In Spiritu
Јога и хајкинг ентузијасти
Областа Азот (од арапскиот збор Хас или Хасот донесен од Османлиите, со значење на тешко пристапен или одметнат терен) на југ граничи со Пелагонија, на запад со Порече, а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област. Тоа се всушност селата во околината на селото Богомила во долината на реката Бабуна. Долината на Бабуна се проширува во Богомилското Поле, додека сиот останат дел на областа е планински со изразити стрмнини и густи листопадни и зимзелени шуми.
Богомилството се појавува во 10 век како социјална реакција на одземените имоти и права на слободните селани. Воедно и против крепосното право на господарот со кое покрај земја, имал право на човечки живот, на своите закрепостени селани. На феудалната држава и христијанската црква ѝ се спротивставиле Богомилите.. Името го добиле по попот Богомил. Од овие простори се проширило во Босна, Италија, Франција па се’ до Мала Азија.
Неколку поуки за почетници планинари од нашиот In Spiritu-алец, фотограф и пчелар Александар Михајловски инспирирани од последното патешествие до Корапски водопади 😊 :
Поуки за почетници или потсетник за изветреани (ко мене) планинари направени на оваа прошетка до Корабски водопад.
1. Не верувајте на метео прогнози (дождец имаше на почеток ама престана за околу еден час а громови немаше никакви. Ветер ни за лек. Сонце таман, за да не изгориме а карпите да се стоплат.
2. За дожд (ако нема посилен ветер, чадор е подобар избор од кабаница. Јас имав кабаница купена за 50 ден. од Џамбо што тежи неколку грама и може да биде закрепостена со ранецот, за век и веков)
3. За Кораб и планини над 1500 м.н.в. задолжително е да се имаат високи планинарски кондури со крампони кои на дожд не се лизгаат ептен. Идеални нема ама колку поводоотпорни толку подобро (водоотпорните се познаваат по тоа што јазикот им е залепен со делот каде врвките се врзуваат. Моите завршија работа за утрото ама за повеќе (за назад) не ги биваше. Затоа пак, ми помогнаа сувото време + резервните лесни barefoot мокасинки и суви чорапи.
4. Гамашните (потколенци од водоотпорно платно) се добра опрема ако имало дожд порано или пак може да врне. (јас користев кеси и ластичиња што не ми се покажа како кој знае што - ама сигурно спречија вода да ми се слива од гранките, преку пантолоните внатре во кондурите.
5. Тие што реално се откажаа најмногу поради тоа што немаа доверба во сопствената физичка издржливост и спремност мислам дека единствено беа во право - бројчаникот на кинески чекори што го имам на мојот телефон ме информираше дека сум направил рекорд откако планинарам со него.
6. Секогаш во групата да има бар еден што носи некое мало конзервиче со шеќерен пијалок - и овој пат едно такво искористи една планинарка.
😊 Добро организирана планинарска група мора да има салам еснаф чоек или два, (од поверење, ха, ха, ха...) шо ќе носи плинско решо и барем прибор за праење тазе чајче - ако не тави со омлет на гостиварски начин! (smiley)
7. Со Şurban и неговите пријатели, не треба да се надеваме дека ќе не носат на раце, ама безбедно, ако ги послушаме, може да стигнеме до целта или до крајот на светов и назад - ако нe држат нашите нозе.
Поздрав на сите.
Александар Михајловски
“Those who know do. Those who understand, teach” - Aristotle
Ilija Daov & Sonja 🙏
Важно на „К“ испадна дестинацијата, наместо до Кожле, до Карабуниште нè однесе шестата чакра. Ам ич не згрешивме иако имаше бунтовници на бродот, а од скара ни „с“ не помирисавме. Сите сетила, сите емоции и целата детска недоиграност добија безрезервни дарови, а како бонус и три воза видовме (раритет во земјава)
Copyright: Лариса
Гинов Камен ни понуди убава глетка и чувство на слобода, ама домаќините човечка блискост и блаженство во душата
Видео: Илин
Доминик (Доминик Милер) еден ден ме праша дали сакам да учам јога со неговиот пријател Дени. Ништо не знаев за јогата. Мислев дека тоа е кога седиш со скрстени нозе, концентриран на својот папок. Навистина мислев дека такво нешто не може да ме заинтересира. Мојот свет го сочинуваа многу поагресивни активности. Но Доминик беше упорен. Тврдеше дека вежбите бараат издржливост и дека се физички тешки. Се согласив да пробам па Дени дојде на крајот на една наша проба. Се договоривме да ми покаже неколку вежби. Мислев дека ќе биде лесно бидејќи бев во прилично добра физичка кондиција, но мојата гордост беше брзо урната. По 20 минути веќе не можев да го следам, иако тој само демонстрираше. Тоа што го изведуваше беше од некоја друга планета. Сфатив дека тоа е она што го барам.
Стинг
About Saturday Night (no Fever)
Поштована Почит,
Ти си тиха река, што нежно го мие брегот. Ти си ветар што ласка со своите невидливи крила.
Твоите очи се звезди, светат во ноќта на мојата душа. Твоите раце се крилја, што ме носат низ вечноста.
Ти си почит, ти си светлина, што ме води кон вистината. Твојата љубов е светилник, што ме води низ мракот.
Поштована Почит, твојата сила е во твојата нежност. Твојата мудрост е во твојата тишина. Ти си вечна, ти си велика.
— Матеја Матевски
Почитување, разбирање, желба за уживање во животот. Така некако би се опишал духот на In Spiritu.
Или, како што би рекле Турците, İyi ki varsınız, Среќна сум што постоите. 🙏
Временската прогноза нè прелажа, ама за компензација ни се отвори несекојдневна можност.
Благодарност до домаќинот Зоран Ѓорѓиевски!
Патем, да ни препорачате психијатар или бајачка за страв од височина? 😨🫣😱😱
Малце дубевме на глава, малце се осеќавме како божествени битија, главно се забавувавме (без кафана)
Не е проблем што се добри хајкери и ентузијасти, туку и што добро фотографираат.
Оди па избери...
И да, трета среќа, стигнавме до целта https://www.youtube.com/watch?v=VjEq-r2agqc
Iyengar Yoga - Immune Boosting Sequence.
Дечките растурија 🧎♀️➡️🧎♂️
Денес не бевме најпримерни, освен Мите, ама празник е, ќе ни се прости 😇😉😁
https://www.youtube.com/watch?v=wetYY3awR1U
„Ко се боји вука још, три за грош, три за грош
Вука се не бојим ја, тра-ла-ла, тра-ла-ла”😶🌫️
И ја чествувавме наследничката ☯️🕉🪬🧿
Намасте Biljana 🧘♀️🧘🧘♂️
Се збогувавме со арно
100% совршен ден!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Category
Telephone
Website
Address
Факултет за земјоделски науки и храна
Skopje
Црвена вода 8-15
Skopje, 1000
ИНСТИТУТ ЗА УНИВЕРЗАЛНА ЕНЕРГИЈА И.З.У.Е. СКОПЈЕ „Црвeна вода„ 8-15, 1000, Скопје, Македонија Тел: 078 203 437, pendovski@gmailcom
Prashka 28
Skopje, 1000
Центар за јога, медитација и останати енергетски практ
Bulevar Vidoe Smilevski Bato 35, Lok. 1 Novo Lisice
Skopje, 1000
Јога студио
Nikola Rusinski 21
Skopje, 1000
Mindfulness experience, balance your life, balance your mind, breath, be active, practice with us Yoga, Pilates, Total body fitness, enjoy in Jumeiho therapy and a lot of more expe...
Skopje, 1000
"Children are not pets, property or possessions, but the future and hope of the planet."
Bulevar Climent Ohridski, Br 48
Skopje, 1000
Teaching Hatha & Vinyasa flow RYT 200h Certified Yoga Teacher @ The Yoga Alliance (Ashtanga & Ha