Captain's Makedonija

Најдобра компанија во Грција за зачини, билки и природни миксови, со повеќе од 80 години искуство.
Зачините на Captain's се 100% природни.

14/05/2021

Мирисот кој ќе ги разбуди спомените на вкусната торта на мама🍮 и незаменливиот колач на баба! 🥧
Ванилата на Captain's ќе ти го растрепери срцето терајќи те што побрзо да влезеш во кујната и да внесеш арома на љубов во твојот дом!✨
#затоаштовкусотсепамети

13/05/2021

Нека денешниот празник донесе сплотеност, хармонија, мир и спокој во вашето семејство✨
✨✨✨ Честит Рамазан Бајрам на сите кои денес го слават.
#затоаштовкусотсепамети

Photos from Captain's Makedonija's post 09/05/2021

🌶Црниот мелен бибер е зрел плод на една од повеќе од 1000 сорти на пиперки што може да се најдат ширум светот.
Таа има најсилна арома и полн вкус.

Во производството Captain's црн мелен бибер се применуваат строги критериуми за избор и увоз на најдобрите црни пиперки во светот.
Нивниот квалитет се издвојува затоа што:
✔️тие имаат повеќе "месо"
✔️тие редовно се тестираат за нивната содржина на бактерии- не содржат никакви нечистотии-
нивната стапка на чистота достигнува до 99,5%
✔️затоа што толку многу години ги избирате и ја сакате нивната интензивна арома и уникатен вкус.

👩‍🍳Употреба: Црниот мелен бибер оди со сè, па затоа е широко користен при готвење. Користете го со сите видови месо- стекови, хамбургери, ќофтиња, говедско месо и мисирка.
Пробајте го со зеленчук, во салати, сендвичи, маринади и сосови за да им дадете вкус на сите ваши јадења.
Идеално со печено фета сирење и полнети тиквички 🍽
#затоаштовкусотсепамети

02/05/2021

Да го празнуваме животот денес, да ги отвориме душите за љубов и радост.
Среќен и честит Велигден ☀️

02/05/2021

Благодарение на моќната арома, морското оревче се смета за еден од насилните зачини.Откако ќе се набере семето на овошјето од морско оревче се меле за да се добие во својата позната форма ✨

👩‍🍳Морско оревче е совршено за слатки јадења како што се пудинзи и бисквити.
Совршена е комбинацијата кога ќе го додадеш во јадења со компири, моркови и целер.
Тој е идеален зачин за спанаќ бидејќи го балансира неговиот метален вкус.
Исто така е неопходна состојка во бешамел сосот, пире од компири, сосови со сирења и пити со сирење 🍽
#затоаштовкусотсепамети

29/04/2021

Овој магичен зачин е добиен од кората на дрвото цимет кое се дели во слоеви, а подоцна се сече на мали стапчиња✨
👩‍🍳Можеш да го користиш во бисквити, колачи, ароматични креми, леб, полнет бриош, мус од чоколадо, пудинг од ориз, прженици, тави слатки и јаболка.
☕Пробај го и во пијалоци како капучино, мексиканско кафе и топло чоколадо.
Можете да го најдете во сите поголеми маркети, мелен или како цимет-стапчиња 👌
#затоаштовкусотсепамети

29/04/2021

Познатата "кралица на зачините" ќе внесе свежина во твоето готвење ✨
Кардамонот потекнува од Истокот, од шумите на западните гати во јужна Индија, каде расте диво.
Има сладок, малку зачинет вкус кој потсетува на лимон. Се смета за еден од најскапите зачини во светот, заедно со ванила и шафран. Во Шведска е дури и попопуларен од цимет додека во арапските земји го ставаат во кафе.☕️
🧐Fun fact: Античките Египќани џвакале семе од кардамон како чистач на забите a Грците и Римјаните го користеле како парфем.

28/04/2021

Доколку се прашуваш што е она што ја дава магичната арома на твојот Велигденски колач, со сигурност можеме да ти одговориме дека дел од заслугата припаѓа на Махлеп зачинот👈
Овој ароматичен зачин е направен од јадрото на семето на вид цреша, кое се меле во прав пред употреба. Неговиот вкус е сличен на комбинација од горчлив бадем и цреша или пак марципан. 😋
Доколку сеуште не се подготви за Велигденскиот колач кој го споделивме со тебе, побрзај во било кој поголем маркет во кој може да ги најдеш нашите зачини! 👨‍🍳

28/04/2021

Изненади ги твоите најмили со вкусен Велигденски колач, за кој рецептот може да го најдеш токму тука👇
Потребни состојки:
500гр. Путер од бадеми
225гр. путер - несолен на собна температура
225гр. шеќер
4 матени јајца
225гр. Брашно
25гр. Мелен бадем
½ лажичка махлеп
½ лажичка кардемон
½ лажичка цимет
½ лажилка рендано морско оревче
225гр суво грозје
100гр. цреша/вишна
55гр. сецкано суво овошје
2 свежо исцедени лимони
30мл рум
30мл џем од кајсија за глазура

🥣Претходниот ден загрејте го румот и полијте го овошјето.
Намачкајте со путер округла тава за торти 20 см.
Загрејте ја рерната на 160°c.
Бидете сигурни дека сите намирници се на собна температура.
👩‍🍳
Во сад додадете ги путерот и шеќерот и матете со миксер на средна брзина додека смесата не стане густа и кремаста.
Изматете ги јајцата. Штом биде убаво изматено јајцето, намалете ја брзината на миксерот и во садот постепено додавајте ги едно по едно останатите јајца.
Откако јајцата, путерот и шеќерот убаво ќе се хомогенизираат во смесата додате ги сите останати состојки и со шпатула лесно измешајте. Бидете внимателни и мешајте лесно за да не го отстраните воздухот од смесата и истовремено проверете дали овошјето не останува на дното на садот.
Ставете половина од смесата во округлата тава.
Додадете околу 85гр. паста од бадеми на смесата (пастата од бадеми можете да ја намачкате на округло парче хартија за печење во големина на тавата, за полесно да ја нанесете врз смесата. Додадете малку шекер во прав за да не ви се залепи смесата). Наполнете го калапот со преостанатата мешавина и измазнете ја површината.
Печете околу 1 час и 30 минути, проверувајте со чепкалка за заби.
Кога ќе се испече, оставете го колачот да се излади.
На крај, исечете го горниот дел од тортата за да ја измазните површината.
Убаво загрејте го џемот од кајсии и намачкајте го на површината од колачот дел од џемот. Додадете уште 85гр. Паста од бадеми на колачот. Со остатокот од пастата и џемот формирајте единаесет еднакви топчиња и декорирајте ги врз колачот.
Добар апетит 🍴

23/04/2021

Овa пакетче содржи три различни бои- црвена, жолта и сина🔴🟡🔵.
Трите бои на јајца Captain's гарантираат совршен резултат истовремено штитeјќи го твоето здравје со нивниот нетоксичен состав👌
🎁Секое пакетче ги содржи следниве уникатни подароци за вас:
пар ракавици,
4 декали (традиционални), и
5 ракави со прекрасни слики (налепници што се собираат околу јајцето).
Едно пакетче служи за боење на 50 јајца.

🌟Нека традицијата биде забава и уживање!

22/04/2021

✨Овој пат, нека традицијата биде забава и уживање!
Креирај ја твојата Велигденска магија со некоја од нашите бои за јајца кои не содржат токсични состојки и го штитат твоето здравје!👌
Боите може да ги најдете во сите поголеми маркети во градот. 🛒

21/04/2021

✨Овој пат, нека традицијата биде забава и уживање!
Креирај ја твојата Велигденска магија со некоја од нашите бои за јајца кои не содржат токсични состојки и го штитат твоето здравје!👌
Боите може да ги најдете во сите поголеми маркети во градот. 🛒

20/04/2021

🐣Уживајте во еден од најважните обичаи на нашата традиција!
👉Captain's боите за јајца се произведуваат во Европската унија и благодарение на нивниот состав ти гарантираат совршен резултат и најважно, го штитат твоето здравје бидејќи не содржат токсични состојки. 👌
Боите може да ги најдете во сите поголеми маркети во градот. 🛒
✨Овој пат, нека традицијата биде забава и уживање!

Μπαχαρικά και βότανα Captain's | Καλωσήλθατε στο επίσημο website των μπαχαρικών Captain's 19/04/2021

🐣Уживајте во еден од најважните обичаи на нашата традиција!
👉Captain's боите за јајца се произведуваат во Европската унија и благодарение на нивниот состав ти гарантираат совршен резултат и најважно, го штитат твоето здравје бидејќи не содржат токсични состојки. 👌
Боите може да ги најдете во сите поголеми маркети во градот. 🛒
✨Овој пат, нека традицијата биде забава и уживање!
#затоаштовкусотсепамети

Μπαχαρικά και βότανα Captain's | Καλωσήλθατε στο επίσημο website των μπαχαρικών Captain's Το επίσημο website της Captain's, της ηγέτιδας εταιρίας εισαγωγής και επεξεργασίας μπαχαρικών και βοτάνων στην Ελλάδα.

16/04/2021

Француски вкус кој може да го користите во секое јадење!
👉Quatre épices е мешавина од зачини што се користи главно во француската кујна, но може да се најде и во некои кујни од Блискиот исток. Неговото име преведено од француски јазик значи „четири зачини“ .
Мешавината на зачини содржи мелен пипер (бел, црн или и двата), каранфилче, морско оревче и сушен ѓумбир. Некои варијации на мешавината користат цимет наместо ѓумбир.
🥣Се користи за зачинување на сè, од супи до пилешко на скара во француската кујна.
#затоаштовкусотсепамети

12/04/2021

Овој понеделник се селиме во Либан!🗺
🧑‍🍳Згответе вкусен кускус со ракчиња, зеленчук и Captain's либански зачин од 7 мешавини
🗓Состојки:
• 500 грама исчистени ракчиња
• 1 главица кромид
• 3 моркови
• 3 тиквички
• 2 чешниња лук
• 2 домати
• 250 грама кускус
• 2 лажици Либански зачин од 7 мешавини Captain's
• 50 мл. маслиново масло
• сол
• свежо мелен пипер Captain's
Подготовка: Излупете и исечете ги кромидот, морковот, тиквичката и лукот. Изрендајте ги доматите. Загрејте во тенџере 4 лажици маслиново масло и додадете го зеленчукот. Посолете, додадете ги доматите и 2 чаши вода. Се вари 5 минути.
Додадете го кускусот и 1 лажичка Либански зачин од 7 мешавини Captain's и варете 5-7 минути (или согласно инструкциите во пакувањето на кускусот). Во тава испржете ги ракчињата на 2-3 лажици маслиново масло, 1 лажичка Либански зачин од 7 мешавини и сол. Послужете ги со кускусот и декорирајте по вкус.
Добар апетит!👌
#затоаштовкусотсепамети

11/04/2021

Уживај во твоето мексиканско мени 🇲🇽
👩‍🍳Подготви фахитас со пилешко
Состојки:
• 4 големи парчиња пилешко филе
• 3 лажици Captain’s зачин Фахита
• 330 мл. пиво
• 2 зелени пиперки
• 1 црвена пиперка
• 1 портокалова пиперка
• 1 жолта пиперка
• 1 главица кромид
• сол
• црн пипер/ѓумбир во прав Captain’s
• 50 мл. маслиново масло
Подготовка:
Исечете го пилешкото на долги ленти. Растворете го мексиканскиот зачин Фахита во пивото и прелијте го пилешкото. Ставете го еден час во фрижидер да се маринира. Исечете ги пиперките и кромидот на долги тесни ленти и пржете ги во маслиново масло во нелеплива тава. Откако зеленчукот е подготвен, додадете сол, црн пипер, ѓумбир и извадете го од тавата. Во истата тава без да додавате масло пржете го пилешкото. Откако ќе добие румена боја, додадете го зеленчукот и измешајте убаво.
🌮Се служи во тортиљи со сецкан домат и зелена салата.
Buen apetito! 😋

06/04/2021

Денес е супер ден за кинеска кујна !🥢
👩‍🍳Зготви слатко-кисели пилешки ражничи со кинески зачин од 5 мешавини
🗒Потребни состојки:
• 800 гр. пилешко филе
• 200 гр. бел оцет
• 100 гр. мед и малку мајчина душица
• 1 исецкан кромид
• 1 лажичка Captain's кинески зачин од 5 мешавини
• 1 супена лажица маслиново масло
• Сол
• свежо мелен црн пипер Captain's
Инструкции за маринада и маринирање:
Во тенеџере ставете ги оцетот, медот, маслото, 1 лажичка сол, 3/4 лажичка црн пипер и половина лажичка кинески зачин од 5 мешавини. Оставете да врие на тивок до среден оган 12 - 15 минути. Треба да се формира слатка глазура. Ако повеќе се згусне, тогаш разредете со малку вода. Оставете го да се олади. Потурете ги претходно исечените парчињата пилешко на коцки и парчињата кромид со половина од маринадата и ставете го во фрижидер 3-4 часа покриени со фолија да се маринираат. На стапчиња за ражничи ставете го пилешкото, додадете масло, малку сол, црн пипер и печете на скара или тава. Во меѓувреме премачкајте ги со останатата маринада и кинески зачин од 5 мешавини и печете додека не добијат убава румена боја.
Добар апетит!👌
#затоаштовкусотсепамети

05/04/2021

👉Индиски тандури е микс од зачини и е главна основа на бројни индиски јадења, вклучувајќи го и познатото пилешко тандури.
🥣Миксот најчесто се состои од: коријандер, ким, морско оревче, црвена пиперка, лук и кромид.
😋Вкус и арома: благ, малку зачинет и уникатен.
👩‍🍳Употреба: индиско готвење, скара, пилешко и месо.
🤓Забавен факт: тандорот е глинена печка, која се користи во традиционалното индиско готвење, дизајнирана да достигнува екстремно високи температури близу 1000 степени Фаренхајтови.
#затоаштовкусотсепамети

31/03/2021

👌Нетоксична боја за јајца Captain's, за совршен резултат!
Оживејте ја традицијата✨
#затоаштовкусотсепамети

29/03/2021

📌Гарам масала е мешавина од мелени зачини кој потекнува и најмногу се користи во Индија и Јужна Азија. Зборот “masala” значи “мешавина од мелени зачини” и “garam” значи “жешко”. Од овој зачин се достапни повеќе варијации, секоја подеднакво автентична. Викаат дека во Индија постојат толку многу различни варијации на овој зачин, колку и домаќинства.
👉Најчестите состојки кои се користат во оваа мешавина се: ким, коријандер, цимет, чили, кардамон, каранфилче, пипер, ѕвезден анасон, ловоров лист, синап, асафетида и ајвејн.
😋Вкус: Релативно сладок и лесно пиперкаст вкус.
👨‍🍳Употреба: Во Северна Индија се употребува на месо, зеленчук, морска храна и пилешко.
#затоаштовкусотсепамети

27/03/2021

Богатството од светот е поблиску од тоа што замислуваш!✨
Побрзај кон твојата кујна и со нашите зачини вкуси ја магијата на светот 🌎
#затоаштовкусотсепамети

24/03/2021

🥘 Кари во прав е мешавина на зачини од Индија, која може да се најде во илјадници различни верзии. Основните зачини што се користат се куркума, коријандер, ким, ѓумбир, црвен пипер, семки од синап, цимет, каранфилче и кардамон.
📌Кари зачинот од Captain's се произведува специјално за грчките обичаи и грчката палета на вкус.

👉Употреба: Совршено оди со пилешко, компир салата, варени јајца, ракчиња и, се разбира, со ориз. Може да го користите и во супи, со овошје и зеленчук.
👉Бидејќи содржи цела гастрономска традиција, кари во прав не треба да се комбинира со други зачини и билки.
#затоаштовкусотсепамети

22/03/2021

📌80 годишното знаење, искуство и љубов кон нашите производи придонесе за создавање на низа 💯% природни мешавини на зачини и билки.
Captain’s Tzatziki Mix - от нуди традиционален грчки вкус со интензивно присуство на лук и медитерански билки.

🥣За да направите ѕаѕики сос, измешајте павлака, маслиново масло, рендана краставица, оцет и зачинете со Captain’s Tzatziki Mix.

На здравје!👌
#затоаштовкусотсепамети

20/03/2021

🧄Збогати го твојот оброк со лукот во гранули на Captain's и уживај во новиот омилен вкус!
Овој зачин е совршен додаток за месо, риба, супa, сосови и зеленa салатa 🥗
Го дополнува вкусот на кнедлите од копмир, полнети тиквички, шпагети и сирење на скара.

💭Искористи ја твојата имагинација и сподели го во коментар твојот омилен начин на користење на овој зачин!

17/03/2021

🌶️ ЧИЛИ зачинот се добива од лути чили пиперчиња и е многу популарен во мексиканската, индиската и мароканската кујна.
🌶️ За производство на ЧИЛИ зачинот на CAPTAIN'S се одбираат најдобрите чили пиперчиња во светот и поради тоа се одликува со интензивна арома и уникатен вкус.
🌶️ Додадете посебен шмек на вашите јадења со вкусот на ЧИЛИ зачинот на Captain's
Што вкусно ќе зготвиме денес? 🍽

15/03/2021

Зачинете го вашето секојдневие!

Добродојдовте на страната на најдобрата компанија од Грција за зачини, билки и природни миксови, со повеќе од 80 години традиција.

📌Зачините на Captain's се 100% природни!

Want your business to be the top-listed Food & Beverage Service in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Address


Karpos
Skopje
1000

Other Food Wholesalers in Skopje (show all)
Мои Намирници Мои Намирници
Pero Nakov
Skopje

Внесувајте квалитетни производи произведени по највисоки стандарди! Нарачка во инбокс, достава до дома �

AJ BEKO Fresh AJ BEKO Fresh
1638
Skopje, 1000

We are an export company located in North Macedonia, Skopje. Distributing products all over Europe.

Vajomag Vajomag
Улица 1, бр. 161 а, 1043 Петровец
Skopje, 1000

Добредојдовте на официјалната Facebook страница на Vajomag :) Посетете ја нашата веб страна http://vajomag.com.mk/

Рајска Градина Рајска Градина
Улица Борис Трајковски бр. 294, Кисела Вода, Скопје
Skopje, 1000

Внимателно избрани состојки, за вашите јадења да бидат повкусни.