АНТОЛОГ - Книжевен центар
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во Антолог! https://antolog.mk/istorijat/
Преку книгите, ние секој ден внесуваме повеќе светлина и повеќе убави моменти во вашиот свет!
Како секогаш оригинална и, во секоја смисла, независна издавачка куќа од Скопје, станавме препознатливи по своите водечки идеи и висококвалитетни книги.
Од самиот почеток се трудиме да понудиме успешни изданија за оние што го бараат најдоброто за себе и за своите најблиски.
Нашиот креативен импулс е
💙Во месецот на нови почетоци и предизвици, кога првите школски денови ги менуваат рутините на семејствата, „Менталниот склоп на детето“ на Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон нуди научно поткрепен и практичен водич за родителите кои сакаат да ги разберат и поддржат своите деца.
Со револуционерен пристап кон воспитувањето, книгата нуди дванаесет стратегии за здрав развој на мозокот на детето, овозможувајќи им посреќен и поспокоен живот.
📖Оваа книга ви покажува како да го негувате емоционалниот и интелектуалниот развој на вашето дете за да живее урамнотежен и значаен живот, исполнет со врски и разбирање.
⭐Ги претставуваме учесниците на „BOOKSTAR“ 2024!⭐
Бенјамин Лангер, Германија – добитник на интернационалната награда „Драги“ (2024) за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на германски јазик.
Бенјамин Лангер е роден во 1976 година во Ерланген, Германија. Студира германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта. Од 2005 до 2009 работи како лектор на катедрата по германистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2009 година живее во Берлин каде што работи во одделот за меѓународна соработка на „Слободниот универзитет Берлин“ и преведува македонска литература на германски јазик. Во 2018 година се здобива со докторат на тема за имагинации на Македонија во книжевноста на германски јазик.
Во негов превод досега се објавени книги на Влада Урошевиќ, Гоце Смилевски, Петре М. Андреевски, Дејан Трајкоски и Румена Бужаровска. Повеќето од нив побудиле голем интерес кај германските медиуми.
Во 2017 му е врачено меѓународното признание „Блаже Конески“ на Македонската академија на науките и уметностите, а во 2022 германскиот претседател Штајнмајер го поканува како посебен гостин на делегацијата која го придружува на неговото патување во Македонија и Албанија. Во својот говор во македонското собрание, Штајнмајер го цитира „Пиреј“ во превод од Бенјамин Лангер.
Досега има објавено научни трудови и бил дел од голем број настани поврзани со литература. Работи како преведувач и меѓународен соработник на „Слободниот универзитет Берлин“ – Берлин, Германија.
*Авторка на фотографијата е Ефи Лонгину.
📖 ✨ Фестивалот на европска литература „Букстар“ 2024 ќе се случува од 30.9 до 3.10 на повеќе локации во Скопје, во склоп на фестивалската програма ќе се одржи и втората fellowship-конвенција на издавачи под името „Publishing Europe“. 🐞
🪞НОВО ВО „АНТОЛОГ“🪞
🟢Габриела навидум има совршен живот. Таа е учителка, има добар и внимателен сопруг, но го напушта зашто не може да ги поднесе демоните од минатото.
🟢Анастазија е домаќинка чиј сопруг починал. Живее сама, без роднини и пријатели, и целиот живот му била слугинка на посесивниот и агресивен партнер.
🟢Катарина е работничка во пералница која се обидува да ја најде радоста на животот за себе и за својот син, но не може зашто опстојува во страв и бегајќи од мажот кој ја злоставува.
Сите три жени имале соништа кои не се оствариле, секоја од нив е предадена од оној кој го љубела, оној кој требало да им биде потпора, секоја од нив најмногу страда токму меѓу ѕидовите на домот, а нивните сопрузи се штитени од сите – од роднините, од пријателите, од општеството...
Михаела Гашпар им дава глас на оние кои не зборуваат, на оние кои се срамат од своите модринки и рани, на оние кои стравуваат за својот живот и на оние кои се предадени од најблиските.
📌Од денеска достапна во нашата книжарница и онлајн на antolog.mk.
✨Драги наши Антологџии, дојде ред да ве запознаеме малку подобро.
👉Од денес започнуваме со нова рубрика #ЗапознајтеГиНашитеАнтологџии.
💛Започнуваме со Симона Мано, којашто е позната по нејзиниот букстаграм-профил .
📖Кога превезот меѓу световите е тенок, до каде би отишле за да го почувствувате повторно нивното присуство?
✨Ова е длабоко истражување на љубовта, загубата и на нераскинливите врски што нè поврзуваат со оние што ги негуваме. Нурнете во приказна каде што невидливиот свет станува моќна сила, преобликувајќи ги животите на незамисливи начини. Книгата е достапна во нашата книжарница и онлајн на antolog.mk.
📚Се гледаме во вторник!
❤️НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА НАШАТА ДРЖАВА!
📚Понекогаш сѐ што ви треба е книга којашто ќе ве држи во неизвесност сѐ до последната страница.
☕Затоа, подгответе се за напнати приказни што нема да ви дозволат да ги оставите сè додека не го прочитате епилогот!
✨„Што е душа? праша Арсениј.
Тоа е она што Господ го вдишува во телото, она што нè разликува од камењата и растенијата. Душата нè прави живи суштества, о Арсениј. Ја споредувам душата со пламен што потекнува од земна свеќа, но нема земна природа додека се стреми кон небото, кон своите сродни елементи.“
🪄Ако сте подготвени да го напуштите модерното време и да отпатувате во една магична и сурова Русија, каде што душата се мери во добрината на делата, „Лавр“ ќе ве одведе таму каде што малку книги се осмелуваат – во срцето на човечката вечност.
Книгите на Водолазкин се достапни во нашата книжарница или онлајн на antolog.mk.
🌟Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е основана за да го истакне значењето на преведувањето во македонската култура. Во вториот круг влегоа 22 дела, меѓу кои и четири од „Антолог“.
🧡 „Интимен живот“
🧡 „Злосторство и казна“
🧡 „Историја на пчелите“
🧡 „Градината“
🪶Шепот на правдата или крик за помош?
Во свет каде што се замаглуваат линиите помеѓу правилното и погрешното, како да судиме? „Крикот на ластовицата“ од Ахмет Умит навлегува длабоко во оваа морална дилема, прашувајќи се дали правдата некогаш може да се задоволи преку насилство. Додека енигматичниот „Мижачот“ ги таргетира оние кои им штетат на невините, останува да се запрашаме: дали тој е херој, негативец или само одраз на општеството што ги затворило очите?
📖Дали би молчеле или би зазеле став? Романот можете да го пронајдете во нашата книжарница или онлајн на antolog.mk.
🌞Овие пет книги го одбележаа летово како најпродавани. Дали прочитавте некоја од нив?
📚По долгото лето, мора да признаеме дека сите по малку му се радуваме на септември, помислата на ветре, пократок ден, топол напиток и, секако, топли приказни. А ние ви подготвивме дванаесет наслови коишто се совршени за новиот месец!
🥳Денеска слави роденден нашата талентирана македонска авторка Катерина Шошко!
Нејзините приказни не се само зборови на хартија, тие се врата кон уникатни светови полни со интересни и несекојдневни елементи.
📚Со секоја страница Катерина создава магични реалности што ги надминуваат обичните граници на литературата. Нејзините книги се место каде што фантазијата и реалноста се спојуваат во бескрајни авантури и изненадувања.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, ШОШКО! 🥂
🕊️НОВО ВО „АНТОЛОГ“🕊️
Лејла е единствена ќерка во работничко семејство што емигрирало од Анадолија во Истанбул. И наместо на училиште, пратена е да работи во конфекција за да носи пари дома. Лејла почнува да ја живее сопствената трагична судбина и на овие страници ја раскажува непосредно, без китење или сокривање на што и да е. Суровата реалност на Лејла, која живее за да најде начин да избега од ситуацијата во која се наоѓа, нема да ве остави рамнодушни. Моќта на зборот на авторката Серај Шахинер е таква што чувствувате дека и туѓата болка боли.
📚Театарот „Татбикат Сахнеси“ ја изведува драмата адаптирана според овој роман и во 2016 година ја добива специјалната награда „Џеват Фехми Башкут“.
🎁🎈Нашата книжарница слави седум години постоење, седум години прекрасни книжевни спомени и многу насмевки. Посетете нѐ денес за да го прославиме роденденот заедно! 🥂
🩰Можеби некој поупатен знае и дека уште во 1975-тата година, балетот е прогласен за најизискувачка и најпредизвикувачка активност, физички и ментално, исфрлајќи ги од лига сите олимписки спортови, или дека балерините имаат бенефициран стаж, или дека менталниот фокус и бесконечниот стрес се сеприсутни, деноноќно во животот на балерините или дека нивното вечно движење со подигната брада нема ништо заедничко со достоинство и самодоверба. Поупатените знаат дека за да бидеш балерина, не треба само талент, вештина, упорност и посветеност. Треба и апсурдни физички предиспозиции. Како на пример, точно определени црти на нивното задолжително пропорционално лице, високо чело, крупни очи, долг лебедов врат, долги екстремитети и исклучително ниска и слаба фигура. И тоа не само најдобрите балерини. Сите балерини!
И ако од првиот момент на своето раѓање треба да си генетски предодреден, дали балерините имаат друг сегмент од својот живот освен балетот?
📌„Балерини“ од Мирженка Чехова ќе биде со намалена цена од 200 денари до крајот на месец септември.
АНТОЛОГ - Книжевен центар Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во Антолог!
📽️Книги и филмови – два различни света, но кога ќе се спојат, се случува магија!
🎞️Откријте како приказните во кои уживавте читајќи ги, се претвораат од пишани зборови во филмски ремек-дела. Придружете ни се во обидот да го направиме крајот на летото уште позабавен со најдобрите адаптации од книга во филм и видете како вашите омилени ликови и заплети оживуваат на екранот. Која адаптација ви е омилена?
🧵Животот на Сира во „Конци на судбината“ е спектар од контрасти – слично како светот во кој таа живее. Замислете го ова: шивачка, растргната помеѓу два света, која се движи по гламурозните, но сепак опасни улици на Мадрид и по егзотичните, тајни улички на Мароко. Нејзината игла не само што шие ткаенина, таа се провлекува низ структурата на самата историја.
Како што се наѕира војната, вештините на Сира стануваат нејзино оружје, трансформирајќи ја од обична шивачка во клучен играч во шпионската игра со високи влогови. Секој бод што го прави е чекор подлабоко во свет каде што љубовта е ризична, довербата е ретка, а преживувањето многу тешко.
🧶Ова не е само приказна за жена која шие. Овде се работи за жена која ги спојува фрагментите од својот живот и создава нешто необично. Преку неа, Марија Дуењас плете наратив кој е сложен како најфината чипка и издржлив како најсилната свила.
💙Подгответе се да бидете завиткани во приказна каде што секој шев крие тајна, секоја ткаенина раскажува приказна и секој избор може да го промени текот на историјата. Светот на Сира е оној во кој елеганцијата се среќава со опасноста и каде што минатото и сегашноста се сошиени заедно со нишки на љубов, предавство и издржливост. Книгата е достапна во нашата книжарница и онлјан на antolog.mk.
🔹„Времето ги мачи и заморува само оние кои живеат окупирани со безначајни грижи за својата личност и своите задоволства, но тоа е кратко и нечувствително за оние кои, заборавајќи се себеси, работат на која било работа што ги надминува; мерено според големината на еден храбар и неостварлив сон, тоа речиси и да не постои.“
💙„Госпоѓицата“, како и другите романи од Иво Андриќ можете да ги најдете во нашата книжарница или онлајн на antolog.mk.
💖Последен ден од акцијата!
💎Искористете 30% попуст и бесплатна достава на antolog.mk до крајот на денот. Дозволете книгите да ве водат кон нови искуства — последна шанса да си го направите вашето купче од соништата по специјална цена!
Добре дојдовте во Исланд:
🤍Kаде што летото носи 24 часа дневна светлина
🤍Каде што има околу 130 вулкани
🤍Каде речиси целата електрична енергија доаѓа од обновливи извори
🤍Каде луѓето веруваат во виленици
🤍Од каде што доаѓа една од најдобрите авторки на трилери - Ирса Сигурдардотир.
📚Нејзините романи кои се дел од серијалот за „Детската куќа“, двете книги од серијалот за адвокатката „Дора Гудмундсдотир“ како и засебниот психотрилер „Плен“ се достапни во нашата книжарница и се дел од нашата онлајн акција на antolog.mk со 30% попуст.
Кој е вашиот омилен трилер од Ирса?
🪻Останаа уште два дена до завршувањето на нашата онлајн акција — 30% попуст на сите наши изданија и бесплатна достава на antolog.mk.
📖Совршен момент за да го завршите летото со нови книжевни богатства!
🕵️♀️Шерлок Холмс: Вашиот личен детективски водич!
Замислете го ова: секоја недела ќе добивате нова мистерија што чека да биде решена, а вие сте детективот кој треба да ги открие сите скриени траги и загатки. Се чувствувате како да сте на улиците на Лондон, следејќи ги трагите и анализирајќи ги доказите. Како би изгледал вашиот живот ако секој случај е предизвик за вашата интелигенција?
🔎Приклучете се на авантурата и запознајте ги најголемите умови –Шерлок Холмс и доктор Ватсон. Ве чекаат случаи кои ќе ве натераат да се запрашате: Можам ли да го решам овој случај пред Холмс?
Со секој расказ ќе откриете нова мистерија, нови загатки и нови случаи што ќе го тестираат вашиот детективски дух. Подгответе се за патување што ќе ја размрда вашата логика и ќе го заостри вашиот ум!
👀Дали сте спремни да се втурнете во светот на детективските мистерии? Погледнете што ви носи Шерлок Холмс во секој од неговите случаи кои можете да ги најдете во нашата книжарница или онлајн на antolog.mk со 30% попуст и бесплатна достава.
🧡
🌺Дали сте подготвени за нова книжевна авантура?
📍Искористете 30% попуст и бесплатна достава на antolog.mk до 29 август. Пронајдете книги што ќе ве инспирираат и збогатете го вашиот свет со нови приказни!
📚Тимот на „Антолог“ работи со полна пареа и во тој процес би сакале да го слушнеме и вашето мислење. За таа цел, подготвивме прашалник за вас. Би ве замолиле да одвоите неколку минути и да го пополните прашалников!
📚Време е за нови книги!
🐚Искористете го 30% попустот и бесплатната достава на antolog.mk до 29 август. Без разлика дали барате класици, популарна психологија или пак нешто друго, сега е вистинскиот момент да ја збогатите вашата библиотека!
Click here to claim your Sponsored Listing.
За нас
Основни приоритети во работата на Антолог се префинетиот квалитет во продукцијата на книги и високите стандарди во пристапот кон клиентите.
Слоганот под кои функционираме е Зависни од книги, бидејќи откако паметиме за себе сме во нераскинлива врска со литературата, како наша постојана инспирација и животна преокупација. Книгите се исклучителен свет, а читањето е единствена зависност што нема своја штетна страна.
На нашата дејност не гледаме како на продукција на книги, туку како на креирање и уживање во нови, бескрајни светови. Затоа, нашата редакција e книжевен центар а не само издавачка куќа.
Во просторите во кои клиентите можат да ги набават изданијата на Антолог – нашaтa книжарницa и електронската книжарница www.antolog.mk – оставаме и личен печат, дел од себе, затоа ги краси префинетоста, елеганцијата, vintage стилот, непосредноста и пријатната атмосфера.
Videos (show all)
Category
Contact the business
Website
Address
Dimitrie Cupovski 31
Skopje
1000
Opening Hours
Monday | 09:00 - 21:00 |
Tuesday | 09:00 - 21:00 |
Wednesday | 09:00 - 21:00 |
Thursday | 09:00 - 21:00 |
Friday | 09:00 - 21:00 |
Saturday | 10:00 - 18:00 |
Boris Trajkovski 101A
Skopje, 1000
Далечната 1995 година започнавме со сито техника. Покасн
Партизански одреди 12, Скопје
Skopje, 1000
МБЗ има единствена улога во земјата, да изнајде начин Библијата да биде достапна, пристапна и значајна во секојдневието на сите луѓе во МКД.
Kosturski Heroi 19/1/11
Skopje, 1000
Издавачка куќа, кафе-книжарница, галерија, уметничко принт студио, место за читање, талкање, сонување
Dame Gruev 16-2/3
Skopje, 1000
Exclusive Distributor of Pearson (Longman) for the Republic of North Macedonia. Distributing ELT cou
Костурски Херои бр. 35
Skopje, 1000
Издавачката куќа Македонија Презент е основана во 1998 г
бУлица Партизански одреди 70б
Skopje
Печатење • Графички дизајн • Издавачка куќа
Ulica Prolet 9A 1/2
Skopje, 1000
Компанијата “Колор Медиа плус“ денес е најголемиот и?
Borka Talevski 48
Skopje, 1000
Феникс јуниор е домот на сите изданија за деца и млади ?
Rr. Zhelezniçka Nr. 24/1-7, Qendër, Shkup
Skopje, 1000
LITERA GROUP është shtëpi botuese e themeluar në vitin 2017 në Shkup.