Montessori Centar

Поддршка на развојот на самоуверени, самосвесни и одговорни млади лица е нашата крајна цел. Working hours : every day 08.30h - 20.00h.

Монтесори центарот е Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој им нудиме на децата престој во стимулативна и креативна средина во нови и соодветно опремени простории.
Оваа година на нашиот тим се придружува инте

23/08/2024

Montessori Centar Поддршка на развојот на самоуверени, самосвесни и одговорни млади лица е нашата крајна цел.

21/08/2024
Искуства од родители 12/08/2024

http://www.montessori-macedonia.org/10481089108210911089109010741072-10861076-10881086107610801090107710831080.html

Искуства од родители 15-ти јули дојде, што го означува последниот ден на Алан во градинка – ден што ме пречека со големо неверување...

Photos from Montessori Centar's post 26/06/2024
24/06/2024

💜 Кратка, но голема приказна!
Благица Николиќ Децковска, психолог во центарот за дневен престој на деца со попреченост со индивидуален третман во општина Карпош го сподели со нас искуството и напредокот на децата.

👉 „Сите деца напредуваат, разликата е само во темпото на прогресот. Кај некои деца вниманието е зголемено од 2,3 минути до цели 20 минути активно работење, некои од децата веќе користат социјално прифатливо однесување, а други пак имаат подобрена координација на движење и ориентација во просторот.“

📌 Третманите во центарот се според Монтесори педагогијата и со Монтесори материјалите кои се прилагодени според индивидуалните потреби, интереси и способности на децата.
Услугата е воспоставена преку Проектот за подобрување на социјалните услуги.

ЗАЕДНО СМЕ!
#СеГрижиме #ППСУ #МТСП
Министерство за труд и социјална политика
Општина Карпош
Macedonian Montessori Association

Photos from Montessori Centar's post 14/06/2024

Во текот на вчерашниот ден ја посетивме семејната фарма која се наоѓа на Матка. Бевме понудени со домашни млечни производи како домашен козји јогурт и младо козјо сирење кои се навистина одлични! Децата имаа можност да ги видат животните на фармата и да ги запознаат нивните живеалишта.

Благодариме за приемот и можноста да ја запознаеме Вашата весела фарма! 🐓🐐🐈

Завршена уште една Воведна обука за Монтесори педагогија 11/06/2024

http://www.montessori-macedonia.org/1053108610741086108910901080/4672084

Завршена уште една Воведна обука за Монтесори педагогија Како дел од програмските активности на Македонското Монтесори Здружение, овој месец заврши уште еден циклус...

01/06/2024

"Music can touch us in a way that nothing else can.
No better gift can we give to the children than to open this door for them.” – Dr Montessori.
Дел од завршната приредба на децата од Монтесори центарот

Photos from МоПи Центар's post 26/04/2024

Нашата дополнителна социјална услуга - Индивидуални третмани во Дневен центар за деца со попреченост

Photos from Autism Macedonia-Blue Firefly's post 04/04/2024
Photos from Montessori Centar's post 03/04/2024

"Патот на кој што се јакнат слабите е и оној на кој што се усовршуваат јаките." - Марија Монтесори

Amazing Things Happen - Macedonian 13/03/2024

Amazing Things Happen - Macedonian Introduction to autism that aims to raise awareness among young non-autistic audiences, to stimulate understanding and acceptance in future generations. http...

Photos from Montessori Centar's post 20/01/2024

Македонското Монтесори Здружение Ве поканува на Воведна обука за Монтесори педагогија.
Обуката ќе се реализира во просториите на Монтесори центарот во Скопје во периодот февруари - април 2024 година. Истата е во траење од 66 часа, распоредени во 8 сесии. Предавањата ќе ги реализираат Монтесори мултипликатори завршена 4 годишна едукација за Монтесори педагогија и долгогодишно искуство во практична примена на истата.
Обуката ќе се реализира исклучиво за време на викенд.. На крајот од обуката учесниците се стекнуваат со сертификат/ потврда за завршена Воведна обука за Монтесори педагогија која им овозможува да применуваат одредени аспекти од Монтесори педагогијата во секојдневната работа, со деца со и без попреченост.
Заинтересираните учесници потребно е да се пријават на нашата електронска пошта [email protected], најдоцна до 5.02.2024 година.
Бројот на учесници е ограничен.
Повеќе информации за обуката можете да добиете на линкот:
http://www.montessori-macedonia.org/10541073109110821072-10791072-10841086107610911083-1.html

ОБЕДИНУВАЊЕ НА 11 ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОРМИРАЊЕ НА МРЕЖА НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ - СОС Детско село 18/01/2024

https://sos.org.mk/obedinuva-e-na-11-gra-anski-organizacii-i-formira-e-na-mrezha-na-davateli-na-soci-alni-uslugi/?fbclid=IwAR0gwu8djSYvgQKNfHiktSdg37UitZsw0WvCTE9ydFAuhPaC8vI5B_lMJ44

ОБЕДИНУВАЊЕ НА 11 ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОРМИРАЊЕ НА МРЕЖА НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ - СОС Детско село На 17ти Јануари во просториите на Едукативниот центар М6, се одржа интересен настан инициран од 11 Граѓански организации (СОС ДЕТСКО СЕЛО; Хуманост; Хера, Порака – Нег...

Photos from Montessori Centar's post 22/12/2023

Денес направивме божиќни колачиња за нас и за Дедо Мраз 🎅

Photos from Montessori Centar's post 20/12/2023

Организицијата УНИЦЕФ 2023 година ја прогласи за година на живото културно наследство. А ние се запознавме со обичаите и танците на земјите Бразил, Франција и на нашата Македонија.

Photos from Montessori Centar's post 17/11/2023

Изминатат седмица имавме можност да бидеме првите посетители на реновираното Одделението за литература за деца во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и да уживаме во шарените страници и убавите зборови во детските книги.
Заедно со Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Директорката на библиотека, Снежана Стојчевска разговаравме кои се нашите омилени книги и ја проследивме претстава "Доживувањата на Куферко"

New Montessori Research - Montessori Education 12/11/2023

New Montessori Research - Montessori Education Impressive study results found for children in Montessori school (vs traditional)

Photos from Montessori Centar's post 11/11/2023

⛰️ Недела посветена на планините 🏔️

Го посетивме Водно, поставивме шатор ⛺ во нашата занимална, имавме гостин извидник од кого научивме повеќе за извидниците и нивните активности, моделиравме со природен пластелин на тема планина ⛰️

07/11/2023

Everyone talks about peace but no one teaches peace.

In this world, you are educated for competition, and competition is the beginning of every war.

When he will educate himself for co-operation and to offer each other solidarity, that day he will be educating himself for peace.

~ Maria Montessori

Photos from Montessori Centar's post 20/10/2023

Дел од активностите во нашиот центар

18/10/2023

ЈАВЕН ПОВИК
за работно ангажирање на стручни лица за давање на стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства од територијата на Општина Карпош во рамките на „Центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“, и тоа:

- Дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор – 1 (едно) стручно лице
- Дипломиран логопед– 1 (едно) стручно лице
- Дипломиран психолог – 1 (едно) стручно лице

Селектираните кандидати ќе бидат вклучени во обука за работа со деца со попреченост, според Монтесори принципите, а потоа и во обука со цел стекнување на лиценца за работа во установа од социјална заштита.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија и мотивационо писмо на електронската пошта [email protected], најдоцна до 8.11.2023 година.
Кандидатите кои ќе бидат избрани врз основа на кратката биографија и мотивационото писмо, ќе бидат повикани на интервју.

Want your business to be the top-listed Business in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Our Story

Монтесори центарот е Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој им нудиме на децата престој во стимулативна и креативна средина во нови и соодветно опремени простории.

ПРЕДПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА

- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
Групите функционираат:
- од 08.30 до 11.30 часот
- од 09.30 до 12.30 часот
- од 10.00 до 13.00 часот
- од 12.00 до 15.00 часот

ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА

- Редовни Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
Групите функционираат:
- од 17.00 до 19.30 часот

Програмата на Монтесори центарот е базирана на филозофијата на Марија Монтесори, која што сметаше дека целта на образованието е “да се научат децата, како да учат”. Тоа значи дека ние:
- Им овозможуваме на децата сами да изберат што и како ќе учат, што ја охрабрува нивната независност и иницијативност
- Ја почитуваме индивидуата на секое дете и го потикнуваме да ги развива своите потенцијали на сопствен начин
- Развиваме пријатна атмосфера која што го поддржува детскиот ентузијазам за учење и работните навики
- Им даваме доволно време на децата да работат независно со Монтесори материјалите, сами или во мали групи
- Ја поддржуваме љубопитноста и креативноста на секое дете, охрабрувајќи го да поставува прашања, да испробува нови идеи и да го изразува сопственото мислење

Нашата подготвена околина излегува во пресрет на различните развојни потреби на Вашето дете: когнитивните, физичките, социјалните и емоционалните.
За време на слободните активности децата добиваат индивидуални инструкции за работа со материјали кои сами ги избрале. Но исто така децата учествуваат и во групни активности преку кои се развива чувството за заедништво и се зајакнува соработката.
Ние креираме ненатпреварувачка атмосфера во која децата секогаш се охрабруваат да работат најдобро што можат. Ги охрабруваме децата да ги завршуваат целосно активностите, наместо да се натпреваруваат со другите.
Наставничките функционираат како ментори. Тие го познаваат нивото на развој на секое дете и му помагаат да напредува според негов сопствен ритам.


Montessori Center is a center for Early Childhood Development dedicated to empowering children to achieve their full potential and thrive on their interests at their internal pace of development. Following the Montessori principles and the National Program for Early Learning and Development, we are offering children a stimulating and creative environment in our new and well-equipped premises.

Activities

MORNING PROGRAM
- Montessori groups for children between the ages of three to six
The time-slots:
- From 08.30 to 11.30
- From 09.30 to 12.30
- From 10.00 to 13.00
- From 12.00 to 15.00

AFTERNOON PROGRAM
- Montessori groups for children between the ages three to six
The time-slot:
- From 17.00 to 19.30

ADDITIONAL PROGRAM
- Small school-support groups to consolidate the academic learning with the concrete basis Montessori materials offer for children between the ages 6-10
- Individual support for children with learning difficulties between the ages 6-10
- Individual and group work with children with special needs between the ages 3-10

Montessori morning program is offered every day, enjoying 2 hours of uninterrupted time on activities in a “prepared environment” based on Montessori principles and 1 hour of guided activities prepared in compliance with the National program for early learning and development. This program also includes many additional activities focusing on the social and cultural environment and the development of social responsibility in children.
The morning program now provides a bilingual environment for children, where English will be a second language of communication with the guidance of an international Montessori teacher.

Montessori groups are also offered on every Tuesday and Wednesday, in the afternoons from 17:30 to 19:30. During this period, children have 2 hours of uninterrupted time on activities in a “prepared environment” based on Montessori principles.

The environment is equipped with the standard Montessori materials, which address different developmental levels of the children in a mixed age group. The environment is dynamic, evolving according to the different interests of the children.

Groups for children between the ages three to six consist of a maximum of 20 children. In each group, there are two Montessori teachers and one assistant teacher.

Working hours : every day 08.30h - 20.00h.

More information on:
www.montessori-macedonia.org

Videos (show all)

🪴Се вративме од одмор и започнуваме активно со зазеленување на дворот во нашиот Центарот 🌿
📝 Децата го читаат списокот за присуство пред да започне насочената активност.
"Music can touch us in a way that nothing else can. No better gift can we give to the children than to open this door fo...
"Не им кажувајте на децата како да го направат тоа.Покажете им!Кога им зборувате тие го насочуваат вниманието на движење...
Ден на тркала во Монтесори центар 🚴‍♂️
Среќна 2023 година
Соработка со високообразовните институции
15 години Македонско Монтесори Здружение и Монтесори центар

Address


Руџер Бошковиќ 9 (во ООУ „Вера Циривири Трена“)
Skopje
1101

Opening Hours

Monday 08:30 - 19:30
Tuesday 08:30 - 19:30
Wednesday 08:30 - 19:30
Thursday 08:30 - 19:30
Friday 08:30 - 19:30

Other Business Services in Skopje (show all)
McCann Skopje McCann Skopje
Hyperium Business Center, Boulevard 8th September 16, 2nd Floor
Skopje, 1000

BRANSYS BRANSYS
11 Oktomvri 25
Skopje, 1000

At Bransys Group we believe in optimizing the most important business challenges – time and money, by improving efficiency and productivity of all our clients by innovating custom ...

Новогодишни Понуди за Дочек Новогодишни Понуди за Дочек
Skopje, 1000

Проверено Најдобри и Квалитетно Одбрани Новогодишни пoнуди за Дочек на 2024та.

Servisna pomoć Servisna pomoć
Skopje

Na besoni dhe na kontaktoni për të gjitha nevojat tuaja FINANCIARE. Oferta nuk është falas.

Consulting for Human Resources - CHR Consulting for Human Resources - CHR
Skopje, 1000

Консалтинг во кој се вршат услуги од областа на човечк?

MAV Панели MAV Панели
Skopje

Не чекајте повеќе да додадете допир на софистицираност и удобност во вашата спална соба

Hikon.mk Hikon.mk
Skopje, 1000

Ad_Cist Ad_Cist
Aerodrom
Skopje

Transcom Macedonia Transcom Macedonia
Skopje, 1000

The most trusted experience center.

Teleperformance Skopje Teleperformance Skopje
Skopje, 1000

Teleperformance bietet maßgeschneiderte Kundendienstlösungen, die Ihre Marke mit Ihren Kunden verknüpft. Erleben Sie noch heute den Teleperformance-Vorteil.

Online.mk Online.mk
Skopje

ᴄекогаш на располагање, се за вашиот дом, исто така по многу пристапна цена🏷️

AXE Group Consulting AXE Group Consulting
Skopje, 1000

Consulting agency specialized in project management, business support, accounting and financial services.