Tehnolab Skopje

Консалтинг, животна средина, безбедност при работа, мо?

Консалтинг, животна средина, безбедност при работа, мониторинг во животна и работна средина со сопствена акредитирана лабораторија. Consulting, environment, work safety, living and work environment monitoring with our own accredited laboratory.

Photos from Tehnolab Skopje's post 23/04/2024

Презентација на План за подобрување на квалитетот на воздухот за општина Прилеп

Денес, 23.04.2024г, во конференцискста сала на општина Прилеп, од страна на експертскиот тим на Технолаб беше презентиран Планот за подобрување на квалитетот на воздухот за општина Прилеп.

Photos from Tehnolab Skopje's post 27/03/2024

Согласно Програмата за континуирана едукација на стручните лица за БЗР, на 27 март 2024 во организација на Технолаб се одржа обука на тема
„ ЗОШТО РЕВИЗИЈА НА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНИ МЕСТА? “.
Предавачи на обуката беа Мр Магдалена Трајковска Трпевска, стручно лице за БЗР од Технолаб, Сашка Штерјоска Стојаноска од Државниот инспекторат за труд и претставниците од Институтот за медицина на труд на Република Северна Македонија - Проф. д-р Јованка Караџинска-Бислимовска и Ас. д-р Драгана Бислимовска. Во текот на обуката беа разгледани аспектите и потребата од спроведување на ревизија на проценка на ризик на работните места.
Присутните стручни лица за БЗР од компании од повеќе области со особен интерес земаа активно учество во текот на обуката во рамките на која беа спроведени и неколку вежби како анализи на случаи за ревизија-ажурирање на проценки на ризик на работни места.
На учесниците им беа врачени Потврди со бодови согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лиза за БЗР и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обука за стручно усовршување.

19/03/2024

Oбукa за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа

Photos from Tehnolab Skopje's post 07/02/2024

Магдалена Трајковска Трпевска како експерт за животна средина со потесна специјалност за медиум – воздух и долгогодишен експерт за изработка на Планови за квалитет на амбиентен воздух, на покана од Центарот за климатски промени, во својство на обучувач, учествуваше на Тренингот за дефинирање на индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот кој се одржа на 06.02.2024 во Општина Кавадарци.
Во рамките на тренингот, Магдалена Трајковска Трпевска спроведе обука за “SMART индикатори за мониторинг на мерките на плановите за квалитет на амбиентен воздух“.
Тренингот беше наменет за претставниците од општините кои се директно вклучени во следењето на имплементацијата на усвоените Планови за Квалитет на амбиентниот воздух и истиот е дел од програмската рамка на УНДП за реализација на проектот „Справување со загадување на воздухот“.

Magdalena Trajkovska Trpevska as environmental expert with specialty for air pollution and long-time expert for preparing Air Quality Plans, following the invitation by the Center for Climate Change, attended the Training for defining indicators for air quality monitoring.
The training was held on 6th of February 2024 at the premises of Municipality of Kavadarci. On this event, Magdalena Trajkovska Trpevska conducted training for SMART indicators for monitoring the measures defined in adopted Air Quality Plans.
Participants at the training were representatives from the municipalities who are directly involved for monitoring the implementation of adopted Air Quality Plans. The training was part of the UNDP Program framework for realization of the project: “Dealing with Air Pollution”.

Photos from Tehnolab Skopje's post 29/12/2023
Photos from Tehnolab Skopje's post 29/12/2023

Последен работен ден на тимот на Технолаб во 2023г.
Испраќање на старата година со подароци од скриениот Дедо Мраз за сите вработени, а и за најмалите Технолабчиња, како и со убави желби за успех, раст, радост, среќа и добро здравје во Новата 2024г.🍀🥂✨☀️🥰

Photos from Tehnolab Skopje's post 07/11/2023

Во насока на унапредување и соработка со лаборатории од Западен балкан, м-р Магдалена Трајковска Трпевска, директор на Технолаб и Елена Трпковска, хемиски инженер во Технолаб, од 06.11.2023г до 07.11.2023 присуствуваа на работилница на тема: “Workshop WP1-13- Status of enviromental laboratories in Western Balkans” што се одржа во Тирана како дел од Проектот EU 4 Green Recovery Support the implementation of the Green Agenda for the Western Balkans.
На работилницата, од страна на М-р Магдалена Трајковска Трпевска беше презентирана Технолаб како компанија со 23 годишно искуство во областа на испитувања во животната и работната средина. Во презентацијата, во која учествуваше и Елена Трпковска, дипл.хем.инж. во Технолаб, особено беше потенциран обсегот на испитувања на акредитираната лабораторија на Технолаб. Воедно, работилницата беше добра можност за споделување искуства со лаборатории од регионот како основа за идна соработка.

Photos from Tehnolab Skopje's post 25/10/2023

Присуство стручни лица за БЗР од Технолаб на одбележување на европската недела за безбедност и здравје при работа, настан, организиран од МТСП и Националниот совет за БЗР, кој се одржа на 25.10.2023г. во хотел Александар Палас.

Photos from Tehnolab Skopje's post 11/10/2023

Во насока на континуирано унапредување на квалитетот на лабораториските услуги, дел од тимот на теренската и аналитичката лабораторија на ТЕХНОЛАБ, на 09 Октомври 2023 учествуваше на обуката на тема “Контрола на квалитет и обезбедување валидност на лабораториските резултати согласно MKС ISO/IEC 17025:2018„ организирана од Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ. На обуката свое обраќање имаше Мр Магдалена Трајковска Трпевска- председател на МАКЛАб и Слободен Чокревски Директор на ИАРСМ. Клучна тема на обуката беше контролата на квалитет како механизам за следење на перформансите на лабораториите за тестирање и калибрација акредитирани согласно MKC EN ISO/IEC 17025:2018.
Обуката се одржа во хотел Континентал, во присуство на голем број на претставници од лаборатории за тестирање и калибрација од различни области.

Photos from Tehnolab Skopje's post 06/04/2023

На 04.04.2023г претставници на Технолаб присуствуваа на обуката на тема: “Дефинирање на критериуми и механизми за компетентност, овластување и следење на персоналот во лабораторија, одговорности и меѓусебна поврзаност согласно барањата на MKС ISO/IEC 17025:2018„ организирана од страна на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ.
Обуката започна со обраќање на Претседателката на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска која го потенцираше значењето на компетентноста на лабораторискиот персонал во севкупниот процес на компетентна лабораториска пракса. Директорот на Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија, г-н Слободен Чокревски во своето излагање во рамките на обуката се осврна на процесот на дигитална трансформација спроведен во ИАРСМ.
Предавачи на обуката беа Јасмина Јаневска од Институтот за акредитација на РСМ (ИАРСМ) и Александар Николоски од лабораторијата на ЈП Водовод и канализација. Во текот на обуката беа обработени клучните барања на стандардот ISO 17025 кои се однесуваат на покажување и докажување на компетентноста на персоналот во лабораториите за тестирање и калибрација и преку практични примери беа презентирани критериумите и мехнизмите за обезбедување на компетентноста и како истата практично треба да се документира и да се докажува.


On 04.04.2023 representatives of TEHNOLAB had attended the training for “Definition of criteria and mechanisms for laboratory personnel competence, authorization and monitoring; responsibilities and interconnection according to MKС ISO/IEC 17025:2018”, organized by Macedonian Association of laboratories and inspection bodies MAKLAB.
The training was initially started with an address by the President of MAKLAB, BSc. Magdalena Trajkovska Trpevska who emphasized the importance of laboratory personnel competence in the overall process of competent laboratory practice. Mr. Sloboden Chokrevski, director of IARSM in his presentation referred to the process of digital transformation carried out in IARSM.
The lecturers of the training were Jasmina Janevska from IARSM and Aleksandar Nikoloski from the laboratory of the Public Sewerage System in Skopje. Key requirements of the ISO 17025 standard, which refer to the demonstration and proof of the personnel competence in the testing and calibration laboratories, were elaborated and through practical examples the criteria and mechanisms for competence ensuring and documentation were presented.

Photos from Tehnolab Skopje's post 30/12/2022

Тимот на Технолаб ви посакува среќна, успешна здрава и безбедна 2023година 🍀🥂☀️🌈🌟

Photos from Tehnolab Skopje's post 21/09/2022

По повод 30 години од основањето на Здружението на енергетичари на Р. Македонија-ЗЕМАК, денес, 21.09.2022г, на м-р Магдалена Трајковска Трпевска и на компанијата Технолаб им беа доделени благодарници за нивниот значаен придонес и помагателната активност за успешна работа во функционирањето и организацијата на работењето на ЗЕМАК.
Благодарниците беа доделени во рамките на Меѓународната конференција Енергетика 2022, што се одржа во хотел Дрим-Струга, а на која присуствуваа и претставници од Технолаб.

Photos from Tehnolab Skopje's post 24/05/2022

Присуство и обраќање на Магдалена Трајковска Тепевска-председател на Маклаб на Генералното собрание на Еуролаб-Европска федерација на лаборатории.

Магдалена Трајковска Трпевска како председател на Маклаб ги презентираше активностите на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела- Маклаб на Генералното собрание на Еуролаб-Европска федерација на лаборатории, кое се одржа во Рим од 19.05 до 21.05.2022г. Со презентацијата беше промовирана и престојната меѓународна конференција “Квалитет и компетентност” во организација на Маклаб, што ќе се одржи во Охрид од 29.09 до 01.10. 2022г.
Во рамките на настанот се одржа и интернационалната конференција “Lab of the future” на која присуствуваа и претставници на Технолаб Скопје.

01/05/2022
Photos from Tehnolab Skopje's post 13/04/2022

На 12.04.2022г претставници на лабораторијата за животна и работна средина на ТЕХНОЛАБ Скопје, учествуваа на обуката “Примена на правила за одлучување при давање на изјава за сообразност“ во организација на Македонското здружение на лаборатории – МАКЛАБ.
Обуката ја отвори М-р Магдалена Трајковска Трпевска – Претседател на МАКЛАБ, која ја истакна важноста на обуките во организација на МАКЛАБ со цел унапредување на компетентноста и промовирањето на нивната акредитација како доказ за квалитетот и компетентноста на услугите на лабораториите за тестирање и калибрација.
На обуката свое обраќање имаше М-р Слободен Чокревски – Директор на Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија кој на присутните им ги презентираше новините во работењето на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, а со посебен акцент на дигитализацијата на работните процеси на Институтот.
На оваа обука присуствуваа над 60 учесници од 24 лаборатории во Р.С.Македонија.
Со учеството на оваа обука уште еднаш се потврди заложбата на Технолаб за континуирана едукација на вработените во насока на зголемување на квалитетот и компетентност на услугите кои ги нуди нашата лабораторија.

Македонка – низ призмата на пет успешни жени 08/03/2022

Честит 8ми март на сите жени, мајки, сопруги…. КРАЛИЦИ🌸

Македонка – низ призмата на пет успешни жени Животна училница // Приказни Македонка – низ призмата на пет успешни жени 08 Март, 2022 tweet Клара Цеткин и Роза Луксембург го смениле светот со својата борба за правата ...

30/12/2021

Тимот на Технолаб Ви посакува среќна, здрава и успешна 2022година🎄🍀🌺🥂😊

02/08/2021

Честит и вековит Илинден Македонијо🍀☀️💖

Photos from Tehnolab Skopje's post 29/06/2021

Согласно годишната програма за стручно оспособување на стручни лица за БЗР, на 29.06.2021г во организација на Технолаб се одржа on-line обука на тема: “Механички опасности кои се јавуваат при користење на опремата за работа во металургијата, превземени мерки за заштита на вработените и нивните придобивки-искуства од Еуроникел Индустри“. Обуката ја отвори М-р Магдалена Трајковска Трпевска, директор на Технолаб и стручно лице за БЗР. На обуката беа презентирани практични искуства во справувањето со безбедноста при работа на работни места кои се изложени на механички опасности со особен акцент на придобивките од поставените процедури во системите за БЗР во металургијата. Предавачи на обуката беа Анкица Стошиќ – стручно лице за БЗР во Еуроникел Индустри Кавадарци и доктор Љупка Трајкова.
Одржаните предавања беа потик присутните стручни лица за БЗР преку интерактивни дискусии да разменат искуства поврзани со предизвиците за одржување на безбедноста и здравјето при работа во сопствените компании.
Стручните лица за БЗР кои учествуваа на обуката се здобија со бодови согласно Правилникот за начинот на бодувањето на учеството во обуките за стручно усовршување на стручните лица за БЗР.

Photos from Tehnolab Skopje's post 25/06/2021

Денес, 25.06.2021г, тимот од лабораторијата на ТЕХОЛАБ учествуваше на обуката на тема “ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ ПО СТАНДАРДИТЕ МКС EN ISO/IEC 17025:2018 и МКС EN ISO 19011:2018“ организирана од Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ. Обуката ја отвори М-р Магдалена Т Трпевска, председател на МАКЛАБ истакнувајќи го значењето на интерните проверки како важен механизам за контрола и подобрување на компетентноста на лабораториите. На учесниците на обуката им се обрати и директорот на ИАРСМ, М-р Слободен Чокревски, кој ги презентираше новините во Институтот за акредитација. Обуката предизвика голем интерес и истата понуди квалитетни сознанија и искуство до делот на значењето на интерните проверки за одржување и подобрување на системот за квалитет на лаборатории за тестирање и калибрација MKC ISO 17025:2018.
Искажуваме особено задоволство од презентираните предавања од страна на предавачите на обуката како и од интересните дискусии.

Photos from Tehnolab Skopje's post 29/05/2021

М-р Магдалена Трајковска Трпевска, генерален менаџер на Технолаб доби уште едно признание за континуирано успешно менаџирање и континуиран професионален пат.
🏆🌟☀️

На Манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ кој се одржа на 27 мај во Double Tree by Hilton Скопје, а по повод 25 годишниот јубилеј на агенцијата „Марили“ , жената во бизнисот, но и на професионалниот успех на жената во општеството, на Магдалена Трајковска Трпевска, генерален директор на фирмата Технолаб и беше долена статуетка „Жена водилка” за континуирано успешно менаџирање и професионален пат.
Ова е и признание за фирмата Технолаб за чиј континуиран и успешен развој во изминатите 20 години, на одлично организираниот настан, беше прикажан соодветен видео запис.

02/05/2021

Среќни и весели Велигденски празници🌷🍀☀️

Photos from Фонд за иновации и технолошки развој's post 11/02/2021

Благодарност до Фондот за иновации и технолошки развој.
Тимот на Технолаб

Want your business to be the top-listed Business in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

#Европска недела на БЗР#

Telephone

Address


Boulevard Kuzman Josifovski Pitu 28/3/24
Skopje
1000

Other Skopje businesses (show all)
Chateau Kamnik Winery Chateau Kamnik Winery
Kamnik B. B
Skopje, 1000

AIOS AIOS
Skopje, 1000

We protect your privacy.

Telekom MK Telekom MK
Kej 13-ti Noemvri 6, Macedonia
Skopje, 1000

Добредојдовте на официјалниот Fan Page на Македонски Телеком.

CDS - Centar za delovna sorabotka CDS - Centar za delovna sorabotka
Kozara 15a/1
Skopje, 1000

CDS—Center for Business Cooperation is a private consulting company based in Skopje. It provides and delivers high quality professional consulting and training services which produ...

колектив™ колектив™
Skopje, 1000

Дизајн и маркетинг.

Единица За Брзо Распоредување Единица За Брзо Распоредување
КАСАРНА НА МВР/"ЃОРЧЕ ПЕТРОВ"
Skopje, 1000

ПОЛИЦИЈА - ЕБР

McCann Skopje McCann Skopje
Hyperium Business Center, Boulevard 8th September 16, 2nd Floor
Skopje, 1000

Stopanska Komora za Mal Biznis Stopanska Komora za Mal Biznis
Skopje, 1000

Стопанската комора на мал бизнис или скратено КМБ е фо?

BRANSYS BRANSYS
11 Oktomvri 25
Skopje, 1000

At Bransys Group we believe in optimizing the most important business challenges – time and money, by improving efficiency and productivity of all our clients by innovating custom ...

EFIX Electrical EFIX Electrical
Улица Христо Смирненски 12 А/3
Skopje, 1000

Фотоволтаични Централи

Тим Велковски (Хостинг и Дизајн Центар) Тим Велковски (Хостинг и Дизајн Центар)
Skopje, 1000

ТИМ ВЕЛКОВСКИ СКОПЈЕ - http://www.teamvelkovski.com

Спелеологија  Македонија Спелеологија Македонија
11 Oktomvri 23a
Skopje, 1000

speleo tourism