Crux.mk

100% природни путери од кикирики и лешници.
Нарачај ја твојата тегличка во порака.
Достава низ цела �

13/07/2023

Соработката на која што сме најгорди! Браво Yes for less! Ви посакуваме многу успех, продолжете да бидете инспирација за сите 💚

Www.yesforless.mk 🙌🏻

27/06/2022

Здрав сладолед од само 4 состојки 🍦

Оваа сезона редно беше да се “подновиме” со нов рецепт за сладолед иако мора да признаеме секој рецепт што е на чоколадна основа секогаш ќе ни биде на прво место 🤷🏻‍♀️

И овој рецепт како и сите што ви ги споделуваме е многу едноставен и брз за подготовка, а ќе ви требаат само 4 состојки:

* 400 мл кокосово млеко (во конзерва)
* 1 + 1/4 шоља урми (околу 170 грама)
* 1 шоља путер од кикирики (не прашувај каков! :))) (250 грама)
* 1 лажица ванила екстракт
* Малку сол (може и не мора)

Од опрема ви треба блендер/процесор и прво ја додавате цела конзерва млеко и ја блендате заедно со урмите. Урмите доколку не се многу меки, претходно потопете ги со врела вода и нека отстојат 10-15 мин. Ако не сакате да е премногу благ сладоледот намалете ја количината на урмите. Откако овие две состојки убаво ќе се соединат додадете го путерот од кикирики, ванила екстрактот и солта. Блендирајте кратко и целата смеса распоредете ја во калапи за сладолед доколку имате, или во сад соодветен за замрзнување (ние користевме калап за леб пример) и нека отстои во замрзнувач неколку часа.

Пробајте и споделувајте со нас, ќе си уживаме и ќе се тешиме дека не е толку жешко 😅☀️

06/03/2022

Немаме често пракса да нагласуваме дека нашите путерчиња се без додатоци како масло, шеќер, сол… затоа што веруваме дека ни верувате кога ќе пишеме 100% природни производи а тоа значи путери од само една состојка, во нашиот случај кикирики и лешници (нема да се уште долго сами 🤫).

Но ни претстои Велигденскиот пост па да потврдиме дека нашите путерчиња нема потреба да ги исклучувате од планот за исхрана. Всушност ако сѐ уште не сте ги додале направете го тоа, и нутритивно збогатете ги вашите оброци со овие реално многу добри вкусови 😁
“Правилото” да имате тегличка путер секогаш при рака, важи за сите 😅 (освен за алергични на состојките ☹️) без разлика на постот.

Нарачките се достапни на нашата продавничка 24/7 (линк во био) но и кај сите наши драги соработници (види highlights или на нашата веб страна crux.mk).

📸 .food.feed 🤍

#мкфудфото #мкфудблогери #путеродкикирики #путеродлешник

08/02/2022

Природните производи на .mk сега достапни да се нарачаат и на www.crux.mk, онлајн продавница поддржана од .mk .
Доколку сакате и вашите производи да бидат достапни онлајн, не ја пропуштајте месечната промоција на WebMak и зголемете ја и вие вашата купопродажна моќ.

Да изградиме заедно еден поубав дигитален свет.
Ве очекуваме.

01/01/2022

СРЕЌНА И СПОКОЈНА 2022! ❤️

Од срце ви посакуваме на сите ова да ви биде многу убава, успешна и љубовна година, вредна за паметење.
Ви благодариме за вашата поддршка и доверба, тоа што ние имаме постојан раст и позитивни резултати е ваша заслуга. Мотивирани сме да ве правиме барем за момент среќни и задоволни и оваа година.
А вие водете грижа за себе, затоа што само така сте грижливи и за другите, и наоѓајте радост во сѐ што правите.
НЕКА БЛЕСКА ✨

27/12/2021

27-ми декември 🗓
(Предупредување: долг текст 🤷‍♀️)

Можеби 27ми е само последниот понеделник во оваа емотивна година за повеќето од вас но нам овој датум ни е од посебно значење.
Пред 2 години токму на овој ден прв пат го пуштивме во продажба нашиот путер од кикирики🥺
Точно се сеќаваме на таа прва продадена тегличка и радоста во тој момент, затоа што истото чувство го имавме и за последната продадена за денес.
Тогаш Crux беше бар за здрава храна, реализирана идеја на млади луѓе полни ентузијазам, со една единствена цел- да го доближиме здравиот начин на исхрана до што повеќе генерации.
Но, пандемијата си го направи своето и не и се лутиме :)) затоа што нѐ научи многу лекции а меѓу нив и најважната: никогаш да не се откажуваме. И не се откажавме, барем не од целта. Од нас се бараше само да се прилагодиме, и тоа и го направивме.
Денес Crux е синоним за мноогу вкусни, природни путери од кикирики и лешници, секогаш свежо и природно подготвени и од ден во ден поблиску до сите вас. Наскоро во фамилијата ќе им се приклучи и нов член, а можеби и не само еден, но тоа во друга прилика.
Се радуваме што се повеќе има луѓе и бизниси кои ја делат истата цел со нас односно го доближуваат здравиот начин на живот со своите секојдневни примери, со производи, со локали, и веруваме дека сите заедно можеме да постигнеме многу.
Е сега, кога веќе имаме еден повод зошто да не се два 😁 извесно време крчкавме наша веб продавничка и кога сфативме дека доменот за истата сме го купиле на 27ми декември лани (да, овој ден пред една година) си дадовме одговор на прашањето: кога да ја “лансираме” страната? Денес, нормално 😁
Така што, ѕирнете и пријавувајте багови 😁
Дружбата ја зголемуваме и на www.crux.mk од сега. (линк во био)
Дечки, ФАЛА ВИ ЗА СЀ!

Photos from Црвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода's post 26/12/2021

Најубавата работа за нас за годинава што изминува е што бевме дел од оваа хумана иницијатива на прекрасниот тим на Црвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода. Секоја чест за нивната беспрекорна организација, благодарни сме бескрајно за ЛУЃЕ како вас!
Крајната цел е среќни и насмеани детски лица, мотивација за вас и за нас, ништо повеќе.
За среќа навистина е потребно малку, а нам ова ни ги стопли срцата повеќе од било што друго ❤️

14/12/2021

Се приклучуваме на новогодишната еуфорија со нашето пакетче за годинава кое се надеваме ќе донесе радост и насмевки на некој/а од вас ❤️🎄
Им благодариме на сите “одговорни” за иницијативата кои веќе си резервираа пакетчиња и ја направија реализацијата за истите возможна, да не бевте ВИЕ ќе мислевме дека немаме време 😁🤍
Инаку ‘основата’ на пакетчето е следна:
🥜 1 .mk 100% природен путер од кикирики
🌰 1 .mk 100% природен путер од лешник
🍪 Новогодишни форми за колачи и картичка со рецепт за една поздрава варијанта на christmas cookies.
Декоративното пакување е од нашите и има простор да си го дополните со подарочиња ако имате ќеф.
Сите пакетчиња “Дедо Мраз” ги доставува бесплатно во Скопје, само за успешна и навремена достава препорачливо е да нарачате пакетче барем 2-3 дена однапред 🎅🏻
Ние веќе ви се радуваме ❣️

Photos from Galeksia's post 29/11/2021

Да се множат иницијативите и дружбите! Еден поинаков и прекрасен петок ❤️
Благодарни на Galeksia и ЈП Лајка Скопје 🥰

27/09/2021

Hello lovely healthy breakfast! 😍
Дали и вас вафлите ве асоцираат на опуштено неделно утро или доколку имате некое брзо рецептче за подготовка знаете и работниот ден да си го започнете со ваков вкусен оброк?

Ние го направивме второто 😁 па ви го споделуваме нашиот рецепт за убав понеделник и сладок старт на работната недела.

Кои состојки ви требаат?

• 100 грама (или 1 cup) овесни снегулки
• 2 банани (пасирани)
• 2 јајца
• 1 лажиче ванила екстракт
• 1 лажиче прашок за пециво
• мнооогу малку сол

Ги ставате сите состојки во блендер и блендирате додека се соединат, односно добиете убава мазна текстура од смесата.
Апаратот за вафли кој претходно сте го загреале убаво го премачкувате со масло, и додавате неколку лажички од смесата.
Доколку немате апарат за вафли можете да ја пробате истата смеса и на тостер.
Ние ги послуживме со овошје и путер од кикирики .mk , и комбинацијата е одлична.
Вие направете си по ваш вкус или одете со испробанава варијанта, нема да згрешите сигурно 😋
Ако сте останале без путерче во меѓувреме, пишете ни порака, ќе ви помогнеме 😁

#мкфудблогери #инстаграмџии #фотонанеделата

21/07/2021

НАСКОРООО 🌰
… Нашиот 100% природен путер од лешници ќе добие нова амбалажа, па со објавава сакаме да и оддадеме почит на старата пред “пензионирање” и да се потсетиме на неколку работи:

• Лешниците во својот состав содржат многу есенцијални масни киселини, витамини и минерали;

• Нашиот путер го правиме од квалитетно одбрани лешници кои се печат без сол и 0 (да, добро читаш 0) додатоци;

• Искуството низ годинава што мина откако прв пат го пуштивме во продажба нѐ научи како да ја добиваме совршената тесктура и така си тераме сега;

• Иии еден за крај: Во античко време Римјаните имале обичај да подаруваат лешници затоа што симболизирале среќа, а во 2021 година тоа ти е путер од лешници. Па подари среќа некому , или едноставно усреќи се себеси 😁🤍

13/07/2021

Денови како овој 🤍
Дел сме од уште една убава приказна, создадена од прекрасно семејство, втемелена со грижливост и посветеност кон своите клиенти.
Благодарни сме на La Noi / mini shop-coffee-fine bakery за топлото добредојде на нашиот 100% природен путер од кикирики во нивниот, како што милуваат да го наречат- втор дом 🥰

09/07/2021

Да ја заокружиме убаво и оваа работна недела 😍
Нашиот 100% природен путер од кикирики отсега може да го најдете и во Moringa Zdrava Hrana 💚
Имаат одличен асортиман на здрави производи и ни претставува огромно задоволство што сме дел од нив.
Моринга, ви благодариме на довербата! 🍀

01/07/2021

Температурите надвор се зголемија ама со нив и нашата желба да се разладиме со нешто вкусно и здраво 😋

Иии првата мисла е секако сладолед 🍦 ама од оние едноставни за подготовка и без многу грижа на совест при уживањето.

Инаку често експериментираме со комбинациите, но овој пат ви ја споделуваме најпробуваната варијанта, чија подготовка нема да ви одземе многу време а гарантира одличен вкус.

Потребни состојки:

• 2 замрзнати банани (претходно исечени на кругови) 🍌
• 2-3 големи лажици (CRUX 🙄) путер од кикирики 🥜
• 1/4 чаша какао 🤎
• 4-5 големи лажици млеко (ние користевме ‘домашно’ од индиски ореви) 🥛
Сите состојки заедно се блендираат додека не добиете густа мазна смеса (ако има потреба додадете млеко) и ја ставате во замрзнувач најмалку 2 часа.
Може да ја распоредите во калапчиња за сладолед ако имате, или земате лажица и во садот директно 😂

Наша препорака: направете си дупла доза, може ќе остане нешто и за викендот 🤔
Наша желба: праќајте ни фотки пред да го “снема” 😍

24/06/2021

Нашиот 100% природен путер од кикирики, од денес може да го најдете и во Nutrino.mk во Гевгелија 🎉 Нам ни е огромно задоволство што сме дел од нивната палета на здрави производи и преблагодарни сме за довербата што ни ја покажаа 🤍

Nesto novo kaj Nas povelete posete ne

14/06/2021

Една состојка и совршена текстура! 🤤
Ако барем еднаш сте пробале, веројатно веќе сте во многубројниот клуб на обожаватели на путер од кикирики 🥜

Покрај тоа што ги прави сите оброци неодоливо вкусни, знаете дека има и извонредни позитивни ефекти врз нашето здравје, нели? 🤔

Ние ви стоиме на располагање за сите прашања што ги имате за оваа енергетска “ 💣 “ и секако да си споделиме по некој рецепт и омилена комбинација.

А доколку сѐ уште си немате нарачано тегличка, додека ни се “крчка” веб продавничката, можете да го направите тоа во порака и ние со задоволство во најкраток можен рок ќе ви ја доставиме 🚴🏻‍♀️

📸: 🤍

#путеродкикирики #здравахрана #веган #малибизниси

09/06/2021

Една слика и еден збор- љубов! Кон тоа што го правиме, љубов кон вас што тоа го препознавате и ни овозможивте сонот да ни е јаве 🥰
Сега кажете ни како ви се допаѓа новата амбалажа? Со ги споивме енергиите и резултатот го оценивме како одличен 👌
Вкусот си остана ист, немаме што да одземаме и додаваме, вие вака го засакавте ☺️
А кој уште не ја пробал “магијата” што Крукси ја создава, да си ја поправи грешката 😁😁

#путеродкикирики #здравахрана

Photos from Piljara Green HOUSE & Healthy Bar's post 01/06/2021

Нашиот 100% природен путер од кикирики е повторно достапен во Piljara Green HOUSE & Shake Shop 💚 може да го најдете во сите нивни подружници - истиот вкус во нова амбалажа 😍

19/03/2021

📸Фотографија со наслов: Преблагодарни сме на сите наши лојални потрошувачи кои кога помислуваат на 100% природен путер од кикирики, мислат на CRUX 🥜 🤍
Нашата намалена присутност на социјалните мрежи се должи на секојдневното работење април да го пречекаме со зголемен капацитет, теглички во ‘ново руво’ и уште неколку изненадувања за кои ќе ја очекуваме вашата трпеливост 🤫
До тогаш, тука сме за вас, со голема радост, љубов и мотивација ја очекуваме и подготвуваме секоја ваша нарачка 🥳
И секако- коментари искрени, сугестии и идеи креативни, се повеќе од добредојдени 💌

#путеродкикирики #инстаграмџии #фотонанеделата .mk

Интервју на Марија од CRUX за Опсервер: Пандемијата не нѐ спречи, нашиот мал бизнис е многу поддржан од заедницата! » opserver.mk 01/03/2021

Многу се радуваме кога месецот ни почнува со убави работи кои едвај чекаме да ги споделиме со вас! ❤️
Преблагодарни сме на тимот од Опсервер за прекрасниот разговор и поддршката што ни ја даваат 🙏

Интервју на Марија од CRUX за Опсервер: Пандемијата не нѐ спречи, нашиот мал бизнис е многу поддржан од заедницата! » opserver.mk Интервју на Марија од CRUX за Опсервер: Пандемијата не нѐ спречи, нашиот мал бизнис е многу поддржан од заедницата! Македонија opserver.mk »

01/02/2021

Месецов подобро и не можеше да ни почне! 🤩

Среќни и горди сме на соработката со Galeksia затоа што веруваме во успехот кој само заеднички може да го постигнеме!

Новата група започнува на 8ми февруари а доколку сакаш да се стекнеш со одлично знаење во областа на дигиталниот маркетинг и светски признат сертификат, контактирај ги Галексиа 👇 уште денес. Може токму ова е знакот за промената која си вети дека ќе ја направиш годинава 😉

Се гледаме во понеделник! 🤍

New Partner Alert! 📢

Запознајте се со Crux.mk, нашиот најнов learning партнер!🤩

Тие се одличен пример за мал успешен бизнис.
Со работа на реални проекти за Crux, ќе се запознаеш со тоа како функционира дигиталниот маркетинг во e-commerce индустријата за храна.

Запиши се на Galeksia и изгради го своето портфолио преку работа на реални проекти за партнери од 15+ различни индустрии!✔️

https://bit.ly/36h9ikm

01/01/2021

Среќна Нова 2021 🥂
Годинава што дојде ви посакуваме само во добро здравје и радост да ви пројде.
Предизвици ќе има, но и лекции, затоа секогаш негувајте го вашиот оптимизам и продолжете да вложувате во себе и во тоа што најмногу го сакате.
Ние ви благодариме неизмерно за поддршката што ни ја дававте во текот на целата 2020-та година, а за вас ќе бидеме тука и оваа, уште попосветени 🤚
Уживајте во овој период, и подарете го вашето време на оние што ги сакате, времето е најскапоцениот подарок.
❤️❤️❤️

12/12/2020

Иако фотографијата 👇 е одлична инспирација за вашата следна комбинација со путер од кикирики, сепак и во оваа објава сакаме да ве потсетиме на неколку познати но значајни факти за истиот:
🥜 Една лажичка 🥄 путер содржи здрави масти и квалитетни протеини, а е особено богат со есенцијални микронутриенти како:
✔️ магнезиум - 30 mg
✔️ цинк - 0.4 mg
✔️ фосфор - 55 mg
✔️ витамин Б6 - 0.1 mg
Иако мали ова се извонредни количества, но од истата оваа причина треба и да се внимава на дневниот внес
🥜 Поради високата енергетска и хранлива вредност, путерот од кикирики е идеална храна за луѓето кои избегнуваат месо или општо производи од животинско потекло, како и за оние кои практикуваат поинтензивни физички активности
🥜 Поттикнува чувство на ситост и полн стомак, благодарение на веќе споменатите здрави масти, протеини и растителни влакна па помага при регулирање на телесната тежина и процесот на слабеење
🥜 Низата хранливи материи како мононезаситените масни киселини, витамин Б3, и витамин Е кои се значајни за срцевото здравје се содржат во путерот од кикирики
🥜 Јадењето путер од кикирики наутро, значително помага во контрола на нивото на глукоза во крвта во текот на денот, што го прави одлична храна за луѓето со дијабет.

Како најчесто вие го консумирате путерот од кикирики? Која ви е омилена комбинација? Пишете ни во коментар/порака 🤎


#путеродкикирики #инстаграмџии #фотонаденот #мкфудблогери #здравахрана

01/12/2020

: Путерот од кикирики го намалува стресот 💡
Имено, путерот од кикирики е богат со бета-ситостерол кој е неопходен за функцијата на мозокот и има значително влијание врз нивото на серотонин. Кога сме под стрес, нашето тело го зголемува нивото на кортизол (хормон на стресот) и телото работи понапорно. Кикириките помагаат во неговото намалување а со тоа и во смирувањето на нашето тело. 🔋
#здравахрана #путеродкикирики #инстаграмџии

23/11/2020

The peanuts, the whole peanuts & nothing but the peanuts 🥜🧡

#здравахрана #здравахраназадеца .mk

Путер од кикирики - ЕНЕРГЕТСКА, но и ХРАНЛИВА бомба! - Д-р Митов 02/11/2020

Ноември е прогласен како месец на љубителите на путер од кикирики 🎉 по тој повод ви споделуваме еден одличен текст за да се потсетиме на придобивките од овој засекогаш омилен вкус ❣️

Путер од кикирики - ЕНЕРГЕТСКА, но и ХРАНЛИВА бомба! - Д-р Митов Добро е познато дека јаткастите плодови се особено здрава храна, но исто така храна која е богата со калории, па треба да се консумира во умерени количини. Јатките с....

28/09/2020

Од денес и нашиот путер од лешници може да го најдете во Piljara Green HOUSE & Shake Shop 💚

Органски путер од лешници Crux.mk

Photos from Piljara Green HOUSE & Healthy Bar's post 15/09/2020

Многу сакаме кога ви споделуваме убави вести 😍 Нашиот 100% природен путер од кикирики отсега може да го најдете и во Piljara Green HOUSE & Shake Shop во Кавадарци. Во нивниот асортиман на производи може да најдете свежо овошје како и органски џем, кои се одлична комбинација со CRUX путерот 😋 Им благодариме на довербата, и се радуваме за соработката 💚

10/09/2020

Често ги потенцираме здравствените придобивки на путерот од кикирики кои несомнено се многубројни и секако причина плус за овој незаменлив вкус да биде дел од нашата секојдневна исхрана, но овој пат направивме кратко истражување и сакаме да споделиме со вас неколку интересни факти за истиот.
• кикириките (од кои што се прави путерот нели 😁) се всушност мешунки како гравот, грашокот, леќата.. а не јаткасти плодови 🤔
• Помага во борба против рак. Имено, неколку истражувања покажале дека девојчињата на возраст од 09 до 15 години со редовно консумирање на путер од кикирики имале за 39% помали шанси да развијат бенигна болест (пр. рак на дојка) до 30 години.
• Многу славни личности имаат формирано или се дел од клубови на обожаватели на путер од кикирики, како на пример Мадона 😁

Сте слушнале ли за уште некој интересен податок за нашиот омилен додаток- путерот од кикирики? Споделете го со нас во коментарите 🤩
Ах, и уште ова! Количината на овој путер, што ја консумираат Американците на годишно ниво е доволна за да се покрие Големиот Кањон... 😯

Ѕирнете го Crux – здрава храна, прекрасен амбиент, волшебни вкусови… - Либертас 24/08/2020

Благодариме Libertas.mk и Leni Frckoska за убавите зборови и целата поддршка ❤️

Ѕирнете го Crux – здрава храна, прекрасен амбиент, волшебни вкусови… - Либертас Oвесна каша со шумско овошје и путер од кикирики во Crux се најздравиот мал хедонизам на кој можете

Want your business to be the top-listed Health & Beauty Business in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Природните производи на @crux.mk сега достапни да се нарачаат и на www.crux.mk, онлајн продавница поддржана од @webmak.m...
27-ми декември 🗓(Предупредување: долг текст 🤷‍♀️)Можеби 27ми е само последниот понеделник во оваа емотивна година за пов...
Се приклучуваме на новогодишната еуфорија со нашето пакетче за годинава кое се надеваме ќе донесе радост и насмевки на н...
Температурите надвор се зголемија ама со нив и нашата желба да се разладиме со нешто вкусно и здраво 😋Иии првата мисла е...
Дечки пресреќни сме што конечно дојде моментот да го споделиме со вас датумот на нашето реотворање 🎉Иако, за жал, ситуац...
Дечки пред се, се надеваме и посакуваме дека вие и вашите блиски сте добро 🙏 Не е едноставно прифаќањето на целава ситуа...

Address


Skopje
1000

Other Health Food Shops in Skopje (show all)
Здрава исхрана Здрава исхрана
Budimpestanska
Skopje, 1000

Early to bed and early to rise, makes a man healthy, wealthy, and wise.

Niederegger Marzipan Македонија Niederegger Marzipan Македонија
Ul 29ti Noemvri Br 13
Skopje, 1000

Марципан за љубов. Од 1806 г.

Robust Superfood Robust Superfood
Skopje

Започни го денот со лажица мед.🍯

More Mania Sushi & PokeBowl More Mania Sushi & PokeBowl
Boulevard VMRO No. 3
Skopje, 1000

Sushi & Poke Bowl delivery and catering service in the center of the city!!!

Алое Вера производи Скопје Алое Вера производи Скопје
Macedonia
Skopje

Форевер Ливинг програма на природни производи со серт?

Bima Nuts Bima Nuts
Internacionalni Brigadi
Skopje, 1000

Трговија со зрнести производи на големо и мало

Imuno-Care Mk Imuno-Care Mk
Skopje

Е-здравје

V-Nuts V-Nuts
Skopje, 1000

Производи кои не прават извонреден производител и изв?

TURBO SLIM MK TURBO SLIM MK
Skopje, 1000

turboslim.mk

Nuts_mk Nuts_mk
Булевар Македонија
Skopje, 1000

Продажба на апетисани во големи и мали количини.

Bletaria F. Bukoviq Bletaria F. Bukoviq
Skopje, 1000

Bletaria F.Bukoviq, Mjaltë 100% bio