НЗАВИ ОБУКА-Л

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from НЗАВИ ОБУКА-Л, Улица "11 Октомври" бр. 63, 1000 Скопје, Skopje.

Здружението е формирано за остварување на следните цели:
-Согледување на проблематиката со јавната едукација за управување со моторни возила, унапредување на безбедноста во сообраќајот и развивање на еколошката свест при користење на возилата.
-Генерално унапредување на професијата и заштита на интересите и целите на автошколите и иструкторите.
-Советување и подржување членови во генерално -

Photos from НЗАВИ ОБУКА-Л's post 05/12/2022

Почитувани,

По иницијатива на претставниците на Светска банка, на 16 јуни 2022 година остваривме работна средба со Г-дин Драгослав Кукиќ. На состанокот, кој траеше околу три часа, разговаравме за состојбата и условите во кои егзистираат автошколите, актуелните проблеми со кои се соочуваат, со предлози од обете страни, што може да се очекува во иднина.

Добивме покана, да присуствуваме на завршната работилница, на која ќе бидат презентирани резултатите од спроведениот преглед на капацитетите за управување со безбедноста во патниот сообраќај во нашата земја. Настанот се оддржа на 30 ноември 2022 година во хотел Александар Палас, на кој присуствуваа претставници од ЕУ, Светска банка, надлежните Министерства, Инспекторати, Агенции, Асоцијации од делокруг на работа во сообраќајот. Работилницата ја отворија Министерот за транспорт и врски и Министерот за внатрешни работи.

Од страна на претставниците на Светска банка, како носител на проектот, беше извршена презентација на нацрт-предлог на акцискиот план со предвидени рокови за реализација на програмата.

Веќе наредната година треба да биде донесен и усвоен закон за Агенција за безбедност на патиштата, по што би следувало и нејзино формирање. Во истиот период , следува изработување и усвојување на измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во делот од програмата за „безбедни учесници во сообраќајот“ предвидена е професионална обука на кадарот во автошколите и испитните центри. Она што е од особена важност за нас е да бидеме активен дел од овие процеси.

Со оглед дека сме пред крај од годината, традиционално е предвидено со почетокот на новата година оддржување на годишно Собрание на Здружението, на кое подетално ќе се запознаеме со предвидените проекти.

НЗАВИ ОБУКА-Л

Photos from НЗАВИ ОБУКА-Л's post 21/06/2022

30 години во служба на безбедноста во патниот сообраќај

Со присуство на претставници од автошколите и голем број на гости, Здружението го одбележа јубилејот-30 години од своето постоење. На настанот, свое пригодно обраќање имаа Министерот за внатрешни работи-Оливер Спасовски, претседателот на Бизнис Конфедерација на Македонија-Миле Бошков, Претседателот на РСБСП-Гордана Кожуваровска, Деканот на Факултет за безбедност-Никола Дујовски...
Од името на Здружението, претседателот на ИО-Јонче Апостоловски се заблагодари на гостите за убавите зборови и честитките по повод јубилејот. Најпрвин беше одадена почит на колегата Зоран Трајановски, кој за жал прерано не напушти. Фала ти Зоки, за све што правеше за нашата фела.

Изминативе години, посветено се работеше на создавање на услови за унапредување на работата на автошколите и за таа цел остануваме отворени за соработка со надлежните институции. Главен столб, тука е возачот-инструктор. Исклучително тешка и одговорна професија, во која не е дозволено ни дел од секунда невнимание или пад на концентрацијата.

Силата и моќта на здружението се црпе преку активноста на самите членки. Со молчење и пасивност не се решаваат проблемите.

Седницата ја водеше претседателот на Собранието на Здружението-Душко Стојановски.

Во вториот работен дел од седницата беа избрани раководните структури на Здружението:
-Претседател на Собранието и претседател на Извршниот одбор на Здружението,
како и Извршниот одбор на здружението.
На седницата беа присутни претставници од 70 автошколи од Републиката.

08/06/2022

Национално здружение на автошколи и возачи-инструктори ОБУКА-Л
ул. „11-ти Октомври“ број 17 Скопје
тел. 071 808 812 e-mail [email protected]

До Автошколите

Предмет: Покана

Почитувани,
Ве покануваме на седница на Собранието на НЗАВИ ОБУКА-Л, воедно и одбележување на јубилејот 30-години од постоењето на Здружението.

На настанот се поканети:

-Министерот за внатрешни работи, претставници од Секторот за сообраќајни работи, Претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Деканот на Факултет за безбедност, претставници од РСБСП, Испитните центри.....

Време: 15.6.2022 (среда) со почеток од 10,30 часот
Место: Факултет за безбедност - амфитеатар „1“ Колонија-Идризово бр. 2А Скопје

Напомена: Може да присуствува само по едно лице од секоја автошкола, пријавено во список, кој треба да биде доставен до Факултетот за безбедност до 13.6.2022

Агенда:
10,30-11,00 Прием
11,00-12,00 Свечен дел од седницата
Предвидено обраќање на:
- Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски;
- Претседателот на БКМ – Миле Бошков;
- Претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска;
- Деканот на Факултет за безбедност – Никола Дујовски;
- Претседателот на ИО на Здружението – Јонче Апостоловски.
12,00-12,15 Пауза
12,15-12,45 Работен дел
- Избор на претседател на Собрание на Здружението и
- Членови на Извршен одбор на Здружението.


Секој кој сака да присуствува да се пријави на бројот 071 808 812 Јонче.

Кој нема да биде запишан на список неможе да присуствува на седницата.

13/12/2021

Почитувани колеги,

На 10.12.2021 година бевме поканети на одбележување 20-години од постоењето на Бизнис Конфедерација на Македонија. На свеченоста имаше претставници од меѓународната заедница, Владата, Комори, Синдикати, невладини организации....

Задоволство беше да се биде во тоа друштво. Убаво беше чувството да се слушне дека некој Ве цени, ја почитува Вашата професија и има разбирање за одговорноста со која сте соочени во Вашата работа.

Останува само колку ние, како возачи-инструктори се цениме самите себеси и си го респектираме вложениот труд...

Честитки до Бизнис Конфедерација на Македонија, до раководството, до Претседателот за јубилејот и нека им се множат годините со успеси!

18/10/2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани колеги,
Според доставените предлози за избор на раководните структури на здружението (поединечно од автошколите, како и од Тетовско-Гостиварскиот и Битолско-Прилепскиот регион) едногласно се одлучи за продолжување на мандатот на досегашното раководство. Огромна благодарност од наша страна за укажаната доверба, но сметаме дека е време за вклучување на помладата генерација во организацијата, за превземање на одговорност во носењето на одлуки, како во иднина ќе продолжи да функционира нашата професија. Може да сметате, дека ова е преодно решение до оддржување на првото наредно Собрание на Здружението, кое ќе биде и изборно, штом се создадат услови за тоа.
Во меѓувреме се таложат проблемите во нашата работа: недостиг на L-таблици, застој во полагање за лиценци, нема-има пробни тестови, преобемност во водењето на рачни евиденции, кои требаше да останат само електронски...... Останува да продолжиме посветено да делуваме на измени во Законот за укинување на пробниот тест во обуката, воведување на практична обука за „АМ“ категорија, полагање на теоретскиот дел од испитот по завршување на теоретската настава, полагање на возачкиот испит пред овластени испитувачи и учество на инструкторот при полагање на градска вожња....
Ако решавањето на овие проблеми зависи од соработката со институциите и законодавачот, постојат работи кои зависат исклучиво само од нас. Една од нив е минималната цена за обука, особено за „А“ и „Б“ категорија, која е донесена пред шест години и по која работат најголем дел од автошколите во државата.
За потсетување, во Законот од 2015 година издејствувавме законска регулатива за утврдување на минималната цена за обука, чија висина ја утврдува Министерот за внатрешни работи, на предлог на автошколите. По оддржани состаноци со претставниците на автошколите во сите региони, беше изготвен Елаборат, преку кој Здружението достави предлог до МВР на минималните цени за обука за сите категории на возила. Зад овие цени застанаа 98 % од автошколите во Републиката, со потпис и печат.

Предлог минимална цена за обука за „Б“ кат. таа 2015 година изнесуваше 24.500 денари со вклучен ДДВ од 18 % односно:
- 1 н/ч теоретска настава - 200 денари со ДДВ
- 1 м/ч практична обука - 570 денари со ДДВ.

Почитувани, многу нешта се изменија од тоа време (камери, хард дискови, замена на мотори, камиони, автобуси, приколки, економски кризи, пандемии...) а ние сме сеуште далеку од оваа предложена цена (секоја чест на автошколите од Битола).

Денес кога цените на прехрамбените намирници, земјоделските производи, енергенсите, нафтените деривати буквално секој ден растат и незапирливо галопираат, ние сме доведени во ситуација на преживување. Невозможно е со цена од 19.300 со ДДВ, да се покријат редовните и варијабилните трошоци за работа, доведено е во прашање опстанокот на автошколата, како и егзистенцијата на вработените и нивните семејства.

Почитувани,
Дали може предложената минимална цена од 24.500 ден. со вклучен ДДВ да биде официјално прифатена од сите автошколи во Републиката. Дали може од 1 ноември 2021 година секоја автошкола да ја почитува оваа минимална цена за обука од „Б“ категорија. Дали имаме доблест и одважност, како фела да го испочитуваме договореното во 2015 година, дадениот збор и ставениот потпис.
Крајно време е да бидеме единствени.

14/05/2021

Известување до автошколите и инструкторите
Почитувани,

Пред повеќе од месец дена, измина договорениот рок, во кој автошколите требаше да достават свои предлози за избор на раководните структури на Здружението. На доставените Покани за учество на изборното Собрание, до сега по пат на маил или телефонски, одговорија следниве автошколи: „Безбедност“-Кавадарци, „Банкина“-Скопје, „Жан-Ран“-Битола, „Идол“-Скопје, „Ива Обука“-Скопје, „Југо-Фер“-Куманово, „Мобилити“-Скопје, „Прима“-Гевгелија, „Спид“-Кочани, „Тим“-Куманово, „ТТ-Дарко“-Струмица, како и автошколите од град Тетово преку досегашниот координатор на регионот.

Уште еднаш апелираме до останатите автошколи да се приклучат во изборот, со доставување на свои предлози на маил адреса на Здружението - [email protected]

Рокот ќе биде продолжен до 21.5.2021 година, по што јавно ќе бидат објавени номинираните кандидати, за кои ќе може да се гласа по електронски пат.

Функционирањето на Здружението се темели на основата, базата која ја сочинуваат автошколите. Колку таа е помасовна и побројна, толку добиваат на тежина одлуките и барањата за решавање на проблемите и унапредување и прогрес на професијата со која се занимаваме.
Една од задачите на идното раководство е да се ажурира членството и да се овозможи доброволен пристап на правните субјекти, кои подоцна се формирани.

Она што како предизвик стои пред Здружението е да се достави предлог до МВР за утврдување на висината на цената за оспособување на кандидатите за возачи, бидејки сегашната е донесена кога минималната плата беше 9.000 денари, потоа надминување на проблемот со полагање на стручен испит за лиценца, кој што е во прекин, како и договор за организирана имунизација на инструкторите....

Почитувани, интересот е заеднички. Само организирано може да се надеваме дека може нешто да постигнеме...

14/05/2021

Предмет: ПОКАНА за учество во Изборно Собрание 2021
Почитувани,
Според Статутот на Здружението НЗАВИ ОБУКА-Л, Собранието е највисок орган на Здружението. Собранието го сочинуваат сите автошколи и возачи-инструктори, кои со пристапница членуваат во Здружението. Во електронскиот Регистер на Здружението, заведени се 136 автошколи и 55 возачи-инструктори.
На Седница на Собранието се бираат Претседател и заменик претседател на Собранието, како и извршните органи на Здружението: Извршен Одбор, Благајник и комисии за одредени области на делување на Здружението.
Извршниот Одбор на Здружението се состои од девет члена.
Организациската структура на Здружението е поставена по територијални регионални единици. Во состав на Здружението влегуваат шест региони:
1. Битолско-прилепски; 2. Велешко-струмички;
3. Кумановско-штипски; 4. Охридско-кичевски;
5. Тетовско-гостиварски и 6. Скопски регион.

Автошколите согласно својата територијална припадност, избираат координатор за својот регион кој што ги застапува нивните интереси. Koординаторот истовремено е член на Извршниот Одбор. Исто така се избира и заменик координатор за тој регион.
По предлог на автошколите на изборното Собрание се бираат и Претседател и заменик Претседател на Извршниот Одбор. Во состав на Извршниот Одбор влегува и Претседателот на Собранието.
Мандатот на избраните лица, кои ги извршуваат функциите трае четири години.

Почитувани колеги, на 25.2.2021 година заврши мандатот на извршните органи и раководството на Здружението. Со оглед на наметнатата состојба и околностите во кои функционира општеството, невозможно е да се организира Седница на Собранието, како изминатите години. Со цел, да се запази статутарната регулатива и да се овозможи Здружението непречено да продолжи да функционира, сметаме дека по примерот на останатите Здруженија, федерации, комори итн. и ние да организираме изборно собрание преку електронска форма. Да овозможиме, во една фер, регуларна и транспарентна постапка, секој на доброволна основа да учествува со свои предлози во изборот на органите на Здружението.

Предлозите можат да бидат доставени:
-на маил - адреса на Здружението - [email protected]
-писмено до координаторите.

Назив на автошколата: „_________________________________“ место_____________ Одговорно лице: ______________________________ телефон____________________
Предлог за:
Координатор на регионот: ________________________________________________
Заменик координатор на регионот: _________________________________________
Претседател на Собрание: ________________________________________________
Заменик Претседател на Собрание: _________________________________________
Претседател на Извршен Одбор: ___________________________________________
Заменик Претседател на ИО: ______________________________________________

Предлозите да бидат доставени најдоцна до 1.4.2021 година.
-За координатори на регионот ќе бидат избрани лицата со најмногу добиени гласови, преку доставените предлози. Избраните кординатори според Статутот, стануваат членови на Извршниот одбор на Здружението.
-По ист принцип ќе бидат избрани и замениците на координаторите по региони и заменик претседател на Собранието и заменик претседател на Извршниот одбор.
-Лицата со најмногу предлози за Претседател на Собранието и Претседател на Извршниот одбор ќе бидат јавно објавени на страната на Здружението, за кои секоја автошкола ќе има можност поединечно да гласа до 10.4.2021 година, кога конечно ќе биде соопштен резултатот и новиот состав на структурите на Здружението.

Огромна благодарност до сите, за досегашната соработка и разбирање, со желба за добро здравје и среќа во работата. Да се надеваме дека ќе има крај на ова лудило, дека есенва ќе може да се дружиме и дека наредното Собрание ќе го оствариме со физичко присуство, како во старите времиња…

Поздрав!

Претседател на Собрание: Душко Стојановски
Претседател на Извршен Одбор: Јонче Апостоловски

14/05/2021

Почитувани,

Не случајно, секоја професија од било која дејност, има своја асоцијација (комора или здружение) преку која ги остварува своите цели и задачи. За среќа, нашите претходници имале доблест да го формираат Здружението, преку кое автошколите и возачите-инструктори ги застапуваат своите интереси и можат да делуваат во создавање на подобри услови за работа.

Накратко само дел од сработеното во изминатиот период кое е резултат на одличната соработка помеѓу членовите на Извршниот Одбор, но пред се на помошта и поддршката која ја имавме од автошколите и возачите-инструктори од целата земја.

*Издејствувани измени и дополнувања на ЗБСП од 2007 год (мај 2007) и од 2015 год (септември 2015) кои се однесуваа на условите кои треба да ги исполнува стручниот кадар, а се од особена важност за функционирање на автошколите.
-Една од суштествените придобивки со Законот од 2015 година е утврдувањето на минималната цена за обука, по предлог на автошколите. Иако, донесените цени за оспособување од категориите на возила, се пониски од предложените и се многу далеку од цените во околните земји, сепак претставуваат чекор напред во однос на претходните, за кои може слободно да се каже беа понижувачки и смешни.

*На покана од Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука, Здружението учетвуваше во работната група за изработка на електронските тестови за полагање на возачкиот испит (2012 год) како и на Прирачникот за полагање на возачкиот испит (поставен на веб-сајтот на МВР).

*Исто така, Здружението учествуваше во работната група за изработка на Правилниците за критериумите и начинот на работа на автошколите (декември 2010 година, јуни 2013 година).
-Училницата за теоретска настава со минимум 30 места, беше сведена на најмалку 20 m2 односно за 10 кандидати за возачи. Наставниот план и програма за „Б“категорија кој претходно содржеше 35 н/ч во девет дена, е вклопена во 20 н/ч односно пет дена;
-Унапредување на практичната обука за „А“ категорија преку аудио врска помеѓу инструкторот и кандидатот за возач. Претходно, освен на полигон, многу ретко се вршеше обука во град со мотоцикл.
-Воведување на електронско водење на евиденциите во автошколите - со цел да се унапреди и поедностави водењето на задолжителните евиденции (оставен период за прилагодување, во кој евиденциите ќе се водат двојно - рачно и електронски со тенденција да остане рачно да се води само Матичната книга, како и картонот за практична обука)
-Благодарение на разбирањето од претставниците од МВР, од исклучителна важност за возачите-инструктори, редовно вработени во автошколите, беше укинувањето на хонораното работење. За потсетување, таа 2013 година во автошколите во Републиката имаше повеќе инструктори кои дополнително се занимаваа со оваа дејност, од оние кои живееат од оваа професија и изддржуваат семејства.

*Останува да се спомнат сите работни средби организирани од страна на Здружението со:
- Премиерот на Владата (ноември 2017, март 2020)
- Министерот за внатрешни работи (2017,2018,2019,2020 година)
- Советниците на Министерот за внатрешни работи;
- Началникот и вработените во Сектор за сообраќај од МВР;

*Зачленување на Здружението во Бизнис Конфедерација на работодавачи - со цел за етаблирање на автошколите на меѓународен план
- Меѓународна работилница за Основање и менаџирање на Здруженијата - август 2014 година,
- Меѓународна работилница за Општествена одговорност на правните субјекти- март 2015 година.

*Општествени активности организирани од страна на Здружението:
- Тркалезна маса за поголема безбедност во сообраќајот - септември 2013 (МВР, РСБСП, ИЦ, Медиуми)
- Сообраќаен квиз за учениците - јануари 2014 МТВ, Зимска рекреативна програма - 15 дена;
- Манифестација „Безбеден возач-почетник“ април 2014 (МВР, РСБСП,ИЦ, Медиуми)
- Работилница за унапредување на работата на автошколите - јуни 2015 Дојран (МВР, Консалтинг Биро, ИЦ)
- Трибина „Автошколата-фактор за безбедноста во сообраќајот“ - септември 2017 (Министер за внатрешни работи, МВР, РСБСП, Медиуми)

*Спортски и забавни активности на Здружението
- Организација на Инструкторски спортски игри - ИСИ традиционално се оддржуваат секоја година по ред во Охрид, од 2013 година па навака;
- Организација на предновогодишна прослава за возачите-инструктори - традиционално секоја година (наизменично во Скопје и надвор од Скопје).
- Организиран натпревар за возачите-инструктори во Познавање на сообраќајните правила и прописи и вешто возење на полигон - април 2014 година, АСУЦ;
- Квиз на знаење за возачите-инструктори - јуни 2015 година, Дојран;

*Минатата година остварени се средби со Министерот за внатрешни работи, Советниците на Министерот, како и со началникот на Сектор за сообраќајни работи во МВР... Разговарано е за актуелните проблеми во нашата дејност, при што доставени се предлози и иницијативи како да се постигнат подобри резултати во едукацијата, практичната обука и спроведувањето на возачкиот испит за кандидатите за возачи. Останува во иднина посветено да се работи на нивното реализирање.

Февруари 2021 година НЗАВИ ОБУКА-Л

Want your business to be the top-listed Recruitment Company in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Telephone

Website

Address


Улица "11 Октомври" бр. 63, 1000 Скопје
Skopje

Other Skopje recruitment companies (show all)
Kouzon Corporation Kouzon Corporation
Str. Kliment Ohridski 58
Skopje, 1000

адреса : Бул. Климент Охридски бр. 58 телефон: 02 3238 – 801, 32 96 643 мобилен 078 45 44 26, е-пошта: [email protected]

Вработување News-Vrabotuvanje Вести Вработување News-Vrabotuvanje Вести
Vasil Gjorgov 24/1/5
Skopje, 1000

Вработување NEWS: On-line портал Vrabotuvanje Вести

ENGLISH SPEAKERS NEEDED ENGLISH SPEAKERS NEEDED
Skopje

UK internet marketing company recruiting for English speakers with a high level of abilityi. If you have outstanding speaking and writing skills and are interested in customer fac...

iWork.mk iWork.mk
BUlica Krste Misirkov No. 11
Skopje, 1010

Your best platform to find your dream job!

44 Staff 44 Staff
Кузман Јосифовски Питу бр. 22
Skopje, 1000

44 Energy and Staff е компанија за посредување работа во Странство. 44 Energy and Staff is a company for employment abroad.

Macedonia Models Macedonia Models
Skopje

Macedonia Models is working with Yash Models to uplift talents from Macedonio and other countries. I

Shef e Argat Shef e Argat
Булевар Македонија
Skopje, 1000

Posrednik.mk Posrednik.mk
Ulica Franjo Kluz Br. 7/2/5
Skopje, 1000

Работа во ГЕРМАНИЈА и ХРВАТСКА за СТУДЕНТИ, РАБОТНА ВИЗА и ЕУ ПАСОШ

Majorel Majorel
St. Zeleznicka, No. 41
Skopje, 1000

Majorel is now Teleperformance. Welcome to a whole new world of vast opportunities.

Tasker.Mk Tasker.Mk
Skopje

Ви треба Електричар или Фотограф ? најдете таскер да ја заврши за вас работата

Balkan Support Balkan Support
Skopje, 1000

Pyramid Group Pyramid Group
Skopje

Recruitment Company