МУЗА Книги до дома
Nearby shops
Mito Joveski, Kicevo
Prilep
Bitola
Veles
Prilep
Современа веб-книжарница * Плати со картичка или плати на врата * Бесплатна достава до дома * Само квалитетни и читливи романи
🏖️ДЕНЕС ЗАВРШУВА ЛЕТНАТА АКЦИЈА! ⛱️
🪘🪇🎷☀️Дојде време да ја започнеме досега најголемата и најдолга летна all-inclusive акција, која ќе трае 14 дена и вклучено ќе биде сѐ: и најголемиот попуст, и бесплатната достава до дома, и слободниот избор на најубавите книги со најдобар превод и лектура.
1️⃣ книга -16%
2️⃣ книги -26%
3️⃣ книги -36%
4️⃣ книги -46%
5️⃣ книги -56%
Линк за нарачки https://muza.mk/kategorija/akcii/
🪘🪇🎷☀️Дојде време да ја започнеме досега најголемата и најдолга летна all-inclusive акција, која ќе трае 14 дена и вклучено ќе биде сѐ: и најголемиот попуст, и бесплатната достава до дома, и слободниот избор на најубавите книги со најдобар превод и лектура.
1️⃣ книга -16%
2️⃣ книги -26%
3️⃣ книги -36%
4️⃣ книги -46%
5️⃣ книги -56%
Линк за нарачки https://muza.mk/kategorija/akcii/
Искрен пријателски совет 🤗
Отсега натаму со секој купен примерок од учебникот "Вивчаємо македонську - Учиме македонски", кој е уникатен во светски рамки, добивате и подарок книга од украински автор.
Учебникот „Вивчаємо македонську – Учиме македонски“ содржи обемен материјал (28 наставни целини на 230 стр.) за интензивен курс по македонски јазик на нивоата А1 и А2. Учебникот е наменет за изучувачи што го познаваат украинскиот јазик. Содржи детални објаснувања на граматиката на македонскиот јазик напишани на украински, како и оригинални текстови на македонски јазик. Погоден е и за самостојно учење.
«Вивчаємо македонську» – це унікальний підручник із вивчення сучасної македонської мови. Підручник містить 28 лекцій, які охоплюють необхідний мовний матеріал (з лексики та граматики) для початкового рівня (А1-А2) у вивченні іноземної мови. Головною метою цього підручника є підготувати тих, хто вивчатиме македонську мову до практичного застосування мови в процесі комунікації в різних мовленнєвих ситуаціях. У даній ситуації (у 2024 році) надіємось, що цей підручник допоможе українцям із тимчасовим (або тривалим) перебуванням у Македонії.
230 стр. Димензија 260х185 мм. Прво објавување: 2024 год. Автор: Игор Станојоски.
Бесплатна достава до дома во границите на Македонија почнувајќи од 15 мај. Линк за нарачки: https://muza.mk/knigi/%d0%b2%d0%b8%d0%b2%d1%87%d0%b0%d1%94%d0%bc%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%8c%d0%ba%d1%83-%d1%83%d1%87%d0%b8%d0%bc%d0%b5-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81/
Украинска литература на штандот на Муза! 🇺🇦
Саем 2024 📚
.zolai
Препорака за книга од саем! 🛍️📚
🛍️📚
Спремни за Саем!
Големи попусти на сите книги!
Акциски пакети од 3 и 5 книги!
Од 18 до 24 април СЦ Борис Трајковски и онлајн на www.muza.mk
Универзитетскиот професор Иван Коваленко е среќно оженет со богатата сопруга Јулија, живее на една од најубавите улици во својот омилен град, има работа која не би ја менувал за ништо на светот, кариерата му е во подем, ужива во сопствените предавања и во амбиентот на работното место. Еден ден на испит кај него доаѓа студентка со фалсификуван потпис во индексот. Тука започнуваат турбуленциите од чијашто разрешница ќе зависи сѐ во животот на професорот.
Велите дека треба да бидам среќна.
Велите дека морам да се научам на тоа.
Велите дека заслужувам да бидам среќна.
Добро, ќе ви раскажам нешто за себе.
,,Сакав да напишам роман за тоа колку е тешко да ги разликуваш вистината и лагата и да му се спротивставиш на злото. Сакав да покажам како одредени избори, кои на набљудувачот му се чинат едноставни, може да бидат нејасни и непремостиви. На крајот, поради самата себеси сакав да објаснам зошто се случуваат таквите работи и зошто ни е тешко да се соочиме со нив." - Алена Морнштајнова
,,Не постојат случајни средби.
Секоја на нешто нѐ учи.
Не постојат случајни разделби.
Секоја собира по едно парче од нашата душа."
"Првиот универзитетски ден на мојата ќерка" во ново руво 👒
Се гледаме на штандот на Муза од 18 до 24 април 📚
Велиш можеме да бидеме заедно, но само кратко, никој не смее да дознае за тоа, но на кратко можеме.
А исто така и ќе бидеме засекогаш заедно, секогаш ќе те сакам.
А уште и не очекував дека ќе знаеш толку убаво да се бакнуваш!
Јас сум мал погреб на моите родители...
,,Гневот во рамките на литературата не го сметам за негативен, тој за мене е продуктивна емоција. Тагата да, тагата е негативна, тагата води кон пасивност и не можеш ништо со тоа да направиш освен полека да се бориш да се ослободиш од неа на сите можни начини. А гневот е стимул за делување. Да се лутиш, значи да сакаш нешто да промениш, да создадеш." - Никол Хохолцерова
На прв поглед шумата и куќата се како од бајките. Но со секој нареден ден шумата милиметар по милиметар навлегува низ сите пукнатини и ја презема контролата врз животите на сите во домот.
Колку е тешко да се повлече линија меѓу лагата и вистината?
Се гледаме на штандот на Муза 18-24 април.
Во мало ерменско гратче на 79-годишна возраст умира ѕидарот Симон, почитуван од сограѓаните, но исто така и познат по своите љубовни походи. За да го испратат на последното патување, во неговиот дом кај ужалената сопруга доаѓаат сите жени што тој некогаш ги сакал. И секоја од нив има своја приказна.
Се гледаме на штандот на Муза од 18 до 24 април.
"Оваа соба не може да се изеде", но оваа книга мора да се прочита 😉🥰
За првпат излегува во 2021 година како дебитантски роман на 22-годишната Никол Хохолцерова и веќе е преведен на десетина јазици, снимен е филм и направени се три драматизации. Се гледаме на штандот на Муза 18-24 април.
📚📚
Knishka_m ❤️
.
"Додека сите живееја од шверц и мислеа единствено на пари, Тис живееше како сиромашен учител кој не се грижи за себе, туку за Украина. Своето лузерство си го правдаше со тоа што тој не е просечен."
Дејството на романот се случува во еден западноукраински, пограничен град во 2015 година.
Тес, наставник по историја, патриот, човек кој живее да ја види својата татковина ослободена од корупција, политички блокади и визни режими, смислува план за изградба на тунел скриен под фонтана подигната во чест на "обединувањето на Европа". Зад оваа идеја се крие заговор за копање подземен премин кој би водел од другата страна на границата, погодност која ќе привлече и ликови од другата страна на законот, луѓе инволвирани во криминал, шверц, трговија со човечки органи и мигранти. Замислата пак на Тис е сосема поинаква од онаа на партнерите бидејќи тој инспириран од Евромајдан и руската анексија на Крим, замислува имагинарен начин за интеграција на земјата кон Европа.
Помеѓу инволвираните ќе настане конфликт бидејќи секој ќе го гледа својот интерес во "слободниот тунел", начин за поголема заработка и проширување на илегалното делување, несвесни за можните последици од изградбата...
Одлично напишан роман со доза на хумор и иронија, во кој преку една група ентузијасти се претставени мноштво недостатоци на украинското општество. Ликовите се олицетворение на она што е труло и што нема намера да се подобри, спротивно, тежнее да го задржи истиот амбиент во кој поединци профитираат меѓу безредието и апатијата.
Препорака, оцена 9/10
Наслов: Карбид
Автор: Андриј Љубка
Издавачка куќа: Муза, Скопје, 2023
Превод од украински: Игор Станојоски
Број на страници: 262
#книшка #муза #читајтеквалитетно #читамкнига
#букстаграмер #букстаграм #книжевнапрепорака #книгаикафе #книга #библиотека #литература #култура #скопје
Откако измина уште една година бесценето дружење со книгите на Муза, редно е да го сумираме следново:
Најпродаваниот наслов во 2023 година или
1. место го освои долгоочекуваниот роман од Игор Станојоски (по пауза од 6 години). Романот „Полиглот“ се појави на почетокот на мај, како саемски новитет, па затоа и донекаде очекувано се искачи високо на листата на најпродаваните.
2. место го зазеде делото на руската Ерменка Нарине Абгарјан. „Три јаболка паднаа од небото“ се појави есента 2022 година во извонредниот превод на Костадин Голаков и набргу стана омилена „бајка за возрасни“ меѓу нашите читатели.
3. место го зазеде романот „Хана“ од Алена Морнштајнова. „Хана“ се појави во 2020 година во превод на Игор Станојоски и веќе трета година е при самиот врв на најпродаваните.
4. место го освои романот „Недела попладне“ од неверојатната Викторие Ханишова. И овој роман излезе како саемски новитет во предвечерието на Саемот на книгата 2023 во превод на Игор Станојоски. Според многумина, ова е досега најдоброто дело на Ханишова.
5. место го освои „Вратената“ од Донатела ди Пјетрантонио. „Вратената“ се појави пролетта 2023 година со одличниот превод од италијански на Јована Караникиќ Јосимовска и мошне бргу се стекна со голема популарност меѓу читателите.
Романот Скала од Евгенија Кузњецова е прогласен за Книга на годината според BBC Ukraine за 2023 година! Македонското издание може да се чита во издание на Издавачка куќа МУЗА 🥰
Embassy of Ukraine in the Republic of North Macedonia
ЗАВРШЕНО
🎁🎁
Издавачка куќа МУЗА Ви подарува книжевно новогодишно пакетче со три книги по ваш избор 📚😍
✅ Заследи нѐ @Издавачка куќа МУЗА
✅Лајк на постот 👍🎀
✅ Во коментар означете пријател кој сака книги (означувањето е неограничено) 📚
Извлекувањето ќе биде на 21.12 со апликација за рандом извлекување 🥰
Среќно! 🎁
Сите нарачки во декември ќе ги добиете во новогодишно пакување 🎄🎀🎁😊
Knishka_m ❤️
.
"Маја не беше свесна колку е земјата исполнета со кодоши. Системот беше основан не само врз стравот од армијата, туку уште повеќе и од тајната служба. (...) Беше исплатливо да се кодоши..."
📖 "Ноември" е израз кој се користел за да се опишат настани поврзани со револуцијата од 1989 година кога народите на државите од Источниот блок се избориле за пад на еднопартиските комунистички режими.
Авторката го опишува животот на едно семејство кое заради дејствија поврзани со "Револуцијата" ќе биде разделено засекогаш. Мајката е осудена на дваесет години затвор без можност да си ги гледа децата, а единственото што ја одржува во живот се писмата за кои се надева дека ќе стигнат до нив.
Паралелно се раскажува и животот на едно девојче кое расте во државна институција, место каде државата ги воспитува децата на "политичка коректност". Амбиентот е исполнет со страв, дисциплина и заслужени поени за пријавување неправилности - кодошење.
Со години затворени во држава со ѕидови, без објективно известување и цензура на вестите, авторката главните ликови ги одделува и опишува како спротивност на казнети и наградени. Овие две различни приказни на крајот добиваат шанса за чисто согледување на животот кој за жал, најмалку го живееле за себеси.
Одличен роман! Одушевена сум од раскажувачкиот стил на Морнштајнова која користи вистинити настани и сведочења за да опише еден мачен дел од европската историја.
Препорака. Оцена 8/10
Наслов: Ноември
Автор: Алена Морнштајнова
Издавачка куќа: Муза, Скопје, 2021
Превод од чешки: Игор Станојоски
Број на страници: 310
#книшка #муза #ноември #читаме #читајтеквалитетно #литература #аленаморнштајнова #букстаграмер #култура
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Skopje
ТЦ Рамстор Мол
Skopje, 1000
Knigoteka Ikona ТЦ. Рамстор, Скопје Skopje, Macedonia tel. +38978415205 e-mail: info@
Orce Nikolov 93/1
Skopje, 1000
Издавачки центар ТРИ | www.kniga.mk | Книжарници ТРИ
Улица Цветан Димов 29, Скопје, Северна Македонија
Skopje, 1010
Libra, sexhade, barna dhe çajra natyrore, mjalt, lloje të ndryshme të miskave (parfumave)...
Ankarska, 31
Skopje, 1000
Бејкер Стрит кафе&книжарница 📚☕🍨🍦
Gradski Dzid, Blok 3, Lokal 12
Skopje, 1000
YOUR ELT NEEDS - OUR MISSION The first bookshop with best quality English books in the Republic of Macedonia.
Petricka Br. 6
Skopje
Вашето омилено книжевно катче 📚 Зачекорете во магичниот свет на книгите 💫
City Mall
Skopje
Бараш уникатен подарок? Тука може да најдеш совршен подарок за архитектот од твојот живот.
Димитрије Чуповски бр. 26а
Skopje, 1000
We're promoting our bookstore and the books that we sell in it.
Pushkinova 7A
Skopje, 1000
Natasha Book Corner is your new favorite place in town, where you can enjoy a good book and deliciou