Осми Час

Осми Час

Официјална Facebook страна на Медиумскиот Клуб на ООУ Мирче Ацев!

Осми Час - Нашиот медиумски клуб 19/05/2024

Патувањето на училишниот новинарски клуб

Во овој краток, но исполнителен период од работата на новинарскиот клуб 8ми Час, членовите демонстрираа моќ на квалитетно новинарство, комбинирајќи креативност со критичка анализа.
Додека ги создаваа интересните прилози кои беа резултат на нивната посветеност и љубопитност, со работата покажаа дека умеат да да се снајдат во една сложена професија демонстрирајќи способност за квалитетно третирање на сложени теми и прашања.
Соработката и подршката помеѓу членовите го обележаа новинарскиот клуб, а квалитетните изработки ја збогатија нашата училишна заедница.
Како се приближува крајот на училишната година така се зголемува и нашето задоволство од фактот дека постојат таленти кои ветуваат дека новинарскиот клуб 8ми час уште долго ќе постои и ќе биде инспирацијакако за нашата училишна заедница така и за пошироката околина.

Осми Час - Нашиот медиумски клуб Монтажа: Никола Кузевски #8миЧас #медиумскакултура Осми Час, 2024.

Национален празник на создавањето на македонскиот јазик: Јазикот како обележје на еден народ 05/05/2024

ЗБОРОВИТЕ ПОВРЗУВААТ- НЕГУВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ КАКО ЗНАЧАЈНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Во историскиот календар на Република Македонија 5ти Мај е забележан како ден кога далечната 1945та година со решение на народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката, а потоа на 7ми Јуни истата година е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик – Блаже Конески: Граматика, Речник и Историја на македонскиот јазик.
5ти Мај – Ден на македонскиот јазик има длабоко значење како во културниот така и во историскиот наратив на Република Македонија бидејќи го претставува патот на јазичната издржливост и афирмација на идентитетот.
5ти Мај не е само датум во календарот, тој е доказ за истрајниот дух на еден народ кој е длабоко поврзан со своите јазични корени. Од лирските стихови на Крсте Петков Мисирков до поезијата и прозата на современите македонски писатели македонскиот јазик е симбол на издржливост и културна гордост.
Редакцијата на 8ми Час , во чест на својот мајчин јазик ја потврдува својата посветеност за зачувување на културното наследство, поттикнување на инклузивноста и градење на иднина во која јазичната различност ќе се слави како извор на сила и заедништво.
🎞️Видео:

Национален празник на создавањето на македонскиот јазик: Јазикот како обележје на еден народ "Да му го одземеш на еден народ јазикот, тоа е како да му ја одземеш душата..." Коста Апостолов Солев РацинЗа еден народ, јазикот е показател за истори...

Осми Час - Мултиталентираноста кај нашите членови 28/04/2024

Тивкиот амбиент, сцена облеана со нежна светлина и силни емоции кои ги покажаа талентираните ученици чии зборови вдахнаа живот на безвременските стихови на македонската поезија, би бил нашиот впечаток од овогодинешниот натпревар по ораторски вештини помеѓу основните училишта во општината Ѓорче Петров.
Низ просторијата каде се подготвуваа учесниците ги баравме Неда и Марија, членови на редакцијата 8ми Час, но и ученички кои претставуваат пример на комбинација на врвни академски постигања и силна посветеност на позитивните вредности.
Неда и Марија поседуваат и особени ораторски способности кои не се само резултат на нивниот вроден талент туку се и производ на непоколебливата желба и одлучност да се истакнат во секој предизвик.
Додека го славиме успехот на членките од нашата редакција, сакаме со примерот на Неда и Марија да ги инспирираме нашите врсници и да го разбудиме безграничниот потенцијал што го има во секој од нас да допринесат во градењето на подобра училишна и поширока заедница.
Неда и Марија продолжуваат да го следат својот пат за кој знаеме дека ќе биде обележан со идни врвни достигнувања.
📹Видео:

Осми Час - Мултиталентираноста кај нашите членови Во режија;Монтажер: Неда СтојановскаКамермани: Исидора Несторовска, Калина Цветковска и Каја СибиновскаСледете нѐ на;Facebook: Осми ЧасКонтакт: osmicasinfo@g...

10/04/2024

Колку и како може да се зајакне духот и снагата на една заедница го покажа ПАБ-КВИЗОТ реализиран во училишната библиотека на 8ми Април 2024 година.
Редакцијата на 8ми час, препознавајќи го потенцијалот за синергија помеѓу ученици – наставници – родители во рамките на нашата училишната заедница, ја искористи можноста да ја насочат кон повисока цел – хуманитарна акција под мото „ХУМАНОСТ – СРЦЕ ИМА, ЦЕНА НЕМА“.
Како дел од оваа акција за прв пат во историјата на ова училиште се одржа еден исклучителен настан, ПАБ-КВИЗ, во кој натпреварувачките екипи беа составени од родители.
Креативноста, знаењето, духовитоста, насмевките ја илустрираа атмосферата во која се покажа колку може една колективна акција да поттикне позитивни промени.
Голема благодарност упатуваме до сите родители кои ја прифатија можноста да со своето учество допринесат во негувањето на емпатијата во училиштето. Без нивниот ентузијазам оваа иницијатива немаше да го достигне својот успех.
Благодарност и до наставничката Ирена Младеновска како организатор и водител на квизот и до наставничките Валентина Поповска и Маријана А. Маневска како членки на жирито во квизот.
Редакцијата на 8ми час продолжува со нови иницијативи кои ќе имаат за цел да укажат колку посветеноста во заедничката работа може да го на прави нашето опкружување подобро место за сите.
Во продолжение погледнете го видеото и дел од атмосферата во ПАБ-КВИЗОТ

Photos from Осми Час's post 29/03/2024

Со големо задоволство ја претставуваме нашата нова рубрика „На гости кај....“ со која сакаме да ја промовираме соработката и пријателствата, заедничките иницијативи и позитивната енергија, креативноста и разноликоста на училиштата од нашата општина.
Денес бевме на гости во "ООУ Тихомир Милошевски“ по повод одбележувањето на нивниот патронен празник и ја имавме единствената можност да ги проследиме активностите кои ги подготвија. Со особена чест Ви пренесуваме дел од атмосферата.
Доколку нѐ видите со камерите, листовите и пенкалата во рака, не се воздржувајте да ја споделите вашата приказна со нас.
Приклучете се во нашата мисија за создавање на позитивните промени.
Редакцијата на 8ми Час

Осми Час - На гости кај..."ООУ Тихомир Милошевски": https://youtu.be/5MufncMxQbg?si=Po4kjjSvqCv2FMpI

21/03/2024

Во светот во кој живееме постои една работа која нѐ поврзува, а тоа се нашите разлики.
Разликите, било големи или мали го чинат нашиот свет единствен во својата убавина.
Денес, сакаме да опишеме дел од светот во кој насмевката е малку погласна, свети малку посилно и не познава граници.
Во овој свет живеат нашите пријатели, сестри и браќа со Даунов синдром. Од нив учиме како да бидеме почувствителни и како да го сакаме светот на различностите.
Лицата со Даунов синдром се препознатливи по потребата за специјализирани програми за да го достигнат својот потенцијал, потешкотиите во нивната комуникација, дополнителен напор во совладувањето на вештините за грижата за себе, емоционалните предизвици. Дополнителниот хромозом по кој лицата со Даунов синдром се разликуваат од останатите не треба да биде единствената дефиниција за нив.
Низ светот чекорат и се борат илјадници лица со Даун-синдромот и секој ја има својата приказна која не е само за надминувањето на пречките во секојдневниот живот туку е и за напредокот на светот кој честопати знае погрешно да ги разбере.
Затоа да целиме кон животот во кој незнаењето ќе го замениме со разбирање, стравот со емпатија, а предрасудите со љубов.
На крајот, не се работи за тоа колку сме различнит туку колку можеме да научиме едни од други, бидејќи токму различноста ни дава сила, убавина и бескрајни можности.
Со бескрајна љубов кон лицата со Даунов синдром.
Редакцијата на 8-ми час

Photos from Осми Час's post 12/03/2024

✘ Родовата динамика во образовните професии
По повод месецот на жената, редакцијата на новинарскиот клуб „8-ми час“ започна патување во замрсен пејсаж на родовата застапеност во областа на образованието.
Историјата покажува дека образованието низ минатото било бастион на женското лидерство. Чекорите кои се направени и се прават во однос на родовата рамноправност сепак и понатаму постојат во определени дисциплини и работни места во образовните институции.
Затоа на оваа тема разговаравме со нашите наставници: Марија Цветаноска (наставничка во одделенска настава), Илија Јанковски (наставник по физичко образование), Игор Наковски (наставник во одделенска настава) и Маријана Аврамоска Маневска (наставничка во одделенска настава).
Ви пренесуваме дел од интервјуто со нив.

1. Кои се најчестите стереотипи или заблуди кои сте ги слушнале за наставниците?
- Па деца, кога сте разговарале со родителите знаете каков бил профилот на наставниците. Не смеело да се разговара со нив за ништо освен за учењето, биле строги. Денес може да разговарате за различни теми. Како се менува времето се менуваат и навиките на наставниците – Илија Јанковски;
- Како што велите тоа е стереотип што само по себе ја побива тезата дека професијата наставник е женска професија која доминира во последните децении – Игор Наковски.
2. Сметате ли дека постојат разлики помоѓу наставник и наставничка на пренесувањето на знаењето?
- Според мене разликата постои во генералното однесување ( и разлики во истото) – маж/жена, а што се однесува за пренесување на знаењето, тоа го ставам во оној професионалниот дел во кој нема разлики.- Игор Наковски.
3. Истражувањата покажуваат дека наставата по физичко образование често се смета како професија во која доминираат мажите. Дали сметате дека наставничките не би можеле соодветно да реагираат во однос на наставниците и дали имате пример за тоа?
- Во последно време има и наставнички, ама предмет во кој што треба да доминираат мажи е физичко и здравствено образование. Мислам дека можат да се снајдат во најголем дел на проблемите што ги носи оваа професија. Се случуваат некогаш и повреди или несакани ситуации, ама ќе се снајдат. Пример во моментот немам.-Илија Јанковски.
4. Постојат ли некакви заблуди поради кои женскиот пол не сака да се занимава со оваа професија?
- Мислам дека не, ама мислам дека по привлечни им се останатите предмети како јазичните – Илија Јанковски.
5. Кој квалитети според вас треба да ги поседува еден наставник/наставничка ?
- Па мислам дека како и во секоја професија, стручност,истрајност, посветеност и желба – која за жал запира.- Игор Наковски.

✘ На следниот линк можете да ги слушнете одговорите на наставничките Марија Цветаноска и Маријана Аврамоска Маневска.
https://youtu.be/wrqX9x7QhkM?si=DdR7MtwSaun0LPzM

08/03/2024

➵ Денот на жената или празникот на цвеќето?
Историјата на Меѓународниот ден на жената датира повеќе од 100 години наназад кога овој ден за прв пат се одбележа низ Европа и Америка. Дури на 8 март 1946 година, феминистките во Италија го избрале цветот мимоза како симбол на сила, чувствителност и стабилност за Денот на жената. Денес, најпрактикувано е подарувањето на црвената роза.

Наставник или наставничка? - Осми Час
https://youtu.be/wrqX9x7QhkM?si=RCaX0HBTjCYY9SKR

Photos from Осми Час's post 08/03/2024

✘ Во наредниот период, преку изработките на нашите единствени и талентирани членови ќе можете да ги откриете нивните перспективи поврзани со теми пред сѐ, од нашата училишна заедница, но и од темите кои младите најмногу ги интересираат.
Нивната мисија е преку моќта на зборовите да инспирираат и бидат поттикнувачи на позитивните промени во училиштето но и пошироко.
"Вооружени" со пенкала и бележници, зад тастатурата и камерите, секогаш се подготвени да откриваат приказни кои заслужуваат да бидат раскажани.
✘ Запознајте ја редакцијата на новинарскиот клуб "Осми Час":
-Неда Стојановска;
-Марија Михаиловска;
-Никола Кузевски;
-Каја Сибиновска;
-Исидора Несторовска;
-Калина Цветковска;
-Анастасија Лазароска;
-Миа Петрушева;
-Марко Максимовски;
-Марија Маневска;
-Дарија Максимова;
-Марија Блажевска;
-Давид Лазороски;
-Огнен Милошевски.
✘ Наставник-ментор: Ирена Младеновска.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Инспирација и надеж на едно место

Website

Address


Мечкин Камен
Skopje
Other Skopje schools & colleges (show all)
Matematika Matematika
Skopje, 1000

Math is the only place where truth and beauty mean the same thing.

“УЗУН“ Музичко студио - естрадна школа “УЗУН“ Музичко студио - естрадна школа
Улица “Скоевска“ бр. 25 А , населба Радишани
Skopje, 1123

УЗУН Школа за гитара и естрадно пеење. ( UZUN Skola za gitara i estradno peenje. )

CASTA DIVA CASTA DIVA
Црвена вода, 37А-4
Skopje

Прв специјализиран центар за изучување на шпанскиот јазик во Македонија

Salla Woodrow Wilson itshksh Salla Woodrow Wilson itshksh
Boulevard Ilinden
Skopje, 1000

Ndërkaq, për informacionin tuaj, meqë sivjet është 100-vjetori i Konferencës së Paqes, për nder të punës së presidentit amerikan Uodro Uillson në atë konferencë, kjo sallë do ta m...

Пробенпејџ Пробенпејџ
Ruzveltova 55
Skopje, 1000

куманово

IQ UP Aerodrom IQ UP Aerodrom
BUlica Jane Sandansk Br. 113b
Skopje, 1000

Со IQ UP! ги воведуваме децата во магичниот свет на наука

Јунус центар за социјални бизниси - Економски факултет-Скопје Јунус центар за социјални бизниси - Економски факултет-Скопје
Гоце Делчев 9 В
Skopje, 1000

Официјална ФБ страница на Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет-Скопје

Crescendo School of Music and Ballet Crescendo School of Music and Ballet
Crvena Voda 26
Skopje, 1000

🪇Music Kindergarten 🎻Musical department 🎼Theoretical department 🩰Ballet department 🎧Music Production for kids

IdeaKid Education Karpos IdeaKid Education Karpos
Улица Прашка бр. 15
Skopje, 1000

42.mk - Base42 42.mk - Base42
Rimska 25
Skopje, 1000

42.mk - Base42 is a hackerspace for developers and tech enthusiasts.

АСУЦ Предизвик за млади истражувачи АСУЦ Предизвик за млади истражувачи
Александар Македонски 26
Skopje, 1000

Проект Предизвик за млади истражувачи # 4 зелени проект