Alkoteka

Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

16/06/2024

Citadelle e француски џин , дестилиран во мали бакарни тенџериња, како дестилат од 19 ботанички плодови каде доминираат смреката и кората од цитус.

Со свежи, ароматични ноти на цитрус и пролетни цветови. Во вкусот првично се препознаваат коријандер, анасон, лимон, портокал и морско оревче. Повеќеслоен, разновиден и изненадувачки вкус.

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

09/06/2024

Jack Daniel's Tennessee Apple го има уникатниот вкус на Jack Daniel's во комбинација со свеж вкус на зелени јаболка.
Освежувачки и исклучително пријатен.

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

02/06/2024

Vino dei Poeti Prosecco е пенливо вино, добиено од грозје Glera одгледувано според класични, традиционални техники во провинцијата Тревизо. Со текот на годините, квалитетот и карактеристиките на ова грозје, останаа непроменети, правејќи го ова Prosecco едно од најпознататите и најпродаваните италијански пенливи вина ширум светот.
Со златно-жолта боја,
овошни ароми од јаболко и праска и свеж и хармонично избалансиран вкус мешавина од освежувачка газираност и благост.

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

26/05/2024

Создаден од различни видови лековити билки, корени и зачини од целиот свет, овој италилијански ликер-дигестив се карактеризира со префинети, благи ароми и неповторлив вкус кој е "ниту многу сладок, ниту многу горчкив."

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

22/05/2024

Бовин Мускат Темјаника, вино создадено од соспствени лозја на оваа винарија, лоцирани на локалитетот Лепово Брдо. Богата и софистицирана арома, која упатува на плејада од пролетни и овошни мириси.
Со долг и благ вкус, во кој највеќе се препознаваат бозелот и свежите, сочни јаболка.

07/05/2024

Glenglassaugh Revival е шкотски сингл малт виски, одлежан десет години во бурбонски буриња.
Комплексно виски со бакарна боја и ноти на темно чоколадо, мед, орев, сушено овошје и чад во завршетокот.

BENRIACH 10Y single malt e шкотско виски со ароми на путер и свежа кајсија. Непцето дава кадифени слоеви од ванила и мока, обвиени со пријатен чад.
Десет години зреено во
бурбонски буриња, што резултира со овошен виски вкус, каде се препознаваат сочни зелени јаболка и праска, со суптилни впечатоци од анасон и кора од лимон.

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

28/04/2024

Ракијата која ги плени вашите непца, по намалена, промотивна цена!!

Гордион амбер - возбудлива приказна испишана за оние кои уживаат во малите мигови исполнети со префинетост.

Гордион Амбер - пијалак за луѓе со истенчен вкус.

21/04/2024

Винарија Ерос, вино: П'на месечина, Мускат отонел.
Вино добиено од грозје од локалитетот Голем Рид, с. Марена, берено под зраците на полната месечина. Ферментацијата е извршена со квасец кој ги изразува сортните и тероарни карактеристики. Нефилтрирано вино, со нежни цветни ароми и пријатен, сладок вкус. Лимитирано производство од 500 шишиња. Вообичаена е појава на талог.

Вино со врвен квалитет во ограничени количини, одбрани сорти грозје и долгогодишна традиција на производство, се главните причини зошто треба да се проба вино произведено од мала семејна винарија.

14/04/2024

Темјаника добиена од сопствени лозови насади во с. Ресава на 420м надморска височина.
Со жолто - сламена боја и мирис на зрела круша, измешан со ноти на овошни плодови и босилек.
Темјаниката е органски сертифицирана и има лимитирано производство од 400 флаши.

Вино со врвен квалитет во ограничени количини, одбрани сорти грозје и долгогодишна традиција на производство, се главните причини зошто треба да се проба вино произведено од мала семејна винарија.

07/04/2024

Patron Silver е рачно направена текила, во лимитирана количина, со нумерирани флаши. Направена од 100% Син Кактус (Blue Agave). Нежен и благ вкус, цитрусни ароми и
впечатлив послевкус на слаб бибер.

01/04/2024

Hennessy V.S. е еден од најпопуларните коњаци во светот. Зреен во нови дабови буриња, Hennessy V.S соджи зачудувачки интензивни овошни ноти и ароматична раскошност.
Првичниот вкус асоцира на печени бадеми и кафеав шеќер, што се надополнува со втор бран на суптилни лозови ароми, ванила и какао.

24/03/2024

Korlat Aronija: Аронијата е најпознатиот антиоксиданс на денешницата. Спојот на традиционално подготвената гроздова ракија, оплеменет со богатиот слатко - свеж и овошен вкус на аронија создава вистинска сензација.
Аронијата е вистинско мало чудо на природата, полно природни активни соединенија, витамини и минерали и висока нутриционистичка вредност.

Свежината, елеганцијата и хармонијата на овој пијалок најдобро доаѓаат до израз кога се послужува во мала оладена чашка. Совршен начин да го заокружите секое гастрономско уживање.

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

17/03/2024
10/03/2024

Glen Turner heritage е single malt виски со интензивни зачинети и овошни ароми добиени како резултат на двојното созревање на ова виски во бурбонски и чери буриња.

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

03/03/2024

Повеке од 200 години, поточно од 1818 година, Херинг ликерот од цреша го освојува светот. Всушност тој е најстариот и најпознатиот светски ликер од цреша. Автентичен скандинавски производ од Копенхаген, сосема поинаков од сите други. Направен по стар семеен рецепт, но со безвременски, префинет вкус и квалитет кој ги задолува денешните потреби.

25/02/2024

Кувин темјаника: со нежни мускатно цветни ароми, жолто сламеста бојаи ароми на пролетни цветови и бозел. Убаво избалансиран следест вкус.
Вино со врвен квалитет во ограничени количини, одбрани сорти грозје и долгогодишна традиција на производство, се главните причини зошто треба да се проба вино произведено од мала семејна винарија.

Photos from Alkoteka's post 18/02/2024

Стара Соколова ракиите се традиција која трае со векови, од далечната 1830 та година во визбата на семејството Богданович во Бајина Башта. Оваа област е препознатлива по уникатните климатски услови во кои успева една од автохоните сорти на слива- трновача,како и ранка и пожегача.
На секој сегмент од производството се посветува особено внимание, почнувајќи од одбирањето само на најдобрите плодови. Природноста во мирисот и вкусот, процесот на одлежување и зреење на ракијата, софистициран и елегантен дизајн на амбалажата со заштитен жиг се карактеристики по кои оваа ракија е препознатлива ширум светот.
Добитници на повеќе признанија и награди за квалитет во светот

11/02/2024

Вино со врвен квалитет во ограничени количини, одбрани сорти грозје и долгогодишна традиција на производство, се главните причини зошто треба да се проба вино произведено од мала семејна винарија.
Филовски Темјаника се истакнува од другите бели сорти со нејзиното богатсво на антиоксиданси. Спектар на ароми составени од свежо грозје, цитрусни овошја и интензивна цветна арома. Со впечатлива жолто-зелана боја и долготраен богат вкус и свежина.
Филовски вранец со интензивна темно рубин бој, хармоничен вкус на темно шумски овошја, интензивно буке и пријатна арома на дабови бочви.

05/02/2024

Elijah Craig "таткото на бурбонот", првиот бурбон што е чаден, односно одлежан во јагленосани дабови буриња, со што започнува една нова ера во производството на бурбон и виски.
На вкус неоддолива и чиста сладост, со суптилни ноти на марципан. Слаткиот вкус убаво се развива во меко зачаден даб и морско оревче. Со впечатлива бакарна боја и богати ароми на ванила.

Photos from Alkoteka's post 28/01/2024

Writers' Tears, легендарно ирско виски чие производство датира од златната ера на производството ирски вискија, крајот на 19ти век. Стареено во бурбонски буриња, со кремаста структура, килибарна боја и ароми на зелено јаболко и ванила.
Кон крајот на 19тиот век Ирска не само што била водечка држава за производство на виски во светот, туку и родно место на книжевните гиганти како George Bernard Shaw, Oscar Wilde, James Joyce, Samuel Beckett. Многу од овие големи писатели, често заседнувале во нивната локална крчма, каде црпеле инспирација од нивните набљудувања на секојдневниот живот додека уживале во тогаш најпопуларното виски во тој круг, кое подоцна го добива и името Writers' Tears.

14/01/2024

Корлат ракиите и ликерите се лепеза од исклучителни алкохолни производи добиени како резултат на долгогодишна, внимателна работа во која уникатните вкусови на традиционалните пијалаци се интерпретирани на модерен начин, со најдобри природни состојки, во мали серии и со авторски потпис на мајстор-дестилаторот.
Колекцијата на ракии и ликери Корлат, покрај извонредните и уникатни вкусови, се карактеризира и со атрактивен и посебен дизајн на пакување и етикети, кои го потенцираат спојот на занаетчиското производство со природните состојки и ароми.
Четири исклучителни вкусови на ликери, како на пример:
- Ликер од шипка со мирис на цвет од дива роза;
- Ликерот Теранино со овошни ноти;
- Ликер од вишна;
- Ликер од смоква.
Ракиите на Корлат се уште еден извонреден примерок на врвни алкохолни пијалоци. Лозовата ракија на Корлат која е одлежана 24 месеци во барикни буриња, а во понудата од ракии тука се ракиите од дуња, слива, кајсија и круша вилјамовка.

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

24/12/2023

Alkoteka Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци.

Photos from Alkoteka's post 14/12/2023
Want your business to be the top-listed Food & Beverage Service in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

За нас

Специјализирана продавница за алкохолни пијалаци во центарот на Скопје.

Videos (show all)

Website

Address


Булевар Свети Климент Охридски 52
Skopje

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 21:00
Friday 09:00 - 21:00
Saturday 10:00 - 18:00

Other Skopje food & beverage services (show all)
Anni Di Vita Anni Di Vita
16-ta Makedonska Brigada Br. 2/2 Lok. 2
Skopje, 1000

Продавница за здрава храна Health Food Store Храна БЕЗ ГЛУТЕН Gluten free

Nikpromet Nikpromet
Skopje, 1000

Nikpromet DOOEL Skopje

Fibo Komerc Trejd Fibo Komerc Trejd
Ulica Georgi Dimitrov Br. 1/1
Skopje, 1000

Nie sme firma sto uspesno rabotime od 2010 godina. Se zanimavame so Horeka prodazba, t.e. snabduvame restorani, hoteli i dr. so meso, proizvodi od meso i se ostanato sto im e potr...

Filtri-mk Filtri-mk
Skopje, 1000

Filtri.mk единствени на пазарот со најсовремени филтри за прочистување на водата за пиење, 🇩🇪 бренд

Bres Company Bres Company
Str. Crnogorska 15
Skopje, 1000

Bres Company® is 30+ years on the market, providing the highest quality products for our customers, both HoReCa sector and end customers.

Freshbox Freshbox
Skopje, 1000

Freshbox доставува рецепти и сите потребни намирници креи?

Mikro Farma Mikro Farma
Skopje, 1000

Микро Фарма е мала градска фарма која се занимава со одгледување на микро зеленчук.

EGO VODA EGO VODA
Skopje, 1000

EGO VODA Everything Goes On Да тече како вода... Natural mineral water still and car

SuperFood.MK SuperFood.MK
Skopje, 1000

Трансформирајте го вашето здравје со магијата на суперхраната

S.Q GRUP S.Q GRUP
Skopje
Skopje, 071540416

RUSANJE KERSANJE SECANJE NA ARMIREN BETON

Chicken Village Farm Chicken Village Farm
Skopje
Skopje, 1000

✳ Продажба на јајца од домашно негувани кокошки на отворени пасишта ✳ Телефон 078/334-797

Ozona Ozona
Skopje, 1000

Organskata procistena hrana so O3 kislorod e vrv na zastita na ovosjeto i zelencukot. Vo soodvetno o