АудиоБар

АудиоБар

Nearby restaurants

Step Food
Step Food
Pariska

Бар роден од пасија кон музиката, префинетиот звук, доб

Photos from АудиоБар's post 06/12/2023

Официјален пијалак на концептот “Крај Вардарот Сесии” во Audiokultura е The Singleton од Gemak Trade (Gemak Trade). Single malt виски со одлично избалансиран вкус.

Фото галерија на Татајана Ранташа од исклучителниот настап на Поетроника, проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе.

Ladna е поддржувач на Аудиокултура.

30/11/2023

Terroir, Vranec 2018 Grand Reserva.

Chateau Kamnik Winery @ Audiokultura.

26/11/2023

"Поетроника" на Андреја Салпе и Оливер Митковски како дел од „Крај Вардарот сесии“ во Аудиокултура.

На 02.12.2023 година (Сабота), во Audiokultura ќе се реализира последниот настан во живо од концептот „Крај Вардарот сесии“ во соработка со Божиновски часовници и накит (Bozinovski watches & jewelry) и PMGJazz

"Поетроника" (Poetronika - Andreja Salpe, Oliver Mitkovski) е иновативен уметнички проект кој содржи креативен избор на дела од македонското поетско творештво ставени во современ музички контекст, поточно во електронска музичка форма.

Овој поетско – музички проект е креиран од двајца извонредно талентирани уметници од нашата средина. Читачкиот (поетски, интерпретативен) дел му припаѓа на бардот на современото македонско глумиште, фантастичниот Оливер Митковски. Музичкиот, е дело на еден од водечките современи македонски електронски артисти, младиот и безмерно надарен, Андреја Салпе.

Официјален пијалак на настаните од концептот „Крај Вардарот сесии“ во Аудиокултура е The Singleton од Gemak Trade

Поддржувач на сите настани во Аудиокултура е Ladna.

Photos from АудиоБар's post 24/11/2023

Вчеравечер во Аудиокултура се одржа уште еден извонреден настан од концептот "Live at Audiokultura".

Споделуваме фото галерија на Стефан Рајхл од вечерта која ќе остане запаметена како уникатно музичко патување кое го приредија Thanos Stavridis и Stella Tempreli.

Photos from АудиоБар's post 10/11/2023

Live at Audiokultura” со Летечки Пекинезери.

Аудиокултура во средата беше домаќин на уште една музичка група која преку свој настап во живо приреди уникатно музичко уживање за 50 нови љубители на квалитетна музичка култура.

Летечки пекинезери презентираа авторска музика, но и раскошно музицирање, софистицираност, компактност, изразена мелодичност и префинет стил.

Фото: Стефан Рајхл

Photos from АудиоБар's post 02/11/2023

“Ladna - дел од секоја добра приказна”

Ladna е дел од официјалната програма и концепт на Audiokultura и Аудиобар.

29/10/2023

“Live at Audiokultura” (50 guests limited) за 2023 година го заокружуваме со нова двомесечна програма во рамки на која свои настапи во живо ќе реализираат респектабилни музички имиња:

- Летечки пекинезери,
- Танос Ставридис и Стела Темпрели,
- Бобан Мирковски и
- Пијан Славеј (Бранислав Николов)

Заради ограничениот број на посетители, за присуство на настаните неопходна е предходна резервација.



#ПолесноЕЗаедно

Photos from АудиоБар's post 24/10/2023

The Singleton од Gemak Trade е официјален пијалак на концептот “Крај Вардарот Сесии” во Audiokultura.

Посетителите на овие настани имаат можност да го пробаат овој Single malt виски со перфектно балансиран и мазен вкус.

Следниот настан од овој концепт е на 26.10.2023 на извонредната Дуња Иванова на пијано. Настанот е целосно резервиран.

20/10/2023

“Крај Вардарот сесии” во Audiokultura со Дуња Иванова, четврток (26.10.2023) од 19:30ч.

Дуња Иванова ќе отсвири композиции од двајца извонредни композитори, Ludovico Einaudi и Ана - Пандевска.

Заради ограничениот број на гости, неопходна е потврда на резервација.

Photos from АудиоБар's post 14/10/2023

Фото галерија на Татјана Ранташа (Tatjana Rantasha) од вчерашната промоција во Audiokultura на новиот албум на Филип Букршлиев Трио „All the Sad Words in the Beggar’s Dictionary“ во организација на Skopje Jazz Festival.

Пред бројна публика дел од новиот албум беше претставен во живо од одличните Филип Букршлиев, Андреја Мирческа и Славчо Коцев.

Албумот е во издание на SJF Records, а воедно настанот беше предвесник и придружна програма на 42.Skopje Jazz Festival.

Photos from АудиоБар's post 07/10/2023

"Jazz Fusion" со Фјола Исмаили во Аудиокултура

На 05.10.2023, Фјола Исмаили, заедно со Дамир Имери, Михаил Парушев и Дарко Мучев реализираше свој настап во живо во Аудиокултура

Во рамки на ОФФ Програмата на Аудиокултура, проектот на Фјола Исмаили, наречен “Jazz Fusion” беше презентиран преку изведба во живо на познати џез композиции.

Звучната репродукција на настанот се реализираше преку системите од Teoharov Audio.

Атмосферата од одлична музика и врвен звук беше надополнета со промоција на Amarula – оригинален крем ликер од вкусно овошје.

01/10/2023

“Jazz Fusion with Fjolla Ismaili” / OFF - Program во Audiokultura и АудиоБар.

Овој четврток (05.10.2023) како дел од ОФФ Програмата на Аудиокултура најавуваме интересен проект на Фјола Исмаили, наречен “Jazz Fusion” на кој ќе настапи со одлична група на музичари.

Покрај Фјола Исмаили како вокал и предводник на бендот ќе настапат и:
Дамир имери - клавијатури
Михаил Парушев - перкусии
Дарко Мучев - бас

Настанот започнува во 19:30 и заради ограничениот број на места за посета на настанот потребна е предходна потврда на резервација.

Photos from АудиоБар's post 24/09/2023

Дел од атмосферата на последниот “Live at audiokultura” со Георги Шарески Трио.

Официјален пијалак на настаните се прекрасните вина од Камник. Оваа вечер во фокус беше Pinot Noir.

Генарален покровител е Комерцијална банка, додека звучната репродукција се реализира преку системите на teoharov Audio.

Ladna е поддржувач на музичката програма во Audiokultura и Аудиобар.

20/09/2023

"Крај Вардарот сесии" во Аудиокултура.

Од 28 септември го продолжуваме концептот "Крај Вардарот сесии" во Аудиокултура.

И со оваа втора сезона, заедно со Божиновски часовници и накит, ќе ја продолжиме долгорочната цел за промоција на добра музика и креирање на материјал со кој се збогатува македонската музичка архива.

Четиримесечната програма опфаќа настапи во живо на Galatheia, Dunja Ivanova, Muhamed Ibrahimi и Poetronika.

Звучната репродукција на сите настани ќе се реализира преку аудио системите од teoharov Audio.

Официјален пијалак на настаните од концептот "Крај Вардарот сесии" во Аудиокултура е The Singleton од Gemak Trade.

Поддржувач на сите настани во Аудиокултура е водата Ladna.

Photos from АудиоБар's post 08/09/2023

“Live at Audiokultura” - 50 Guests Limited со Симеон Петров Квартет.

Фото: Стефан Рајхл

02/09/2023

"Live at Audiokultura" со Симеон Петров Квартет во Audiokultura и АудиоБар.

Квартетот на Симеон Петров го сочинуваат Georgi Sareski - гитара, David Mooney - контра бас, Simeon Petrov - труба и Aleksandar Petrov - тапани. Тоа е составот со кој ја започнуваме реализацијата на двомесечната програма од втората сезона на "Live at Audiokultura"

Носителот на овој Квартет, Симеон Петров е роден 2005 година, во Париз кој уште на рана возраст ги прави своите први музички чекори.

Растејќи во средина каде џез музиката е секојдневие, Симеон лесно ја прифаќа како форма на музичко изразување па Пијаното и Трубата ги втурнува во нова музичка авантура за која самиот пишува музика.

"Live at Audiokultura" започнува во 19:30 часот, а за посета на настанот задолжителна е навремена резервација.

28/08/2023

“Live at Audiokultura” - 50 Guests Limited.

06.09.2023 година е датумот на кој официјално ја започнуваме втората сезона од концептот “Live at Audiokultura” на кој Генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје.

Двомесечната програма од новата сезона опфаќа настапи во живо на:
- Simeon Petrov Quartet,
- Georgi Sareski Trio,
- Gordan Spasovski Trio и
- Adriano Trindade од Бразил.

На четирите мини концерти ќе биде презентирана авторска музика, а звучната репродукција ќе биде реализирана преку High End аудио системите од teoharov Audio.

Винарија Камник како официјален пијалок и во оваа втора сезона ќе ги збогати настаните со своите прекрасни вина.

Нов поддржувач на концептот и настаните во Аудиокултура е Ladna.

Слушаме добра музика, создаваме АудиоКултура…

Photos from АудиоБар's post 27/08/2023

По успешно завршената прва сезона на тематски настани кои се реализираа во Аудиокултура и АудоБар, продолжуваме со реализација на втората сезона од концептите преку кои воведуваме нов начин на презентација на добра музика и врвен звук.

Новите двомесечни програми за “Live at Audiokultura”, “Крај Вардарот сесии” и “Vine & Music sessions” се веќе подготвени, а со реализација ќе започнат во месец септември.

Дополнително се подготвени и презентации на нови албуми, слушачки промоции, аудио компарација на опрема и други настани поврзани со музика, уметност и аудио опрема.

Детали за програмата следат во наредните денови…

26/08/2023

Кругот на пријатели и поддржувачи на Audiokultura и АудиоБар се проширува.

Ladna е нов официјален поддржувач на нашите концепти и пријател кој тежнее квалитетната музика и врвниот звук да бидат секојдневие на што поширок круг на луѓе со кој заедно ќе градиме нови звучни искуства.

17/06/2023

Freddo Espresso @ Audiokultura.

10/06/2023

Different kind of bar - AudioBar.

04/06/2023

“One makes the difference” - Live Happilly

Photos from АудиоБар's post 13/05/2023

Како официјален пијалак на “Live at Audiokultura”, винарија Камник вчера вечер за посетителите на настанот овозможи дегустација на прекрасното вино The Orange.

Photos from АудиоБар's post 02/05/2023

Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery) како официјален пијалак на концептот “Live at Auidokultura” изминатиот петок ја збогати вечерта со дегустација на виното Pure Elegance.

Фото: Стефан Рајхл

Photos from АудиоБар's post 29/04/2023

“Do it with passion, or not at all.”…

🍹

24/04/2023

Нова винска листа од Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery) во Аудиокултура.

Photos from Audiokultura's post 22/04/2023

Wine & Music Sessions by Audiokultura & Kamnik (Chateau Kamnik Winery).

14/04/2023

Brewed with precision for a great tasting cup…

illy espresso @ Audiokultura

Photos from АудиоБар's post 07/04/2023

Фото галерија од настаните кои го одбележаа месец Март во Audiokultura и АудиоБар.

02/04/2023

Talisker Skye, Single Malt Scotch Whiskey, официјален пијалак на последниот настан во Audiokultura, кој се одржува во соработка со Gemak Trade.

Фото: Татјана Ранташа

22/03/2023

Sour Cherry Gin, приготвен со посебно внимание и квалитетни состојки:
- Beefeater Gin,
- Fresh Cherry,
- Fresh Lemon &
- Fresh Lime.

АудиоБар во Audiokultura.

🍹

Photos from АудиоБар's post 19/03/2023

“Wine and Music Sessions” е насловот на новиот концепт кој од петокот започна да се реализира во Аудиокултура заедно со Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery).

Под мотото “Музиката спојува, виното инспирира”, уживавме во одлична музика и врвни вина преку кои беше истакната суштинската врска меѓу музичката и винската култура.

Автентичниот музички амбиент во Audiokultura, беше надополнет со едукативна винска презентација, Blind tasting дегустација на вино од Камник и незаборавна музика во изведба на маестралниот Јован Милошевски на акустична гитара.

До следната “Wine and Music Session”…

Фото: Стефан Рајхл

17/03/2023

Friends play music во Audiokultura и Аудиобар.

И оваа сабота во Аудиокултура и АудиоБар ќе преовладува одлична музика надополнета со добри пијалаци.

“Friends play music” е концепт на неформални музички сесии на кои пријатели на Аудиокултура ќе пуштаат музика од своите лични колекции.

“Friends play music” започнува во 12 часот.

15/03/2023

What do you prefer?

Audiobar @ Audiokultura.

Photos from АудиоБар's post 11/03/2023

Variety of quality wines @ "Live at Audiokultura”

Chateau Kamnik Winery

photo: Stefan Rajhl

10/03/2023

Добар коктел за крај на работната недела…

Manhattan Cocktail во Аудиобар.

#аудиобар

Photos from АудиоБар's post 07/03/2023

“Крај Вардарот Сесии” во Аудиокултура со Глигор Кондовски.

Во соработка со:
Bozinovski watches & jewelry,
teoharov Audio
Gemak Trade
PMG Recordings &
Audiokultura

Фото: Стефан Рајхл

04/03/2023

The Singleton од Gemak Trade, официјален пијалак на “Крај Вардарот Сесии” во Audiokultura.

#крајвардаротсесии

03/03/2023

Март во Audiokultura и АудиоБар.

Новата програма на тематски настани за месец Март кои ќе се реализираат во Аудиокултура е веќе подготвена.

“Live at Audiokultura”, “Крај Вардарот сесии”, “Honey brown со Игор Спироски”, “Friends play music”, “Wine & Music Sessions” и “Винил базар во Аудиокултура” се неколкуте различни концепти преку кои промовираме култура, стил, одлична музика и врвен звук.

Photos from АудиоБар's post 28/02/2023

Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery ) е официјален пијалак на концептот "Live at Audiokultura". Посетителите пред и за време на настаните имаат можност да пробаат неколку сорти високо квалитетни вина и да уживаат во музиката.

Редновната винска листа во Аудиокултура се состои од следните вина:
- Winemakers Selection 2021
- Viognier 2021
- Winemakers Selection 2020
- Cuvee de Prestige 2019
- Terroir Vranec Grand Reserva 2018

Want your restaurant to be the top-listed Restaurant in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Audiobar music menu 15.12.21 - 18.12.21- 15.12 Artist night: The Smiths- 16.12 B-Sides & Rarities- 17.12 Unusual DJ Set:...

Category

Telephone

Website

Address


Helsinki, 13
Skopje

Opening Hours

Monday 08:00 - 00:00
Tuesday 08:00 - 00:00
Wednesday 08:00 - 00:00
Thursday 08:00 - 00:00
Friday 08:00 - 01:00
Saturday 09:00 - 01:00
Sunday 09:00 - 00:00

Other Coffee Shops in Skopje (show all)
CAPRI EVERGREEN CLUB CAPRI EVERGREEN CLUB
Ulica Atinska Br. 25
Skopje, 1000

InnCaffe InnCaffe
Kemal Sejfula
Skopje, 1010

Cafe Pauza Cafe Pauza
Rajko Zinzifof 18
Skopje, 1000

Brand new location for bakers with experience. You can find your sweet or salty pleasure, soft drink

Maalski Bar Maalski Bar
Bukureshka 407
Skopje, 1000

Маалски бар во срцето на Тафталиџе.

As Trade As Trade
Skopje, 1000

Stav Kafe Stav Kafe
Gradski Park
Skopje, 1000

Најдоброто кафе во градот со логото на вашата компаниј

Sector ﹺ6 Sector ﹺ6
Jorgandziska
Skopje, 1000

Coffee bar Sector 6

Трач Бар Трач Бар
Boulevard Kuzman Josifovski Pitu Br. 24 Lokal 9
Skopje, 1000

Урбано место за добар трач ��

Port Caffe Port Caffe
Dimitar Turimandzhoski 5a
Skopje, 1000

Versage Energy Drink Mk Versage Energy Drink Mk
Skopje

Energy drink