Institute of Social Sciences and Humanities - Skopje
The Institute of Social Sciences and Humanities - Skopje (ISSHS) is a scientific institute in social sciences and humanities.
The Institute of Social Sciences and Humanities - Skopje (ISSHS) is a scientific institute in social sciences and humanities focusing mainly on multi-issue policy studies. It holds the status of a scientific institution in the fields of social sciences and humanities accorded by the Ministry of Education and Science of the Republic of Macedonia (Decision No. 30). It is also an accredited graduate
Дигиталната интерактивна платформа е изработена во рамки на партнерскиот проект„ Застапување за инклузивен развој,“ поддржан од Швајцарската влада преку програмата Цивика мобилтитас што го спроведува Форум за разумни политики/Forum for reasonable, кој воедно го предводи партнерскиот грант го спроведува во соработка со Балканскиот институт за регионална соработка и Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје.
и Civica Mobilitas Форум за разумни политики/Forum for reasonable policies BIRC
Cluster3edu „Застапување за инклузивен развој“ е тригодишен проект поддржана од Швајцарската влада преку програмата Цивика Мобилитас што Институтот за општествени и хумани...
Видео визуелизацијата на податоци „Дали ја имплементираме Болоња, и зошто не?“ е изработена во рамки на партнерскиот проект„ Застапување за инклузивен развој,“ поддржан од Швајцарската влада преку програмата Цивика мобилтитас што го спроведува Форум за разумни политики/Forum for reasonable, кој воедно го предводи партнерскиот грант го спроведува во соработка со Балканскиот институт за регионална соработка и Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје.
и Civica Mobilitas Форум за разумни политики/Forum for reasonable policies BIRC
9 дена до крајот на вториот уписен рок на постдипломските студии на ИОХН, Скопје. Изберете една од можните потесни насоки во рамки на оваа програма (тие се формираат преку пакетот изборни предмети и темата на магистерската). Ова значи: Магистер од полето на студии на политики и областа 1) култура, 2) род, 3) политичка економија, 4) добро управување, 5) граѓанско општество. Студиите чинат 375 евра по семестар, а толку отприлика и самата одбрана. Дипломи, наставни материјали- се' е покриено со овој износ. ИОХН-С е непрофитна (приватна високообразовна) установа во вистинската смисла на зборот, останувајќи поевтина за студирање на постидпломско ниво и од секој државен универзитет и институт, а не само приватен.
» ВТОР УПИСЕН РОК НА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ НА ИОХН, СКОПЈЕ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Уписите се во тек! Изберете една од можните потесни насоки во рамки на оваа програма (тие се формираат преку пакетот изборни предмети и темата на магистерската). Ова значи: Магистер од полето на студии на политики и областа 1) култура, 2) род, 3) политичка економија, 4) добро управување, 5) граѓанско општество. Студиите чинат 375 евра по семестар, а толку отприлика и самата одбрана. Дипломи, наставни материјали- се' е покриено со овој износ. ИОХН-С е непрофитна (приватна високообразовна) установа во вистинската смисла на зборот, останувајќи поевтина за студирање на постидпломско ниво и од секој државен универзитет и институт, а не само приватен.
» ВТОР УПИСЕН РОК НА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ НА ИОХН, СКОПЈЕ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
ВТОР УПИСЕН РОК НА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ НА ИОХН, СКОПЈЕ (АКАДЕМСКА: 2024/25)
(Краен рок за аплицирање: 15 август 2024)
Кус опис на содржината на програмата: Интердисциплинарни студии на политиките, кои, освен философија на политиката и правото, вклучуваат и студии на право, политички науки, применети економски истражувања, културна и родова теорија, и друго што припаѓа во интердисциплинарното поле на студии на политиките (policy studies).
Изберете една од можните потесни насоки во рамки на оваа програма (тие се формираат преку пакетот изборни предмети и темата на магистерската). Ова значи: Магистер од полето на студии на политики и областа 1) култура, 2) род, 3) политичка економија, 4) добро управување, 5) граѓанско општество
» ВТОР УПИСЕН РОК НА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ НА ИОХН, СКОПЈЕ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Ги известуваме сите заинтересирани кандидати кои не стигнаа да ги комплетираат документите до истекот на првиот уписен рок, дека можат тоа да го направат до крај на оваа недела (30 јуни 2024 година). Потсетуваме дека се што треба во мигот е да ја пополните онлајн формата (достапна на линкот подолу) и документите да ги испратите електронски. Документите кандидатите ги доставуваат на есен при потпишување за упис. Контакт: [email protected] или јавете се на 072 307 701.
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Од нашите студенти. Уште 4 дена до истекот на првиот уписен рок дознај повеќе на https://tinyurl.com/f5xhme3k
Од нашите студенти
Уште 4 дена до истекот на првиот уписен рок: има три патеки во студиите на политики, мултипроблемски политики, култура и род. Студиите чинат 375 евра по семестар, а толку отприлика и самата одбрана. Дипломи, наставни материјали- се е покриено со овој износ. Професори: Катерина Колозова, Тихомир Топузовски, Гордан Георгиев, Дона Колар – Панов, Викторија Боровска, Ана Блажева, Калина Лечевска, Здравко Савески, Ирена Цветковиќ, и бројни меѓународни визитинг. Се' што треба во мигот е да ја пополните онлајн формата, а сите документи дури на есен при потпишување за упис. Контакт: [email protected] или јавете се на 072 307 701. Дознајте повеќе на линкот подолу
» ПРОДОЛЖУВАЊЕ на рокот за упис на студенти до 24 јуни 2024 Ги информираме сите заинтересирани студенти за упис на последнипломските студии на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје дека рокот за аплицир....
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ ДО 24 ЈУНИ 2024
Ги информираме сите заинтересирани студенти за упис на постдипломски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје дека рокот за аплицирање е продолжен до 24 јуни 2024 година. За да го запазите рокот, важно е што е можно поскоро да ја поднесете самата пријава која можете да ја пополните on line на следниот линк https://tinyurl.com/4spau7rp За сите дополнителни прашања околу студиите, можете да не контактирате на [email protected] или на телефонскиот број: +389 2 3113 059. Воедно сите заинтересирани можат да не посетите лично во просториите на Институтот (20 октомври бр.8/2 кат) и одблизу да се запознаете со условите кои ги нуди Институтот како и со дел од професорскиот кадар.
Дознајте повеќе на линкот подолу
https://www.isshs.edu.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%be%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d0%bf%d0%b8%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5/?lang=mk&fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR0iR73MyleAhJhw7fnWkLN-LU3jbfGQjlfxE_cmVgXO76HNG4wQg333Wk4_aem_ZmFrZWR1bW15MTZieXRlcw
» ПРОДОЛЖУВАЊЕ на рокот за упис на студенти до 24 јуни 2024 Ги информираме сите заинтересирани студенти за упис на последнипломските студии на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје дека рокот за аплицир....
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ ДО 24 ЈУНИ 2024
Ги информираме сите заинтересирани студенти за упис на постдипломски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје дека рокот за аплицирање е продолжен до 24 јуни 2024 година. За да го запазите рокот, важно е што е можно поскоро да ја поднесете самата пријава која можете да ја пополните on line на следниот линк https://tinyurl.com/4spau7rp За сите дополнителни прашања околу студиите, можете да не контактирате на [email protected] или на телефонскиот број: +389 2 3113 059. Воедно сите заинтересирани можат да не посетите лично во просториите на Институтот (20 октомври бр.8/2 кат) и одблизу да се запознаете со условите кои ги нуди Институтот како и со дел од професорскиот кадар.
Дознајте повеќе на линкот подолу
https://www.isshs.edu.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%be%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d0%bf%d0%b8%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5/?lang=mk
» ПРОДОЛЖУВАЊЕ на рокот за упис на студенти до 24 јуни 2024 Ги информираме сите заинтересирани студенти за упис на последнипломските студии на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје дека рокот за аплицир....
Опис на предметите од студиската програма Студии на политики: Епистемологија на општествените науки и применетите општествени науки / проф. Катерина Колозова (Katerina Kolozova) / Конкурсот за упис на студенти е во тек и трае до 20 Јуни 2024 ... дознај повеќе на https://www.isshs.edu.mk/konkurszaupis24_25/?lang=mk
Изборот на истражувачките алатки и општиот методолошки приод во секое истражување зависи од изборот на епистемолошката рамка на истражувачот. Припадноста на определена теориска школа, претпоставува доследно придржување на епистемолошката рамка на која ја заговара школата на која истражувачот ѝ припаѓа и, со тоа, примена на методологија која произлегува од епистемолошкиот избор. Во овој предмет ќе ги изучуваме епистемолошките правци релевантни за општествената теорија и наука од почетокот на 20-тиот век па наваму: позитивизмот, структурализмот, постструктурализмот, конструктивизмот и деконструкцијата, постколонијалната критика како епистемолошки приод и феминистичките епистемологии од 90-тите наваму. Но исто така, ќе се изучуваат и предмодерните епистемолошки модели, од дијахрониска перспектива. Ќе се загатнат темите на „објективно“ знаење наспроти знаењето создавано од истражувачки субјект кој ја подазбира личната вложеност (својствен на постструктурализмот) и настојува да ја осветли, емпирицизмот наспроти критичката теорија, универзализам и есенцијализам наспроти контекстуализација на знаењето, дискурс и субјект, итн. Клучни авторитети чии идеи ќе бидат изучувани се: основачите на позитивизмот (Конт, Диркем), структурализмот Леви Строс и Сосир, Лакан и други претставници на структурализмот (како Витгеншајн), Кун, Попер како и Фуко и другите основоположници на постстурктурализмот (доминантната интерпретациска парадигма денес), особено во критичката теорија и интердисциплинарните студии. Ќе се сопостави аналитичката школа на мислата наспроти контиентнталната трациција, односно философија како епистемолошка подлога (на пример аналитичка правна теорија наспроти реалистичка - Лајтнер - или натуралистичка/природно право, ја покажуваат улогата на разните теориски традиции). Ќе навчелеземе и во теориите/епистемологии на кризата на постструктурализмот на 21 век и правците како спекулативен реализам, нови онтологии на дигиталниот простор (Марк Фишер, акселерационизам), културна теорија на технологијата и нови реализими и теории на науката.
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Опис на предметите од студиската програма Студии на политики: Филозовија на право и политика / проф. Катерина Колозова (Katerina Kolozova) / Конкурсот за упис на студенти е во тек и трае до 20 Јуни 2024 ... дознај повеќе на https://www.isshs.edu.mk/konkurszaupis24_25/?lang=mk
Филозофијата на правото и политиката, или правната филозофија, го испитува и анализира правото воопшто, како и правните институции, системи и принципи. Конкретно, го испитува односот на законот со другите системи и филозофски области, како што се политиката и политичката филозофија, економијата и етиката. Предметот прави интерсекторската анализа овозможена од методолошките алатки на применетите општествени студии. Аналитичката јуриспруденција работи на идентификување на суштинските и универзални карактеристики на законот со цел да помогне да се дефинира што е законот. Наспроти тоа, постојат форми на позитивизам кои се во поблиска кореспонденција со општествената реалност, иако не се наивен натурализам, а таква е, на пример, теоријата на правото на Брајан Лајтнер. Важно е да се има на им дека политичките вредности, традиции, ги обликуваат како политиките така и филозофија на правото. Во фокусот на традициите што ќе се изучуваат се оние врзани за модерната-нација држава: либерализмот и авторитарните и анархистичките отстапувања од него (до кибер-анархизмот, како политичка теорија).
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Опис на предметите од студиската програма Студии на политики: Транзиции и алтернативи: Економски и политички трансформации во современиот свет / проф. Здравко Савески (Zdravko Saveski) / Конкурсот за упис на студенти е во тек и трае до 20 Јуни 2024 ... дознај повеќе на https://www.isshs.edu.mk/konkurszaupis24_25/?lang=mk
Предметот ќе понуди основа за разбирањето на општествените, економските и политичките трансформации во последниот половина век, во светот и во нашата земја, и за нивното влијание врз сегашноста и иднината. Преку примена на интердисциплинарен пристап, што ќе ги користи сознанијата на економската, политичката и еколошката наука, студентите ќе се оспособат да применуваат постудиозен и поаналитичен пристап при проучувањето на постојниот систем, развивајќи способност за идентификување на неговите ефекти, како и на неговите алтернативи.
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Опис на предметите од студиската програма Студии на политики: Вовед во студии на политиките / проф. Катерина Колозова (Katerina Kolozova) / проф. Гордан Георгиев (Gordan Georgiev) / Конкурсот за упис на студенти е во тек и трае до 20 Јуни 2024 ... дознај повеќе на https://www.isshs.edu.mk/konkurszaupis24_25/?lang=mk
Студиите на политики ќе се изучуваат од мултидисциплинарна гледна точка, мобилизирајќи повеќе подрачја од општествените и хуманистичките науки. Во таквиот процес на анализа, обединувачки инструмент се трансверзалните аналитички вештини и методологии со што истражувањето на еден вид политики може да се спроведува интер-секторски. Наместо тематска специјализација, ќе се студира интерсекторската анализа овозможена од трансверзалните алатки на применетите општествени студии. Предметот ќе овозможи студирање на применетите општествени и хуманистички науки, нивна употреба во анализирањето и планирањето јавни политики, како и техниките на конципирање и формулирање политики.
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Уште 2 недели до истекот на првиот уписен рок: има три патеки во студиите на политики, мултипроблемски политики, култура и род. Студиите чинат 375 евра по семестар, а толку отприлика и самата одбрана. Дипломи, наставни материјали- се е покриено со овој износ. Професори: Катерина Колозова, Тихомир Топузовски, Гордан Георгиев, Дона Колар – Панов, Викторија Боровска, Ана Блажева, Калина Лечевска, Здравко Савески, Ирена Цветковиќ, и бројни меѓународни визитинг. Се' што треба во мигот е да ја пополните онлајн формата, а сите документи дури на есен при потпишување за упис. Контакт: [email protected]. Дознајте повеќе на
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Welcome to our new visiting faculty member Jacob Henry Leveton
» Jacob Henry Leveton Ph.D., Visiting Faculty
Конкурс за упис на студенти на постдипломските студии на ИОХН, Скопје (Краен рок за аплицирање 20 јуни 2024)...Дознај повеќе на
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Just a few more slots left: academic trainings bridging toward practice, offered by the Institute of Social Sciences and Humanities in Skopje and Kvinna till Kvinna within the programmatic framework and with the support of the Swedish Institute. Study stays in Stockholm fully funded! Hurry up and apply by clicking here
» Gender Equality Education for Practitioners, From Theory to Policy Implementation Gender Equality Education for Practitioners, From Theory to Policy Implementation training programme is funded by the Swedish Institute as a part of SI Academy for Young Professionals (SAYP). The comprehensive training programmme for young professionals in Western Balkans with a specific focus on No...
НОВА РЕАКРЕДИТАИРАНА СТУДИСКА ПРОГРАМА: СТУДИИ НА КУЛТУРАТА
Краток опис на програмата:
Вообичаено овој тип специјализација, барем во развиените академски средини, се одвива на ниво на втор циклус на студии бидејќи самата интердисциплинарност бара способност за примена на преносни алатки на истражување и учење кои овозможуваат одржување на целината, која е во основа, проблемски обединета.[1] (Слично е со секое интердициплинарно подрачје, како со родови студии, студии на политиките, студии на комуникации и медуми, итн.). Агендата за високото образование на ЕУ за 2025, а и подологрочната EHEA и ERA (European Research Area: New ERA 2030), изискуваат од сите земји членки на Болоњскиот процес уште подлабока интердисциплинарност и комбинирање на SSH (social sciences and humanities) со STEM (sciences, technology, engineering and mathematics), а за тоа е индикативно што во моментов Европа (и со тоа и ние како дел од Европската високообразовна област) поточно EU го промoвира терминот STE(A)M (science, technology, engineering, the arts and mathematics; cf. https://tinyurl.com/3dh6ckcf). Па така, оваа програма нуди прилагодување на уметниците и авторите од областа на културата да одговорат на предизвиците на новата ера: развојот на креативните индустрии, учество во технонолшкиот и комуникациски развој што вештините на разните уметности може да го помогна, учество во индустриите на дигиталната ера кадешто е потребна уметничка споспобност (gaming индустријата), и она што е најважно – итниот развој на креативните индустрии, во кои С. Македонија заостанува назад, не само зад ЕУ туку и зад остатокот од регионот.
Креативните индустрии кои се во центарот на оваа програма, и можноста за специјализација и оспособување на авторите од областа на културата да ги применат своите теориски знаења и својата способност од високата култура и уметност на претприемачката ера на денешницата, исто така овозможува и адаптација на новите медиумски алатки на уметниците, кураторите, продуцентите, теоретичарите на уметноста и останатите активни во секторот култура. Имено, инсталациите и перформансите се тоа што доминира по светските галерии и театри, кои се потпираат на видеото, телевизијата и интернетот. Од друга страна, пак, класичните форми на уметноста, преку креативните индустрии, бараат способност да се искористи ерата на дигиталноста за да се направи културното наследство попристапно но и своевидна индустрија (дигиталните тури на музеите, потоа платформите како digital theater – ги прават овие класични форми на уметноста достапни и примамливи за новите генерации публика). Според тоа, присуството на студиите на комуникации, медиуми и воопшто интернет културата – како култура на кибер-просторот – е неопходна за промислување и научна и професионална надградба во полето на културата.
Со интердисциплинарниот и тематски баланс понуден во оваа програма, ИОХН-Скопје настојува да одговори на предизвиците и целите на програмата онака како што ја објаснивме тукушто: епистемологијата комбинирана со квалитативните и квантитативните методологии, сместена во контекст на современите општествени и хуманистички теории, овозможува трансверзални алатки, кои, како и во сите интердисциплинарни области, претставуваат ткиво на врзување на целината.
Список на задолжителни и изборни предмети на студиската програма: Студии на културата
Вовед во политиките на културата и креативните индустрии, Визуелна култура: Теории на 20 и 21 век, Епистемологија на општествените науки и применетите општествени науки, Филозофија на уметноста и глобалната сцена на 21 век, Истражувачки методи и академско пишување, Основи на културните политики, Интеркултурни односи и политики, Комуникации, медиуми и култура, Климатска криза и општествени промени, Теории на субјективитет во ера на вештачката интелигенција: хуманистичка перспектива, Вовед во феминизам, Стратегии за еднаквост и културата како дел од граѓанскиот сектор, Култура на антропоцената, Емоции и политика: Улогата на културата, Основи на дигитална демократија и култура, Теориска психоанализа и општествена критика, Основи на студии на развој и развојни политики, Родови политики и култура
https://www.isshs.edu.mk/studiinakulturata/?lang=mk
» Нова реакредитаирана студиска програма: Студии на културата Краток опис на програмата: Вообичаено овој тип специјализација, барем во развиените академски средини, се одвива на ниво на втор циклус на студии бидејќи самата ин....
Со голема тага ја примивме веста за прераната смрт на една од нашите први и основоположнички членки на Научно-наставниот совет, Линдита Ахмети. Веќе извесно време Линда беше само насловен член на Советот и вработена во друга научна установа, но сепак и визитинг научен соработник на нашата установа - токму поради нејзината основоположничка улога за Институтот. Вечна ти слава, Линда, твојот брилијантен ум и длабока и широка душа гарантираат дека историјата нема да те заборави.
» Линдита Ахмети Помлад истражувач
Конкурс за упис на студенти на постдипломските студии на ИОХН, Скопје (Краен рок за аплицирање 20 јуни 2024)
Интердисциплинарни студии на политиките, кои, освен философија на политиката и правото, вклучуваат и студии на право, политички науки, применети економски истражувања, културна и родова теорија, и друго што припаѓа во интердисциплинарното поле на студии на политиките (policy studies).
Интердисциплинарноста, овозможува системски приод кон тематиката додека можноста од избор на тесна проблематика во образовниот процес и изработката на тезата овозможува тематско остручување: политики во областа на културата, здравството, родовата еднаквост, економијата и социјалната еднаквост, итн. Бројните магистерски тези одбранети на Институтот на широк проблeмски опфат, ја покажуваат ползата од студиите – најголемиот дел од нашите магистри имаат значајни кариери и придонес кон општествениот напредок, од кои голем дел припаѓаат токму на граѓанското општество, меѓународните организации, вработени во министерства, вработени во културата, социјалата, но и претприемачи-иноватори. Како што беше образложено, и како што е наведено во споментатите меѓународно релевантни анализи, потребата од образование и кадар (во повеќе сектори) со зајакнати капацитети. За разлика од претходните години кога оваа програма повеќе се базираше на општествените науки наместо на хуманистичките, со оваа реакредитација воспоставивме нов баланс кој дава предност на филозофијата и другите полиња кои овозможуваат холистичка мисла и интегративен приод комбинирањето на знаењата од различните дисциплини што е неопходно за успешна интердисициплинарна програма.
Новата реалност на дигитализација на глобално ниво наметна и воведување нови предметни содржини како дигитална демократија, дигитални креативни индустрии, планетарни политики и иднината на Европа (како и земјата и регионот во поширокиот европски контекст), вештачката интелигенција и иднината на пазарот на трудот, додека прашањето на родова еднаквост е интегрирано во сите предмети а може и да се студира како подспецијализација благодарение на можноста да се изберат соодветни изборни предмети и тема на магистерската (со тоа звањето останува од областа на студиите на политиките но вашите транскрипти покажуваат потесна специјализација од областа на родот). Истото важи и за културните студии, и политичките науки, како и другите кластери на изборни предмети и предметни содржини од задолжителните. Предметот епистемологија, комбиниран со истражувачки методи овозможува преносни знаења и вештини кои ве оспособуваат за интердисциплинарна мисла (и интерсекторска анализа)
Изберете една од можните потесни насоки во рамки на оваа програма (тие се формираат преку пакетот изборни предмети и темата на магистерската). Ова значи: Магистер од полето на студии на политики и областа 1) култура, 2) род, 3) политичка економија, 4) добро управување, 5) граѓанско општество
» КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ (АКАДЕМСКА: 2024/25) Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавуваКОНКУРСза академската 2024-2025 годиназа упис на студенти на магистерски студии од следниве области: ...
Запознајте ги нашите професори на постдипломските студии на ИОХН,Скопје: Калина Лечевска
Калина Лечевска е научен советник/редовен професор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Таа е доктор на социолошки науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св.Кирил и Методиј.
Лечевска има повеќегодишно искуство во дизајнирање на методологија и истражувачки техники во квалитативни и квантитативни анализи. Исто така е автор/ко-автор на бројни научни и апликативни публикации објавени од ИОХН-С, но и од други релевантни организации/институти. Во име на институтот има учествувано на меѓународни конференции/семинари низ европските земји и краткотрајни академски престои во Виена и Берлин.
» Проф. д-р Калина Лечевска Научен советник / редовен професор [email protected]
Запознајте ги нашите професори на постдипломските студии на ИОХН,Скопје: Викторија Боровска
Викторија Боровска е програмски директор и виш научен соработник/вонреден професор при Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Taa е доктор на социолошки науки. Работела на многу истражувачки проекти од областите на општествените и хуманистички науки. Дел од овие проекти и работни позиции биле: Истражувач на проектот: Независна контекст анализа за 2014-2019; Координатор и истражувач од македонскиот партнер од регионалниот проект: „Религијата во општествата од Западен Балкан“, Истражувач на проектот: Анализа на родовите прашања во програмските концепти и содржини на средствата за јавно информирање и Анализа на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмските концепти и содржини; Истражувач и координатор на истражување на јавното мислење за проектот: „Истражување за родова еднаквост во oпштините од Полошкиот регион како дел од прекуграничниот родов меинстриминг“, Истражувач на проектот: „Проектот Скопје 2014 и неговите ефекти врз перцепцијата на граѓаните на Скопје за македонскиот идентитет“; Истражувач на проектот: „Етничка и родова инклузивност во ЛГБТИ движењето во Македонија“; Обучувач на обуките организирани од страна на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје: „Родовата еднаквост како општествена вредност и креирањето политики за нејзино воведување во праксата на институциите и општеството “,Истражувач во проект од седмата рамковна програма на европска Комисија ФП 7 „Род, миграции и интеркултурни односи (Ge.M.I.C).
» Проф. д-р Викторија Боровска Програмски директор / Виш научен соработник / вонреден професор [email protected]
Од нашите студенти
Запознајте ги нашите професори на постдипломските студии на ИОХН,Скопје: Здравко Савески
Здравко Савески (1976) е научен соработник на Институтот за општествени и хуманистички науки. Има докторирано политички науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Претходно предавал на ФОН Универзитетот во Скопје.
Автор е на книгите „Демократија: модели и дилеми“ (2011) и „Отаде едноумието: повторно откривање на левицата“ (2006), коавтор на книгите „Но пасаран: учеството на борците од Македонија во Шпанската граѓанска војна“ (2016), „Национализмот во(н) контекст: соработката на Албанците и Македонците од Илинденското востание до НОВ“, (2014), „Богатството и сиромаштијата во Македонија“ (2013) и „Обезвреднување на трудот: анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата“ (2010). Бил уредник и на студијата „Штрајк: искуства и состојби“ (2011).
Се занимава и со превод. Негов најнов превод е книгата на Џејсон Хикел, „Поделба: краток вовед во глобалната нееднаквост и нејзиното решавање“ („Аз-буки“, 2019).
» Проф. Д-р Здравко Савески Виш научен соработник / вонреден професор [email protected]
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Contact the university
Website
Address
Ulica "20 Oktomvri" Br. 8-2
Skopje
1000
Opening Hours
Monday | 09:00 - 16:00 |
Tuesday | 09:00 - 16:00 |
Wednesday | 09:00 - 16:00 |
Thursday | 09:00 - 16:00 |
Friday | 09:00 - 16:00 |
Никола Русински бр. 1
Skopje, 1000
International University of Audiovisual Arts (Cinema, Music, Theater)
BUlica Kiro Gligorov Br. 5
Skopje, 1000
Our goal is to create true professionals, who will be prepared to embark upon all the challenges of today’s business world.Over the years, we have managed to prove the quality that...
Гоце Делчев бр. 9б
Skopje, 1000
Мастер студии по уставно право на Правниот факултет ,,Јустинијан Први" во Скопје
Улица „50 Дивизија“ бр. 6
Skopje
Официјална фејсбук страна на Факултетското студентско собрание на Медицински факултет- Скопје
Skopje
Добредојдовте на официјалната страница на Институтот за хемија при Природно-математички факултет - Скопје!
S. Bardovci
Skopje, 1000
Full Professor at Faculty of Security-Skopje, Department of Police Sciences 🇲🇰
BUlica 8 Septemvri 19a
Skopje, 1000
Skopje Metropolitan College is a validated partner of London Metropolitan University. The college of
MK, Makedonsko Kosovska Brigada, Kuzey Makedonya
Skopje, 1000
Uluslararası Balkan Üniversitesi, Türkiye Cumhuriyetinin Avrupa'daki Üniversitesi