Борба за Влае
Борба за Влае е иницијатива покрената од жители на Влае за хуман развој на населбата.
„Во меѓувреме, во скопските населби атрактивни за градба граѓаните станаа своевидни експерти за читање „дупови“ и „гупови“ во страв дека утре пред прозорецот ќе почне да им никнува нова зграда.“
За жал вистина е.
Обидувајќи се да го зачуваат своето маало, жителите мораат преку ноќ да станаат експерти за читање техничка документација.
Скопје е град без визија
Интервју со архитектот Филип Конески
Скопје е град без визија Интервју со архитектот Филип Конески
„Мнозинството на советници во Ново Село изгласале одлука граѓаните кои сакаат да присуствуваат на седница на Советот, со закон утврдено право, да треба да се пријават 5 дена пред тоа!
Камери се исклучувале за да не се сними делот каде сакаат да примат донација од Еуромакс, фирмата која не се откажува од отворање на рудникот за злато и бакар во Иловица и Штука! Градоначалникот бара прекинување на седници, зошто присуствувале граѓани, не доставува документи поврзани со градење на леарница од страна на фирма на неговиот татко, поднесува кривични пријави кон тие кои го критикувале на ФБ, вклучително и советникот од СТИГА Е...
На што личи ова!?! Општина, Совет или кметовина!?!
СРАМОТА!“
Текст преземен од O2 Иницијатива
Лош почеток на едно владеење.
Се што се боревме да заштитиме овие 2 години, користејќи правни механизми, може да биде залудно.
Се надеваме дека овие одлуки на пратениците од владејачката коалиција и на Претседателката ќе бидат грешка што е исклучок, а не пракса.
Сиљановска Давкова ќе го потпише указот за измените на Законот за урбанистичко планирање - telma.com.mk Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска најави дека ќе го потпише указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање што беа изгл...
Гледајки колку лошо вчера ги донесоа промените на законот за урбанистичко планирање си рековме да видиме како изгледаше последниот пат кога се носел законот, во 2020.
Тогаш на чело на комисијата била членка на ВМРО-ДПМНЕ (тогашна опозиција, сега партија на власт).
По изјавите на пратениците и министерот изгледа како да сме живееле во скандинавска земја.
Според нас законот донесен во 2020 беше добар, па можеби навистина ова бил редок позитивен пример.
Штета што овој пат решија да прават сосем спротивни активности и да ги донесат промените по брза постапка, без дебата во јавноста.
Во продолжение неколку извадоци од текстот:
1. Собранието попладнево едногласно го донесе Дополнетиот предлог на закон за урбанистичко планирање по осуммесечна дебата и активно вклучување на сите пратенички групи и експертската јавност.
2. За пратениците, овој закон е пример како во иднина треба да се носат суштинските закони низ јавни дебати, почитување на експертското мислење и прифаќање на забелешките од сите засегнати страни.
3. Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ изрази задоволство од кооперативноста на министерот за транспорт и од активната вклученост на пратениците во изготвувањето на ова законско решение.
4. Министерот за транспорт Горан Сугарески смета дека се работи за одличен закон со кој ќе се стави ред во урбанистичкото планирање, а неговото донесување апелираше да стане пример како во иднина треба да се носат суштинските закони.
Наместо да учиме од добрите пракси, нашите политичари решаваат насилно да ги носат промените на законите кои им одговараат на нивните партиски донатори и партнери.
Затоа бараме од претседатеката г-ѓа Gordana Siljanovska Davkova да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање.
https://www.slobodenpecat.mk/sobranieto-ednoglasno-go-donese-zakonot-za-urbanistichko-planirane/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR3xrfzTBAVgqG6sRYKti68PFcesR9DxU16jg5v204D1yHCVDXWiY3CzcpI_aem_Xwv2WJH1drKUeZwQFDeGkQ
Собранието едногласно го донесе Законот за урбанистичко планирање - Слободен печат Собранието попладнево едногласно го донесе Дополнетиот предлог на закон за урбанистичко планирање по осуммесечна дебата и активно вклучување на сите пратенички ....
Ужасни вести!
Во ек на летни одмори, топлотен бран и по брза постапка гласаат промена на закон пради кој ќе страат илјадници.
Баш урбанистичкото планирање е круцијална работа за добробитот на жителите на Македонија и требаше детално да се работи на промената на законот кој го регулира.
Нека не се вадат со популистички изјави како „поедноставно и со помалку процедури ќе можат да се градат училишта, болници, градинки, како и катни гаражи,“ кога знаеме дека интересот е во изградба на нови станбени единици, приватни установи од јавен интерес (болници, градинки, домови за нега) и најважното - фотоволтаични централи, ветерници, депонии па и рудници во рурална средина.
За сите овие работи ќе мораа да следат процедури, закони, препораки, а сега можат да ги градат на ангро и со тоа да им ги исполнат ветувањата на нивните партиски донатори и партнери.
И за крај - нека не се надеваат дека со предложените специјални закони со кои ќе се забрани градењето во Центар и Карпош ќе нѐ купат и замолчат.
За жал Центар и Карпош можеби имаат најгласни жители (и градоначалници кои не се во коалицијата која ги гласаше измените), но тие жители дишат ист воздух и јадат иста храна со сите во Македонија.
Не сме ние себични како пратениците кои гласаа за овие измени и да се грижиме само за нас и нашите семејства.
Овие промени на законот се во интерес на тие што ни го влошуваат животот, а очигледно владината коалииција се грижи најмногу за нив.
Денес беше изгласан дневниот ред каде ја има точката за измена на законот за урбанизам по експресен пат.
Лош почеток на владеење на партии кои ветуваа дека ќе стават крај на урбанистичкиот хаос.
❌ Измените на законот за урбанистичко планирање продолжуваат по скратена постапка.
❌ Закон што нè засега сите во државава се носи за време на летни одмори по скратена постапка.
❌ Предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ ставено во нивната програма може слободно да го фрлиме во канта за ѓубре, зошто не значи ништо. Таму велеа дека „редовната постапка за донесување на законите мора да биде правило, а скратената и итна постапка исклучок. Во целост ќе ја почитуваме деловничката обврска за задолжително вклучување на експертската и стручната јавност, како и на граѓанските организации во работата на собраниските комисии.“
Око не им трепнува, иако имаше граѓански реакции и испратени им беа дописи.
❌ Владеачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Знам и Влен сметаат дека измените на еден ваков клучен закон треба да продолжат по скратена постапка, без да се дискутира за тие предлози.
Додека беа опозиција, устите им беа полни за самоволието на СДСМ и ДУИ со злоупотребата на скратената постапка и бараа да се дозволи да профункционира широката дебата за законските решенија.
❌ Но, од самиот почеток на нивно владеење го прават спротивното и на дело покажаа нула демократски капацитет и терање самоволие. Срамота.
За злоупотребата на скратената постапка нотира и Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на државата.
Важно да се гради. Како и каде, не е битно.
За жал не само што се менува законот за урбанизам за да се дозволи да се занемерат урбанистички планови туку се планира и уште една измена која е на штета на граѓаните.
Ќе се менува Законот за управување со дополнителни текови на отпад што ќе доведе до олеснување на производителите на отпад, односно загадувачите.
O2 Иницијатива имаат добра алатка која дозволува дасе праќаат дописи до различни иниституции (инспекторати, советници, министерства...). Наместо сами да бараме мејлови низ комплексни веб страни, преку оваа алатка може директно да се прати мејл до институцијата од интерес.
Ако не сакате да се изгласаат предлог промените следете ги 3те чекори на следниот линк за да им дадеме на знаење на пратениците дека нашето здравје е поважно од бизнис интересите на загадувачите.
https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/pfbid02tJHiUFzTPxi7FdhKQZeYdAegqE1n8XZyPrKrdgJ2XxLg9GCzHFfMoJiTxAcZAn5El
Yes for less споделуваат различни локални иницијативи кои се борат (и остваруваат победи) против различни моќници.
Меѓу нив е и прилепската Спас за Прилеп чии членови се борат против ископите кои се прават од страна на Бехтел Енка за новите автопати.
На Спас за Прилеп им посакуваме успех во борбата и масовна излезеност на нивниот протест во понеделник, 12.08.2024, од Заполошки мост и ќе се движат кон општинската зграда.
Да им се приклучиме!
А на Yes for less им благодариме што нѐ потсетуваат сите дека борбата на локалните иницијативи не е залудна кога самите граѓани се упорни и истрајни.
https://www.facebook.com/YesforlessMK/posts/pfbid02q4mtm3UKYdzjLsCi4kfC1vse4Ut1SEdPk2g78Eyd4ypsxF5mQWfpubq2dvA4oTR9l
Повторно обид да се смени закон на начин на кој ѝ одговара на урбаната мафија.
По скратена постапка, за време на летни одмори.
Колку и да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро со тоа што ќе почне да важи закон кој ги условува општините да почнат да планираат хумано, ставајќи го на прво место интересот на жителите наместо на инвеститорите, сепак политичарите успеваат да нѐ вратат на старото лошо статус кво.
Наместо да се потрудат да го подобрат животот на граѓаните (кои се нивни гласачи) политичарите повторно „по скратена постапка“ ги изигруваат нашите интереси.
Бараме од сите пратеници да гласаат против овие промени. Гласно да застанат против измените во законот за урбанистичко планирање и да се борат против секоја промена нарачана од урбаната мафија.
https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/pfbid0h3DHu4J9VrhknZyNPrgQR8a4DgAm1bNurLcAX8ow6T76BcVtYgCEsS1YZrnhbNCxl
Во досегашните фази од донесувањето на ДУП-от за Влае 2 сите можни ризици од корупција се исклучително можни.
Често и нас нѐ прашуваат кои се чекорите за донесување на еден ДУП и до каде е оној за Влае 2.
Ова е одлична визуелизација за целиот процес.
За жал обично граѓаните дознаваат каков ќе биде ДУП-от во втората половина од овој приказ, кога веќе ќе дојде до јавна презентација.
Среќа општините законски се обврзани да имаат барем една презентација пред јавноста, иначе ДУП-овите ќе ги донесуваат целосно зад затворени врати.
Наше е секогаш да внимаваме што планираат за нашите населби и да не им дозволуваме да цртаат згради за нивните соработници наместо простори и објекти од јавен интерес.
#БорбаЗаВлае и борба за сите населби и маала низ цела Македонија.
(Визуелизацијата е од овој пост - https://www.facebook.com/share/p/orQsZk838TM1cZ6t/?mibextid=oFDknk)
Незачудувачки голем дел од кадрите од хаотичните состојби се од Карпош.
https://www.facebook.com/share/r/Hcyrd3ex62HpqcAd/?mibextid=oFDknk
Следиме што се случува во Лисиче и што направи градоначалникот Општина Аеродром, кој е на заминување.
Повторно шверцерски се донесе ДУП во кој најголем интерес има урбаната мафија.
Исто како во јануари во Ѓорче Петров, така сега донесен како „итна точка“, без дискусии и можност за оспорување од страна на советниците, донесен е ДУП набрзина.
А исто како и во Влае, ДУПот за Лисиче е кроен за неколку сопственици на парцели на кои се вцртани висококатници (во линиските центри покрај булеварот). Исто како во Влае жителите бараат да се тргнат висококатниците и исто како во Влае на секоја наредна презентација се тргаат дел од спорните објекти, но онаа која е најголема добива се поголем габарит.
Различни се само инвеститорите, се друго е исто.
Да го зачуваме Лисиче, ви посакуваме среќа во борбата. Оспорувајте го процесот на донесување на ДУПот и покажете им на политичарите на заминување дека нивната одговорност пред граѓаните е поголема од нивниот интерес да ги задоволуваат „бизнисмените“ кои им ги плаќаат кампањите.
Тука сме за помош и подршка за заедно да си ги вратиме населбите на жителите.
[Фото] Граѓани и активисти се собраа пред Општина Аеродром, најавија нови протести и мерки за поништување на ДУП-от што предвидува високо Граѓани од скопско Лисиче, активисти и советници денеска попладнето протестираа пред седништето на Општина Аеродром, откако вчера на седница на Советот беше изгла...
„Влајко“ е пример за промашена инвестиција.
А што е полошо, заради него нема пешачки премин на источната страна на семафорот.
„Освен што биле потрошени пари за изградба, низ годините, за овие премини се трошат илјадници евра за одржување и за поправки. Само „Влајко“ досега чинел над 700 илјади евра, според достапните податоци.“
https://www.facebook.com/share/p/TpeAaX29vBvdxQaC/?mibextid=oFDknk
Како пропадна концептот на самоодржливи премини за пешаци Одвај работи по некој дуќан, а насекаде има ѓубре и непријатна миризба
Жителите на Влае имаат огромен благодет што живеат покрај река.
Кејот е нешто на што се гордееме, покрај него шетаме, се рекреираме, дел од нас ги имале најубавите моменти покрај него. Непроценлива вредност имаат реките и кејовите за добробитот на населението.
Уште повеќе кога покрај реките има зеленило и различна флора (па и речна фауна). А баш така е во Влае. За среќа, до сега има изградено само неколку чир згради на самиот кеј во Влае 2. А во новиот предлог ДУП беа планирани уште нови + затворено спортско игралиште. За среќа успеавме да го тргнеме затвореното игралиште, но зградите сѐ уште се таму (не знаеме во која фаза е предлог ДУП-от). Дополнително, сведоци сме дека во Влае 1 има се повеќе нови згради (што на таблите пишува дека се А1 - семејно домување), дури и на самиот кеј.
Да уживаме во кејот и да го чуваме. Како од ситни вандали, така и од алчни крупни бизнисмени.
Општина Карпош да сфати дека тој за нас живот значи.
Град Скопје да го поврзе кејот со Хром на исток и да направи мост на Лепенец за поврзување со остатокот од кејот на запад.
Дополнително општината, градот, а и самите ние да влијаеме на зголемување на флората со останати растенија за поленаторите (и за на нас да ни е убаво кога гледаме шаренило). Овие слики се убави баш бидејќи има пролетно зеленило и шарени цвеќиња.
https://www.facebook.com/patuvanjanizmakedonija/posts/777796517778219
Улица Варшавска во Тафталиџе е свежо реконструирана. Општина Карпош ја „реконструираше“ во 2022, со пари од под-заем од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка.
При оваа „реконструкција“ го сменија асфалтот за глатко да се движат колите, но не ги подобрија условите за пешаците. Не ги слејаа рабниците на пешачките премини, не ги стеснаа коловозните ленти, не спречија коли да се паркираат долж улицата, не направија нови велосипедски ленти.
А по оваа улица се движат сите ученици во населбата.
Три од кои беа удрени во последниот месец.
Каква е таа реконструкција во која не се покажува грижа за најранливите?
P.S. Во проложение известувањето од Општината за почетокот на реконструкцијата и финансиерите - https://karpos.gov.mk/%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%B8/
https://www.vecer.press/trotoarite-i-velosipedskite-pateki-okupirani/?fbclid=IwAR34b7psG2w6XSOONi3y1CmAk7ct9sQurbuoUGyubXJ1APKc33Mh0VUw-Hs_aem_AXObYVa4C7IIjMwK2x9TrVYypQy3LVAsndqqIl16dY19zn7Yb2VHBhL0YdiOIuw8jQrcoOq5u1DNSnNjLjKt4MOi
Тротоарите и велосипедските патеки окупирани од возила | Вечер ...1963 | Vecer MK СКОПСКА Тротоарите и велосипедските патеки окупирани од возила Од страна на Вечер - 08/04/2024 - 14:29 236 Сподели Facebook Twitter Google+ Pinterest WhatsApp Email Print Viber Карпошани се жалат на тоа...
„Стевче вика дека „добриот политичар мисли на следните избори, а добриот државник мисли на следните генерации“. А добриот градоначалник мисли на ќарот на градежниците. Му е гајле нему за граѓаните. Граѓаните се тука да испорачаат гласови. Што испорачуваат инвеститорите, прашајте во Америка.“
https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/izvinete-za-nervozata/?fbclid=IwAR0hoKA0NcR8DuYn8atO8YKQSBa3jm8wmXnltmJgvKJn1kFRKxX6FZ0sp_g_aem_AYsoi53v9R7pQZ8-5obUX1YZvPnq01PV12y1Ornqy1XnUcONhwH3lEDjfxHeHe_z-qCdpPsW98vEHP9g2fWk_clX
ИЗВИНЕТЕ ЗА НЕРВОЗАТА - Сакам Да Кажам Среќа, се појави Марјана
Државата, Општина Ѓорче Петров, градоначалниците, институциите ни граѓаните и организациите не успеаја да го заштитат јавниот интерес.
А кога јавниот интерес за просторот нема кој да го чува - настапува градежната мафија.
https://www.facebook.com/share/gxnEy1yjNvF2NeAy/?mibextid=oFDknk
Денес, на 29 март се случува јавно наддавање на кое се ставени во продажба 5 руинирани објекти во кругот на фабриката „КУПРОМ“ во Хром.
Вкупната површина на објектите изнесува 3200 m2, како што пренсеува изворот 21ТВ, проценети се на 2.3 милиони евра. Наддавањето се вриши по електронски пат, со почетна цена од 0 денари.
Објектите кои се на продажба се административната зграда и деловна зграда со производствен магацин, хали и стоваришта. Сепак земјиштето не е предмет на продажба и останува во сопственост на државата.
Содржината прочитајте ја на marh.mk
👉 https://marh.mk/objektite-na-kuprom-na-prodazba/
На сите страни околу Влае читаме ужасни вести за она што се планира околу нас.
По ново и на просторот на фабриката Купрум сакаат да прават станбени згради.
Наместо културен центар, студентски град и десетиците позитивни опции кои ги предложуваше Cultural Echoes - Културно Ехо, на крај сепак урбаната мафија диктира и градоначалниците сервираат, чекор по чекор спремаат "терен" за нова населба со згради.
Се надевавме дека ќе прочитаме дека ќе се прошири кејот како во остатокот на Скопје, дека ќе се продолжи велосипедската патека, дека на овој простор ќе се оддржуваат културни манифестации, дека Хром конечно ќе може да се појави на мапата на Скопје како нешто повеќе од локација каде куќи со дворови стануваат станбени објекти, каде зеленилото станува бетон и нема никакви содржини за жителите!
Но не.
Сепак сѐ што сакаат да прават нашите градоначалници е да распродаваат јавно добро за пар луѓе да се богатат додека останатите страдаат од нивните одлуки.
Да потенцираме дека ова не е затворен случај.
Има уште многу чекори до донесување ДУП и издавање одобренија за згради, но ова е чекор во таа насока. Алармот е запален! Тргнато е во погрешна насока и мора да се спречи!
https://faktor.mk/se-prodavaat-objektite-na-fabrikata-za-bakar-kuprum-vo-skopje?fbclid=IwAR0rtSWziw_MOcJn_H5TTXB59ky3ouWqGaM_SLhAK2omV3w6cZdBvtTrhtE
Се продаваат објектите на фабриката за бакар „Купрум“ во Скопје Објектите на руинираната фабриката за бакар „Купрум“ која се наоѓа веднаш до кејот на реката Вардар во скопската населба Хром се ставени на продажба, објави ТВ21.
Кој е изненаден дека човекот кој целата своја кариера е обвинуван за криминали и секогаш успева да се извади поради политички пазар ќе биде обвинет и од меѓународни тела?
Најверојатно никој.
Изненадувачки е само фактот дека сѐ уште постојат луѓе кои го поддржуваат, знаејќи дека активно ги предава луѓето и партиите со кои коалицирал.
САД ГИ СТАВИЈА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ И КАТИЦА ЈАНЕВА НА ЦРНА ЛИСТА ЗА КОРУПЦИЈА - Сакам Да Кажам Американскиот Стејт Департмент денеска ги стави на црна листа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на Општина Карпош […]
„Кај нас потребата од демократија и плурализам е огромна, како резултат на незадоволството од делувањето на постоечките партии.“
https://www.facebook.com/ShansaZaCentar/posts/pfbid0rsrpr5PYtAg5Fi3ZwVesexjK3ccZFaYgMVZwX7zK1uWG93h8M64HYdAZj77JFPchl
🚩ПАРТИИТЕ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ГО БЛОКИРАА УЧЕСТВОТО НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ НА СИТЕ НАРЕДНИ ИЗБОРИ🚩
На подмолен начин, без консултации и јавна расправа, по скратена постапка и спротивно на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, најголемите политички партии под изговор дека им помагаат на граѓаните без валидни документи, донесоа дополнителни скриени измени на Изборниот законик со што практично ги исфрлија од игра независните кандидати и ги спречија да учествуваат на сите следни избори на локално и на национално ниво.
Поднесени од пратениците на ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ и со премолчана поддршка од сите останати, измените го зголемуваат прагот на потребните потписи за учество на изборите, од досегашните 1.000 потписи, на 1% отсто од запишаните избирачи. Ваква измена истиот овој парламентарен состав се обиде да спроведе и пред локалните избори во 2021 година со цел отстранување на голем дел од новите независни кандидати, но обидот беше блокиран од голем број на амандмани. За потсетување, на локалните избори 2021 година независни кандидати добија место во дури 33 општини или 41% од сите општини во Македонија и Градот Скопје!
Преведено во бројки на национално ниво ако ја земеме за пример Изборната единица (ИЕ) 1, наместо досега потребните 1.000 потписи, со усвоените измени на независните ќе им требаат 3.372 потписа за да поднесат независна листа.
Според бројките на запишани избирачи, за ИЕ 2 на независните ќе им бидат потребни 2.408 потписи, за ИЕ 3 - 3.005, за ИЕ 4 - 2.945, за ИЕ 5 - 3.395 и за ИЕ 6 - 2.486 потписи.
Просекот на граѓани кои излегле на гласање на последните парламентарни избори во 2020 г. во ниту една ИЕ не надминува 60% од гласачите на избирачкиот список. За споредба, во ИЕ 1 се запишани 337.214 гласачи, од кои гласале 169.773 или 50%.
Овие измени ги истиснуваат независните и од учество на локалните избори идната година. За независна листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник на Град Скопје, ќе бидат потребни 4,674 потписи.
На последните локални избори во 2021 година, во град Скопје запишани избирачи биле 467.373, од кои гласале 229.531. Ако ги земеме изборните резултати каде што еден советник од независната листа бил избран со 4.611 гласа, произлегува дека повеќе потписи ќе бидат потребни за учество отколку за добиено советничко место на избори.
За независна листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник на Град Скопје, ќе бидат потребни 4.674 потписи.
Уште еден илустративен пример за дискриминаторската политика кон независните е фактот што за регистрација на политичка партија се потребни 1.000 потписи. Таа одредба не е променета.
Начинот на отежнато собирање на потписите преку канцелариите на ДИК е дополнителен проблем за кој независните и досега реагираа. Таа отежнувачка околност останува и со новите измени.
Меѓународните норми и препораки велат дека не смее да има порестриктивни барања за независните кандидати од тие за партиите.
За споредба со земјите во чие друштво сакаме да бидеме:
● Австрија и Белгија имаат барање од 200-500 потписи, зависно од регионот;
● Британија - 10 потписи;
● Финска - 10 потписи или три и пет во помали општини;
● Германија - 200 потписи;
● Данска помеѓу 150 и 200;
● Ирска 15 потписи за општини и 60 за парламентарни избори;
● Кипар и Малта - четири потписи;
● Грција - 12 потписи;
● Во Естонија и Франција нема барања за потписи.
Кај нас потребата од демократија и плурализам е огромна, како резултат на незадоволството од делувањето на постоечките партии.
Независните и досега се соочуваа со дискриминаторски методи преточени во законски одредби или наследени пракси од институциите.
Како илустрација, пристапот до избирачкиот список не им беше овозможен на независните кандидати, редниот број на гласачкото ливче за нив иако се извлекуваше со жрепка, секогаш нивното место беше по 80-тото.
Партиите што доминираат на политичката сцена од одамна наликуваат на трговски друштва што на изборите не гледаат како на прилика за победа на мерки и политики кон унапредување на животот на граѓаните, туку како на прилика за заграбување на што поголем дел од ресурсите на Македонија за партиски цели.
Со последните измени, политичките партии само ја зацврстуваат својата монополска позиција и оневозможуваат влез на независни листи.
На ваков начин во Македонија не само што нема простор за т.н. трета опција, туку теренот е скроен да нема никаква алтернативна опција.
Иако навидум лути непријатели, партиите и од власта и од опозицијата се во совршено хармонични односи и веднаш наоѓаат заеднички јазик кога треба да го одбранат нивниот „терен“ на влијание.
Како група на независни активисти и членови на совети низ Македонија, бараме веднаш да се отстранат апсурдните услови за собирање потписи на независните кандидати на избори, и да:
Се постави услов од најмногу 50 собрани потписи за независни кандидати
Се дозволи собирање потписи на терен и надвор од канцелариите на ДИК
Се зголеми периодот на собирање потписи на 30 дена
Се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на избирачкото ливче
Се дозволи пристап и на независните до избирачкиот список
Овие измени да се направат веднаш, по скратена постапка, како што минатата недела беа направени измените за блокирање на независните кандидати.
Независни За Карпош - За Заштита На Карпош
ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД
Шанса за Центар
Më mirë për Tetovën
Поинаку
Зелените Од Гази Баба
СТИГА Е - Струмица
СТИГА Е - Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина
ПОДДРШКА НА СИТЕ ПРОТЕСТИ ЗА БЕТОНИЗАЦИЈА НА НАСЕЛБИТЕ
Општина Ѓорче Петров на јуриш донесе спорен ДУП спроти Влае во кој се планираат многу многу згради кои ќе бидат многу многу високи.
Поддршка за сите протести во сите општини против овој ДУП.
Независно од организаторите и иницијативите кои се против нив.
И ги охрабруваме партиските учесници кои протестираат против нив да покажат подеднаква одлучност и да гласаат против овој ДУП во советите во своите општини.
https://www.facebook.com/nasegjorce/posts/789665869873377?ref=embed_post
Од вчера до денес се појавија многу постови и прес конференции за ДУП СЗ 16 во Ѓорче Петров.
Од тоа што ние успеавме да видиме прес конференции држеа градоначалниците на Ѓорче, Карпош и Скопје, дури и градоначалничката Арсовска повика на протест, најави дека ќе поднесе кривична пријава зашто министерството дало согласност при 2 негативни мислења од Град Скопје, збореа дека ќе го оспорат на Уставен суд, користеа фрази и и метрики кои ги користиме сите што се бориме против криминалните предлог ДУП-ови во Карпош. Тоа е одлично. Ги поддржуваме. Треба да се борат за јавниот интерес. Дури се појави и нова граѓанска иницијатива која го пофалува донесувањето на ово ДУП - „Иницијатива против урбаното дивеење“. Ваков интерес долго време немало за некој спорен ДУП.
Но се надеваме дека сите ќе бидат исто толку ревносни и за ДУП-овите во Карпош кои подеднакво ги пречекоруваат параметрите на ГУП-от и се во зона на извори.
Дури најавена е и вонредна седница во Општина Карпош.
Бидејќи огромно е вниманието за овој ДУП сакаме да им помогнеме да го спречат со тоа што и ние ќе споделиме некои небулози кои се случуваат во ДУП Градска четврт СЗ 16, но и понекогаш и во Карпош. Овој пат ние ќе нафрлиме неколку работи, а оставаме на поголемите да истражат понатаму.
1️⃣ Окрупнување на парцела на Имер Селмани со земање на државно земјиште - веројатно имот на АРМ, источно од гаражата на ЈСП.
- КП 6480/1 е државна парцела, а објектите се со намена в4.10 - други државни органи. Дел од оваа парцела е ставена во градежната парцела со најголем објект во овој ДУП, 21-катница, дијагонално од Порта Влае.
- На Селмани се: КП 6483/3 која има 3032 м2, КП 6483/1 која има 326 м2, 6482/2 која има 462 м2. Или вкупно 3820 м2.
- Во ДУПот градежната парцела 3.10 има површина од 6385 м2.
Значи додадени се скоро 3000 м2 државно земјиште‼ Пола - пола!
Дали државата ќе инвестира во станбениот објект заедно со Селмани за социјални станови❓ Сигурно не. Но му се дава ексклузивно земјиште на АРМ за тој да го окрупни, наместо да се искористи за поголема парковска површина.
Пред очи ни се случува нов Холидеј ин, и тоа на периферијата на Скопје!
2️⃣ Отстапување на воено земјиште за изградба на улица и линиски центар со згради од >10 ката. Можеби затоа градоначалникот Стојкоски го спомнува Министерството за одбрана во својот пост.
3️⃣ Градење во бунарска зона Лепенец.
4️⃣ Изградба на 12 катници пред потенцијалната почетна/завршна станица на БРТ.
P.S. Можеби Општина Ѓорче Петров успеа во нешто што не му успева на градоначалникот на Карпош - да донесе штетен ДУП на вонредна седница, но мораме да ги пофалиме дека прават уште нешто што Карпош не го прави, а треба да го прави како законска обврска
Можеби нашиот градоначалник ќе ги следи во повеќе од само криминалните акти.
Општина Ѓорче Петров имаат навистина прегледен сајт на кој може лесно да се најдат старите верзии на ДУП-овите. Истите се споделени во коментар.
Како што научивме да правиме секој пат кога Општина Карпош брза да донесе некој ДУП, отворивме да видиме чива е парцелата каде се планира највисоката зграда во ДУП-от кој на вонредна седница беше донесен во Општина Ѓорче Петров.
И за ничие чудо и оваа парцела е на еден од градежниците кои и во минатото градел огромни зданија во Ѓорче - Имер Селмани.
Дополнително покрај оваа зграда е зацртана нова улица, поради која може да се направи т.н. Линиски центар и сите згради да се повисоки од оние во внатрешноста на населбата.
За споредба на овие од 11 до 21 катници, видете ја висината на зградите на локациите на сегашните куќи - Приземје+3+Поткровје = 5 ката.
За овој ДУП со години се кршеа копја меѓу партиите на власт и тие во опозиција.
И сега ќе има расправии, градоначалникот на Ѓорче ќе продолжи да се фали (исто како што прави градоначалникот на Карпош) дека носи инвестиции, ќе има пари за школи и градинки, а всушност единствената разлика е што пар моќници ќе можат да изградат огромни згради, а сите останати ќе патат од нивната алчност.
Истото го збореа и за нас. Александрија во 2016, а до сга таму има само згради без никакво игралиште, училиште или било каков објект од јавен интерес.
Децата одат во околните училишта и градинки, а за да одат на лулашки мораат да пројдат булевари до Делфина или паркот во Ѓорче Петров.
И наредниве години ние ќе бидеме приморани да дишеме прашина, потоа ќе се оптоварува сообраќајната мрежа, канализациите и сите инсталации.
Овие градоначалници знаат само за алчност и соработка со урбаната мафија.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Category
Contact the business
Website
Address
Влае
Skopje
Fragkon 1, Thessaloniki 546 26, Greece
Skopje, 54626
Posredujemo pri kupovini nekretnina u Grčkoj I vodimo proces kupovinu od početka do kraja
Skopje
Skopje, 1000
Amazing articles about animals, nature, DIY, alltopics of life etc...
Ulica Boris Trajkovski Br. 1
Skopje, 1000
Your Home away from home🏠 We can't wait to host you and make your stay unforgettable!🤗
Volkovo
Skopje, 1000
2 Premium INTERIOR DESIGNED Luxury Apartments 4 S A L E
Skopje, 1000
Кактуси од домашна колекција кои ќе ви го разубават до?
Skopje, 770
Kompani Prodhimi i Dush kabinave dhe vaskave Производство на туш кабини и туш кади
Улица Бардовци
Skopje, 1060
Holly Trinity Village - Your heaven on earth