Let's cook
Здрави, и брзи рецепти кои за кратко време ќе станат омилени на вас и вашите најмили ❣️
Како ти се грижиш за твоите килограми?
Внесувањето на течности е особено значаен затоа што многу е лесно телото да дехидрира кога надвор температурите се високи.
Кога станува збор за течности бидете внимателни со алкохолните пијалаци затоа што пивото и алкохолните коктели ќе ве разладат, но тие дополнително можат да ја влошат состојбата затоа што алкохолот го дехидрира телото.
Многу луѓе се борат да најдат алтернативи за висококалорични пијалоци од кафе, сокови, газирани пијалоци итн. Затоа, еве неколку идеи за подготовка на ладен чај кој би бил идеален за овој период од годината.⠀
⠀
Еве како да го подготвите секое:
(се прави околу еден бокал) ⠀⠀
1- МАЛИНА-ЛИМЕТА
Сварете 2 чаши вода. Откако ќе зоврие, тргнете го од оган, додадете ½ шолја малини, сок од лимета, 1 лажица мед и додадете 2 кесички чај од хибискус. Така подготвени оставете ги неколку минути, а потоа извадете ги филтер кесичките од хибискус, и ставете во фрижидер. Откако ќе се изладат, просејте ги малините и истурете ги во бокал. На крајот, додадете свежо овошје, и лед доколку сакате и уживајте!
2- АНАНАС- ЃУМБИР:
Сварете 2 чаши вода. Откако ќе зоврие, додадете 1 лажичка рендан ѓумбир, тргнете го од оган и ставете во 2 кесички ројбос чај со 1 лажица мед. Оставете 5-6 минути, а потоа во фрижидер на некое време. Откако ќе се излади, просејте го ѓумбирот и истурете во блендер со ½ чаша ананас. Мешајте додека не се изедначи, просејте ја пулпата и истурете во бокалот по ваш избор. Потоа додадете свеж ананас и лед!
• Наместо ананас може да искористите кајсии, зелени јаболка или пак портокал
3- ПРАСКА - БОРОВНИЦА:
Сварете 2 чаши вода. Откако ќе зоврие, тргнете го од оган, додадете ½ шолја боровинки, 1 лажица мед и ставете ги во 2 кесички црн чај. Оставете 4-5 минути, а потоа во фрижидер на некое време. Откако ќе се изладат, просејте ги боровинките, истурете ги во бокал и додајте свежи праски и боровинки.
!
4- ЈАГОДА- МИНТ:
Сварете 2 чаши вода. Откако ќе зоврие, тргнете го од оган, додадете ½ чаша јагоди, 2-3 гранчиња нане, 1 лажица мед и ставете ги во 2 кесички чај од нане. Оставете 10-12 минути, а потоа во фрижидер на некое време. Откако ќе се излади, просејте ги листовите нане, истурете ги во бокал и додадете свежи јагоди и листови од нане.
5- МАЧА - БОСИЛЕК:
Сварете 2 чаши вода. Откако ќе зоврие, додадете 4-5 листови босилек, 2 лажици сок од лимон и тргнете го од оган. Во посебен сад измешајте ¼ шолја вода со 1 лажичка мача во прав и мешајте додека не се соедини добро. Откако ќе се олади водата од босилек, додадете 1 лажица мед и просејте ги листовите босилек. Потоа соединете ја водата од босилек со мачата и истурете во бокалот по ваш избор.Оставете во фрижидер да се олади. Додадете свежи парчиња лимон, листови босилек и уживајте!
6 вкусни и нутритивно богати идеи за тортиљи (повлечи за да ги видиш состојките во секоја).
Тортиљите може да бидат одличен начин за промена на секојдневната исхрана, при тоа внесувајќи вкусни и нутритивно богати намирници. Плус, тие можат да се прилагодат за да одговараат на тоа што сакате вие! Една важна работа што треба да се забележи при изборот на вашата тортиља е дека многу традиционални тортиљи имаат малку до-никакви хранливи материи непроменети поради начинот на кој зрното се обработува.
Затоа, внимателно при изборот на тортиља!
Еве ги деталите за секој вид од прикажаните:
------------------
1. Југозападна:
Тортиља
Зачинет стек
Пире од авокадо
¼ чаша пченка
¼ чаша црн грав
¼ чаша рендано сирење
Грст домати
----------------
2. Зеленчук:
Тортиља
2-3 парчиња бифтек
домат
Рукола
¼ чаша кромид
5-6 парчиња краставица
¼ чаша рендан морков
¼ шолја хумус
---------------------------
3. Италијанска:
Тортиља
¼ чаша песто
3-4 парчиња пршута
Артичока
Печена црвена пиперка
босилек
4-5 топчиња моцарела
----------
4. Класична:
Тортиља
Органски парчиња мисиркина шунка
Гауда
¼ шолја авокадо
¼ чаша кромид
2-3 домат
зелена салата
сенф
-----------
5. Со кикиритки:
Тортиља
Зачинето пилешко
¼ чаша црвена зелка
¼ чаша рендан морков
¼ чаша кикирики
Црвена пиперка
Спанаќ
Магдонос по вкус
----------------
6. Доручек тортиља:
Тортилја
2 јајца
Домати
Спанаќ
Печурки
¼ чаша печен сладок компир
1 лажица фета
--------------
Која ја бираш ти?
Се наближуваме до период од годината кога сè повеќе ќе ги среќаваме шумските или бобести овошки.
—————-
Може да се консумираат свежи, сушени, а може и да се комбинираат и употребат во бројни рецепти. Тие се одличен додаток за палачинки, мафини или за било каков тип на слатко, торта и сл. Може да се користат и во шејкови, овошни салати како и да бидат прилог на овесот во вашите појадоци.
———
Како вие ги вклучувате боровинките во исхраната?
Немаш доволно време да си подготвиш оброк, или пак не си ги организирал/а приоритетите?🫠
——-
За секој нутритивно богат оброк е потребно околу 15/20минути, но ти бираш да гледаш Нетфликс и да чекаш 40минути достава на пица.
———
Нареден пат добро размисли пред да донесеш одлука за твојот оброк, затоа што твоите избори ти даваат резултати тебе.
——
Во која група на луѓе припаѓаш ти 🤔
Не, ова не е мој песимистички поглед за производите на полиците во маркетите, ниту пак имам за цел да ви испратам порака “Не трујат!”
Ова е само сликовито предупредување со порака “ЧИТАЈТЕ ДЕКЛАРАЦИЈА”😊
Кока кола без шеќери, и 0 калории, и понатаму е пијалок без никакви нутритивни вредности.
Light верзијата на некои производи содржат околу 30% помалку некои состојки од нивната оригинална верзија (масти, шеќери, соли..), но тоа не го спречува произведувачот да биде дарежлив со некои други состојки затоа што производот сепак мора да се продаде, а никој не би сакал да јаде копија без вкус.
———
Ова не е правило, но сепак во повеќето случаеви е докажано дека постои замкава за потрошувачот. Производот не го прават добар нагласените големите букви, туку оние со мали на позадината од истиот.
Пиењето една чаша вода на празен желудник наутро има бројни здравствени придобивки. Не само што ќе го одржите здравјето, ќе го подобрите варењето, туку и ќе го забрзате метаболизмот. 💧 💧
————————
Водата помага за создавање на нови крвни клетки, мускулни ткива и одржување на тежината или слабеење.
—————
Водата ги измива цревата и ја зголемува способноста на желудникот да ги апсорбира хранливите состојки од јадењето кои се полесни за варењето, како предуслов за здравјето. 💦
Што применувате вие наутро?
Пред да се обвините себе си дека не сте доволно истрајни и дисциплинирани, обидете си да си одговорите на овие прашања при обидот за нов здрав начин на исхрана.
——————-
Кое е вашето мислење околу ова? Рестриктивен начин на исхрана или помали и посигурни чекори?
Кокошкините јајца можат да бидат со различни бои, а вообичаено е да се најдат и кафени и бели јајца во маркетите.
———————-
Сепак, многу луѓе не знаат што предизвикува јајцата да бидат различно обоени.
————-
Лушпите од јајцата исто така може да варираат по боја кај иста раса на кокошки, во зависност од генетската доминација кај поединечните птици.
Секој производ има за цел да задоволи одредена потреба, но кога некој производ не може да го направи тоа, рекламата може да ја заврши работата манипулирајќи со стравот.
—————
Кога рекламата ќе го поврзе производот со еден од најсилните човекови мотиви, тој лесно ќе се реши да потроши некој денар, без разлика дали тоа е неопходно.
————-
Напишете во коментар доколку се сетите на уште некој маркетиншки трик при продажба на вакви производи. 👇
Колку пати сте пристапиле со “Цела недела нема да јадам..” тоа и тоа.
Со пристапот “Морам, прекинувам, никогаш повеќе..” си ја ускратувате приликата да научите нешто ново и да си го сослушате телото.
Автосугестијата може да биде одличен моќен метод и кога е исхраната во прашање, затоа ви предлагам да се обидете со малку повеќе љубезност да зборувате на себе за новите навики. 🍀
Сопствената сугестија е секогаш посилна од сугестијата на некој друг. Свесната автосугестија која е применета со верување, како во неа така и во самите себе, се остварува со математичка точност во границите на она што не се противи на здравиот разум.
А еве и некои примери како да го направите тоа.👆
Напишете во коментар како ви се допаѓа ваквиот пристап.👇🍀
Фарбањето јајца за Велигден е интересна традиција, која оваа година можете да ја направите уште позабавна користејќи природни бои.
——————
Лушпа од кромид, цвекло, црвена зелка, морков, спанаќ, црвен пипер, шафран, чај од шипки, кафе, зелен чај, боровинки… изберете ги природните продукти во зависност од боите кои сакате да ги постигнете. Резултатот ќе бидат прекрасно бојадисани еколошки јајца.
———
Ајде заедно да се грижиме за нас самите, за нашите најблиски и околината ❣️
Идеалниот појадок често пати може да ни биде и како ручек. Без разлика дали појадувате или не, храната што ја внесувате рано наутро ако не е соодветна може лошо да влијае на вашето здравје.
——————
Проблемот настанува кога внесувате шеќери и масти кои не се потребни рано наутро на вашиот организам. Овие калориски „бомби“, наместо да го забрзаат наутро метаболизмот имаат спротивен ефект.
——-
Кои грешки вие ги правите најчесто?
Хељда семето најчесто се користи во различни рецепти за чорби, супи и ладни салати. Може да се користи и како добра, квалитетна замена за оризот, а брашното од хељда е одлично за додавање во лебовите и различните веге плескавици (за полесно сврзување).
________________
Покрај тоа, таа претставува нискокалорична храна која е одличен извор и на витамини, минерали и моќни антиоксидативни компоненти.
Идеална е за луѓето со целијакија, бидејќи не содржи глутен.
_______
Колку често јадете вие хељда? 🤔
Зелени и здрави колачиња
Ова се пченкарни колачиња за кои е потребно малку време за подготовка. Одлично се комбинираат со јогурт, маслинки, павлака или било кој намаз по ваш избор.
Потребно е :
🍪 100 гр. овесни снегулки
🍪 100 гр. пченкарно брашно
🍪 30 гр. сусам
🍪 30 гр. ленено семе
🍪 30 гр. семки од тиква
🍪 30гр. сончоглед
🍪 1 јајце
🍪 пола канче урда (од )
🍪 4/5 лисја блитва
зачини
-сол
-бибер
-оригано
1. Овесните снегулки, пченкарното брашно и семињата ставете ги во блендер и мешајте дури не дојде до нивно изедначување. Потоа префрлете ја така подготвената смеса во длабок сад. И додадете ги зачините.
2. На блитвата сечете и ги дршките потопете ја во врела вода 10/15мин а потоа истурете ја водата.
3. Во блендер ставете го јајцето, урдата и блитвата. Измешајте ја добро течната смеса а потоа додадете ја во длабокиот сад заедно со останатите состојки. Мешајте дури добиете топче од тесто кое може да се меси. Доколку ви е премногу сува додадете малку топла вода, или пак ако е премногу течна додадете пченкарно брашно. Јас немав потреба од додавање.
4. Извлечете го подготвеното тесто со сукало во тенка кора и со помош на чаша (или калапи) направете форми. Одозгора, јас им ставив сусам.
5. Ставете ги во подготвено тавче со хартија за печење, и печете на 160 степени 20ина минути.
*печењето сепак зависи од рерната затоа најдобро да си го прилагодите времето за печење според вашата рерна.
Салатката со цвекло и морков е преедноставна за подготовка. Потребно е:
🥗 1 шолја рендано цвекло
🥗 1 шолја рендан морков
🥗 1/4 шолја ситно сецкани кисели краставички (јас користам од )
🥗 1 лажица сенф
🥗 1/2 шолја грчки јогурт
🥗 сол по вкус
опционално:
Доколку сакате можете да додадете и малку лук, кромид и свеж магдонос
1.Во длабок сад измешајте го сенфот и грчкиот јогурт, потоа додадете ги краставичките и промешајте дури добиете хомогена смеса.
2. На крај додадете ги ренданите морков и цвекло, промешајте дури да се соединат состојките.
3. Складирајте се во тегла или длабок сад со капак во фрижидер.
4. Одличен е на потпечено лепче, или како додаток во тортиља. Комбинации има секакви, витамини премногу.
Не заборавајте да си го сочувате рецептот ❣️
Уживајте!
#рецепти
#споделирецепт
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Website
Address
Ulica Georgi Dimitrov Br. 1/1
Skopje, 1000
Nie sme firma sto uspesno rabotime od 2010 godina. Se zanimavame so Horeka prodazba, t.e. snabduvame restorani, hoteli i dr. so meso, proizvodi od meso i se ostanato sto im e potr...
Boulevard VMRO No. 3
Skopje, 1000
Sushi & Poke Bowl delivery and catering service in the center of the city!!!
Илинден
Skopje
• Свежи оплодени јајца од домашно одгледувани препели