davormasaza.com.mk
Nearby health & beauty businesses
Naroden Front
Улица Народен Фронт Бр
Bel Kamen
1131
МЕДИЦИНСКА Масажа Киропрактика екстензија medicinska masaza za diskus hernija spondiloza diskopatija lifna dranaza
# #ДАВОР МАСАЖА # # дискусхернија
Кога еднаш со сигурност ќе се дијагностицира деформирање на дискусот на пршленот, познат како хернија, секогаш следува цела низа прашања што да се прави понатаму? Да се отиде ли на операција или не? Да се чуваме од напор или не? Да се оди ли на терапија или на која? Иако техниката на оперативните интервенции значително е напредната, а новите методи на лекување го виделе светлото на денот, поради цела низа причини, одлуката за начинот на лекување кај дискус хернијата и денес се носи индивидуално, со почитување на сите фактори кои можат да влијаат на резултатот од лекувањето. Целиот пршлен е еден комплициран динамичен состав, творба која е градена за движење. Коските во облик на пршлен го сочинуваат тој состав. Во здравиот човек ги има 24. Измеѓу пршлените кои се наредени како вагон, во композиција, се наоѓаат рскавични перничиња исполнети со ткиво слично на гел или желатин. Тие перничиња ги нарекуваме дискуси и имаат само една функција – амортизација. Додека се движиме, одиме, трчаме, скокаме, или само седиме, различни сили делуваат од сите правци на пршлените. Тие сили не смеат директно да се пренесуваат на самите пршлени, па така тие се ублажуваат на ниво на дискусот, исто како амортизери на автомобилот, ублажувајќи го ударот во ситуација кога автомобилот преминува преку некоја дупка. Но, тоа не е се. Самиот дискус служи и како потпора за движење на пршлените, (или барем кај поголемиот дел од нив 24).
Ако некогаш сте седеле на топка, , ке разберете како тоа се случува. Но, со топката брзо ќе паднете ако не сте доволно внимателни. За да не се случи тоа, сите пршлени меѓусебно се поврзани на неколку нивоа. Први се меѓусебните зглобови. Секој пршлен е поврзан со мали зглобови со својот колега над и под себе. Покрај тоа, тука се и лигаментите кои претставуваат цврста врска меѓу пршлените и кичмата во целина. На тој начин се додава потребната цврстина и се осигурува целиот состав од преголеми движења кои би можеле да ги повредат чувствителните структури како што се малите зглобови или дискусите. Последниот, но веројатно и најважниот состав за заштита на пршлените се мускулите. Тие не само што овозможуваат движење на пршлените, но и на целото тело, туку се и најмоќниот сигурносен фактор. Дотолку повеќе што само мускулите можеме да ги зајакнуваме, и само на тој начин да влијаеме на подобрување на состојбата на самата кичма, бидејќи силните мускули го намалуваат стресот на ниво на рскавицата и малите зглобови, но и лигаментите. Само така силните мускули ги чуваат дискусите. Но, тука е уште еден состав на амортизација, односно ублажување на стресот.
Сите веројатно паметат, уште од основното и средното училиште, дека кичмата е изградена во облик на двојно „S“. Кога го набљудуваме човекот од страна забележуваме рамна линија по средината на грбот која претставува силуета на самата кичма. За волја на вистината, од надворешната страна кичмата навистина е рамна. Но, погледот од страна открива дека кичмата е „искривена“ и тоа во вратниот дел према напреад, во средниот или градниот дел према назад, а во карлицата повторно према напред. Тие кривини ги амортизираат стресовите при движењето на телото. Значи дискусот е рскавична плочка исполнета со желатинозно ткиво и е сместена измеѓу два пршлена. Кога поради голем број причини, дискусот ќе се деформира и ќе ослабе рскавичната обвивка, тогаш меката содржина се испакнува исто како меур на балон. Проблемот не е во самиот меур или деформацијата, туку незгодите доаѓаат тогаш кога доаѓа до притисок на меките ткива, а посебно на нервите кои излегуваат од рбетниот мозок и патуваат преку нозете или рацете. Тоа значи дека најважниот проблем е болката, вкочанувањето или трнењето во рацете или нозете, што го предизвикува притисокот на хернијата врз нервот. Тогаш вообичаено и прв пат се бара помош. Гледајќи чисто механички, наједноставно би било на некој начин да се отстрани хернијата. Ако таа врши притисок и предизвикува болка, логично е да се помисли дека проблемот може да се реши најбрзо по пат на операција и на тој начин да се заврши прикаската. Понекогаш, но само понекогаш тоа е така едноставно. Во поголемиот број други случаи, работите се неспоредливо комплицирани. Треба да се потенцира дека денес повеќето хернии се последици на начинот на живот. Премалку или премногу физички активности, премногу седење или стоење, како и многу други фактори (дебелината на пример). Тоа значи дека ако ја отстраниме хернијата, а начинот на живот остане непроменет, голема е веројатноста дека проблемот повторно ќе се појави. Во прилог на ова оди и праксата. Кај еден дел од оперираните пациенти, повторно се појавува хернијата, но на соседниот дискус. Освен тоа, оперативната интервенција, сама по себе е ризична (иако денес ризикот е неспоредливо помал во одно на ризикот од пред 10 или 15 години), а и самиот оперативна интервенција може да предизвика несакани последици, на пример израстоци, кои пак, повторно можат да предизвикаат цела низа незгодни симптоми, па се неоходни повторни операции.
Покрај сето ова и самите дегенративни процеси, ако се напреднати, можат да го направат неизвесен резултатот од отстранувањето на хернијата.
Целосното постоперативно опоравување ретко е пократко од 6 месеци. Се на се, има многу причини поради кои секогаш пред оперативната интервенција настојуваме да ги исцрпиме сите останати можности на лекување.
Со оглед на тоа дека и самата кичма е динамички сегмент, во некои случаи постои можност за делумно повлекување на хернијата. Со префрлување на оптоварувањето на соседните сегменти, можно е да се намали пристисокот на хернијата на излезот на нервите, без разлика дали тоа се прави по пат на физикална терапија или до тоа да доаѓа спонтано (повеќето луѓе кои имаат хернија, немаат болки постојано, туку само периодично.
Исто така важно е да се спомене дека многу луѓе имаат хернија, а не знаат бидејќи таа не им прави проблеми. Најновата метода на оперативното лекување е вградување на „вметнат дискус“, односно метален механички зглоб на местото на одстранетата рскавица. Иако првите резултати се охрабрувачки, ќе помине уште долго време пред тоа да стане рутинска и сигурна оперативна техника.
Кај неоперативното лекување, пред се настојуваме да ги намалиме болките и тоа со сите расположливи средства. Иако лекарствата некогаш се нопходни, добрите физиотерапевти секогаш даваат предност на методите што ги нуди физикалната терапија.
Во праксата, како најдобри се покажани мануелните техники на лекувањето како масажата, акопресурата и манипулацијата (киропрактика). После отстранувањето или намалувањето на болките следува најважниот дел од лекувањето кои често се занемарува, а тоа е подобрување на функцијата на самата кичма и тоа во вистинска смисла на јакнење на мускулатурата која ја опкружува, како и подобрување на флексибилноста, што единствено може да се постигне со редовно вежбање под стручно водство.
Треба да се потенцира дека исчезнувањето на болката не значи и исчезнување на хернијата, туку напротив. Таа е се уште присатна, само што во тој момент не создава проблеми. Понатаму треба да се види што може да се промени во начинот на живот како би се смалило оптоварувањето на повредениот дел, па на тој начин да ја намалиме можноста за повторно појавување на болките или другите пречки. Иако и денес на болнните од дискус хернија им се препорачува да се штедат од физички активности, искуството покажува дека тоа не е долгорочно решение. Бидејќи со штедењето се ослабува мускулната сила и издржливост, а со тоа и поголемата чувствителност на физички стрес на веќе оштетениот дискус. Исто така треба да се каже дека постојат дискус хернии кои треба итно да се оперираат и кај кои физиотерапевтите или било кое друго лекување нема да даде добри резултати, туку само ќе се потрои драгоценото време. По кој пат да се појде при лекувањето на хернијата треба да одредат лекарот и физиотерапевтот во договор со пациентот и со проценување на објективната состојба и можните опасности.
Пример:
Секоја дискова хернија предизвикува болка, а болката спазам на мускулатурата, а спазамот, пак, е одговорен за дезорјентирање и сублуксација на пршлените по торакален и цервикален дел, па така во делот на протузијата или хемијата на ниво L4, L5 и S1 има зафаќање на периферен нерв и оток, т.е. застој на проток на енергијата и крвонаполнување. Заради тоа треба киропрактички да се наместат сублуксираните пршлени на ниво на врат и торакален дел, па да се постави на местото на болката (лумбален дел) ладна облога од 20 степени (преку крпа, не директно на кожа – вазоконстрикција). Додека, пак, на торакалниот дел каде што имаме сублуксација на пршлени и недоволно крвонаплнување се поставува термо маса од плус 45 степени, па така добиваме еден добар проток на енергијата по цел рбетен столб и самиот херниран диск е подложен на регенерација и дополнително хранење.
ул. Народен Фронт 5/1 лок.8
Скопје
Телефон:
070550577
077550577
„Давор Масажа“:Има решение за Дискус-хернија и без операција ?! Кога еднаш со сигурност ќе се дијагностицира деформирање на дискусот на пршленот, познат како хернија, секогаш следува цела низа прашања што да се прави понатаму? Д...
Зошто секој што работи пред компјутер треба да проба киропрактика? Ако работата ти е пред компјутер и често се жалиш на болки во вратот и грбот, можеби треба да и дадеш шанса на киропрактиката.
Кукла покажува што ќе им направат канцелариите на нашите тела Ема не изгледа многу добро. Нејзините нозе се отечени и имаат варикозни вени. Нејзините очи се бледи и безживотни, а грбот ѝ изгледа како денот да го минува ѕвонејќи ...
Здраво Македонијо - 28.02.2024 - Давор Тодоровски Follow Kanal5 on...• FB: https://smarturl.it/fb5• IG: https://smarturl.it/Ig5• Web: https://kanal5.com.mk/© & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved
„Давор Масажа“:Има лек и за Спондилоза ?!
Ако болките во рбетот се најчесто споменуван хроничен болен синдром на локомоторниот состав, тогаш болките во вратот и неговата непосредна околина во реалноста се најчест проблем.
Се поставува прашањето, зошто вратот толку често, упорно и интензивно боли и зошто има толку начини на лекување на истите болки, па веќе ниту лекарите, ниту физиотерапевтите не се снаоѓаат најдобро во изборот?
Вратот е составен од 7 пршлени меѓусебно споени со лигаменти и мускулни сврзници, со рскавични дискуси вметнати помеѓу самите коски. Основна функција на овој дел од главата е мобилност, со цел подобро да се перцепираат нештата. Вратот е најподвижниот дел во составот на рбетот. Вратот и рамената прават една функционална целина, од една страна ги делат истите мускули, а од друга заедно учествуваат во комплексните движења на главата и горните екстремитети.
Многу често повредите или хроничните проблеми во вратот предизвикуваат дополнителни проблеми во самиот зглоб на рамото или неговата непосредна околина, но и обратно. Се на се, еден многу чувствителен и комплексен дел од нашето тело.
Ако ги оставиме на страна траумите и повредите на вратот и рамената, некои ретки малигни болести, најчеста причина за болки и ограничена подвижност во самиот врат се дегенеративните промени на тврдите и меките ткива, кои со заедничко име се нарекуваат СПОНДИЛОЗА.
Оваа дијагноза стана изговор за сите болки во вратот и околу него. Еднаш кога лекарот ќе напише дека се работи за спондилоза, тогаш треба да се помириме дека болките се нешто што пациентот ќе го следи до крајот на живото, со повремени подобрувања и влошувања. 23Таквиот став не само што ги демотивира пациентите во процесот на лекување, туку и нема никаква врска со вистината.
Самата спондилоза всушност е генетски предодреден процес кои со тек на годините ги поттикнува промените на самите пршлени, менувајќи го нивниот облик, понекогаш создавајќи остеофити (коскени испакнатини) на разни места, потоа ја намалува мекоста на рскавичните дискуси, намаливајќи ја на тој начин нивната способност за амортизација, го зголемува вложувањето на калциум во лигаментите, ја намлува нивната еластичност и влијае на мускулно-тетивниот состав на тој начин што ги скратува мускулите, па како последица на тоа предизвикува намалување на обемот на движењето во вратот, а често и во рамената. Сети тие промени јасно се гледаат на РТГ снимка, а уште подетално на МР.
Иако дијагностиката е релативно едноставна, лекувањето не е. Од самиот обем и големината на дегенеративните промени ќе зависи и пристапот кон лекувањето.
Оперативните зафати на вратниот рбет и денес се релативно ретки во споредба со оние на кичмата. Иако технологијата на самата операција во последните години е подобрена и времето за опоравување е скратено, дискус хернијата во вратната кичма, оперативно се отстранува само тогаш кога се исцрпени сите останати можности.
Треба да се спомене дека големината на спондилотичните промени и интензитетот на болки или вкочанетост на вратот не одат секогаш заедно. Во праксата се случува човек постар од 70 години и со многу напредна дегенерација на сите ткива во вратот да има многу малку болки кои лесно се отстрануваат со некои физиотерапевтски зафати.
Од друга страна, млад човек, на чија РТГ снимка можеме да видиме почеток на спондилоза, знае да развие големо вкочанување со интензивни болки кои не попуштаат ни со најсилни аналгетици.
Сето тоа зборува дека вратот како состав има можност да компезира и да се прилагодува на новите барања кои ги диктираат спондилотичните промени, па тоа прилагодување може да се подобри на начин што болките ќе се остстранат, а мобилноста на вратот ќе се зголеми.
Ако ги изземеме оперативните зафати како крајна нужда и лекарствата како краткотрајно решение, тогаш единствено како трајно решение останува да се применат методи од физикалната терапија.
Кога пациентот е со изразени болки во вратот, меѓулопатната регија и (или) рамената (а можно е да има и вртоглавица и главоболка), се што сака е да се ослободи од неподносливите болки.
Во праксата се среќаваме со чуден факт. На пациентот кој е во акутна состојба прво му се препишуваат лекува против болка, со изговор дека методите во физикалната терапија се ефикасни само во подоцнежната, хроничната фза, но фактите го велат спротивното.
Во повеќе од 70 % од акутните болки во вратот, со физикална терапија, особено со масажа, акопресура и манипулативна терапија (киропрактика), многу брзо се смалуваат болките, дури многу побрзо од најчесто препишуваните лекови.
Секако сето ова важи за стручно спроведена терапија, а не за непрофесионална масажа и киропрактика која ја нудат по домови.
На самиот почеток е многу важно што побрзо да се намалат болките и да се отстранат или барем да се редуцираат присатните блокади на вратот, односно вкочанувањето. Кога ќе се направи тоа, процесот може да трае од неколку дена, до неколку недели, а потоа треба повторно да се направи преглед за да се види функционалната состојба на мускулно-коскениот состав на вратот и рамената. Кај веќе присатните дегенеративни промени, со отстранување на болката не е отстранет и причинителот на проблемот. Ако не се преземе ништо, прашање н а време е кога болките повторно ќе се појават.
Функцијата на вратот обично е загрозена од скратување на околните мускули како одговор на телото на долго седење, стоење или воопшто физичка неактивност.
Така скратените мускули освен што оневозможуваат целосна подвижност на вратот и главата и следејќи ги законите на физиката, ги повелекуваат своите припои на коските, предизвикувајќи хронични болни зони, особено во пределот на рамото и меѓулопатната регија.
Слабоста на мускулите кои го опкружуваат рамото и лопатките во долг временски период, по правило генерираат лоша положба на главата и вратот во однос на трупот, го менува односот на силите во тој сегмент, предизвикувајќи на крајот хронична мускулна напнатост и болка која тешко се лекува.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Videos (show all)
Contact the business
Telephone
Website
Address
Skopje
Opening Hours
Monday | 09:00 - 19:00 |
Tuesday | 09:00 - 19:00 |
Wednesday | 09:00 - 19:00 |
Thursday | 09:00 - 19:00 |
Friday | 09:00 - 19:00 |
Naroden Front
Skopje, 1000
Идеални за брзо дневно третманче, со изобилство на при?
Nikola Kljusev Br. 14 Pesacka Zona
Skopje, 1000
Original italian HAIR CARE PRODUCTS on natural base
Franklin Ruzvelt 1
Skopje, 1000
Derma Bella - centar za kozmetika, estetika i laserski centar, otvoren vo Skopje, septemvri 2008, a postoi od 1994 kako "studio Bellezza". Centarot raspolaga so vrvna oprema, laser...
Budimpestanska
Skopje, 1000
Early to bed and early to rise, makes a man healthy, wealthy, and wise.
Skopje, 1000
Ovlasten zastapnik i distributer za Makedonija za proizvodite na Nutrex i NowFoods.
Leninova 63-1/1
Skopje, 1000
Нова медицинска гранка, која ги интегрира во себе најсовремените достигнувања од областа на биофизиката и квантната физика.
Bul ASNOM
Skopje, 1000
WebDoctor.com.mk е веб портал наменет за здравствените работници во Република Македонија. WebDoctor.com.mk is a web portal for health workers in the Republic of Macedonia.
Skopje, 1000
South-Eastern Europe Health Network (SEEHN) Founding Documents http://seehn.org/?cat=4
Marko Kralev 38b
Skopje, 1000
TianDe е исцелителната козметика, која е коктел од билки и природни производи со моќно делување.