New Nutritionism

New Nutritionism

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from New Nutritionism, Nutritionist, Ulica Makedonija Luj Paster br. 5, Skopje.

Центар за здрав начин на исхрана!

• Изработка на индивидуални програми за здраво намалување на телесна маса
• превенција и поддршка при разни видови заболувања
• поддршка и третман при зголемена телесна маса кај деца
• закажете консултација на 078/308816

13/09/2024

На сите нас во одреден период од животот ни "" некој водич. Некој кој ќе не "поттурне" за да продолжиме напред.
Опциите кој ги нуди тој во одреден момент за нас се вистинските.
Во конкретниов случај станува збор за опции и водич во поглед на исхраната, проблемите со истата, но и бенефициите кои ќе треба да ги очекувате.
Имате ли проблем со комбинирање на хранливите материи?
Ви се случило ли да немате идеја што денес за ручек?
Не знаете колку калории треба, но и колку сте внеле?
Добиете на телесна маса, а не внесувате голема количина на храна?
Не намалувате килограми иако сте во дефицит?

Овие и уште многу прашања нека се вашиот поттик да не исконтактираме и ние бидеме вашиот водич за правилен начин на исхрана!
🥑🌽🍌🫛🥦🥒🍆
-
-
-
-

03/09/2024

Ви се случило ли некогаш по одреден временски период правејќи некоја активност (работа) и притоа имајќи полза и резултати од истата од нигде никаде да ви дојде да се откажете?
Сигурно ви се случило.
И најчесто притоа си велите: "е добро ништо нема да се случи ако не вежбам една недела, ако не јадам балансирано и здраво петнаесетина дена, ако не си легнам на време, ако не се разбудам порано, итн итн..".
И во право сте, за толку краток временски период "ништо" не би се случило.
Но исто така ниту вие нема да се вратите на она претходното од кое имавте само полза и бенефит. Тоа не е вашата лесна комфор зона.
Најтешко ги прифаќаме новините кој доаѓаат надвор од нашиот обрач.
Не сакаме ниту да се потрудиме. А зошто?
Зошто така е "полесно"? Или се во прашање долгогодишни навики?
За да промениме една навика, било таа да е добра или лоша ни треба навистина подолг временски период.
Не може со две качувања до средно Водно вие да се наречете планинар, не сте ниту маратонец со истрчани 500 метри...
Слично е и со навиките во исхраната.
Одговорно тврдам дека доколку се придржувате до насоките и ги почитувате советите и препораките најмалку една година, потоа ќе немате проблем со старите и можеби недобри навики.
Напротив, ќе бидете благодарни на новото вие и нема ниту да помислите да купите, а уште помалку исконсумитате храна која претходно ви била омилена.
Пробајте, па ќе ми кажете 😁.

❗️И најважното: кога сакаш да се откажеш потсети се зошто започна❗️

29/08/2024

Дали некогаш сте се запрашале или сте помислиле за балансот меѓу телото и душата? Или уште поважно дали знаете што е тоа благосостојба?
Состојбата во која нашиот организам се наоѓа кога е во фаза на хармонија, удобност, сигурност.
Благосостојбата е балансот помеѓу телото (физичка) и душата (психичка).
Затоа погрижете се да дадете приоритет на вашата.
Направете промени кои ќе бидат од полза за вашето тело и душа.
И не се двоумете, не калкулирајте со вашето здравје. Не чекајте нешто да се случи за да направите позитивна промена.
И уште поважно, променете ги лошите со добри навики.
Се она од кое немаат полза вашето тело и душа заменете го со обратното.
На пример, доколку сте љубител на слатка храна, алкохол, цигари, газирани пијалоци итн. , постепено почнете да размислувате како и на кој начин ќе се ослободите од истите.
Ниедна промена не е веднаш и одма, ниту пак е лесна.
Само треба да се биде спремен и силно да се посакува.
Телото е во постојан говор со нас, само треба да сме внимателни и да се потрудиме да ги слушнеме побарувањата.
И ако е така, тогаш би немало простор за загриженост ќе ја живееме нашата благосостојба во целост.

21/08/2024

Стручната и навремена консултација може да промени многу нешта кон подобро.
Доколку имате било каква дилема околу вашиот начин на исхрана, немоќни сте сами да направите промена, се двоумите за многу одлуки - превземете иницијатива и направете го првиот чекор.
Останатите ќе ги поминуваме заедно 🥰

20/08/2024

Што е добра исхрана?

Добрата исхрана е "поттикнувач" на вашето тело со внес и правилен баланс на хранливи материи за да бидете здрави и полни со енергија.

Еве што треба да знаете:

* Балансирана исхрана: Добро балансирана исхрана вклучува разновидна храна од сите групи на храна - овошје, зеленчук, цели зрна, протеини и здрави масти. Ова ветува дека ќе добиете широк спектар на основни хранливи материи во тек на долгорочно нивно консумирање

* Храна густа со хранливи материи: Фокусирајте се на храна богата со хранливи материи која обезбедува витамини, минерали и други корисни соединенија без премногу калории.
Размислете за лиснатите зеленчуци, бобинки, јаткасти плодови и "посни"протеини.

* Хидратација: Не заборавајте да останете хидрирани!
Водата е клучна за варењето, апсорпцијата на хранливи материи и целокупното здравје.

* Контрола на порции: Јадењето правилна големина на порциите помага да се одржи здрава телесна маса и спречува прејадување. Слушајте ги знаците за глад и ситост на вашето тело.

* Ограничете ја преработената храна: минимизирајте го внесот на преработена храна богата со додадени шеќери, нездрави масти и натриум.
Тие можат да придонесат за разни здравствени проблеми и заболувања.

* Јадете внимателно: Обрнете внимание на тоа што јадете и уживајте во секој залак.
Внимателното јадење може да го подобри вашиот однос со храната и да ви помогне да направите поздрав избор.

Добрата исхрана е основа за здрав начин на живот. Направете мали, одржливи промени во вашата исхрана и уживајте во придобивките чувствувајќи се најдобро!
-
-
-
-
-

10/08/2024

Прочитајте, пробајте и икусете па коментирајте.
Само човек што поминал и искусил нешто е компетентен да дава критики, сугестии и споделува искуства.
Се останато се само "празни" муабети.

Оние кои веќе направиле промена и практикуваат здрав начин на исхрана ќе разберат што кажувам.

Бидете ми здрави и живи.
-
-
-
-
New Nutritionism

07/08/2024

Хранете го вашето тело со најдоброто од природата!

Здравото јадење не значи и не мора да биде досадно!

Погледнете ги овие неверојатни придобивки од додавањето брокула, авокадо, јаболка и бадеми во вашата исхрана:

🥦Брокула: Преполна со витамини, минерали и антиоксиданси, брокулата помага во намалување на воспалението, го поддржува и зајакнува имунитетот и го одржува шеќерот во крвта стабилен.

🥑Авокадо: Ова кремасто овошје е богато со здрави масти, влакна и есенцијални хранливи материи.
Го промовира здравјето на срцето, го помага варењето и помага во одржување на здрава телесна маса.

🍎Јаболко: Едно јаболко дневно навистина може да ве "оддалечи" од доктор! Јаболката се богати со влакна и витамин Ц, кои го зајакнуваат вашиот имунолошки систем и се поддршка на дигестивното здравје.

🌰Бадем: Овие крцкави јаткасти плодови се одличен извор на здрави масти, протеини и витамин Е.
Тие помагаат во намалување на холестеролот, го поддржуваат здравјето на мозокот и ја одржуваат вашата кожа блескава.

Вклучете ги овие суперхрани во вашите оброци и ужини за вкусен и хранлив поттик.

Слободно прилагодете ја комбинацијата за да одговара на вашиот стил!
Бидете креативни и уклучете ја вашата имагинација. Има што да понуди.

На здравје за здравје!

05/08/2024

Вечен проблем на секоја жена - стомакот.
Прочитајте неколку кратки совети како да го намалите. Здраво и трајно.

04/08/2024

Само три од многуте придобивки од здравиот начин на живот
Да појасниме, кога велиме здрав начин на живот секако не мислиме само на добриот и здрав начин на исхрана.
Здравиот начин на живот е синџир составен од повеќе алки, меѓу кои секако и здравата исхрана.
Здравиот начин на живот треба да претставува воспитување и култура, никако тренд и наметнување.
Истиот треба да содржи умерена, но континуирана психо-физичка активност, раст и надоградување, самопочит и почитување.
Впрочем и начинот на исхрана е култура и верување.

Да бидеме свесни и одговорни за самите себеси.
Да одбираме правилно.

Доколку имате било каква дилема околу начинот на исхрана и промените што тој би ги наметнал слободно побарајте не на 078/308-816

01/08/2024

Или уште подобро зошто да сакате овошје?

Јадењето овошје е неверојатно корисно од неколку
причини:

1. Богато со хранливи материи:
Овошјето е преполно со есенцијални витамини и минерали како витамин Ц, калиум и фолати, кои се клучни за целокупното здравје.

2. Превенција од болести:
Редовното консумирање овошје може да го намали ризикот од хронични болести како што се срцеви заболувања, мозочен удар и одредени видови на
канцер.

3. Здравје на дигестивниот систем:
Овошјето е богато во растителни влакна, кои го помагаат варењето и помагаат во спречување на запек.

4. Хидратација:
Многу овошја имаат висока содржина на вода, што помага да бидете хидрирани.

5. Управување со тежината:
Овошјето е генерално нискокалорично и богато со влакна, што ги прави одличен избор за оние кои сакаат да внимаваат на нивната телесна маса.

6. Антиоксиданси:
Овошјето содржи антиоксиданси кои помагаат во заштитата на вашето тело од оксидативен стрес и воспаление.
Внесувањето на различни овошја во вашата исхрана може да придонесе за подобро здравје и благосостојба.
Дали имате омилено овошје или одредена здравствена цел кон која се стремите?

Ги очекуваме вашите коментари...
-
-
-
-

30/07/2024

Долго топло лето.
Се некако се убедуваме да направиме промена, но топло ни е, не се диши, летото е за уживање, опуштање, слобода.
И сето тоа за час поминува.Толку брзо што не е за верување.
Септември сите на вагите 🙄.
Не ни се верува на бројките во кој упорно гледаме неколку секунди. Се симнуваме на кратко од вагата (да не е грешка случано 😆) и повторно се качуваме. Истите бројки пред нас.
Не ни се верува.
Зарем е можно за толку кратко време да сме додале плус 4-5 па и повеќе килограми.
А "ништо" плус од нормалното не сме внеле?
Видливо, можно е.

За да не се доведете во ваква ситуација, направете ја промената или донесете одлука веднаш.
Не чекајте понеделник, среда, први во месецот.
Нека не ви е инспирација следната свадба, прослава, Нова година...
Реагирајте веднаш штом забележите дека нешто не е во ред со вашата телесна маса, секој грам плус на дневна основа е килограми плус на месечно и годишно ниво.

ТИ го МОЖЕШ тоа.
Заедно можеме се!

Закажете го вашиот термин.
Септемвриските термини се скоро пополнети.

078-308-816

27/07/2024

Секој добронамерен совет е секогаш добредојден.
Поентата е во тоа да научиме да прифаќаме совети.
Посебно кога е во прашање нашето здравје и начинот на исхрана.
Многу опасна спојка.
Бидете мудри, чувајте го вашето здравје внимавајќи што јадете.
Од суштинско значење е.

Побарајте совет плус.
-
-
-

24/07/2024

Бременоста е еден од најубавите периоди на една жена.
Здрава бременост значи здрава трудница и лесно поминати девет месеци.
За сето тоа на крај да биде крунисано со здраво бебе.
Бидете одговорни кон самите себе.
Консултирајте се со стручно лице за вашата нова состојба и никако не дозволувајте да направите било каков дефицит само заради недоволна едукација.
Искористете ги максимално советите и препораките.
Верувајте во промените и менувајте се.
Кон подобро.

ПС: горда сум и благодарна за дадената доверба од страна на сите мои досегашни трудници. Сите тие родени бебиња се и моја радост.
А радоста и среќата раснат единствено кога се делат.

Секогаш тука за вас!
-
-
-
-
pregnancy

19/07/2024

Секој проблем има своја приказна.
Решението е во добрата одлука.
А пак таа е резултат на силна самодоверба.

Нашата мисија е со добра одлука да направиме среќна приказна и да вратиме или зајакнеме самодоверба.

Секогаш тука за вас.
🍉🍒🍓🍇
-
-
-

18/07/2024

Здравиот човек е среќен човек.
Грижете се за вашето здравје секојдневно.

13/07/2024

Грижата за пациентите треба да е секогаш на прво место.
Сите ние сме пациенти некому.
И секогаш за себе треба да го одбереме најдоброто.
Еве зошто да не одберете нас ( New Nutritionism ) за ваши водачи по патеката на здрави навики.
Доколку има дисциплина, резултатите се гарантирани.

Бирајте внимателно ✨️.
-
-
-
-

11/07/2024

Нутритивно богат и здрав предлог за појадок.
Пробајте го уште утре и уверете се во напишаното.

И секако, останете хидрирани.
Не заборавајте, гладни можеме, жедни не смееме!

Добар апетит 👌

10/07/2024

Секогаш кога имате можност бирајте здраво.
За да бидете среќни и здрави.

-
-
-

08/07/2024

Нема идеално време и среќен ден за промени.
Секое време и секој ден е идеален доколку вие сте решени да направите здрава промена за себеси.
Се што треба да направите е да закажете консултација и да почнете со промените веднаш.
Ние сме тука за поддршка низ целиот процес.
Да бидеме одговорни за самите себе и сопственото здравје.

Секогаш тука за вас.

@

Photos from New Nutritionism's post 06/07/2024

Здравствени придобивки од Комбуха

Комбуха, ферментиран чај, нуди
неколку здравствени придобивки:

1. Пробиотици: комбухата содржи „здрави мали микроби“ кои го поддржуваат здравјето на цревата, слично на другите ферментирани намирници како киселата зелка и јогуртот. Овие пробиотици можат да помогнат во рамнотежата на вашата цревна флора и да го зајакнат вашиот имунолошки систем.

2. Богата со витамини од групата Б: комбухата обезбедува Б витамини, неопходни за функција на имунолошкиот систем и целокупното здравје.
Овие витамини играат голема улога во производство на енергија и одржување на здрав имунолошки систем.

3. Детоксикација: комбухата содржи
полифеноли и витамин Ц, кои имаат детоксикациски својства. Тие помагаат да се подобри функционирањето на црниот дроб и промовираат елиминација на токсините од вашето тело.

4. Антиоксидантна активност: комбухата може да има антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти, поддржувајќи го целокупното здравје.

5. Управување со телесната мсса: иако магично нема да доведе до губење на телесната маса, замената на засладените пијалоци со комбуха може да биде позитивен чекор во планот за слабеење.
Не заборавајте да изберете комбуха со пониска
содржина на шеќер за максимална корист.

Уживајте во овој прекрасен и моќен еликсир како дел од урамнотежена исхрана!
-
-
-
-

Photos from New Nutritionism's post 05/07/2024

Традиционално- петок е за тавче гравче и свежа сезонска салата.
Да си ја сакаме нашата традиционална македонска кујна, но и да ги почитуваме и уживаме и во останатите традиции и вкусови.
-
-
-
#тавчегравче #традиционалнахрана #традиционалнакујна # healtyhabits # # # New Nutritionism

05/07/2024

Лесна летна закуска или можеби ручек.
И пицата може да биде здрава храна.
Пробајте и уживајте во вкусот.

04/07/2024

Лесна, но и летна спанаќ салата која ќе го задоволи апетитот и на најпребирливите.

Едноставна за подготовка, превкусна за консумирање.
За помалку време во кујната и повеќе време за уживање.

Јас никогаш не ја подготвувам исто и затоа немам конкретен рецепт 😁.
Но, основата секогаш е спанаќ, сув домат и крушка.
Останатите состојки се по вкус и желба.

Еве предлог идеи од мене за вас:

- рукола, наут, тиквичка;
- пармезан, таан, краставичка;
- моцарела, пиперка, брусница
- киснати житарки (хељда, киноа, просо, амарант)
- јаткасти плодови и семиња исто така може да си додавате по вкус
- природни зачини исто така влегуваат во комбинација (босилок, нане, оригано, мајоран, куркума, ѓумбир итн.)
-
-
-
-

Photos from New Nutritionism's post 01/07/2024

Здрава храна и долговечност - има ли поврзаност?

Дали знаете дека она што го јадете може да влијае на вашиот животен век?

Исхраната богата со одредени видови хранливи материи има поврзаност со долговечноста и целокупната благосостојба на човековиот организам. Еве неколку клучни совети:

1. Моќта на растенијата: наполнете ја чинијата со лиснат зеленчук, зеленчук богат со влакна и свежо овошје. Овие природни извори на антиоксиданси, витамини и минерали го поддржуваат вашето здравје и може да додадат години во вашиот живот.

2. Јаткасти плодови: јаткастите плодови се хранлива моќ на телото. Тие обезбедуваат здрави масти, растителни протеини и есенцијални хранливи материи.
Ужинајте бадеми, ореви или индиски ореви за повеќе енергија и ситост.

3. Цели житарки: одлучете се за цели зрна како киноа, кафеав ориз и овес. Тие се преполни со влакна, кои го поддржуваат варењето и целокупното здравје.

4. Ограничете ги "лошите" работи: намалете ги додадените шеќери, заситените масти и натриумот.
Овие материи можат да ви го скратат животниот век.

Запомнете, не е само да живеете подолго - туку да живеете подобро!

Затоа, уживајте во тие шарени зеленчуци, уживајте во грст јаткасти плодови и подигнете чаша вода за здравје!
На здравје!

01/07/2024

Боите на летото во боите на виножитото 🏖

Want your business to be the top-listed Health & Beauty Business in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

Само три од многуте придобивки од здравиот начин на живот  Да појасниме, кога велиме здрав начин на живот секако не мисл...
Убаво е да си здрав. Грижи се за своето здравје постојано. Без изговори за поинаку. Здрав човек е среќен човек. ----#hea...

Category

Website

Address


Ulica Makedonija Luj Paster Br. 5
Skopje
1000

Other Nutritionists in Skopje (show all)
Raevska Diet Plan Raevska Diet Plan
Skopje, 1000

➡️Дипломиран нутриционист Сара Раевска ➡️Персонализирана исхрана ➡️ Instagram: raevskadietplan.mk

Nutri_MD Nutri_MD
Skopje, 1000

Medical dietetic, physical activity, lifestyle medicine & health promotion

Jazz up your body and mind Jazz up your body and mind
Varshavska 4
Skopje, 1000

Едно поинакво гледиште на релација телото и свесноста од страна на нутрицијата и јогата

Tagama - Tanja Turundzieva Tagama - Tanja Turundzieva
Bulevar 8-mi Septemvri 2-1
Skopje, 1000

Тања Турунџиева - 23 годишно искуство во нутриционизам

Nutrition by Simona Korunovska Nutrition by Simona Korunovska
Улица Васил Ѓоргов бр 12, Скопје, Северна Македонија
Skopje, 1122

Персонализирана исхрана. Корисни совети. Здрави и брзи рецепти.

Nutri & Beauty Studio Nutri & Beauty Studio
BUlica Jane Sandanski 72/41
Skopje, 1000

Храната во функција на Вашето здравје и убавина! Професионална изработка на on line индивидуални режими на исхрана!

Nutricionist-Trifunova Gjorgjieva Nutricionist-Trifunova Gjorgjieva
Ulica Dimo Hadzi Dimov Br. 107
Skopje, 1000

Функционалната исхрана преставува лекување со храна и е наменета за сите оние кои имаат здравствени тегоби , заболувања ,

Evoslimtea Evoslimtea
Skopje, 1000

Цај за слабење и одржување на метаболизмот Пробано и е?

Nutricionist Veronika Minov Nutricionist Veronika Minov
Skopje, 1000

Добредојдовте на мојата фб страна каде ќе најдете совети и информации за здрава и балансиран исхрана

Ajde da jademe Ajde da jademe
Skopje, 1000

Работиме на менување на навиките во исхраната, без гладување

Здрава Навика Здрава Навика
NATUSANA Македонија, Улица Качанички пат бр. 174, 1000 Скопје, Македонија
Skopje

Здрава навика - за оние кои сакаат да знаат повеќе за здравјето и веруваат во максимата „во здраво тело, здрав дух“

Nutricionist Marija Lazic Nutricionist Marija Lazic
BUlica Partizanski Odredi 155/4, Porta Vlae
Skopje, 1000

Диети изготвени од Нутриционист, третмани за слабеење и целулит,третмани за лице, дермапен antiaging