Biotek Poliklinika

Специјалистички оддели за:
•педијатрија
•интерна медицина
•гинекологија
•клиничка трансфузиологија

02/09/2024

Ви посакуваме среќен почеток на учебната година! Нека оваа година биде исполнета со нови знаења, успеси и весели моменти! 📚📕✏️

За прегледи и совети ве очекуваме во Поликлиника Биотек кај вашиот матичен педијатар Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог.

За избор на матичен лекар, потребно е да се дојде лично, само со здравствена легитимација.

𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 за вашето здравје!

📞 077 88 88 83
📍Ул. Васил Ѓоргов 12, Скопје

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекПоликлиника #грижазасебе

30/08/2024

🔴 Алергиски заболувања во детска возраст 🔴
Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог едуцира:
Според СЗО, алергиските заболувања кај деца во последните неколку години бележат значителен пораст и опфаќаат околу 30-35% од децата.
Алергените од животната средина може да бидат од надворешна средина - интермитентна изложеност од поленски зрна во зависност од сезоната и спори на мувла и најчесто предизвикуваат сезонски симптоми. Сезонските алергии - сезона на полен, зависи од географската локација. Аероалергени од внатрешна средина - континуирана (целогодишна) изложеност од дерматофаги од домашна прашина, епител од животинско потекло(миленичиња), спори на мувла, штетници како што се лебарки и глодари, кои се предизвикувачи на симптоми во тек на целата година.
Фактори кои може да предизвикаат или да го променат алергискиот одговор се - дозата на алергенот, времето на изложеност и истовремена изложеност на друг алерген. Алергиската сензибилизација е израз на клиничка алергија која е резултат на комплексна интеракција на животна средина и генетски фактори. Дишните патишта се постојано изложени на честици кои содржат протеини од билошко потекло кои се способни да потикнат создавање на имуноглобилин ИгE антитела и да предизвикаат алергиска реакција. Клинички одговор на аероалергени од животната средина се манифестира како алергиски ринитис или астма, а понекогаш се присутни и дветте состојби.

Брза и безбедна дијагностика со широка палета на алергиски панели, Ео во носна слузница и 5 - диференцијална крвна слика.

👉 Промотивен алерголошки пакет - Кој вклучува алерголошки панел, 5 диференцијална крвна слика и еозинофили во носна слузница - 3.000мкд

👉 За прегледи и совети ве очекуваме во Поликлиника Биотек кај вашиот матичен педијатар Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

27/08/2024

Посветени на здравјето на вашите најмили! 👧🏼👦🏼
Кога доаѓа време за брис од грло и нос, нашата лабораторија е тука да го направи процесот брз, безболен и пријатен за дечињата.
Да обезбедиме точни резултати за здрав почеток на претстојната учебна година, со професионален и грижлив пристап.

Ние знаеме дека секоја насмевка е важна! 📚✏️

🔺Закажете го вашиот преглед кај Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог🔺

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

23/08/2024

🔴 ХОМА-ИР ИНДЕКС 🔴
ХОМА-ИР претставува хомеостатски модел на процена на инсулинската резистенција.
Се пресметува врз основа на нивото на гликемијата и на инсулинот наутро на гладно.

ХОМА-ИР ИНДЕКС кај кого се одредува?
• Дијабетес мелитус(Diabetes mellitus)
• Метаболен синдром (висок крвен притисок, хиперлипидемија, хипергликемија). Пациентите со висок ХОМА-ИР индекс имаат 5 пати поголем ризик од развој на метаболен синдром, 70% зголемен ризик од развој на срцеви заболувања
• Дебелина - Прејадувањето и намалената физичка активност - конзумирање на храна богата со јаглени хидрати, заситени масни киселини и протеини, води до зголемен оксидативен стрес, наталожување на мастите и мускулите и во црниот дроб и тие стануваат резистентни на инсулин.
• Масен црн дроб - ХОМА-ИР индексот служи како скрининг тест.
• Стрес - активација на оската хипоталамус-хипофиза-надбубрег и зголемено лачење на кортизол кој ја пореметува функцијата на инсулинот.
• Пореметена функција на штитната жлезда - при хипертиреоза, инсулинската резистенција во црниот дроб ја зголемува хипергликемијата, додека при хипотиреоза, мускулите и масното ткиво се главно резистентни на инсулин.
• Синдром на полицистични овариуми - хиперинсулинемијата е условена од зголемената продукција на лутеин хормонот и андрогените хормони од тека клетките на овариумите и тие не реагираат на дејството на инсулинот.
• Хроничната несоница - води до хиперинсулинемија.
• Слип-апнеа - недостатокот на кислород, води до зголемен оксидативен стрес и хиперинсулинемија.
• Бременост - инсулинската резистенција се јавува во прифатливи вредности во тек на нормална бременост, достигнувајќи врв во третиот триместер. Значајно зголемување на ХОМА-ИР индексот е знак за гестатиционен дијабетес.
• Намалена когнитивна функција - високиот ХОМА-ИР индекс е асоциран со побрзо намалување на когнитивните функции.
• Работници кои ракуваат со пестициди, инсектициди, фунгициди

Проверете го нивото на инсулинска резистенција, односно HOMA инсулински пакет во БИОТЕК лабораторија 👉🏻 1.200мкд

Закажете го Вашиот преглед кај Д-р сци мед. Славица Митровска специјалист по интерна медицина - кардиолог.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

20/08/2024

Драги пациенти и херои во борбата со пожарите,
Ве информираме дека за сите пожарникари и лица кои доброволно учествуваа во пожарите, ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК овозможува ГРАТИС интернистички преглед.

Потребно е да се приложи легитимација од ТППЕ, потврда од доброволно противпожарно друштво или потврда од Општината за волонтирање во гаснење на пожарите.
• Прегледите се вршат во Поликлиника Биотек во Скопје
• Акцијата важи до 01.09.2024.
• Закажување на прегледи на 077 888 883.

Македонија речиси два месеци се бори со пожарите на отворено. Да помогнеме кога е потребно.

📞 077 88 88 83
📍Ул. Васил Ѓоргов 12, Скопје

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекПоликлиника #грижазасебе

Biotek Poliklinika Специјалистички оддели за:
•педијатрија
•интерна медицина
•гинекологија
•клиничка трансфузиологија

16/08/2024

🔴 Превенирај за подобро здравје! 🔴
🔺 Стомачните вируси и бактерии кај деца во летните месеци 🔺

Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог едуцира 👇🏼
Стомачните вируси и бактерии се чести проблеми кај деца, особено во летните месеци кога се зголемуваат температурите и активноста на отворено. Овие инфекции можат да предизвикаат симптоми како што се повраќање, дијареја и стомачни грчеви. Најчесто, вируси како ротавирус, ентеровирус, аденовирус и бактерии, како салмонела и Escherichia coli, се виновници за овие непријатни состојби.

Во контекст на зачувување на здравјето на цревата и превенцијата на овие проблеми, важна улога е соодветна дијагноза, односно анализа на микробиомот на дебелото црево, како што е 👉🏻 Молекуларното испитување Ентерофлор. Оваа анализа помага да се процени составот на корисните микроби во цревата, што е клучно за одржување на здравјето и имунолошкиот систем на детето.

Здравиот микробиом може да помогне во заштитата од инфекции и да го подобри општото здравје на цревата. Затоа, редовно следење на состојбата на микробиомот и усвојување на хигиенски навики, како што се миење на рацете и консумирање здрави, непроцесирани намирници, може да бидат исклучително важни за превенција на стомачни инфекции кај деца, особено во летните месеци. Ако се појават симптоми на инфекција, особено знаци на дехидрација, е важно да се побара медицинска помош.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

12/08/2024

𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 за вашето здравје!

Специјалистичката ординација по интерна медицина, доближува интернистички преглед по системи, ултразвучна дијагностика на абдомен, тироидеа, срце, доплер на каротиди, ЕКГ холтер и АБП холтер, овозможени со најосвремена медицинска апаратура, совет за исхрана, превентивни совети, контрола на хронични заболувања, со Д-р Зоран Михајловски, специјалист по интерна медицина, специјалист по семејна медицина и Д-р сци мед. Славица Митровска специјалист по интерна медицина - кардиолог.

📞 077 88 88 83
📍Ул. Васил Ѓоргов 12, Скопје

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекПоликлиника #грижазасебе

09/08/2024

𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 за вашето здравје!

Одделот за педијатрија обезбедува здравствена нега за најмалите и драги пациенти со матичен педијатар Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог.

📞 077 88 88 83
📍Ул. Васил Ѓоргов 12, Скопје

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекПоликлиника #грижазасебе

Biotek Poliklinika Специјалистички оддели за:
•педијатрија
•интерна медицина
•гинекологија
•клиничка трансфузиологија

06/08/2024

Летото е идеално време за годишни здравствени прегледи! 🌿
Ве очекуваме во нашата лабораторија и поликлиника за комплетен здравствен преглед и бидете сигурни дека сте во најдобра форма за сите летни активности. 🔍🔬

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

02/08/2024

Честит Илинден! ☀️🇲🇰

30/07/2024

Хидратацијата е клучна во летните месеци! 💧

Електролитите се минерали поврзани со телесните течности и неопходни за функција на нашето тело. Тие ги чуваат клетките, ткивата и активните течности во физиолошка состојба.

Дознајте дали пиете доволно вода и дали вашето тело има доволно минерали.
▶️ Електролитен пакет 700мкд

Биотек Лабораторија се грижи за вашето здравје.

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

28/07/2024

🔴 Светскиот ден на инфламаторното заболување познато како хепатитис 🔴 или воспаление на црниот дроб, се обележува секоја година на 28 јули, со цел да се подигне свеста за инфекција со Hepatitis B вирусот и да се влијае кон реални промени и заштита на здравјето.

Само во Биотек лабораторија можете да дојдете на бесплатна консултација со врвните доктори специјалисти за функцијата на црниот дроб и важноста на неговото здравје. Соодветното лекување на хепатитот Б и Ц може да спречи појава на заболувањето на црниот дроб, како што се цироза и рак. Да ја засилиме борбата против хепатитисот и важноста на тестирање од Hepatitis B вирусот.
▪️ RT-PCR тест за Hepatitis B – тест за брзо дијагностицирање на моментална инфекција со HBV (Hepatitis B вирусот) на молекуларно ниво
▪️ HBc IgM II – серолошки тест за одредување на IgM антитела кон јадрото на Hepatitis B
▪️ HBe‐Anti Hbe - серолошки тест за скрининг на антиген – envelope (обвивка) на Hepatitis B вирусот и скрининг за антитела кон envelope (обвивка) на Hepatitis B вирусот. Се определуваат во почетен стадиум на инфекција со Hepatits B
▪️ HBs Ag Ultra - серолошки тест за одредување на антиген на Hepatitis B вирус
▪️ HBs Ag Ultra Confirmation – серолошки тест за конфирмација на антиген
▪️ Anti‐HBc Total II – серолошки тест за вкупни антитела кон јадрото на вирусот на Hepatitis B вирусот
▪️ Anti‐HAV total - серолошки тест за вкупни антитела кон Hepatitis A вирусот
▪️ Anti‐HCV – серолошки тест за вкупни антитела кон Hepatitis С вирусот

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

25/07/2024

🔴 Репродуктивни хормони 🔴
Репродуктивните хормони делуваат секој ден на квалитеот на нашиот живот. Влијаат и на нашето расположение од чувството на среќа до тага. Пореметувањето во работата на хипофизата, овариумите, надбубрежните жлезди и други жлезди во човечкиот организам, може на безброј начини да делува на вашето здравје и можноста за репродукција.
Во Биотек Лабораторија ви нудиме репродуктивен панел со кој ке го проверите функционирањето на репродуктивната хормонална оска, со цел да се делува навремено на било кое отстапување од нормалните вредности на хормоните.
Овој хормонален статус се прави 3 ден (2-4 ден) од менструалното крварење, кога хормоните се на базално ниво, за да се добие објективна хормонална анализа.
Хормоните кои се испитуваат се:
👉🏻 Естрадиол – хормон кој влијае на раст и созревање на фоликулите, раст на слузницата на матката, одговорен за женски секундарни карактеристики, состојба на кожа и коса.
👉🏻 FSH (Фоликулостимулирачки хормон) овој хормон е поврзан и со оваријалната резерва, па негови покачени вредности се јавуваат уште пред самите знаци на менопауза.
👉🏻 LH (Лутеинизирачки хормон) – хормон кој е одговорен за овулација, а со тоа и за репродукција на жената
👉🏻 Пролактин – хормон кој се лачи од хипофиза, при негови покачени вредности дава промени во вид на нередовни , продолжени менструални циклуси, и најчесто е поврзан со аденом на хипофизата.
👉🏻 Тестостерон – машки хормон, негово покачување се прати најчесто кај пациентките со полицистичен оваријален синдром. Одговорен за нерегуларни циклуси, масна кожа, акни, опаѓање на косата.

Закажете го Вашиот гинеколошки преглед кај Д-р Ејјуб Ејјуб, специјалист по гинекологија и акушерство во Биотек Поликлиника
📍ул. Аминта Трети бр.44.
📞 077 88 88 83.

𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 за вашето здравје!

23/07/2024

Летото е време за забава, но и за грижа за здравјето! 🌞
Закажете го Вашиот преглед во Поликлиника Биотек и бидете сигурни дека сте подготвени за сезоната.
Уживајте во здраво лето! 🌿🔬

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

18/07/2024

🔴 Алергиски тестови 🔴
Се борите со алергии ова лето? 🌻 Поставете крај на непријатностите со нашите брзи и прецизни алергиски тестови. Откријте на што сте алергични и преземете мерки за да го подобрите вашето здравје. 🌸🔬

Единствено во Биотек лабораторија ви го претставуваме ALLEISA SCREEN тестот од светскиот лидер Mediwiss Analytic GmbH- Германија.

👉 Промотивен алерголошки пакет - Кој вклучува алерголошки панел, 5 диференцијална крвна слика и еозинофили во носна слузница - 3.000мкд

👉 За прегледи и совети ве очекуваме во Поликлиника Биотек кај вашиот матичен педијатар Д-р.Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

16/07/2024

🔴 Human Papillomavirus (HPV) 🔴

Постојат повеќе од 150 типови на хуман папиломавирус (ХПВ) и приближно половината од нив го инфицираат гениталниот тракт. Некој од нив многу почесто се изолираат кај пациентки со карцином на грлото на матката, додека други типови на ХПВ се изолирани кај пациентки со вирусни брадавици и кондиломи, поради што постои класифицирање на "високо" и "ниско ризични" ХПВ типови.

▪ Што претставува и како се добива ХПВ вирусот?
ХПВ вирусот е најчестата сексуално пренослива инфекција. ХПВ е толку честа инфекција што скоро 85% од сексуално активни мажи и жени се заразуваат во одреден момент од нивниот живот.

▪ Дали ХПВ вирусот предизвикува рак?
ХПВ може да предизвика рак на грлото на матката и други видови на рак како што се рак на вулва, вагина, пенис, анус или рак во устата, на дното на јазикот и крајниците (наречен рак на орофаринксот). Понекогаш потребни се години за појава на рак предизвикан од овој вирус.

▪ Како да знам дали имам ХПВ?
Тестот ХПВ квант 21 кој го нуди Биотек лабораторијата е тест со кој се утврдува дали жената има ХПВ и секако кој тип на ХПВ е присутен.
Повеќето лица со ХПВ не знаат дека се заразени и никогаш немаат симптоми или здравствени проблеми од вирусот. Други лица откриваат дека имаат ХПВ кога ќе добијат брадавици на гениталиите. Жените можат да откријат дека имаат ХПВ кога ќе добијат абнормален резултат на ПАП-тест (од тестот за скрининг на карцином на грло на матка). Другите може да дознаат само откако ќе добиват посериозни проблеми предизвикани од ХПВ, како што е појава на карцином.

▪ Дали ХПВ вирусот може да се лечи, или пак да се лечат промените предизвикани од овој вирус?
Не постои специфичен третман за самиот вирус. Сепак, постојат третмани за промените што ХПВ може да ги предизвика.
Жените кои имаат редовни пап-тестови и прават редовни превентивни прегледи, можат да ги идентификуваат проблемите пред да се развие карциномот на грлото на матката.

Закажете го Вашиот гинеколошки преглед кај Д-р Ејјуб Ејјуб, специјалист по гинекологија и акушерство во Биотек Поликлиника

📍ул. Аминта Трети бр.44.
📞 077 88 88 83.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

12/07/2024

🔴 Лајмската болест 🔴 ја предизвикува спиралната бактерија Borrelia burgdorferi.

* Како се пренесува болеста? Бактеријата доаѓа до луѓето со каснување на крлеж. Но не било кој крлеж, туку видот lxodes scapularis кој е заразен со бактеријата. Кај нас го има овој крлеж, но и бактеријата. Главно заразувањето на човекот се случува од пролет до есен.
За да ја пренесе болеста, крлежот треба да биде закачен за кожата на човекот најмалку 36 до 48 часа.
* Симптоми на болеста: За 7 дена се јавува црвенило на местото на убодот кој се шири периферно во круг (карактеристичен исип наречен Erythema migrans), потоа, но не секогаш, се јавуваат општи симптоми како: покачена температура, треска, малаксаност и главоболка. Ако не се лекува болеста во оваа фаза, може да се развие доцна Лајмска болест, во која се појавуваат проблеми со зглобовите, со срцето, централниот нервен систем и имунитетот.
* Како се поставува дијагнозата?Пациенти со симптоми и со податок за престој во природа и убод од крлеж,треба да бидат лабораториски тестирани. Во крвта на пациентите се бараат специфични антитела за бактеријата.

✔️ Златен стандард за докажување на оваа болест се серолошките тестови!
Биотек лабораторија ви нуди серолошки тестови за докажување на:
🔺Lyme IgM Borellia burgdorferi (VIDAS метода) - за докажување на рана фаза на болеста. IgM антителата се јавуваат по 2 до 6 недели од инфекцијата.
🔺Lyme IgG Borellia burgdorferi (VIDAS метода) - за докажување на инфекција која се случила пред повеќе недели или години.

Закажете го Вашиот преглед во Биотек Поликлиника..
📍ул. Народен Фронт бр.5 (позади Биотек Лабораторија).
📞 077 88 88 83

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

Здраво Македонијо - 10.07.2024 - дел 2 10/07/2024

Погледнете го гостувањето на Д-р спец. Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ - педијатар пулмоалерголог на Канал 5.
• втор дел

Здраво Македонијо - 10.07.2024 - дел 2 Follow Kanal5 on...• FB: https://smarturl.it/fb5• IG: https://smarturl.it/Ig5• Web: https://kanal5.com.mk/© & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Здраво Македонијо - 10.07.2024 - дел 1 10/07/2024

Погледнете го гостувањето на Д-р спец. Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ - педијатар пулмоалерголог на Канал 5.
• прв дел

Здраво Македонијо - 10.07.2024 - дел 1 Follow Kanal5 on...• FB: https://smarturl.it/fb5• IG: https://smarturl.it/Ig5• Web: https://kanal5.com.mk/© & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

10/07/2024

Летниот период изобилува со стомачни вируси. Биотек лабораторија го препорачува молекуларното испитување Enteroflor Kiddy 👉 модерно револуционерно дијагностичко отркитие и решение базирано на фундаментално определување на статусот на интестинална микрофлора кај децата.

🔴 Enteroflor Kiddy – диференцијација и генотипизација на 43 специфични таргети – 99,9% од микроорганизмите во детскиот интестинален микробиом 🔴

Детството е период на формирање на интестиналниот микробиом. Динамиката на формирање на интесиналниот микробиом зависи од формирањето на плодот, типот на породувањето, типот на хранењето и употребата на антибиотици, па затоа и неговиот состав може да се разликува кај деца на иста возраст.

Д-р. Спец.Субспец.Татјана Баевска Вучковиќ, Педијатар – Пулмоалерголог од Поликлиника Биотек го препорачува Enteroflor Kiddy заради:
▪️ Сооднос помеѓу нормалниот и опортунистичкиот микробиом во примерокот
▪️ Разновидност на интестинален микробиом
▪️ Број на бифидобактерии и лактобацили
▪️ Типизација на видови бифидобактерии и број на квасни габи
▪️ Фактори на патогеност и резистенција на антимикробни агенси: mecA, srr2, tcd A, tcdB.

Кога да се направи Enteroflor Kiddy?
▪️ При долготрајни интестинални нарушувања предизвикани од микроорганизам
▪️ Интестинална дисфункција кај деца со имуносупресивна терапија, хемотерапија, и хормонална терапија
▪️ Алергиски заболувања
▪️ Интолеранција на мајчино млеко и хранење со адаптирано млеко
▪️ Чести акутни респираторни инфекции
▪️ Чести габични инфекции

👉🏻Тип на примерок за испитување: Фецес или мекониум
👉🏻Enteroflor Kiddy се препорачува кај дечиња од 0-14 години.

Закажете педијатрискиот преглед 📞 077 88 88 83

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

08/07/2024

Закажете го вашиот преглед во Поликлиника Биотек кај Д-р Весна Илиевска специјалист по радиодијагностика.
👉 Промотивна цена од 2.000мкд за ехо преглед на дојки.

📍 Ул. Васил Ѓоргов 12
📞 077 888 883

𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 за вашето здравје!

Biotek Poliklinika Специјалистички оддели за:
•педијатрија
•интерна медицина
•гинекологија
•клиничка трансфузиологија

04/07/2024

Почитувани пациенти,
БИОТЕК поликлиника овозможува домашна посета.
Во прегледот е вклучено преглед, мерење крвен притисок, ЕКГ, пулсоксиметрија, толкување на резултати, дијагноза и терапија.
ГРАТИС 5 диференцијална крвна слика 🩸

Во тимот на домашна посета е лаборант со лабораториски услуги по индикација од преглед.

𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 за вашето здравје!

📍ул. Народен Фронт бр.5 (позади Биотек Лабораторија).
📞 077 88 88 83

Biotek Poliklinika Специјалистички оддели за:
•педијатрија
•интерна медицина
•гинекологија
•клиничка трансфузиологија

03/07/2024

𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 за вашето здравје!

Со задоволство го претставуваме Д-р Иван Радев, доктор по општа медицина.

📍ул. Народен Фронт бр.5 (позади Биотек Лабораторија).
📞 077 88 88 83

02/07/2024

🩸Клиничка трансфузиологија 🩸
Од областа на клиничка трансфузиологија во однос на дијагноза, третман, следење и препораки се овозможуваат специјалистички консултации во соработка со Биотек лабораторија.

Закажете го вашиот преглед кај Доц. Д-р Емилија Велкова, специјалист по трансфузиона медицина.
📞 077 88 88 83
📍ул. Народен Фронт бр.5 (позади Биотек Лабораторија).

𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 за вашето здравје!

27/06/2024

🔴 СПОРТИСТИ И РЕКРЕАТИВЦИ 🔴
Редовното тестирање на крвта има големо значење за следење на здравјето на човекот.
Др. Марија Пасху од БИОТЕК лабораторија препорачува неколку анализи потребни за следење на здравствената состојба на сите рекреативни и професионални спортисти.

🔺Комплетна крвна слика (Хемограм)
Намалени или покачени вредности на резултатите може да бидат индикатор за: воспаление, инфекции, недостаток на витамини и железо, срцеви проблеми.
🔺Електролитен панел
Несоодветни резултати може да се упатат на не доволно внесување храна, дехидратација, хормонален дебаланс.
🔺Панел тестови за црниот дроб - Албумини, билирубин, ензимите: алкална фосфатаза (ALP) АSТ, АLТ,
Резултатите може да се индикатор на: зголемена тежина, цироза, хепатит, додека ниско ниво на АLP може да биде дијагностички маркер за метаболни пореметувања на коските.
🔺Липиден панел (масти во крвта)
Овие тестови даваат проценка на ризикот од срцеви болести и влијаат на подобрување на животните навики.
🔺Тироиден панел
Со тестовите за тироидната функција се проценува како функционира вашата штитна жлезда во однос на продукција и реакција на хормоните кои ги создава: Т3/FT3 - регулира телесна температура и пулс, Т4/FT4 - регулира метаболизам, ТSH - регулира ниво на ослободување на тироидните хормони.
Несоодветни резултати може да се индикатор на: нaмалени протеини, несоодветно, ниско ниво на тестостерон и естрогени.
🔺Панел за дијабетес
Резултатите може да се индицираат: состојба на дијабет или пациент во пред дијабетна состојба.
🔺Есенцијални нутритивни вредности за оптимални функции на организмот - Железо, витамин Д, витамин Б12, магнезиум. Многу луѓе имаат дефицит од овие нутритивни вредности. Суплементацијата на истите превенира некои пореметувања како најчестата анемија од недостаток на железо, фрактури, акутни или хронични болки и др.
🔺Маркери за воспалителни процеси
Ц- реактивен протеин (CRP) и хомоцистеин.
Покачени вредности на CRP e индикатор за воспалителни процеси, срцеви заболувања, воспаление на мочен меур, реуматоиден артритис и депресија.
Покачени вредности на хомоцистеин сугерира мозочен или срцев удар, болести на бубрезите.
🔺Панел за коагулација
Несоодветни резултати може да се индикатор на: леукемија, хемофилија, тромбоза, проблеми со црн дроб, недостаток на витамин К.

Закажете го Вашиот преглед во Биотек Поликлиника.
📍ул. Народен Фронт бр.5 (позади Биотек Лабораторија).
📞 077 88 88 83

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

25/06/2024

🔴 Топлотен удар 🔴

Топлотниот удар е потенцијално сериозна состојба која настанува при продолжено изложување и/или напорна физичка работа на висока температура.
Хронично болните лица (заболувања на срцето, белите дробови, тироидната жлезда, бубрезите), постарите лица, децата, спортистите и луѓето кои работат физичка работа на отворено, на висока температура, имаат предиспозиција за топлотен удар.

🔺Ризикот се зголемува при мал внес на течности, помалку од 2 литри на ден, конзумирање на алкохол, примена на лекови (диуретици, лекови за срце и крвен притисок), болести кои ги намалувааат потењето (цистична фиброза), дебелината, намалената физичка кондиција и носење на несоодветна - тесна облека.
Како надворешни фактори се наведуваат глобалното затоплување и неконтролираната урбанизација.

🔺Клиничката слика се состои од слабост, главоболка, вртоглавица, висока температура, нагони за повраќање, жед, забрзан пулс, поретко мокрење и урината има потемна боја, намлен крвен притисок, до промени во однесувањето-дезориентираност, вознемиреност, нејасен говор.

🔺Итен третман: Брзото ладење е клучна постапка на третманот. Целта е да се спушти температурата под 39°Ц (најдобро 38,0°Ц).

🔺Постапки надвор од медицинска установа: Лицето треба да се пренесе на ладно место- под сенка или во соба со клима уред, да се отстрани секоја непотребна облека, да се ставаат ладни облоги од мраз или влажна крпа околу вратот, под пазувите или да се завитка во ладен, влажен чаршаф, да пијат ладни течности - вода, овошен сок.
Не се дава аспирин или парацетамол!

🔺Превентивни мерки: постепено прилагодување на високи температури, во текот на неколку недели, избегнување на физичка активност на отворено, престој во климатизирани простории, често туширање со ладна вода, конзумирање на ладни пијалоци, електролитни раствори или супа, носење на лесна облека со светла боја.

Закажете го Вашиот преглед кај Д-р сци мед. Славица Митровска специјалист по интерна медицина - кардиолог.
𝘽𝙞𝙤𝙩𝙚𝙠 𝙋𝙤𝙡𝙮𝙘𝙡𝙞𝙣𝙞𝙘 за вашето здравје!
📍ул. Народен Фронт бр.5 (позади Биотек Лабораторија).
📞 077 88 88 83

21/06/2024

Останете хидрирани во летниот период 💦☀️

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

18/06/2024

🔴 Улогата на електролитите (натриум, калиум, калциум, магнезиум, бикарбонати и други минерали) 🔴
✔️Електролитите се минерали поврзани со телесните течности и неопходни за функција на нашето тело.
✔️Тие ги чуваат клетките, ткивата и активните течности во физиолошка состојба.
✔️Електролитите ја контролираат содржината на вода во телото.
✔️Овозможуваат нормална работа на срцето и мускулите.
✔️Неопходни се за пренос на нервните импулси, за одржување на кисело - базната рамнотежа.
✔️Важни се при згрутчување на крвта, регулирање на шеќерот и одржување на крвниот притисок.
✔️Електролитите се губат преку потта, при дијареа и повраќање и неопходно е нивно надополнување.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.
#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

14/06/2024

🔴 Превенирај за подобро здравје! 🔴
🔻 Д-р сци мед. Славица Митровска специјалист по интерна медицина - кардиолог едуцира 🔻
👉🏻 ДЕНЗИТОМЕТРИЈА
Дензитометрија претставува квантитативна ултразвучна, неинвазивна метода, без примена на јонизирачко зрачење за одредување на густината на коскеното ткиво и степенот на ризик од настанување на скршеница.

Индикации:
• менопауза,
• скршеници,
• пациенти со ниско ниво на калциум, витамин Д и протеини,
• пациенти со ендокрини заболувања - хипертиреоза, хиперпаратиреоидизам, хипогонадизам, Кушинг синдром, дијабетес мелитус,
• хронична бубрежна слабост,
• аменореа, ендометриоза,
• ревматоиден артрит, дегенеративен артрит,
• бременост, доење,
• леукемии, лимфоми, миелома мултиплекс, мултипла склероза, хемофилија,
• долготрајна терапија со кортикостероиди,
• хемотерапија, имуносупресиви,
• долготрајна терапија со хепарин,
• пушење, алкохол

Закажете го Вашиот преглед кај Д-р сци мед. Славица Митровска специјалист по интерна медицина - кардиолог.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

13/06/2024

🔴 Benetech PRA - пакет за трудиници 🔴

Benetech PRA – тест за пренатален скрининг во прв и втор триместар.
Benetech PRA е пренатален скрининг тест кој е златен стандард во модерниот пренатален скрининг. Се користи канадски софтвер и поседува сертификат за квалитет ISO 13485 кој им овозможува на сите бремени жени да дознаат повеќе за здравјето на нивното неродено бебе, без било каков ризик и болка. Овој тест се препорачува кај секоја трудница, а се изведува брзо, едноставно и лесно со земање на примерок крв од вена и ехо преглед кај гинекологот. Со само еден тест се пресметува ризикот од појава на хромозомски абнормалности кај фетусот како:
• Трисомија 21 – Down Syndrome
• Трисомија 18 – Edvards Syndrome
• Трисомија 13 – Patau Syndrome
• OSB (Open Spina Bifida)
• SLOS (Smith-Lemli-Opitz Syndrome)
Benetech PRA тестот е единствен кој ви овозможува откривање на повеќе малформации (OSB,SLOS). Од особена важност е неговата примена кај бременост со близнаци, со што го издвојува ризикот за фетус А од фетус Б. Се користи и при рана дијагноза на прееклампсија (најтежок облик на компликација во бременоста поради хипертензија) со маркерот инхибин А.
Тестот се прави во прв триместар (12-14 недела) и во втор триместар (15-21 недела).

Закажете го Вашиот преглед кај Д-р Ејјуб Ејјуб, специјалист по гинекологија и акушерство.

Отсега поблиску до Вас и Вашето семејство.

#БиотекЛабораторија #БиотекПоликлиника #грижазасебе

Want your practice to be the top-listed Clinic in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

🔴 Кој период е соодветен за бебе да престојува на плажа во најтоплите денови 🔴Д-р спец. Субспец. Татјана Баевска Вучкови...
БИОТЕК ПОДКАСТ 02 : Д-р сци. мед. Ирена Андонова за најчестите гинеколошки проблеми и нивно решавање
БИОТЕК ПОДКАСТ 01 : Д-р Зоран Михајловски за зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и заболувања на крвни...

Category

Telephone

Address


Naroden Front 5
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Other Medical & Health in Skopje (show all)
Здрава исхрана Здрава исхрана
Budimpestanska
Skopje, 1000

Early to bed and early to rise, makes a man healthy, wealthy, and wise.

vitamini.mk vitamini.mk
Skopje, 1000

Ovlasten zastapnik i distributer za Makedonija za proizvodite na Nutrex i NowFoods.

Hondrostrong Македонија Hondrostrong Македонија
Skopje

Hondrostrong крем за борба со артритисот, артрозата и болкит?

Diaverum North Macedonia Diaverum North Macedonia
Jadranska Magistrala 100
Skopje, 1000

ДИАВЕРУМ обезбедува бубрежна нега за подобрување на животот на пациентите со хронична бубрежна болест, овозможувајќи им исполнет живот.

Bakev Massage & Yumeiho Therapy Bakev Massage & Yumeiho Therapy
Vasil Gorgov 29
Skopje, 1000

Passion.mkd Passion.mkd
Skopje

Passion Mk ви нуди производи кои со сигурност ќе ви овозмож?

Pzu.Omnis Pzu.Omnis
Bukureshka 2
Skopje, 1000

Секој има право на матичен лекар кој силно ќе се грижи за вашето здравје и здравјето на вашите сакани

EMC Hair Clinic EMC Hair Clinic
Skopje, Makedonia
Skopje

трансплантација на коса Македонија

Aloe Vera Benefits Aloe Vera Benefits
Makedonija
Skopje, 1000

Оваа страна е наменета за сите кои сакаат да добијат повеќе информации за употребата на Алое Вера и нејзините корисни својства

Bowen Therapy Skopje Bowen Therapy Skopje
Gorce Petrov 28
Skopje, 1000

Bowen terapija e vodecka tehnika na 21vek

IVF Mon Bebe IVF Mon Bebe
50-ta Divizija Br. 5
Skopje, 1000

Mon Bebe - Центар за плодност Љубов пред првиот поглед❣️

„Aloe Vera - Chudo na prirodata“ „Aloe Vera - Chudo na prirodata“
BUlica Partizanski Odredi Br. 86
Skopje, 1000