Bima Nuts

Трговија со зрнести производи на големо и мало

19/03/2024

Бадемите се богати со витамини, па бадемовото млеко не мора дополнително да се витаминизира.Бадемите содржат витамин ,манган,селен,магнезиум,калиум,цинк,железо,влакна,фосфор и калциум.

Лесно можете да го приготвите и сами дома,па затоа ние ви го предлагаме следниот рецепт:

Состојки:

1 чаша сурови бадеми (несолени, непечени)
4 чаши вода
½ лажичка екстрат од ванила
¼ лажичка цимет
Бадемите ставети ги во сад и додадете вода.Оставете ги да одстојат во водата преку ноќ или 8-12 часа, така што бадемите ќе омекнат, а со тоа се олеснува примената на Бадемовото млеко.
Потоа процедете ги бадемите од течноста, ставете ги во блендер и додадете 4 чаши вода.
Миксирајте за време од 1 до 2 минути, додека смесата стане хомогена. Млекото процедете го низ цедилка, или по желба ако сакате додадете екстрат од ванила и цимет.
Готово бадемово млеко ставете го во шишиња, чувајте го во фрижидер и искористето го во рок од 2 дена.

01/01/2024

Среќни Новогодишни и Божикни празници ви посакува тимот на Бима Нутс.

Почетна 28/12/2023

Искористете го промотивниот код од 10% на нашиот веб сајт за престојните Новогодишни и Божиќни празници.

Почетна Продажба на свежи апетисани ( Лешници, Бадеми, Фстаци, Индиски ореви, Бразилски ореви.... ), Суво овошје ( Урми, Смокви, Суво сливи без семка, Суво грозје....) и Чиа семе, Ле...

27/12/2023

Уживајте во нашите вкусни сирови лешници без лушпа.
Совршени за попладневна ужина,нашите природни лешници се богати со протеини и малку маснотии.
Лешниците содржат речиси 91% мононезаситени масти и помалку од 4% заситени масти.
Исто така придонесува за значителни количини на протеини,влакна,железо,фосфор,витамини Б1,Б2,Ц и Е,и многу други есенцијални хранливи материи.
Поради високото ниво на монозаситени масти придонесуваат за намалување на холестеролот.

23/12/2023

Поради својата навистина богата хранлива вредност, чиата се смета за ,,супер-храна"
Чиа семето е богато со омега 3 масни киселини, протеини и влакна, а исто така содржи и голем број на витамини (Б, А, Ц, Е), минерали (манган, фосфор, калциум, железо, магнезиум, цинк и калиум) и антиоксиданси.

Семето е одлично за регенерација на кожата, во согорување на мастите, го зајакнува телото и позитивно влијае на органите за варење.

Чиа семето се смета за одлична храна за дијабетичари бидејќи го контролира нивото на шеќер во крвта.

22/12/2023

Оревите се богати со нутритивни состојки,особено со незаситени масни киселини,од кои се издвојуваат омега-3 масните киселини кои се одговорни за правилно функционирање на мозочните клетки.
Содржат повеке витамини.а особено се застапени:Б6,Б1,Б9,Б2,Б5,Ц,Е и К.
Од минерали најзастапени се:Манган,фосфор,магнезиум,железо,цинк,калциум и калиум.
Оревите се корисни за:подобрување на меморијата,подобар сон,го регулираат холестеролот и дијабетот,ги штитат крвните садови и превенираат рак на дојка.

22/12/2023
12/12/2023

Јаткастите плодови содржат добри масти,уште наречени омега 6 и омега 3 масни киселини кои му помагаат на огранизмот да извршува голем дел функции.Овие супернамирници се ботанички суви семиња кои покрај добрите масти содржат и други хранливи материи неопходни за вашето здравје.
Сите видови на јаткасти плодови го штитат срцето од заболувања и придонесуваат за неговото здравје.
Ваквите супернамирници помагаат со тоа што го намалуваат лошиот холестерол.Додека пак масните киселини и влакната што ги содржат во нив го штитат срцето.
https://naracki.bimanuts.mk/kategorija/apetisani/

Почетна 11/12/2023

Зошто кралската урма е толку посебна?
-Таа може да ви помогне во намалувањето на холестеролот
-Намалување на нивото на три глицериди
-Алтернативен природен засладувач
-Високо ниво на антиоксиданси
-Го штитат срцето
-Го регулираат шеќерот во крвта
-Високо ниво на влакна

Почетна Продажба на свежи апетисани ( Лешници, Бадеми, Фстаци, Индиски ореви, Бразилски ореви.... ), Суво овошје ( Урми, Смокви, Суво сливи без семка, Суво грозје....) и Чиа семе, Ле...

Кралска урма 14/11/2023

Кралска урма Урмата од сортата Medjool или Кралска урма се карактеризира со изразито големи и сочни плодови, позната во Јордан како Плод

18/04/2023

Бразилските ореви се исклучително богати со селен, кој е особено важен за нормално функционирање на тироидната жлезда, а исто така помага во спречување на коронарна артериска болест, цироза на црн дроб и рак.

Покрај селен, од минерали содржат: бакар, цинк, магнезиум, калциум, калиум, железо, фосфор и манган.

Тие се богати со Б витамини како и витамин Е и мононезаситени масни киселини.

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:
https://naracki.bimanuts.mk/

10/04/2023

Зoшто путерот од кикирики е здрав?

По многу едноставниот рецепт, кикириките се многу добри за вашето срце и вашата кожа, затоа што го содржи витаминот Б, кој е богат со протеин и влакна.
Па така можете да го користите како доручек или ужина, а познато е дека од путерот од кикирики се прават колачи,торти и енергетски барови.
За путер од кикирика можете да користите кој како ги сака најмногу – печени, солени, несолени или измешани.

Потребни состојки:

2 чаши суви печени кикиритки
1-2 лажици мед или шеќер
дополнителна сол по вкус

ИНСТРУКЦИИ:
Ставете ги кикиритките во процесор за храна. Вклучете го процесорот за храна и оставете го да работи 4-5 минути. За тоа време, ќе видите како кикириките одат во фази од трошки до сува топка до мазен и кремаст „течен“ путер од кикирики. Ако сакате, промешајте го медот и дополнителната сол.
Чувајте го во фрижидер или на собна температура ако мислите дека ќе поминете доволно брзо.

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:
https://naracki.bimanuts.mk/

08/04/2023

Индиските ореви се полни со витамини, минерали, антиоксидантни соединенија и незаситени масни киселини.

Од минералите најзастапени се: бакар, фосфор, железо, магнезиум, манган, селен и цинк, кои имаат важна улога во многу физиолошки процеси.

Индиските ореви се богати со витамини Б1, Б5, Б6 важни за здравјето на нервниот систем, како и витамин Е и К.

Тие го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, спречуваат формирање камења во жолчката, го намалуваат ризикот од рак и помагаат во одржување на здравјето на коските.

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:
https://naracki.bimanuts.mk/

07/04/2023

Сувите смокви изобилуваат со Б витамини, К, Ц и Е. Тие се одличен извор на минерали: магнезиум, манган, калциум, железо, фосфор и калиум.

Исто така тие содржат тројно повеќе магнезиум од свежите, кој го штити нервниот систем, важен е за коските и за имунитетот.

Големото присуство на калиум придонесува за нормално функционирање на срцето. Смоквите имаат ниска содржина на масти, а побогати се со влакна споредено со свежите смокви.

Корисни се за дигестивниот систем и придонесуваат за слабеење, а имаат и антиканцерогено својство.

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:
https://naracki.bimanuts.mk/

06/04/2023

Бадемите во споредба со останатите јаткасти производи се најбогати со калциум.

Освен тоа, тие се неверојатен извор и на други минерали како: магнезиум, калиум, железо, цинк бакар и селен.

Тие се богати со витамини, како: В2, В3, В5, В6 и В9. Бадемите се особено богати со витамин Е кој е моќен антиоксидант и придонесува за добар изглед на кожата.

Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, како резултат на присуството на мононезаситени масни киселини и флавоноиди.

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:
https://naracki.bimanuts.mk/

05/04/2023

Лешниците во својот состав содржат многу витамини: Е, Ц, Б1, Б6, Б9 и К.

Од минерали содржат: манган, калциум, магнезиум, фосфор, железо и цинк.

Лешниците се корисни за спречување на кардиоваскуларни болести, нормално функционирање на нервниот систем, виталноста на кожата, намалување на холестерол, подобрено функционирање на цревата, како и регулирање на шеќерот во крвта.

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:
https://naracki.bimanuts.mk/

04/04/2023

Доколку сакате да се храните здраво, тогаш чиа пудингот е идеален за вас.

Чиа семето има многубројно својство и дејство за вашето здравје, па дури и со млекото од бадем или овошје се претвара во префкусен појадок или ужина.

Состојки:

250мл бадемово млеко
2 лажици чиа семе
100гр овошје по ваша желба
1 лажица мед
1 до 2 лажички ленено семе

Начин на подготовка:

Во една чаша за вода ставете млеко и 2 лажици чиа семе. Добро промешајте и оставете ја во фрижидер да одстои цела ноќ.

Сабајле, кога ќе ја извадите чашата од фрижидер, ќе приметите дека чиа семето се има набабрено и створено во пудинг.

Вашата чиа пудинг е спремна!

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:
https://naracki.bimanuts.mk/

03/04/2023

Ф’стаците се најниско калорични јаткасти плодови. Имаат совршен баланс на амино киселини, витамини и минерали. Богати се со фосфор, манган, железо, магнезиум и калиум, а се исклучително богати со витамините Б1 и Б6 важни за правилна работа на нервниот систем. Ф’стаците имаат силни антиоксидантни својства. Нивната редовна употреба го намалува ризикот од рак, процесот на стареење, ризикот од кардиоваскуларни болести.

Посетете ја нашата онлајн страница на следниот линк:

https://naracki.bimanuts.mk/

Bima Nuts Трговија со зрнести производи на големо и мало

17/12/2020

12/12/2020

Јаткасти плодови за одлично здравје!



#биманутс #јаткастиплодови #здраваисхрана

Want your business to be the top-listed Grocery Store in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Telephone

Website

https://naracki.bimanuts.mk/

Address


Internacionalni Brigadi
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00
Saturday 07:00 - 14:00
Other Health Food Shops in Skopje (show all)
Niederegger Marzipan Македонија Niederegger Marzipan Македонија
Ul 29ti Noemvri Br 13
Skopje, 1000

Марципан за љубов. Од 1806 г.

Robust Superfood Robust Superfood
Skopje

Започни го денот со лажица мед.🍯

More Mania Sushi & PokeBowl More Mania Sushi & PokeBowl
Boulevard VMRO No. 3
Skopje, 1000

Sushi & Poke Bowl delivery and catering service in the center of the city!!!

Алое Вера производи Скопје Алое Вера производи Скопје
Macedonia
Skopje

Форевер Ливинг програма на природни производи со серт?

V-Nuts V-Nuts
Skopje, 1000

Производи кои не прават извонреден производител и изв?

Nuts_mk Nuts_mk
Булевар Македонија
Skopje, 1000

Продажба на апетисани во големи и мали количини.

Bletaria F. Bukoviq Bletaria F. Bukoviq
Skopje, 1000

Bletaria F.Bukoviq, Mjaltë 100% bio

Crux.mk Crux.mk
Skopje, 1000

100% природни путери од кикирики и лешници. Нарачај ја твојата тегличка во порака. Достава низ цела �

Zeleno Zdravjebim Zeleno Zdravjebim
Skopje, 1000

Mila's Granola Mila's Granola
Skopje, 1000

Виртуелно местенце каде може да си нарачате домашно подготвена гранола со мед – без додадени шеќери.

On BIO SHOP On BIO SHOP
Скопје, Северна Македонија
Skopje, 1106