ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош" - Скопје
Nearby schools & colleges
Ulica Rugjer Boshkovikj
Rugjer Boshkovikj
Ulica Rugjer Boshkovikj
Rugjer Boshkovikj
Rugjer Boskovikj
Ruger Boskovic
Општинско основно училиште „Христијан Тодоровски КАРПОШ“ - Скопје
Октоедар, тетраедар... Вредните ученици од 5б одделение на час по техничко образование. Беспрекорно беа изработени геометриските тела под будното око на наставникот Владимир. И сечењето е важно, но и превиткувањето и лепењето не се лесни. А кое како се вика е тоа е најтешко да се запомни. Секако и тоа не е проблем за 5б. Две споени четириаголни пирамиди се ...
Во посета на 5а одделение во нашето училиште беше познатата писателка Виолета Наумовска. Како си поминавме најдобро ќе разберете од нејзините зборови:
Кога во едно училиште насмевките се надоврзуваат една на друга, знаете дека тоа е Дом на убави луѓе...
Така не пречекаа во ООУ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ, Скопје... Со насмевки.
А ОГНЕ беше "главниот виновник" што насмевката постојано не следеше.
И не само што ОГНЕ споделуваше настани со нив, туку најпрекрасното е што и дечињата беа потикнати да споделуваат свои искуства.
Тука се наѕира едно чудесно другатство кое верувам само ќе се засилува.
Им благодарам на сите прекрасни битија кои ги запознаваме заедно со ОГНЕ.
Нека се шири Радоста на Растењетооо... 💜
Виола
💜
Нашите ученици од 5а и 5б учествуваа на Цветното дефиле и заедно го прославивме 48 - от роденден на нашата Општина Карпош. 🌸🌼🏵️🪷
ШАМПИОНИ СМЕ!!!
Денес во ООУ,, Петар Поп Арсов" од 12 часот се доделија стипендии и награди.
Учениците Јане Јанев, Огнен Кралевски и Алек Каруловски добија стипендија за талентирани, а Теодор Спировски и Филип Андоновски добија спортски стипендии.
На истиот настан беше доделена и парична награда на нашата ученичка Михаела Карадимче и нашиот колега по хемија Даниел Николовски за освоеното прво место на натпреварот по хемија.
Денес Боренка допатува во нашето училиште, нашите ученици научија што претставува иницијативата на Боренка, како да превентираат шумски пожари и како правилно да ракуваат со огнот во природата. Боренка акција за попумување опожарени подрачја е во организација на ЈП Национални шуми и Сојуз на извидници на Македонија под покровителство на Министерство за замјоделство, шумарство и водостопанство.
borenka.mk ❤️
На манифестацијата ,,Карпош има талент,, нашето училиште гордо го претстави нашиот ученик Даријан Симјаноски од 7 одд. со изведба на композицијата,, Цреша'' од Тоше Проевски.
Учениците од 2а одделение, мотивирани и поттикнати од своите наставнички во соработка со претседателката на одделението, спроведоа акција за собирање најситни отпадоци и разубавување на училишниот двор.
Како се сака и почитува татковината ,
претставено од вредните рачиња на учениците од Ia одделение.
Честит 11ти Октомври .
Честит празник од учебниците од 2а одд.
Во минатото пукнале пушките, сега ечеат грлата на учениците од 2а одделение.
Со песни и знаења ја слават слобода.
🏫 ДЕТСКА НЕДЕЛА- Активности во рамки на наставата
ДЕТЕТО ИМА ПРАВО.... 👩🦱👨🦱
III- б одд.
Одбележување на Детска недела 7.10 - 10.10
Сите деца имаат еднакви права и на сите деца треба да им се обезбеди поддршка и еднакви можности за правилен раст и развој.
За таа цел учениците од За и Зб одд. креираа, твореа, другаруваа и меѓусебно се дружеа.
Како и секоја година така и оваа во месец Октомври се одбележува Детската Недела .
Таа недела е исполнета со многу активности ,во кои главен акцент е ставен на Правата на децата, другарството , емпатијата ,почитта ,
итн.
Исто така една од позначајните активности е и зачленувањето на првачињата во Детската Организација.
По тој повод од поголемите ученици од одделенска настава,беше организирана приредба со разновидна содржина, а воедно и првачињата дадоа заклетва како нови членови во Детската Организација.
Нека им е среќно и радосно членството во светот на другарството ♥️🍀♥️
По девети пат хуманитарна манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Македонија!
„Ми помага и чува тајни. Тоа е најважното. Тоа е вистинско другарство“. Толку едноставна реченица, толку искрена и невина. И ден денес, после 10 години, ги чувам тајните. Тоа што не го чувам е споделувањето на сите какво другарство било нашето, веројатно се чудат како е тоа можно на толку мала возраст. Но, кога ќе ги раскажам сите приказни кои сме ги имале, самите се уверуваат во моите искази. Ќе споделам една од нив(не е тајна). Често знаевме откако ќе завршиме со училишните обврски да излеземе во школскиот двор и да играме серва. Тоа ни беше толку интересно и можевме да играме со саати, затоа што бевме толку изедначени и никогаш не се знаеше кој ќе победи. Еден ден се појавив толку тажен и незадоволен, едноставно не ми беше денот. Тој ден, јас ги победив сите партии кои ги изигравме. И секако, за дете од 10 години тоа беше најголемиот успех во денот и ме направи многу среќен. И веројатно се прашувате зошто го памтам ова. Затоа што, тоа беше единствениот пат еден од нас да ги однесе сите победи. Кога малку созреав, кога дојдоа поголемите животни предизвици, во главата ми „кликна“ дека не сум бил подобар тој ден, туку дека мојата нерасположеност и незадоволство биле приметени, и партиите биле попуштени. И тоа никогаш не беше кажано, ниту пак приметив дека имало попуштање. Замислете, на 10 години, толкава зрелост, добрина, и разбирање за другиот.
,,Имам право на образование, но имам и обврска да Ве почитувам. Честит ден на учителот!"
III - б одд.
Професорот по хемија, Даниел Николовски, од нашето училиште, го претстави своето истражување на меѓународно ниво на 27-от Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, кој се одржа од 25 до 28 септември во хотел Метропол, Охрид. Овој конгрес, кој обедини учесници од повеќе земји, претставува значаен настан за размена на научни знаења и нови откритија во областа на хемијата и технологијата.
Професорот Николовски, како единствен претставник од сите училишта во државата, се истакна со својот труд под наслов „Evaluating Green Chemistry Education through Students Intervention“. Во својата презентација, тој ги претстави резултатите од истражувањето кое вклучуваше ученици од основното образование и нивното учење преку активности поврзани со зелената хемија. Фокусот на трудот беше на тоа како едукативните интервенции можат да влијаат на подлабокото разбирање на учениците за одржливоста и хемиските процеси кои ја поддржуваат истата.
Ова признание е од огромно значење за нашето училиште, кое постојано се стреми кон иновации и подобрување на наставните методи. Учеството на професорот Николовски на ваков значаен меѓународен настан е потврда за високото ниво на работа и посветеност на нашата наставна заедница кон напредокот на учениците и науката.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Category
Contact the school
Website
Address
Орце Николов бр. 161
Skopje
1000
Булевар „Кочо Рацин“ бр. 17
Skopje
Задоволство и радост во учењето и работата е наша цел. ?
Skopje, 1000
Вршиме изработка на семинарски, проектни задачи, пишуваме есеи, презентации во Power Point, табеларни пресметки во Excel.
Skopje, 1000
„Образованието е најмоќното оружје што може да го употребите за да го промените светот“ - Н. Мандела
Џон Кенеди 32
Skopje, 1000
“Образованието е клуч за излез од сиромаштија, адапта?
S. Kuchevishte Ulica 8 Br. 57
Skopje, 1000SKOPJE
образовна институција
Улица 10 БР. 34-Г/Н М КАДИНО, ОПШТИНА ИЛИНДЕН, МАКЕДОНИЈА
Skopje, 1041
Општинското основно училиште ,,Ристо Крле" - н м.Кадино ,
Bukoviq
Skopje, 1063
SHFK “Emin Duraku” - Bukoviq; është në largësi 17 km, nga zona qendrore e qytetit dhe gjende
Ul Braka Redzepagic Bb , North Macedonia
Skopje, 1000
Kjo faqe është ekskluvzivisht për projektet e Erazmus+ This page is exclusively for Erazmus + projects