DAY CARE

Day Care е решение за сета помош која ви е потребна за гриж?

Со цел да обезбедиме врвен квалитет на услугите кои ги нудиме, поставивме три основни начела на работење:

Грижа за корисниците (Квалитетот на услугата ја обезбедува добриот работник, идеален спој на вашите барања со квалитетите на нашиот вработен, градење на однос на доверба и сигурност),

Професионални стандарди (Законска регулатива, вработување, стручен тим),

Грижа за нашите вработени (Пронао

Day Care – Со Day Care решението е само на чекор од вас. 07/09/2022

Ова е новиот веб сајт на DAY CARE ( https://daycare.com.mk ) каде што можете да ги видите услугите кои ги нудиме, да пратите барање за конкретната услуга, а воедно и за сите заинтересирани кандидати што би сакале да станат дел од нашиот тим да можат да аплицираат.
Ве очекуваме!

Day Care – Со Day Care решението е само на чекор од вас. Искусни и професионални негуватели за да ја сочувате независноста во вашиот дом...

21/12/2021

Почитувани пријатели на Day Care, доколку имате потреба од нашите услуги:
- дадилки и бебиситерки за вашите дечиња
- негуватели/ки за возрасни лица во домашни услови
- домашни помошнички за вашиот дом (чистење, перење, пеглање, готвење)
Ве информираме да не побарате на нашиот телефон 077677982 или да ни го напишете вашето барање на маил: [email protected] и ние во најбрзо време ке ви одговориме.

Секогаш ваш,
Day Care

25/12/2018

Среќен Божиќ на нашите пријатели кои што го слават денес, имајте прекрасен ден со Вашите најмили! 🎄

10/10/2018

Неколку совети за адаптација на детето во градинка:
• Припремето го детето за во градинка на време.
• Не му говорете или не го заплашувајте детето со воспитувачките и градинката.
• Адаптацијата во градинка се состои во постепено зголемување на часовите на детето во дневниот престој.
• Трудете се детето да не ги осети Вашите емоции кога го оставате во градинка.
• Упорноста е клуч на успехот за добрата адаптација на детето во градинка.
Предностите на градинката:
• Детето учи да дели љубов, играчки, внимание, што е посебно битно за децата кои немаат брат или сестра.
• Детето учи околу припадноста, различностите, да прифаќа други деца без оглед на разликите во полот, кожата, расата.
• Се учат да бидат по трпеливи, да ги одложат своите потреби и да се научат да го почекаат својот ред.
• Детето учи од другите деца, полесно ги прифаќа нивните модели на однесување.
• Сфаќа дека како и другите деца и тоа има стравови, грижи и дека мегусебно со своите другарчиња и воспитувачи истите можат да се решат.

Кога ќе одлучите дека сепак е вистинското време Вашето дете да почне да оди во јасли или градинка, гледајте по неговото враќање од истите, да му посветите што повеќе внимание, за да тоа не се чуствува напуштено туку дека неизмерно го сакате.

Шетајте со детето, одете по купување на намирници, водете го детето во парк, наградете го со нова играчка, купете му го омиленото колаче.

Искажете му љубов на сите можни начини. Научете го Вашето дете дека се што правите е за него и за негово добро, и дека без оглед на се, Вие сте тие кои ќе бидете тука како подршка за секој проблем, за било каков сомнеж.

Само така Вашето дете ќе одрасне во емотивна и психички стабилна јака личност, кое на своите деца ќе настојува да им пружи љубов и подршка и да биде добар родител како Вас.

03/09/2018

Среќен прв училишен ден на сите дечиња, поготово на нашите првачиња колачиња - Day Care

20/06/2018

Со пристигнувањето на летото ви предложуваме неколку креативни идеи за квалитетно поминато време со вашите деца за време на летниот одмор.
Се што ви треба е празна табла јајца, празни пластични чашки и чинии, бои, украсна хартија, камчиња од плажа, школки.
Уживајте.

07/06/2018

Креативни идеи за изучување на бројки низ едноставни цртежи за Вашите деца.

27/04/2018

Неколку идеи за да ја разбудите креативноста кај вашето дете притоа поминувајќи квалитетно и забавно време заедно овој викенд.
Се што ви треба е дрвени стапчиња, бои и имагинација.
Дополнително Вашето дете ќе има повеќе играчки кои ќе му бидат подраги затоа што сте ги направиле заедно.

04/04/2018

Го чекаме Велигден,
со срце , со душа,
велигденска песна
секаде се слуша.

Јајцата бојосани
блескаат ко свила,
а детската радост
секому е мила.

Ќе направи мама
колачиња разни
Велигден е најголем
Христијански празник.

Десет јајца скршив
ширам весел ѕвон
во кршење јајца
јас сум шампион.

Покрај приготвувањето на велигденските јајца, еве и неколку дополнителни идеи за разубавување на велигденската трпеза заедно со Вашите дечиња.
Среќен празник.

12/02/2018

Има безброј начини да изградите посилни врски со вашите деца, некои од нив се следните:
*Поминувајте време заедно*
Створете навика да работите заедно. Дури и ако се работи за кратка прошетка, или некое време предвидено за пазарење до најблиската продавница, тие моменти се можност да се поврзете, да осознаете што се случува во секој од вашите секојдневни животи.
*Вечерајте заедно*
Идејата е да се создаде заеднички простор во вашите животи, каде што сите можете да разговарате за веќе изминатиот ден и за активностите планирани за деновите потоа.
*Викенд акција*
Правење на оброци, средување на детската соба, диплење на алиштата итн. Oвие задолженијата се уште една можност да работите рамо до рамо со вашите деца. Тоа е исто така одличен начин да ги подготвите вашите деца, со вистински животни вештини кои тие ќе треба да ги применат во зрелоста.
*Планирајте забавни излети*
Без разлика дали тоа е ден во зоолошката градина или 30 минути на нивниот омилен лизгачки парк, овие излети се важни.
*Поставувајте прашања*
Разговораварајте активно со вашите деца за нивните секојдневни активности . На пример, прашувајте: "Кој беше најдобриот дел од денот?" или "Кажи ми нешто што те изненади". Наскоро ќе имате повеќе длабоки двонасочни разговори во кои ќе уживате и ќе знаете што вашето дете прави додека е во училиште и разделено од вас
*Поканете ги нивните другарчиња во вашиот дом*
Важно е да знаете со кого се дружат вашите деца. И колку повеќе знаете за пријателите на вашите деца, толку по-заокружена и прецизна слика ќе имате од нивниот социјален живот и она што го прават кога не сте заедно.
*Бидете пристапни*
Нека вашите деца знаат дека сте на располагање да разговарате за нешто што е во нивна мисла. И кога вашето дете прави нешто што ве вознемирува, обидете се да зборувате за тоа на мирен, разумен начин. Замолете ги да ви кажат што се случило и зошто се случило и пробајте да дискутирате за алтернативи без лутина или пресуда.
*Бидете тренер*
Бидете личност која дава насоки и бидете личен пример за вашето дете. Немојте само да им кажете на своите деца што да прават,објаснете им ги вашите гледишта без доза на наметливост. Ова ќе им помогне да ја разберат поголемата слика и да се пронајдат себеси.
*Давајте им безусловна љубов*
Важно е децата да знаат, со сигурност дека не можат да ја изгубат вашата љубов кон нив. Може да бидете лути, може да бидете разочарани, но никогаш нема да престанете да ги сакате а тие тоа треба да го знаат.
*Инвестирајте во вашата врска*
Времето што го посветувате сега на вашите деца на крајот ќе се исплати, кога вашите деца ќе продолжат да ги прикажуваат вредностите што вие сте ги научиле дури и кога би можеле да изберат да прават поинаку. Верувајте дека секоја жртва, разговор и час на време, влева вистински придонес кон личноста во којашто вашето дете ќе порасне!

04/01/2018

Неколку совети за позабавен зимски распуст на Вашите деца.

*Станете дел од талент шоу*
Ова е активност со толку многу можности!
И тоа е одлично за сите возрасти, вклучувајќи ги и возрасните. Целото семејство може да ги покаже своите таленти - синхронизирање на усни и танцување на омилена песна или само пеење неколку песни. Дознајте што најдобро функционира за Вашето семејство. И ако сите Ваши деца не се родени изведувачи, тие сеуште можат да уживаат во пишување, насочување или дизајнирање костими.

*Печете колачиња заедно*
Од мали деца до тинејџери, децата сакаат мешање и мерење, но најмногу од сè, тие ги сакаат колачињата на крајот.

*Не ги пропуштајте Божиќните настани*
Возете со автомобилот низ осветлениот град, Одете на Бадниковиот оган, на Божиќна претстава, искористете ги предностите на празниците, попустите и бесплатните градски настани.

*Гледајте фамилијарни филмови заедно*

*Направете семејна новогодишна фотографија или новогодишно видео*

*Уметничко лизгање, скијање, санкање*
Ова се одлични начини да уживате во спортот во зима. Се разбира, тие зависат од времето и колку блиску живеете во зимски рекреативни области.
Само свртете и движете се!

*Прочитајте книга заедно*
Дури и ако редовно ги читате заедно, малку ќе ги промените работите за време на паузата за Божиќ. Изберете нешто малку различно од вашиот обичен материјал за читање. Можеби пробајте книга на Божиќни песни. И ако читањето заедно не е дел од вашата рутина, сезоната на одмор е одлична можност за почеток.

*Создадете своја приказна*
Една приказна може да биде одличен спомен за одмор. И ова е прекрасна активност за деца од сите возрасти. Децата кои штотуку почнуваат да разговараат можат да придонесат за групната приказна. Постарите деца можат да пишуваат или илустрираат.

10/11/2017

ИMATE ПОТРЕБА ОД ДАДИЛКА ИЛИ БЕБИСИТЕРКА, НЕГУВАТЕЛ ЗА ВОЗРАСНИ ЛИЦА ИЛИ ДОМАШЕН ПОМОШНИК?

Со DAY CARE решението е само на чекор од Вас.

Располагаме со голема база на кандидати кои имаат соодветни квалификации и искуство за работата што ја извршуваат.

Во тимот на DAY CARE се вклучени профили на стручни лица (психолози, социјални работници), задолжени за селекција на кандидати за професионално, квалитетно и навремено извршување на услугите.

Во текот на целиот период на користење на услугите на DAY CARE, ние сме директно вклучени во контрола на квалитетот на дадената услуга, како и во разрешување на можни несогласувања.

Доколку сакате да заштедите своето време и труд а имате потреба од дадилка, негувател или домашен помошник, повелете во DAY CARE.

За повеќе информации исконтактирајте не на телефонскиот број 071 262 802 или посетете го линкот http://daycare.com.mk/welcome/contactUs

09/11/2017

www.daycare.com.mk

Day Care, агенција која нуди професионални услуги за грижа и нега на деца и ворасни лица, како и за одржување на домаќинства, има потреба од следниве работни позиции :
• НЕГУВАТЕЛКИ НА ДЕЦА (ДАДИЛКИ И БЕБИСИТЕРКИ)
• НЕГУВАТЕЛИ НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА
• ДОМАШНИ ПОМОШНИЦИ
Потребни услови:
• Претходно работно искуство во доменот на позицијата за која се аплицира;
• Достапни препораки од претходниот/те работодавач/и, односно семејство/а;
Лични карактеристики, вештини и спосособности:
• Лојалност, професионалност и дискретност;
• Одговорност, чесност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
• Почитување на семејните правила и вредности;
• Флексибилност во однос на работното време;
Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите биографии на е-маил [email protected]. или со пополнување на онлајн апликацијата за работа која се наоѓа на вебсајтот www.daycare.com.mk.
За сите дополнителни информации кандидатите можат да се јават на телефонскиот број 071/ 262 802 од Понеделник до Петок од 08:30-16:30.
Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

daycare.com.mk

17/10/2017

Само четири зборови ги опишуваат најважните активности за родителите постојано да се вклучени во развојот на децата: допир, разговор, читање, играње. Како овие четири, лесно спомнати зборови влијаат врз социјалниот и емоционалниот развој?
• Допир овозможува Вашето бебе да се чувствува безбедно и сакано и да всади доверба меѓу вас. Дополнително, со допир, Вашето бебе може да почне да ги препознава лицата. Користејќи го нежниот допир на вашето бебе доведува до негова утеха, сигурност и да придонесе за силна емоционална врска.
• Разговорот го поттикнува развојот на јазикот, комуникациските вештини и препознавањето на гласот. Вашето сакано ќе ја дознае структурата на разговор кога ќе му дадете шанса да одговорите назад или користите гестови и изрази на лицето.
• Читање помага во развојот на јазикот и пишувањето кое ќе цвета кога Вашето бебе ќе расте. “Време е за приказна” е едно големо емоционално зближување на двајцата од Вас. Создавањето конзистентна рутина која вклучува читање ќе го научи вашето малечко дека неговата околина е безбедна и предвидлива, што од своја страна ќе помогне да се развие самодовербата и самоконтролата.
• Играта има клучна улога во развојот на решавање на проблеми, донесување одлуки и креативност, и може да го подобри расположението на Вашето бебе. Искуствата за време на играта помагаат да се изградат социјалните вештини на вашето бебе, што е клучна компонента на здравиот социјално-емотивен развој.
Овие активности го стимулираат мозокот на Вашето бебе преку создавање на повеќе врски секој пат кога тој или таа доживува нешто ново и возбудливо. Откако ќе започнете да го подготвувате Вашето бебе за предучилишна возраст, вештините што се развиваат преку допирање, зборување, читање и играње директно ќе влијаат на неговата социјална и академска изведба.

21/09/2017

Потрудете се да обезбедите корисни и интересни материјали за вежбање и со вашиот креативен начин да ја претворите секоја вежба и процес на учење во забавна игра за детето.
На пример, со поттикнување на моториката на дланката, односно движења на дланката и на прстите се поттикнуваат и соседните зони во мозокот кои управуваат со говорот.
На децата во тоа може да им се помогне со забавни игри како редење, сложување, откопчување, закопчување, собирање на мали предмети од маса со помош на два прста, изградба на разни фигури и слики од стапчиња, користење на хартија и молив за да се поврзуваат точки и да се доцртува, боење итн. Способноста која малите деца ќе ја развијат е предуслов за успех во подоцнешните графомоторички активност како цртање и пишување.
Треба да постои флексибилност на дланката и на прстите уште во предучилишната фаза, односно детето да умее да држи молив, линијата да му е јасна, да знае да повлекува линија од црта до црта, од точка до точка, да знае да прецрта геометриски форми, да умее да го напише своето име, а вие можете многу да му помогнете да го усвои овие вештини токму преку игра - вежба.

11/07/2017

За потребите на семејства во Скопје, Day Care објавува оглас за дадилки, негувателки на возрасни лица и домашни помошнички.
За подетални информации можете да се јавите на 071 262 802.

Станете дел од тимот на Day Care.

07/07/2017

Една идеја како летните активностите со Вашите деца да ги направите креативни и забавни е да цртате на камењата кои заедно ќе ги соберете на плажата на која ќе летувате.
Со ваков тип на активности не само што поминувате квалитетно време со Вашите деца и создавате заеднички спомени, туку и ја развивате нивната креативност.

23/06/2017

Драги родители сигурно се подготвувате да заминете за прв пат на патување со бебе или мало дете, сигурно ги правите сите можни планови како најлесно да пристигнете до посакуваната дестинација. За почеток, имајте на ум дека ќе носите многу багаж, бидејќи колку што е помало детето толку повеќе работи ви се потребни.

За да си го олесните патувањето убаво распоредете ги работите во куферите и запишувајте каде ги пакувате работите, во случај нешто да ви затреба додека патувате.

Во продолжение прочитајте ги сите трикови кои ги споделија родителите со повеќегодишно искуство:

Бидете флексибилни. Патувањето со мало дете може да биде прекрасно доживување, но претходно мора да се релаксирате и да ги оставите работите сами да си одат по својот тек. Предолгото стоење во место, без разлика дали во автомобил или количка за деца, може да го онерасположи вашето дете, кое брзо го губи интересот. Затоа, доколку по пат сакате да разгледувате некои знаменитости, најдобро би било да се ограничите на најважните.

Планирајте чести запирања

Фрижидер за патување, наполнете го со доволно количество вода, солени грицки, слатки и сѐ она што му е омилено на вашето дете.

Тие не треба да бидат во багажникот, туку во торба во автомобилот. Доколку детето не го издржува патот, дајте му ги омилените сликовници, играчки, пуштете му забавна, детска музика и на тој начин вашето дете ќе заборави на патот и ќе ужива во патувањето.

Последни подготовки

Малите деца лесно се приспособуваат на нов ритам и на возењето до далечните дестинации, што не е случај со малку поголемите деца. Затоа, на вашето дете покажете му фотографии од местото во кое што одите и бидете возбудени, на тој начин детето едвај ќе чека да дојде денот на патување.
Уживајте во патувањето

27/04/2017

Day Care има потреба од проширување на тимот.

11/04/2017

Прихранувањето е воведување нови продукти во исхраната на доенчето кои не се млеко или заменско млеко за доенчиња, поточно кога ваквата исхрана почнува да станува недоволна за задоволување на зголемените енергетски потреби на доенчето. Тоа е преодниот период меѓу само млечната исхрана до вообичаената исхрана. Прихраната се воведува на возраст на детето меѓу 4 и 6 месец. Сите здрави деца би требало да бидат на прихранување на возраст од 26 недели. Никако не се препорачува да се воведува пред 4 - от месец, бидејќи тогаш дигестивниот тракт на доенчето не е доволно развиен за да ја свари храната. Прераното воведување на прихраната ја зголемува опасноста од алергиски реакции на храна, а може да доведе и до прерано одбивање на исхраната со мајчино млеко или со заменско млеко за доенчиња. Од друга страна пак, ако со прихранување се почне премногу доцна по 6-от месец, можни се тешкотии и отпор при прифаќањето нова храна.

Неколку совети за полесно воведување на прихраната:

• Запознавајте го бебето постепено со новите видови на храна - еден по еден нов продукт, за да се привикнат на новиот вкус
• Во храната не додавајте сол, шеќер и зачини
• Храната во првите 6 месеци треба да се миксира, а потоа само да се иситни
• Новиот вид храна во почетокот давајте ја во многу мало количество (неколку лажички) и постепено зголемувајте го количеството храна
• Направете пауза од неколку дена (4 до 5) меѓу давањето нови продукти, за евентуално да забележите дали бебето развило некаква негативна реакција на храната (алергија)
• Првите хранења со лажичка сфатете ги повеќе како игра отколку како вистински оброк. На секое бебе му треба време за да сфати дека тоа е нов начин на добивање храна.
• Не инсистирајте бебето да изеде сè по секоја цена – ако ја врти главата и ја затвора устата, тоа е знак дека е најадено.
• Бебето хранете го полека, лажичка по лажичка – бидете трпеливи и смирени.Секоја промена па дури и во хранењето е голема новост како за бебето така и за вас.

11/04/2017

DAY CARE

ПОКАЗАТЕЛИ ЗА НОРМАЛЕН РАЗВОЈ НА БЕБЕТО ОД ПРВИОТ МЕСЕЦ ДО ЕДНА ГОДИНА

1-ви месец
• Спонтано смеење
• Ја менува моменталната активност кога е изложено на звучна дразба , додека на светло трепка
• Дланките му се стегнати
• Кога има предмет ставен на дланката, цврсто го држи
• Нозете му собрани кога е придржувано под пазуви
• Општа положба на флексија
• Симетрија на изгледот и пасивни движења на екстремитетите

3ти месец
• Воспоставува контакт со насмевка и гукање
• Се врти и реагира на говорот околу него
• Манифестира радост на пријатни емоции
• Со движење на очите и главата ги фиксира и најситните предмети околу него
• Постојано си ги гледа и разгледува рацете
• Дланките му се отворени,а знае и да држи предмети
• Лежи на стомакот и се потпира на подлактиците
• Може да ја држи главата во исправена положба
• Се јавуваат и некои примитивни рефлекси

6ти месец
• Гука повторувајки слогови , т.е. брбори ма-ма,та,та,ба-ба
• Ја разликува својата мајка од другите лица во домот
• Гo одредува правецот на звукот
• Фиксира со двете очи и следи во лак од 180*
• Рацете му се сосема отворени
• Пренесува предмети од рака на рака
• Може да лежи на стомак и се потпира на испружени раце,може и да се превртува на грб
• Во исправена положба може да ја носи сопствената тежина и се одбива од подлогата
• Може да седи со поддршка

9ти месец
• Се обрака и реагира на своето име
• Имитира звуци
• Игра игри (криенка)
• Реагира на познати зборови
• За прв пат се појавува и збор со значење
• Може да игра со предмети, удирајќи ги
• Фаќа со палецот и показалецот
• Може самостојно да седи
• Стои со придржување
• Ползи
• Може да се тркала

12-ти месец
• На барање ја подава играчката
• Имитира одредени движења и гестови (па-па, кашлање и сл.)
• Вокализира еден до три збора со значење
• Се весели во играта со родителите
• Играчките со средна големина ги гледа на далечина од 3 метри
• Се исправа само придржувајќи се за предмет
• Оди ако се придржува за едната рака или ги прави првите чекори

14/02/2017

Една идеа од нас кон вас како со боја и креативност да создадете спомени со вашите најмили.

05/01/2017

Искористете го денешниот прекрасен снежен ден со вашите најмили! Идеа за забава - натпревар во фрлање на снежни топки- кој ќе фрли подалеку. Во шише ставете вода и боја за храна и на снегот обележете еден круг и забавата може да започне.

29/12/2016

Timeline Photos

20/12/2016

Скијањето добро влијае на развивање и јакнење на целокупната мускулатура и зглобови, како и стекнувањето на чувство за рамнотежа кај децата. Децата можат да почнат со учење на скијање откако ќе научат стабилно и самостојно да одат, што би било приближно околу 3тата година. Но, правилно тие ќе го научат овој спорт на 7мата или 8 мата година.
Додека првото застанување на сноуборд (snowboard) не се препорачува пред 7мата или 8мата година, затоа што во таа возраст се дефинира приоритетната страна на телото, што е важно за овој спорт.
Како и да е, идеална возраст да го запишете детето во школа за скијање е после 5тата година. Помалите дечиња имаат послабо внимание и помала развиеност на координацијата на движења, па со тоа можат да ја забават целата група. Затоа и помалите дечиња обично го учат овој спорт индивидуално на рамен терен .

Многу важно во сите спортови на снег е добро да го заштите Вашето дете со топла и водоотпорна опрема која не пропушта ветар , чизми во кој зглобовите ќе бидат зацврстени, кацига и наочари.
Сепак најважно е од се е да не го форсирате детето доколку не пројави интерес и желба да го научи овој спорт.

01/11/2016

Станете дел од тимот на Day Care.

12/10/2016

Есента е позната по многуте дождливи денови, но тоа не значи дека треба децата да престанат да си играат. Еве ви една идеа за игра преку која детето во исто време и ќе се забавува и ќе учи.

• Исечете 6 различни лесно препознатливи облици ( портокалови звезди, сини триаголници , црвени и виолетови квадрати , жолти и зелени кругови)
• Залепете ги исечените облици на под.

Правилата се едноставни :
• Да скока од една страна до друга, допирајќи само една боја или облик
• Едно дете да ги кажува боите или облиците а другото да ги наоѓа
• Следејќи ги инструкциите да скока по облиците – на пример “Скокни два триаголника на десно”
Ова е прекрасна игра за во затворен простор , која ќе ги мотивира децата да се движат и да учат.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Address


Debarca 13/14
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Other Day Care & Preschools in Skopje (show all)
Градинка Срничка Градинка Срничка
Skopje, 1000

Градинка чија примарна цел е да обезбеди здраво и среќ?

Green House Градинка Green House Градинка
BUlica Ilinden 94b
Skopje, 1000

Приватна детска градинка ☎️ 076317414 / 071317413 📩 [email protected] ⏰ 7:30-17:30 > од понеделник до петок 📍Скопје / Skopje

International Kids Academy Skopje International Kids Academy Skopje
BUlica 8. Septemvri Br. 13
Skopje, 1000

We firmly believe that every child is born with a unique talent and unique intelligence.