Meri Kicovska

🌟 What if purpose of life is just to be happy

07/11/2024

Драги пријатели и сите оние кои сакаат да се во тек со новостите кои следат во врска со алактките, методите, работилниците, обуките и сеансите кои ги практикувам, заследете ја страната на оваа објава Access Bars so Meri Kicovska. Страната Meri Kicovska набрзо ќе се гаси.
Се гледаме на другата страна 🥰✨🌟

Сакаш да дознаеш како да си помогнеш себе си, а и на оние околу тебе?

Топло ја препорачувам Access Bars методата за која ќе се одржи информативен настан на 11ти ноември со почеток од 17:00 часот во просториите на Студио 23, во Скопје.

По информативниот дел ќе имаш можност и за кратка Access Bars сесија, за да ги почувствуваш бенефитите од истата. Дојди со насмевка, раздраганост и игривост.

Линк до настанот: bit.ly/40svHI9

10/06/2024

MonDay MooD ✨

🔹Дали ви е потребно освежување на умот?

Барате ли начин како да се ослободите од насобраниот стрес?

Ве мачи ли несоница, анксизоност, меланхолија и апатија?

Аксес Барс е „клуч“ кој ја отклучува вашата сила и моќ!

Оваа благотворна метода, не само што ве опушта, туку ви пружа и ментална јаснотија поддржувајќи ве во остварување на вашите цели.

Замислете го животот без насобраните и непотребни стресови и грижи.

Вратете му ја радоста на детето во вас.

Тоа е возможно со Аксес Барс!

Почувствувајте ја промената уште денес!

28/04/2024

Аксес Барс третманите се придонес во намалување на стресот, длабока релаксација, здрав сон, опуштање на умот, ослободување од траума, намалување на преоптоварувањето, намалување на негативните и ограничувачки шеми на размислување, менување на негативните модели на однесување, подобрување на целокупната благосостојба и зголемување на чувството на смиреност. внатрешен мир, среќа и благодарност.

Оваа метода им помага на илјадници луѓе да менуваат аспекти од нивниот живот и тело, вклучувајќи стрес, анксиозност, депресија, траума, здравје, тежина, изглед на телото, спиење, пари, с**с, врски и многу повеќе!

Луѓето оваа метода ја применуваат за да се ослободат од стресот, да спијат подобро, да ја ублажат тагата, да добијат повеќе, да создадат богатство, да го успорат стареењето, да ја намалат анксиозноста, да ја зајакнат креативноста, да се ослободат од траумата, да го оптимизираат здравјето, да го смират својот ум, да го зголемат внатрешниот мир, да имаат повеќе простор, помалку да се осудуваат, ублажување на депресијата, да ја зголет продуктивноста, да ги подобат односите, да имаат поголема леснотија на работа или училиште, да имаат чувство на мир и спокој.

Кога нежно се допираат Аксес Барс точките, без напор и лесно ослободуваат сè што не ви дозволува да примате. Примањето е еден од нашите најголеми капацитети и една од работите што ги одбиваме подинамично од речиси сè друго. Редовното примање на Аксес Барс третманот ви овозможува да започнете да примате без размислување. Вистинското примање е потребно за да го создадете здравјето и животот што навистина ги посакувате. Како би било да добиете повеќе отколку што некогаш сте замислиле дека е возможно? Звучи едноставно да биде вистина. Дали се осмелувате да пробате?

За повеќе информации, како и закажување на термин пишете порака или јавете се на 077 964 860
Вашиот Сертифициран Аксес Барс Практичар и Обучувач - Мери Кицовска

26/04/2024

Името Аксес Барс е дадено за 32 точки на главата каде ги складираме нашите мисли, чувства, емоции, одлуки, ставови и идеи од овој или друг живот. Сѐшто е складирано во овие точки се нашите ограничувања кои предизвикуваат проблеми во многу области од нашиот живот.

За време на сесијата, практичарот нежно ги допира овие точки за да го исчисти електромагнетното полнење и да ги ослободи овие ограничувања. Секоја точка одговара на различни области од нашиот живот: пари, контрола, креативност, стареење, радост, комуникација. Сепак, сите точки се суштински поврзани. На пример, вашата комуникација може да го блокира вашето изобилство, па затоа ќе резултира со проблеми со парите. Затоа, бришењето на ограничувањата на една точка има позитивни ефекти на многу области од вашиот живот. Сите точки се поврзани едни со други и никогаш не можеме да предвидиме што ќе се појави на крајот. Аксес Барс методата е порта за бесконечни можности.

За време на сесијата на некои луѓе им доаѓаат слики, други гледаат бои или чувствуваат сензации во нивните тела како што се зуење, пецкање, топлина, грчеви или морници. Секој е различен, така што не постои „нормална“ Аксес Барс сесија. Секоја сесија е различна. Секој пат. Па, дури и ако ја примате од истата личност.

Овој третман е погоден за секој кој сака да доживее и да создаде повеќе леснотија, радост и слава во својот живот. Замислете ако некој може да притисне копче и да го исклучи гласот во вашата глава што ви кажува дека не сте доволно добри или дека не можете да го постигнете она за што сонувате?

Па, дали е сега време да изберете нешто поинакво?
За повеќе информации, како и закажување на термин пишете ми порака или јавете се на 077 964 860
Вашиот Сертифициран Аксес Барс Практичар и Обучувач - Мери Кицовска

24/04/2024

Аксес Барс методата е наменета за сите оние кои бираат полесно, позабавно, покреативно живеење. Самата метода е корисна за сите возрасти, од бепчиња па сѐ до најдоцнежните генерации. Одлична е за било која фаза од животот, без разлика на тоа која професија ја работите. Оваа метода ја користат сите оние кои сакаат промена во било кој сегмент од својот живот или едноставно само добро да се опуштат и да се ослободат од сè што ги притиска.
Па, каков живот бираш ти да живееш? И како сѐ може тебе оваа метода да ти биде придонес?
За повеќе информации, како и за закажување на термин пишете порака или јавете се на 077 964 860
Мери Кицовска - Сертифициран Практичар и Инструктор за Аксес Барс методата

22/04/2024

Дали ви се чини дека нема излез, и дека се вртите во круг? Се чувствувате згрчено и несреќно и без сила да тргнете понатаму?
Во секоја ситуација постојат безброј можности. Секогаш кога ви се чини дека немате излез вие всушност не го гледате поради ограничувањата кои ви ги наметнуваат вашите сопствени мисли, емоции, искуства, уверувања од којзнае кога и од којзнае кој живот.
Access Bars® е сет од 32 енергетски точки на главата кои ги чуваат меморираните електромагнетски компоненти на сите наши мисли, идеи, ставови, уверувања кои некогаш сме ги имале. Секој став и секое уверување претставува ограничување кое не спречува да го оствариме својот полн потенцијал. Со лесен допир на овие точки се создава електромагнетски набој кој ги отпушта ограничувањата т.е енергетските еквиваленти на осудувањето и заглавените мисловни облици, емоции, уверувања.
Едноставно, отпуштате сè што не ви треба и така создавате простор за нешто ново, што повеќе ви одговара во овој момент.
За повеќе информации, како и за закажување на термин пишете порака или јавете се на 077 964 860
Мери Кицовска - Сертифициран Практичар и Инструктор за Аксес Барс методата

27/03/2024

Алатките и техниките од Access Consciousness те оснажуваат дека го знаеш тоа што го знаеш.

Што значи тоа? 🤔

Од мали нозе, начуени сме дека другите луѓе знаат што е добро за нас, а што не е. т.е. возрасните во нашиот живот се експертите. 🤓
Забелешката овде е што го става „знаењето“ како нешто надвор од вас.
Со оваа точка на гледање, приметуваме дека луѓето околу нас „знаат повеќе од нас“.
Дали тоа ти буди чувство на леснотија или тешкотија?🍃
Да, драга. Знаеш. Знаеш дека тоа не е вистина за тебе. Отсекогаш си знаела.

Знам, научени сме на тоа дека другите знаат, а ние не. И така почнува истражувањето, да го најдеме своето знаење кај другите луѓе, во ситуации, во туѓи точки на гледање, во слушање совети, во тоа да имаш некој кој ќе ти кажува што е тоа што тебе ти „треба“.

🛑 ТОЧКА 🛑

Секој пат кога применуваш Барс третман, се ослободуваш од сите точки на гледање за кои знаеш дека те ограничуваат. Со секоја сесија го експандираш своето знаење. Продираш длабоко во себе и своето знаење и сето она што е вистина за тебе. И да, навистина е едноставно, да знаеш.

Што ако денес е почетокот на твоето патешествие во откривањето на сопствената вистина и во „развивањето на мускулот“ на твоето знаење. Не те води на погрешен пат.

Сигурно си имала ситуација кога сѝ си рекла „Знаев дека тоа ќе се случи!“. Без разлика на тоа дали било посакувано или непосакувано искуство.

Што ако секојдневно можеш да си играш со своето знаење како со најдобар пријател поставувајќи прашање:
💫’Што јас и ти заедно можеме да искреираме денес?

Сѐ што треба да правиш по ова прашање е да ги следиш шепотењата 🍃
Твоето знаење е подарок и еден од твоите супер моќи! 🌟

21/03/2024

Аксес Барс третман + ПОДАРОК Енергетски Фејс Лифт третман

🌸 Кој бира опуштање и отпуштање?
🌸 Кој бира леснотија, радост и забава?
🌸 Кој бира хедонизам?

Тука си, жива си, и ти ја бираш енергијата на својот живот, од секунда во секунда. Што е тоа што сега ќе избереш?

За повеќе информации и закажување на термин пиши ми во порака или на вибер 077964860

19/03/2024

🌸 ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА:
✨ На вашата глава има 32 точки кои, кога нежно се допираат, активираат електромагнетно отпуштање од телото и без напор се ослободуваат мисли, емоции, верувања, точки на гледање кои ве спречуваат да креирате живот каков што сакате

🌸 ИСТО ТАКА:
✨ Access Bars се користи како моќно и прагматично средство меѓу членови од семејство, Welness практичари, во градинки и училишта, во големи корпорации за ослободување од стрес, како и од спортисти, уметници и многу други

🌸 ОДЛИЧНА ВЕСТ Е ДЕКА:
✨ Сега и вие можете да ја научите оваа лесна метода, и тоа само за еден ден, за која добивате меѓународно признат сертификат

💌 За повеќе информации и пријави во ДМ

✨ Што ако овој ден е почеток на нешто поинакво? ✨

Се гледаме!
Мери Кицовска
Сертифициран водител за Аксес Барс методата

16/03/2024

⏰✨ Уште само 3 дена! ✨⏰

Одбројувањето започна, а ние сме на само 3 дена од најневеројатното искуство во вашиот живот!

👉 Обезбедете го вашето место веднаш!

Се гледаме наскоро во денот кој носи радост, поврзаност и раст! 🌟

15/03/2024

Замислете живот во кој, со секој нов ден почнувате нов живот. Живот исполнет со леснотија радост и славење, во кој со секој нов ден живеете бескрајни можности со тоа што сте. Дали сега е време да целиот живот да го примите со леснотија? Што ако смислата на животот е да се забавуваме?

Алатките од Access Consciousness® ви носат повеќе свесност. Кога имате свесност, можете да смените и да создадете било што. Животот станува бескрајно истражување на нови можности, создавање и забава. Access Consciousness® ви дава моќ да знаете дека знаете.

Патувањето до поживописен и поисполнет живот започнува со секое изгрејсонце.💖

14/03/2024

🔹Дали ви е потребно освежување на умот?

Барате ли начин како да се ослободите од насобраниот стрес?

Ве мачи ли несоница, анксизоност, меланхолија и апатија?

Аксес Барс е „клуч“ кој ја отклучува вашата сила и моќ!

Оваа благотворна метода, не само што ве опушта, туку ви пружа и ментална јаснотија поддржувајќи ве во остварување на вашите цели.

Замислете го животот без насобраните и непотребни стресови и грижи.

Вратете му ја радоста на детето во вас.

Тоа е возможно со Аксес Барс!

Почувствувајте ја промената уште денес!

12/03/2024

Драги пријатели,

Како што најавив пред некој ден, следниот понеделник, 18.03. во 19:30ч. ќе зборуваме на темата „Аксес Барс“. Сите сте поканети! Настанот ќе се одржи на Зум платформата во живо и истиот е бесплатен. Пишете ми во порака за да ви пратам линк на кој ќе можете да се вклучите.

Со леснотија и забава,
Мери

08/03/2024

Драги Жени! Среќен 8ми март!

Нека оваа честитка биде покана за сите оние кои сакаат да дознаат што е тоа Access Bars, и што е тоа Access Consciousness. Ве поканувам сите, на 14.03., со почеток од 19:30 часот на бесплатен инфо зум. Дојдете насмеани, раздрагани, игриви. Понесете ги со себе сите прашања кои би ви отвориле нови универзуми. Поканете си пријателака или дојдете сами. Изборот е ваш. Се радувам на оваа наша средба и забава.

Па, оттаму се прашувам, што е потребно секој ден да ни е празник? Што сакаме да славиме? Каква радост и забава можеме секојдневно да живееме? Што се’ со леснотија можеме да генерираме?

01/02/2024

Дали си дозволуваш да одмориш кога твоето тело го бара тоа?
Или си дозволуваш да се одмориш само кога ќе достигнеш некоја цел? Како да си работела доволно напорно за да заслужиш одмор...
✨Што ако „напорното работење“и „заслужувањето“ се лаги кои си ги кажуваме за да не мораме да го примаме целиот живот кој ни доаѓа со целосна леснотија и радост?
✨Колку повеќе забава и леснотија би имала кога би можела да го избереш она што функционира за тебе и твоето тело откажувајќи се од напорната работа?
Многу често даваме сѐод себе иако нашите тела јасно ни кажуваат да застанеме и да одмориме.
Направи пауза, одмори. Ослободи го умот.
Земи си Access Bars пауза ✨💆♀️✨
Аксес Барс технниката е за ресетирање за умот и тело. Оваа едноставна техника за ослободување од стрес те поканува тебе и твоето тело да добиеш повеќе.
Што ако можеш да бидеш слободно дете, дете кое живеете полесен и посреќен живот?

31/01/2024

✨ Дали бараш начин како да се ослободиш од стравот, стресот, анксиозноста, фобиите, несигурноста, финансиските потешкотии, трауматичните односи, телесните болки?
✨ Дали е сега време да ги добиеш и научиш алатките со кои ќе го трансформираше својот живот?
✨ Сѐ што треба да направиш е да ја избереш Аксес Барс обуката, да ме исконтактираш во порака, на телефонскиот број 077 964 860 или на меил адреса [email protected] за да се регистрираш
✨ Од оваа сертифицирана обука ќе излезеш освежена и препородена со повеќе енергија за креирање нови можности

30/01/2024

Access Energy Facelift® е телесен, енергетски третман кој обезбедува едноставно обновување на вашето тело. Со овој третман го подмладуваме лицето, го забавуваме процесот на стареење, а сето тоа го правиме без употреба на хемикалии и отрови, и без естетска хирургија. Со овој третман на телото му овозможуваме трансформирање на енергиите кои се заглавени во нешето лице, глава, гради и тело. Динамичен, но нежен практичен процес, лифтингот може да ги забрза и продлабочи исцелувачките капацитети. Нежниот смирувачки допир применет на лицето и вратот работи со клетките на вашето тело за да ги обнови, оживее и подмлади.

Бенефити од Access Energy Facelift® третманот:
• зајакнување и подмладување на нашето лице и тело,
• измазнување и затегнување на кожата,
• бришење на знаците на стареење (брчки, старачки пеги, подочници, отоци),
• брза, лесна и едноставна регенерација на коренот и кутикулите на косата,
• чувство на свежина и преродување,
• активација и забрзување на регенерацијата на клетките,
• ослободување од различни трауми,
• подобрување на силата и затегнатоста на мускулите на лицето и целата кожа,
• побрзо заздравување на лузни и ранички,
• елиминирање на мозолчиња, акни и разни кожни состојби (егзема, псоријаза),
• се ублажува стресот и другите животни тензии,
• ги поткрева и зацврстува градите и задникот,
• го подобрува видот.

Energy Facelift® третманот може да го применуваат сите возрасти.
Сесијата трае околу 60 минути.
Закажете термин и консултациja на 077 964 860

Want your practice to be the top-listed Clinic in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

🌸#springawakening #accessbars #accessconsciousness #getyourbarsrun #joy ##joyfullife #joyfulliving #ease #whatelseisposs...
🌸#springawakening #accessbars #accessconsciousness #getyourbarsrun #joy ##joyfullife #joyfulliving #ease #whatelseisposs...
Access Bars Class
Месец март за мене лично е посебен месец во годината. Месец кога е роден мојот син.Месец во кој природата се буди од зим...

Website

Address


Skopje
1000

Other Alternative & Holistic Health in Skopje (show all)
Imuno-Care Mk Imuno-Care Mk
Skopje

Е-здравје

Eterra_MK Eterra_MK
Пандил Шишков бр. 2
Skopje, 1000

100% органски индиски етерични и базни масла, растителни прашоци и додатоци во исхраната и козметиката

НИДУС - биорезонантен центар НИДУС - биорезонантен центар
Населба Ново Лисиче, Скопје, Населба Пинтија, Скопје, Населба Влае, Скопје
Skopje, 1000

Добредојдовте во НИДУС - центар за биорезонантна дијаг

Arelena Arelena
Skopje, 1000

🔹Спиритуални методи за целосна Трансформација. ПЕАТ, АСПЕКТИКА, МЕМЕНТО, ИНТЕГРА, САТОРИ ,ФЕР и ЈОГА. 🔹Индивидуални сеанси 🔹Индивидуални и групни семинари за ПЕАТ

Celestium - Center for Holistic Studies Celestium - Center for Holistic Studies
Skopje

We are a center that provides individual and group training in holistic sciences. Our focus is on yo

Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho
Skopje

Во NEXUS се врши едукација и обука за себеисцеление, па потоа и за исцеление на другите. Едукацијата во користење на Yūgen метод на исцеление, Soul Talk Reiki Ryoho и Jikiden Reik...

Mentalist Mentalist
Pandil Siskov Broj 26
Skopje, 1000

Nie na alternativen način ja tretirame diskushernijata, so repozicija na diskusite

Есенцијални масла Young Living Есенцијални масла Young Living
Skopje

Есенцијални масла со терапевтско дејство. Твоето здра?

Physiotherapy SES Skopje Physiotherapy SES Skopje
Pandil Shiskov Broj 26
Skopje, 1000

*So samoto zakazuvanje na termin gi prifakjate nasite tretmani

Valentina Quantum Valentina Quantum
Ul Tajmishka Br 10
Skopje, 1000

Им помагам на луѓето да го надминат своето страдање без да губат години за тоа, преку уникатни методи

VegeLive VegeLive
Pandil Siskov
Skopje, 1000

Holisticko sovetuvaliste za prirodna medicina, nutricionistika i licen razvoj

TAI JANG - TAI CHI CHUAN TAI JANG - TAI CHI CHUAN
Fondacija N. Kljusev "/centar/
Skopje, 1000

Здружение за традиционални кинески вежби Tai Chi Cuan, Tai Chi m