Tagama - Tanja Turundzieva

Тања Турунџиева - 23 годишно искуство во нутриционизам

08/09/2022

Драги ФБ Пријатели,

После 2 ипол годишно работење онлајн, со големо задоволство сакам да ве известам дека повторно почнав да работам и од канцеларија во живо🎈🎉

Локацијата на Тагама се наоѓа на Бул. 8ми Септември бр. 2, влез 1 во населба Тафталиџе/Млечен Ресторан во Скопје (влезот е означен на сликата).

Работното време е измеѓу 13 и 20 часот, и консултациите се одвиваат исклучиво со предходна резервација. Термин за консултација може да се направи на 070/332-752 или преку https://www.facebook.com/tagamatanja/.

15/11/2021

Дали знаете дека ѓумбир е еден од најздравите зачини, чаеви🍵 и корени во светот ? Издвојуваме неколку причини зошто тоа е така и докажани здравствени бенефити на конзумирање на ѓумбир. За тие што се интересираат повеќе, може да прочитаат на линковите до научните студии.🧪

▪️ Ѓумбирот содржи активни состојќи (gingerols, shogaol и paradols) коишто имаат анти-воспалителни, акти-оксидациски ефекти и акти-канцерогени ефекти
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3665023/

▪️ Има потенцијал да го намали нивото на шекер во крв🩸 и моментално се користи во некои студии за намалување⬇️ на шекер во крв кај луѓе коишто боледуваат од дијабетес.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4277626

▪️ Свеж Ѓумбир помага против одредени типови на респираторни вируси 🦠https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/23123794/

Со здрав начин на исхрана 🍎🥦🥕 подигнете го својот имунитет, бидејќи тој е нашата најдобра одбрана🛡️против вируси 🦠. Со нашите режими на исхрана 📝 за подобрување на имунитет и консултации превземете го здравјето во свои раце🚦‍⚕️. Закажување на термин на ☎️070/332-752 (пон - пет, 12-20 часот).

27/10/2021

Со нашето 20 годишно искуство во областа на нутриционизмот🍎🍌🍒, изработуваме специјализирани режими на исхрана📝, персонализирани за вашите потреби. Режимот се изработува👩‍🔬 базирано на вашата крвна слика💉🩸 и лабораториски анализи🔬.

Без разлика дали се работи за намалување⬇️ на телесна тежина, подобрување⬆️ на здравствена состојба🚦‍⚕️ или пак зголемен спортски перформанс💪, со наша помош и здрав начин на исхрана 🍎🥦🥕 сте на најдобриот пат да ја достигнете вашата цел.

Закажување на термин на ☎️070/332-752 (пон - пет, 12-20 часот⏰). Доколку имате прашања, можете исто така да не контактирате преку директна порака📲 на Instagram или Facebook.

25/01/2021

7 причини зошто е битно да се конзумира овошје🍌🍒🍇🍏🍓 и зеленчук🥦🥕🍅🥑🍆 секојдневно

▪️ Редовно конзумирање го намалува ⏬ ризикот од здравствени заболувања како срцеви болести, тип 2 дијабетес, висок крвен притисок и останати заболувања.

▪️ Содржат фитохемикалии. Овие природни состојки имаат акти-оксиданско својство и им ја даваат различната боја на овошјата🍌🍒🍇🍏🍓 и зеленчукот🥦🥕🍅🥑🍆.

▪️ Ја зголемуваат енергичноста во текот на целиот ден. Различни овошја содржат различни состојки, но добра комбинација ги одржува вашите енергетски нивоа константни. На пример, бананите🍌 во себе подржат калиум, авокадото 🥑 содржи здрави мастии, а пак јагодите🍓ве снабдуваат со различни минарали, витамин Ц и фолати.

▪️ Помагаат во губењето на телесната тежина. Различни типови на овошје се ниско калорични, но содржат многу нутритиви и помагаат да се чуствувате најадено. Во оваа категорија меѓу другото спаѓаат и боровницата (https://www.facebook.com/tagamatanja/photos/a.123431359548363/127237962501036/) и јаболките (https://www.facebook.com/tagamatanja/photos/a.123431359548363/159248542633311/)

▪️ Содржат огромни количини на витамини, минерали и растителни влакна.

▪️ Ја подржуваат функцијата на имунолошкиот систем🛡.

▪️ Помагаат во одржувањето на здравиот вид. За ова е потребно да се конзумираат сите зеленчуци коишто содржат бета-каротен како моркови🥕, благ компир или манго🥭

18/01/2021

5 причини зошто да конзумирате повеќе јаболки🍏🍎 и додатни линкови до научни студии📑🔬 за оние кои сакаат да прочитаат📕🤓 нешто повеќе

▪️ Јаболките🍏🍎 се поврзуваат со намален⬇️ ризик за тип 2 дијабетес https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/23990623
▪️ Добри се за цревната флора и содржат корисни пребиотици https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/26016654
▪️ Редовна конзумација на јаболки 🍏🍎 го намалува ризикот за развивање на астма. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3183591
▪️ Ја подобруваат густината и здравјето на коските🦴 https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/23244535
▪️ Помагаат при губење на телесна тежина💪 https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/18439712

15/01/2021

Со здрав начин на исхрана 🍎🥦🥕 подигнете го својот имунитет, бидејќи тој е нашата најдобра одбрана🛡️против вируси 🦠. Со нашите режими на исхрана 📝 за подобрување на имунитет и консултации превземете го здравјето во свои раце🚦‍⚕️. Закажување на термин на ☎️070/332-752 (пон - пет, 12-20 часот), преку e-mail на [email protected] или пак преку директна порака📲 на Instagram или Facebook

08/01/2021

Ленче Даруда и Катерина Бошкова се среќните добитнички на наградната игра за добивање на два режими на исхрана.🎁🎉
Би ве замолиле да не контактирате во инбокс📥. Голема благодарност на сите што учестуваа и Среќни Празници🎄 !

31/12/2020

Наградуваме две особи со режим на исхрана !!! 🎉🎉🎉
За да учествувате во наградната игра, се што треба да направите е да ставите "Like"👍🏻❤️ на овој пост и во коментар да тагнете особа со која сакате да ја поделите наградата. 🎁🎁
Среќните добитници ќе бидат објавени во Петок на 08.01.2021. Тања и тимот на Тагама ви посакуваат многу здравје⚕️, Среќна Нова Година и Среќни Празници🎄🎇

17/11/2020

Боровница - 10 факти околу ова шумско овошје и неколку научни студии за тие што се заинтересирани 🧐

1. Играат улога во намалување на ризикот од срцеви❤️ заболувања - https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/20660279/

2. Имаат огромен број на антиоксиданси💪 - https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/12475297/

3. Боровинките и сокот од Боровинки ја намалуваат штетата врз нашата ДНА - https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/17602170/

4. Го намалуваат лошиот (ЛДЛ) холестерол - https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/20660279/

5. Го намалуваат крвниот притисок - https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/25150116/ , https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/25578927/

6. Боровинките се високо нутритивни, но ниско калорични - https://nutritiondata.self.com/facts/fruits-and-fruit-juices/1851/2

7. Помагаат при одржување на здрава функција на мозокот🧠 - https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2850944/

8. Имаат позитивно дејство на подобрување инсулинска сензитивност и помагаат во подобрување на состојбата на дијабетесот - https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/17261891/

9. Го асистираат опоравокот предизвикан од воспаленија на мускулите од спортски активности кај жените👩 - https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3583121

10. Можно е да помагаат во спречувањето на уринарни инфекции - https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/17492798/

12/11/2020

Зошто треба да јадете по неколку ореви секој ден❓❔

Оревите се едни од најздравите⚕️ јаткасти плодови🥜🌰 и се одличен извор на здрави масти, витамини, минерали и растителни влакна. Во себе соджат омега 3 масти наречени алфа-линоленска киселина (околу 2.5 грама на 28 грама ореви). Во споредба со другите јаткасти плодови како бадеми или лешници, оревите се на прво место по количина на есенцијални масни киселини, коишто мораме да ги внесеме преку исхраната.

Некои научни студии покажуваат дури еден грам дневно внесен на алфа-линоленска киселина може да ги намали⬇️ ризикот од кардио-васкуларни❤️ заболувања за 10%. Оревите како дел од исхраната, исто така помагаат за разновидноста на цревната флора односно ги хранат добрите бактерии коишто живеат во нашите црева. Оревите не само изгледаат како мозок🧠, туку и играат голема улога во одржување на здравјето⚕️ на мозокот, резултирајќи во подобрена мемориска и когнитивната функција.

Можете да додадете неколку ореви во салата🥗, да ги изблендирате со други овошја 🍏🍌🍓 или пак да каснете микс од неколку јаткасти плодови 🥜🌰 заедно. Иако имаат одлични бенефити 💪, за да се постигне здравствениот ефект е доволно да се каснат неколку ореви на ден и препорачливо е да не се конзумираат во големи количини.

10/11/2020

Лук 🧄🧄 - еден од најздравите зеленчуци🥬

На еден стар египетски папирус, еден од најраните медицински⚕️ прирачници од 15 век п.н.е., се наоѓаат дури 22 рецепта со лук 🧄, кои се за главоболка🤯, за болка во грлото, како и за други телесни слабости. Препознатлив по својот мирис, лукот со години се применува како лековито средство ⚕️, 🛡️ против хемороиди, ревматски заболувања, астма, и многу други заболувања. Негово првобитно виреење е најверојатно Азија. А од таму е раширен и низ целиот свет🌍.

Мирисот на лукот🧄 е последица на интензивна мешавина на корисни супстанции⚛️ кои се содржат во лукот. Тие многу бргу доаѓаат во крвта🩸 , а делумно се лачат преку плуќата и кожата. Лукот содржи многу активни материи кои се концентрирани во чешнето, иако во исхраната се користат и цветот, листовите и стеблото.

Лукот🧄 е богат со многу витамини и минерали: аденозин, алицин, аминокиселини, билни влакна и масти, витамини А, Б1, Б2, Ц, ензими, етерични масла, железо, јод, калиум, калциум, селен, сулфур, фосфор...

Внимателно треба да се користи кај луѓе кои што имаат желудечни тегоби, како и кај оние кои што конзумираат лук во големи количини⬆️ за да го симнат⬇️ нагло покачениот притисок, а воедно користат и медикаментска терапија. Може да се консумира сиров или варен, но и како додаток во јадењето🥗.

09/11/2020

Кивите 🥝 потекнуваат од Кина 🇨🇳, но исто така се застапени во Нов Зеланд 🇳🇿, Австралија 🇦🇺 и Калифорнија 🇺🇸.
Во себе содржат големо количество на Ц витамин, такашто со конзумирање на само две киви можете да ја покриете целата дневна потребна доза на витамин Ц.

Природните влакна коишто ги содржат кивите🥝 во себе ги засенуваат јаболката🍎 и портокалот🍊, а во однос на присуството на калиум ја престигнуваат и бананата🍌.

Во својот состав кивите🥝 содржат многу фитонутритиви, витамини, минерали, ароматични состојки, кој што придонесуваат за јакнење💪 на имунолошкиот систем, кардиоваскуларниот систем❤️ како и ендокриниот систем.

07/11/2020

Авокадото🥑 е богатство✨ на високовредни масни киселини. Иако за најголемиот дел од луѓето ова е јужен зеленчук, по номенклатура е овошје. Потекнува од Средна Америка,но денеска вирее во топлите и врели поднебја како што се Бразил🇧🇷, Израел🇮🇱, Мексико🇲🇽, Грција🇬🇷 и Шпанија🇪🇸.

Примарно се состои од масти: Одприлика 10 до 15 проценти (73% е вода, 8.5% јаглехидрати и околу 2% белковини).Најголемиот дел на овие масти се во облик на висококвалитетни незаситени масни киселини.

Авокадото🥑 има и значајна терапевска улога, благодарение на високата концентрација на манохептулоза - посебна врста на шеќер.
Количината на шеќерот во крвта притоа не се зголемува, туку се намалува. На тој начин подобро се напојуваат нервните и мозочните🧠 клетки, кои како енергетска храна прифаќаат исклучително глукоза. Последица: се чуствувате способни, свежи и со бистар дух.

Личностите со зголемена телесна тежина често имаат зголемена количина на инсулин. Хормонот инсулин го блокира изградувањето на масните клетки. Благородните компоненти во авокадото тоа го спречуваат, ја намалуваат количината на инсулин, така да масните наслаги полесно се распаѓаат.

Во себе содржи многу лецитин (важно за нерви) и бакар (важен за производство за црвени крвни зрнца), голема количина на Б6 витаминот којшто помага и за намалување на телесната тежина. Авокадото не прави побистри, побудни, ни ја зголемува концетрацијата, ги намалува тегобите при менструацијата, ја зголемува количината на желудачната киселина со што го подобрува апсорбирањето на белковините, го зголемува создавањето на црвените крвни зрнца и со тоа е идеален извор и на белковини за доилките.

Можете да го исецкате во салата🥗, можете да направите дресинг со лук за во салата или како лесен намаз за на леб🍞. Секогаш треба да се конзумира кога е во зрела состојба.

05/11/2020

Со здрав начин на исхрана 🍎🥦🥕 подигнете го својот имунитет, бидејќи тој е нашата најдобра одбрана🛡️против вируси 🦠. Со нашите режими на исхрана 📝 за подобрување на имунитет и консултации превземете го здравјето во свои раце🚦‍⚕️.

Want your practice to be the top-listed Clinic in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Category

Website

Address


Bulevar 8-mi Septemvri 2-1
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 13:00 - 20:00
Tuesday 13:00 - 20:00
Wednesday 13:00 - 20:00
Thursday 13:00 - 20:00
Friday 13:00 - 20:00

Other Nutritionists in Skopje (show all)
Raevska Diet Plan Raevska Diet Plan
Skopje, 1000

➡️Дипломиран нутриционист Сара Раевска ➡️Персонализирана исхрана ➡️ Instagram: raevskadietplan.mk

Nutri_MD Nutri_MD
Skopje, 1000

Medical dietetic, physical activity, lifestyle medicine & health promotion

Jazz up your body and mind Jazz up your body and mind
Varshavska 4
Skopje, 1000

Едно поинакво гледиште на релација телото и свесноста од страна на нутрицијата и јогата

Nutrition by Simona Korunovska Nutrition by Simona Korunovska
Улица Васил Ѓоргов бр 12, Скопје, Северна Македонија
Skopje, 1122

Персонализирана исхрана. Корисни совети. Здрави и брзи рецепти.

Evoslimtea Evoslimtea
Skopje, 1000

Цај за слабење и одржување на метаболизмот Пробано и е?

New Nutritionism New Nutritionism
Ulica Makedonija Luj Paster Br. 5
Skopje, 1000

Центар за здрав начин на исхрана! • Изработка на индивидуални програми за здраво намалување на телесна маса • превенција и поддршка при разни видови заболувања • поддршка и третма...

Nutricionist Veronika Minov Nutricionist Veronika Minov
Skopje, 1000

Добредојдовте на мојата фб страна каде ќе најдете совети и информации за здрава и балансиран исхрана

Ajde da jademe Ajde da jademe
Skopje, 1000

Работиме на менување на навиките во исхраната, без гладување

Здрава Навика Здрава Навика
NATUSANA Македонија, Улица Качанички пат бр. 174, 1000 Скопје, Македонија
Skopje

Здрава навика - за оние кои сакаат да знаат повеќе за здравјето и веруваат во максимата „во здраво тело, здрав дух“

Nutricionist Marija Lazic Nutricionist Marija Lazic
BUlica Partizanski Odredi 155/4, Porta Vlae
Skopje, 1000

Диети изготвени од Нутриционист, третмани за слабеење и целулит,третмани за лице, дермапен antiaging

Turbo Slim Fit Tea - Турбо Слим Фит Чај Turbo Slim Fit Tea - Турбо Слим Фит Чај
Berovska
Skopje, 1000

Турбо Слим Фит Чај: Ослободете до -10 кг за ЕДНА НЕДЕЛА! Постигнете ги вашите цели за слабеење брзо и ефикасно со нашиот револуционерен чај Turbo Slim Fit. Специјално формулиран з...

Whyayur Whyayur
Kozara 31
Skopje, 1000

"Why Ayur" is a international company, promoting Ayurvedic way of living. Our food supplements are suitable for all age groups and genders.