Пет на ден

Кошничка свежо овошје и зеленчук полна со љубов и здравје, доставена директно до вашата канцеларија 🍇

Нашите кошнички секогаш се спакувани со квалитетно свежо овошје и зеленчук донесено директно во вашата канцеларија.

Секое овошје и зеленчук во вашата кошничка е со премиум квалитет и рачно селектирано од вработените глуви лица кои со голема љубов и насмевка работат на овој проект.

Со вашата согласност да купувате свежо овошје за вас и вашите вработени, вашата компанија станува општествено одгово

28/09/2023

Општествено одговорни компании!!!

Тимот на "Раце што зборуваат - Пет на ден" продолжува со успешната приказна и проширување со нови клиенти.

Комерцијална банка А.Д. Скопје е правата општествено отговорна банка која потпиша договор за поддршка на концептот ПЕТ НА ДЕН!

https://www.kb.com.mk

28/09/2023

Веќе повеќе од 6 месеци кошничките со свежо овошје и зеленчук-ПЕТ НА ДЕН даваат нова енергија на вработените во IT компаниите:

https://polarcape.com
https://42dynamics.com

28/10/2022

🎃🎃🎃Дали знаете дека и покрај тоа што тиквата е вкусна есенска ужина, постојат и многу здравствени придобивки од неа?

Тиквата е едно од најхранливото овошје што можете да го изедете. Полна е со влакна, витамин Ц, витамин Е, железо, фолат, калиум и бета каротен.
6 неверојатни придобивки кои ќе ги имате од тиквата се:
1. Тиквата е богата со диетални влакна
2. Го подобрува здравјето на очите
3. Ја заштитува вашата кожа
4. Го зајакнува вашиот имунитет
5. Богата е со антиоксидант
6. Ја подобрува работата на срцето

Есента е во воздухот а тиквата е идеалното овошје за оваа сезона. Почастете се со добра печена тиква, вашиот тело ќе ви биде благодарно.🎃🎃🎃

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🍑

#петнаден #мислиздравојадиздраво

26/10/2022

💡Дали знаевте?
🥝Кивата содржи двојно повеќе витамин Ц од портокалот.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🍑

#петнаден #мислиздравојадиздраво

20/10/2022

“Што претставува Пет на Ден?“

Видео направено со многу љубов а наменето за јавноста и компаниите кои сакаат да се вклучат во поддршка на овој концепт Пет на Ден.

Пет на Ден е ваша и наша цел.
🤟

Photos from Пет на ден's post 20/10/2022

Денеска се одржа последниот завршен настан од проектот Раце што зборуваат-Пет на ден поддржан и финансиран од Град Скопје.

Овој настан со наслов “Завршна обука и презентација“ беше наменет за глуви лица кои би сакале во иднина да се вработат согласно можностите.
Им благодариме на сите присутни на денешниот настан.

Пет на Ден е ваша и наша цел.
🤟

18/10/2022

Голем број здравствени придобивки а воедно и одличен избор за есенската сезона се оревите.
Оревите содржат здрави масти, влакна, витамини и минерали и тоа се само дел од тоа како тие може да го поддржат вашето здравје. Тие се одличен извор на антиоксиданти кои можат да помогнат во борбата против оксидативната штета во човечкиот организам, вклучувајќи и LDL холестеролот кој ја промовира атеросклерозата.
Оревите се богати со омега-3 масти што помагаат во намалување на ризикот од срцеви болести.

Интересен факт: Можеби е само случајност што обвивката на оревот изгледа како мал мозок, меѓутоа истражувањата покажуваат дека овој орев навистина може да биде добар за вашиот ум. Хранливите нутриенти во оревот ја поддржуваат добрата мозочна функција како што стареете.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🍑

#петнаден #мислиздравојадиздраво

14/10/2022

🥝Топ 5 причини зошто да конзумирате киви:
1. Помагаат со варењето на протеините
2. Можат да помогнат во управувањето со крвниот притисок
3. Ја подобруваат функцијата на бубрезите
4. Го зголемуваат хормонот серотонин во мозокот, што го подобрува расположението и спиењето
5. Допринесуваат до подобра респираторна функција

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🍑

#петнаден #мислиздравојадиздраво

10/10/2022

Постојат различни видови на леќа и тие широко се конзумираат низ целиот свет. Леќата е одличен извор на витамин Б, железо, магнезиум, калиум и цинк. Тие исто така се богат извор на протеини и влакна. Некои од полифенолите во леќата, како процијанидин и флаваноли се познати по тоа што имаат силни антиоксиданти и антивоспалителни ефекти. Кога биле тестирани во лабораторија, полифенолите во леќата успеале да го сопрат растот на клетките на ракот, особено на канцерогените кожни клетки.
Воедно, леќата може да го заштити вашето срце бидејќи помага во губењето на телесната тежина така што ја спречува акумулацијата на хомоцистеин во вашето тело и доведува до подобрување на нивото на холестерол и крвниот притисок.
Без разлика дали кафеава, црвена, жолта, леќата е ниска со калории, богата со железо, фолат и е одличен извор на протеини. Добрата работа е што лесно се готви и може да ја вклучите лесно во вашата исхрана.

🍅🍆🥑🥦🥬🥒🌶🌽🥕🧄

#петнаден #мислиздравојадиздраво

07/10/2022

Што е магнезиум и зошто ни е потребен❓

Магнезиумот е суштински макронутриент кој игра клучна улога во многу процеси на телото, вклучувајќи ги мускулите, нервите и здравјето на коските и расположението.
Недостаток на магнезиум доведува до грчеви и болки на мускулите, страв, халуцинации, тахикардија, намален апетит, зголемена раздразливост, страв, осетливост кон промена на климата, појава на хроничен замор,болки во желудникот.

Oва се само дел од овошките и зеленчукот кои се богат извор на магнезиум: малини, банани, киви, суви смокви, авокадо, грашок, пченка, спанаќ, компир и други. Тие се одлична природна замена на суплементите во форма на апчиња или прашок.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🍑

#петнаден #мислиздравојадиздраво

05/10/2022

Компир е растение кое се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Тие содржат антиоксиданти. Тоа се супстанции кои го спречуваат создавањето на штетни слободни радикали, кои се реактивни атоми кои можат да се акумулираат во вашето тело и да придонесат за хронична болест.
Воедно тие обезбедуваат отпорен скроб. Отпорниот скроб е вид на скроб кој не се вари во телото. Компирите се богати со отпорен скроб, кој може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта, здравјето на варењето, апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, истражувањата покажуваат дека компирите можат да го зголемат чувството на ситост и да го намалат гладот, благодарение на нивната содржина на влакна и високата густина.

Со оглед на фактот дека компирот е четврта по големина земјоделска култура по оризот, пченицата и пченката, тие се составен дел од светската кујна. Овој вид на зеленчук може да се вклопи во речиси секој сад.

🍅🍆🥑🥦🥬🥒🌶🫑🌽🥕

#петнаден #мислиздравојадиздраво

30/09/2022

💡Дали знаевте?
Јадењето 🍎 е поефикасен начин за да останете будни наместо конзумирањето шолја кафе.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🍑

#петнаден #мислиздравојадиздраво

28/09/2022

🌽Пченката е еден од најпопуларниот зеленчук во светот. Прв пат билa користена пред 7.000 години во Мексико. Пченката е одличен извор на многу хранливи материи и ова е причината зошто треба да го вклучите овој вкусен зеленчук во исхраната.
Влакната во пченката помагаат да останете сити подолго време помеѓу оброците а воедно ги храни здравите бактерии во дигестивниот тракт.

Пченката е богата со витамин Ц, антиоксиданси кои помагаат да ги заштитат клетките од оштетување и од болести како што е канцер и срцеви заболувања. Исто така е добар извор на каротеноидите лутеин и зеаксантин кои се многу добри за здравјето на очите и помагаат да се спречи оштетувањето на очната леќа кое води до катаракта.

Постојат најразлични начини како да ја вклучите во вашата исхрана: како додаток во супи, салса, салати, а запомнете дека и пуканките се бројат.

🍅🍆🥑🥦🥬🥒🌶🫑🌽🥕

#петнаден #мислиздравојадиздраво

23/09/2022

МИТ vs ФАКТ

-МИТ: Ако јадете овошје после оброк, би можело да остане несварено долго време што резултира со болка, непријатност и други здравствени проблеми.

-ВИСТИНА: Јадењето овошје после оброците не предизвикува заглавување на храната во стомакот, туку само го успорува варењето. Побавното варење ви помага да се чувствувате сити подолги временски периоди, помагајќи ви да јадете помалку и потенцијално да изгубите тежина.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

21/09/2022

Смоквите се преполни со хранливи материи и нудат различни потенцијални здравствени придобивки. Тие можат да ја подобрат вашата дигестија, да го намалат ризикот од срцеви заболувања и да ви помогнат да управувате со нивото на шеќерот во крвта. Тие исто така содржат мали количини на широк спектар на хранливи материи, но тие се особено богати со бакар и витамин Б6.

Бакарот е витален материјал кој е вклучен во неколку телесни процеси, вклучувајќи метаболизмот и производството на енергија како и формирање на крвни зрнца, сврзни ткива и невротрансмитери.

Додека, витаминот Б6 е клучен витамин неопходен за да ги разгради протеините во исхраната и да создаде нови протеини. Исто така, игра важна улога во здравјето на мозокот.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

15/09/2022

Кој е вашиот омилен избор?

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

13/09/2022

Витаминот Ц кој е присутен кај сливите му помага на вашето тело да изгради мускулна маса а воедно и побрзо да доведе до нивно опоравување. Други значајни придобивки од сливите се:
1) Претставуваат заштита против канцер
2) Го намалуваат крвниот притисок
3) Идеални се за губење на телесната тежина поради малата содржина на калории
4) Одлични се за здравјето на коските
5) Помага во спречување на дијабетес
6) Го спречува ризикот од срцев удар

Исто така, интересно истражување на Харвард Универзитетот покажало дека антиоксидантите во сливите можат да го забават развојот на Алцхајмерова болест. Специфичните соединенија, антоцијанин и кверцетин се едни од антиоксидантите кои го поддржуваат здравјето на мозокот.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

07/09/2022

🍇Топ 6 причини зошто да конзумирате грозје:
1. Го подобрува здравјето на срцето
2. Богато со антиоксиданти
3. Има антиканцероген ефект
4. Го подобрува расположението и меморијата
5. Има голем бенефит за кожата и косата
6. Го забавува процесот на стареење

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

05/09/2022

Високиот крвен притисок (хипертензија) е честа состојба во која се соочуваат многумина, и истите тие имаат двојно поголема веројатност да развијат срцеви заболувања.
Храната игра витална улога за здравјето на срцето. Хранливите материи кои ги добивате од храната како калиум ја подобрува функцијата на срцето. Исто така, овошјето и зеленчукот помагаат во варењето и помагаат во одржувањето на идеалната телесна тежина, намалувајќи го напрегањето на вашето срце.

Портокалот и лимонот се најдобрите цитрусни плодови за луѓето со висок крвен притисок. Боровинките, јагодите, малините се најпопуларните бобинки за здравјето на срцето.
Од зеленчукот се издвојуваат морковот, целерот и брокулата. Воедно, доматот е богат со ликопен, витамин А, Б и флавоноиди кои како неверојатни состојки го намалуваат холестеролот и крвниот притисок.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🫐🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

02/09/2022

МИТ vs ФАКТ

-МИТ: Јадењето јаткасти плодови води до покачување на телесната тежина поради содржината на масти и калории.

-ВИСТИНА: Јадењето јаткасти плодови всушност помага во губењето на тежината, благодарение на здравите масти кои ги содржат. Покрај тоа, тие помагаат да се борите со глад и да избегнете прејадување.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

31/08/2022

12 неверојатни причини зошто да конзумирате брокула:
1. Таа е полна со витамини, минерали и биоактивни соединенија
2. Содржи моќни антиоксиданти кои нудат заштитни својства врз здравјето на човечкиот организам
3. Биоактивните соединенија го намалуваат воспалението
4. Може да заштити од одредени видови на канцер
5. Содржи антиоксиданти и влакна кои помагаат на контролата на шеќерот во крвта
6. Го поддржува здравјето на срцето
7. Го поддржува дигестивниот систем
8. Има заштитен ефект на мозочното ткиво
9. Може да помогне да се забави процесот на стареење
10. Содржината на витамин Ц го поддржува имунолошкиот систем
11. Содржи широк спектар на хранливи материи кои спречуваат стоматолошки болести
12. Калциумот, витаминот К и фосфорот во брокулата се неопходни за одржување на здрави коски

Брокулата е само една од бројните здрави намирници кои можат да придонесат за оптимално здравје. Вклучувајќи го и овој хранлив зеленчук во вашата здрава и избалансирана исхрана ќе можете полесно да ги постигнете своите здравствени цели.

🍅🍆🥑🥦🥬🥒🌶🫑🌽🥕

#петнаден #мислиздравојадиздраво

26/08/2022

🍌Дали знаевте дека една банана дава енергија за 90 минути активна работа?

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

24/08/2022

Јаткастите плодови се една од најздравите намирници од природата. Тие обезбедуваат есенцијални масни киселини, хранливи материи и протеини.

Велат дека јадењето јаткасти плодови, води до покачување на телесната тежина поради содржината на масти и калории. Напротив, докажано е дека ако јадете повеќе јаткасти плодови, всушност имате многу корисни придобивки за вашиот организам. Тие всушност помагаат во губењето на тежината, благодарение на здравите масти кои ги содржат, кој воедно ја зголемува вашата енергија во текот на целиот ден.
Покрај тоа, тие се богати со влакна, кој помагаат да се борите со чувството на глад, а воедно и да избегнете прејадување.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🥭

#петнаден #мислиздравојадиздраво

18/08/2022

Важно е секој ден да вклучите здрави извори на протеини во исхраната. Протеинот му помага на вашето тело со голем број важни функции и ви помага да ја одржувате мускулната маса.

Кога ќе помислите на протеин, веднаш ви паѓа напамет стек или пилешко месо. Меѓутоа дали знаевте дека одреден зеленчук исто така e богат извор на протеини?

Воедно, доколку не сте голем обожавател на месо, имате други опции за да бидете сигурни дека ќе го добиете потребното количество протеини кои му требаат на вашето тело. Тоа се: грашокот, спанаќ, пченка, авокадо, печурки, леќа, компири, леблебија и други. Сите овие се клучни за одржување на структурата на вашето тело а воедно да биде здраво и правилно да функционира.

🍅🍆🥑🥦🥬🥒🌶🫑🌽🥕

#петнаден #мислиздравојадиздраво

16/08/2022

Дали знаевте дека лимонот содржи антиоксиданти, кои помагаат да се отстранат слободните радикали кои можат да ги оштетат клетките во телото?

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🫐

#петнаден #мислиздравојадиздраво

12/08/2022

Железото е есенцијален минерал кој се користи за транспорт на кислород во телото во форма на хемоглобин.
Малиот недостаток на железо предизвикува анемија со симптоми на замор и слабост, додека хроничниот недостаток може да доведе до откажување на органите.

Богат извор на железо се: спанаќот, соја, леќа, грав, семиња, јаткасти плодови, брокула и други.

Важен факт: Железото е еден од најважните минерали кој мора да се конзумира редовно бидејќи човечкиот организам не е способен да го произведе сам.

🍅🍆🥑🥦🥬🥒🌶🫑🌽

#петнаден #мислиздравојадиздраво

09/08/2022

Дали знаевте дека според науката доматот се смета за овошје?

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🫐

#петнаден #мислиздравојадиздраво

05/08/2022

Холестерол е восочна супстанца која постои во сите делови од телото. На човечкиот организам му треба одредена количина на холестерол за правилно да функционира. Меѓутоа, премногу холестерол во крвта може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.
Одржувањето на холестеролот на ниско ниво помага да се поддржи доброто здравје на срцето, а ова може да се постигне природно со добра исхрана, вежбање и здрав животен стил.

Затоа се препорачува да се вклучат некои овошја во вашата исхрана. Боровинките, јагодите, јаболката, портокалот, лубеницата се само дел од овошја кои можат да бидат ваши големи сојузници за елиминација на холестеролот.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🫐

#петнаден #мислиздравојадиздраво

03/08/2022

Дали знаете колку праските се добри за Вас?

• Тие се богати со хранливи материи и антиоксиданти
• Ја подобруваат дигестијата
• Го подобруваат здравјето на срцето
• Имаат заштитни ефекти кои помагаат во зачувувањето на кожата
• Спречуваат одредени типови на канцер
• Спречуваат алергиски реакции
• Го зајакнуваат имунитетот
• Можат да заштитат од одредени токсини
• Го намалуваат шеќерот во крвта

Се на се, праските се богати со витамини и минерали кои имаат позитивен ефект врз човечкиот организам кои се вредни да ги вклучите во вашата исхрана.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓🫐

#петнаден #мислиздравојадиздраво

29/07/2022

Дали знаете што се слободни радикали?

Слободните радикали се мали нестабилни атоми кои во нашето тело предизвикуваат забрзано стареење, оштетување на здравите клетки дури и причина за појава на канцер.

Меѓутоа, антиоксидантите се супстанци кои се борат со овие радикали и ги отстрануваат.

Сите видови на овошје содржат антиоксиданти кои имаат позитивно влијание врз човековиот организам.

🍏🍎🍐🍊🍋🍌🍉🍇🍓

#петнаден #мислиздравојадиздраво

Want your organization to be the top-listed Government Service in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

“Што претставува Пет на Ден?“Видео направено со многу љубов а наменето за јавноста и компаниите кои сакаат да се вклучат...

Category

Address


Kosturski Heroi 17-21
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Other Social Services in Skopje (show all)
Dhuro dhe merr falas Dhuro dhe merr falas
Centar
Skopje, 1000

Qëllimi ynë është të ndihmojmë familjet në nevojë! Të gjitha gjërat që keni për ti dhuruar, mundeni ti dhuroni në faqen tonë!

Zaedno za Promena Zaedno za Promena
Franklin Ruzvelt 44b
Skopje, 1000

Независна, општествено вклучена соработка за подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија.

Hrom i se okolu nego/ Хром и се околу него Hrom i se okolu nego/ Хром и се околу него
Улица Манчу Матак бр. 33
Skopje, 1000

Социјална страна за комуникација на Хромјани. За сето она што ни го разубавува животот и не загрижува

Крик на младите/ Krik na mladite Крик на младите/ Krik na mladite
St. Naum Ohridski, Bb, Republic Of Macedonia
Skopje, 1000

Нижи накит за инклузивност. Продажба на рачно изработен накит од млади и креативни луѓе.

Zyra për Informim Zyra për Informim
Skopje, 1000

Градска Пеглана Градска Пеглана
Kapishtec Skopje
Skopje, 1000

Брзо и професионално перење и пеглање на алишта. Professional laundry and ironing service

Стопанска Комора за Енергетика на Македонија Chamber of Energy in Macedonia Стопанска Комора за Енергетика на Македонија Chamber of Energy in Macedonia
Skopje, 1000

СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВО МАКЕДОНИЈА

Педала Педала
Skopje

Велосипедски, социјален центар „Педала“