати.
Дополнително, освен што трчавме имавме можност да се вклучиме и во базата на донори на коскена срцевина.
Огромна благодарност до Медицински факултет при УКИМ - Скопје и проф. д-р Соња Бојаџиева за безусловната поддршка којашто ни ја пружија.
Нa 27.04 се одржа работилницата ,,Грижа за менталното здравје на студентите" предводена од Универзитетско Студентско Собрание и Europe House Skopje, на кој се презентираа истражувања од студенти од факултетот за психологија, потенцирајќи ја потребата од воспоставување бесплатни психолошки служби за секој студент.
На оваа работилница сите активно се вклучивме за изнаоѓање решенија за лесен и бесплатен пристап до психолошките служби.
Менталното здравје не смее да се занемари!
Почитувани колеги,
На сите кои го славите,Ви посакуваме честит празник,добро здравје, радост и прекрасни моменти!
Да ја зачуваме почитта и љубовта едни кон други!
За многу години нека е Рамазан Бајрам!
Со почит,
Ваше ФСС-МЕДФ✨🤍
Почитувани колеги,
На сите кои ги славите, Ви посакуваме среќни Велигденски празници,добро здравје,радост и прекрасни моменти!
Да ја зачуваме почитта и љубовта едни кон други!
За многу години нека е Велигден!🐣💕
Со почит,
Ваше ФСС-МЕДФ🤍
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the school
Website
Address
Улица „50 Дивизија“ бр. 6
Skopje
Никола Русински бр. 1
Skopje, 1000
International University of Audiovisual Arts (Cinema, Music, Theater)
BUlica Kiro Gligorov Br. 5
Skopje, 1000
Our goal is to create true professionals, who will be prepared to embark upon all the challenges of today’s business world.Over the years, we have managed to prove the quality that...
Гоце Делчев бр. 9б
Skopje, 1000
Мастер студии по уставно право на Правниот факултет ,,Јустинијан Први" во Скопје
Skopje
Добредојдовте на официјалната страница на Институтот за хемија при Природно-математички факултет - Скопје!
Skopje
Yurt dışında 1000€ dan başlayan fiyatlarla dilediğiniz bölümü YÖK tanınırlığı ve mavi diploma avantajıyla okuma fırsatı için bizimle iletişime geçin🏫
S. Bardovci
Skopje, 1000
Full Professor at Faculty of Security-Skopje, Department of Police Sciences 🇲🇰
BUlica 8 Septemvri 19a
Skopje, 1000
Skopje Metropolitan College is a validated partner of London Metropolitan University. The college of
БУлица „Гоце Делчев“ бр. 9/А Скопје
Skopje, 1000
Професор на Филозофски факултет - Скопје
MK, Makedonsko Kosovska Brigada, Kuzey Makedonya
Skopje, 1000
Uluslararası Balkan Üniversitesi, Türkiye Cumhuriyetinin Avrupa'daki Üniversitesi