Zegin Orthopedic

Zegin Orthopedic
Ваша поддршка во животот Ортопедски помагала, суплементи и совети
за здрав 'рбет, зглобови и коски.

16/08/2024

👉Пневматскиот антидекубитален душек е составен од 130 меури со висина од 7цм.

👉Принципот на работа на душекот е наизменично полнење и празнење на меурите во 6 минутни интервали, со што се менува притисокот на одреден дел на телото, и се спречува појава на декубитални рани.

👉Овој душек е наменет за превенција и третман од создавање на декубитални рани од прв стадиум кај лежечки пациенти.

✅Може да се користи и во болнички и во домашни услови.

09/08/2024

✅Овој корсет се користи во процесот на третман на кифоза и сколиоза, како и фрактури во пределот на торако – лумбалниот ‘рбет.

✅Има 3 точки на дејствување со што се обезбедува комплетна имобилизација и ограничување на движењата во пределот на ‘рбетот.

06/08/2024

Шанцова кравата, дводелна

➡️Производот е корисен во случај на нарушувања на функцијата на мекото ткиво, остеоартрит и херниjа на вратот, како и за стабилизација на вратот по повреда или итна медицинска транспортација.

19/07/2024

👉Активен вежбач со педали кој може да се користи за вежбање на нозе и на раце, со контролиран отпор.

👉Помага во процес на рехабилитација за одржување на тонусот на мускулите, воедно ја подобрува и циркулацијата на крвта во екстремитетите.

17/07/2024

Одберете производ од широкиот асортиман на Зегин Ортопедик специјализираните продавници во Скопје и Тетово и со целосна удобност извршувајте ги вашите секојдневни активности. 📍

12/07/2024

Антиемболиски чорапи (доколенки и надколенки со ремен)

Се користат кај состојби на:
👉Варикозни вени;
👉После склеротерапија;
👉Постоперативно, како превенција од создавање на лимфедема;
👉Тромбоза со тенденција за благи отоци;
👉Инфламаторни венски заболувања.

09/07/2024

Ролатор за пациенти кои со рацете не можат да ја подигнат одалката при одење, а сепак имаат вертикална стабилност.

Опис:
🔵Алуминиумска рамка
🔵4 пвц тркала
🔵Прилагодлива висина
🔵Рачки со сопирачки систем
🔵Монтажна торба за чување предмети

Медицински индикации:
👉Наменет за пациенти кои имаат вертикална стабилност и функционалност на рацете.

05/07/2024

➡️Овој корсет служи за имобилизација на лумбалниот дел од ‘рбетниот столб. Направен е од перфориран материјал, еластичен е и лесно се приспособува према телото.

➡️Во задниот дел од двете страни на рбетот се простираат флексибилни пластични ленти кои овозможуваат стабилност и ограничени движења.

➡️За удобноста да биде поголема, во внатрешниот дел на задната страна сместено е меко перниче, кое обезбедува удобност при носење на корсетот. Со дополнителните еластични ленти се обезбедува дополнитена имобилизација.

02/07/2024

Најдете ги во нашите специјализирани продавници Зегин Ортопедик во Скопје и Тетово. 📍

27/06/2024

Стегач за рачен зглоб

Еластичноста овозможува затегнување и компресија според потребите која нуди удобност при носење, истовремено дава поддршка и стабилизација на зглобот, ја намалува болката и ја држи раката во правилна положбa.🤚

Побарајте го производот во специјализираните продавници на Зегин Ортопедик во Скопје и Тетово. 📍

25/06/2024

👉Оваа ортоза е изработена од пластична маса со мека внатрешност. На горниот дел има 4 велкро лепенки со цел да се овозможи имобилизација и стабилизација на рачниот зглоб.

19/06/2024

Овозможува поддршка во пределот на абдоменот, по операција или по породување или при повреди на перитонеумот.

Во специјализираните продавници на Зегин Ортопедик во 📍Скопје и 📍Тетово.

16/06/2024

Urime festèn e Kurban Bajramin, te gjithe
besimtarve te fese Islame, me deshire per
shendet, lumturi dhe suksese.

На сите верници со исламска вероисповед,
Ви го честитаме празникот Курбан Бајрам со
желба за добро здравје, радост и слога.

Tüm İslam alemin Kurban Bayramını kutluyoruz.
Sağlık, mutluluk ve bereket getirmenizi temenni
ederiz. 🕌

13/06/2024

Вените се крвни садови кои ја враќаат крвта од капиларите кон срцето, со помош на контракцијата на мускулите кои се сместени околу вените. За варикозна проширена вена зборуваме кога вената е зголемена и има јазлести проширувања. Секоја вена може да биде варикозна, но најчесто се зафатени површинските вени на нозете. Проширени (варикозни) вени се честа појава со која се соочуваат голем дел од луѓето, но почесто жените и е поврзана со наследност во фамилијата, бременост, обезитост, долги периоди на стоење, стареење, менопауза, покачен крвен притисок…

Високите летни температури може да предизвикаат дополнителни проблеми на веќе постоечката болка во нозете кај лицата со ослабена венска циркулација. Во текот на летните месеци грижата за здравјето на нозете треба да биде нагласена, затоа ви подготвивме неколку совети:

1. Подигнете ги нозете 🦵⬆️ – кога седите или одмарате, благо подигнете ги нозете за да се подобри циркулацијата на крвта од нозете кон срцето.

2. Умерена физичка активност 🏊‍♀️ (пливање, пешачење) помага во зајакнување на ѕидовите на крвните садови а тоа може да ја забави појавата на проширени вени. Избегнувајте тешка физичка активност како кревање тежина која ќе направи дополнителен притисок врз вените.

3. Туширање со млака или студена вода 🛁 помага во стеснување на вените а тоа помага во олеснување на отокот, грчевите и непријатното чувство на тежина во нозете.

4. Компресивната терапија 👣(компресивни чорапи) ќе ви помогне во подобрување на циркулацијата и редуцирање на болката и отокот и ќе спречи понатамошно влошување на состојбата.

5. Носете удобна облека –👗 избегнувајте тесна облека и високи потпетици за да спречите отежнување на протокот на крв.

Внимавајте на своето тело бидејќи сончевите летни денови се убави но често може да влијаат негативно на нашата кожа. ☀️🌡️

05/06/2024

Ортозата се користи најчесто за постоперативен третман на Hallux Valgus🦶.

-Му дава правилна положба на палецот;
- Ја намалува болката;

Се носи наутро.☀️

30/05/2024

Зегин Ортопедик, ваш пријател во секојдневието.💙

28/05/2024

Го намалува притисокот врз петата при движење, дава удобност и леснотија во секојдневието. 🚶‍♀️

Најдете ги во нашите Зегин Ортопедик продавници
📍Скопје
📍Тетово

21/05/2024

Хулахопки за трудници со медицинска компресија CCL1. 🤰🏻

Изработени со високо ниво на еластичност без неудобен притисок што ги прави пријатни за носење.

Во текот на бременоста делот околу стомакот се адаптира според формата.

16/05/2024

👉Метална подпазувна патерица со регулирање на висина.
✅На товар на ФЗОМ.

Достапни во нашите специјализирани Зегин Ортопедик продавници во Скопје и Тетово. 📍

14/05/2024

При болка или за превенција, одличен за секојдневна употреба, лесно се поставува на раката и нуди удобност за нормална фукција и извршување на активностите. 👍

Во нашите специјализирани Зегин Ортопедик продавници.

09/05/2024

✅Шанцова кравата, едноделна - корисна во случај на нарушување на функцијата на мекото ткиво, остеоартрит и хернија на вратот, како и за стабилизација на вратот по повреда или итна медицинска транспортација.

07/05/2024

Држач за рамо, неопренски

Се користи при:
👉Дислокација на рамен зглоб;
👉Постоперативно;
👉Остеоартрит.

Самиот неопренски материјал овозможува задржување на топлината со цел да се подобри циркулацијата и да поттикне побрзо заздравување.
✔️Има ефект на компресија која спречува создавање на оток.
✔️Еластичната трака го прави лесен за употреба.

📍Во аптеките на ЗЕГИН кои работат со ортопедски помагала во вашиот град и специјализираните продавници за ортопедски помагала на ЗЕГИН ОРТОПЕДИК во Скопје и Тетово

05/05/2024

Среде животните предизвици, Велигден служи како светилник на светлината, потсетувајќи нè на моќта на верата, издржливоста и љубовта. Тоа е потсетник дека дури и во најтемните времиња, постои ветување за нов почеток, и за бескрајни можности.

Додека сме со саканите, да ги негуваме моментите што ги споделуваме, смеата на која се препуштаме и врските што нè обединуваат. Да одвоиме еден момент да застанеме, да размислиме и да изразиме благодарност за благословите што ни ги красат животите.

Овој Велигден нека биде исполнет со радост, мир, спокојство и многу благослови за вас и вашите најблиски. И нека духот на Велигден ви го осветли патот, водејќи ве кон иднината исполнета со надеж, љубов и бесконечни можности.

Ви посакуваме благословен и спокоен Велигден 🙏!

Радувајте се на секој миг споделен со саканите и ценете ги и најмалите работи.
Бидете исполнети со убава мисла.
Христос Воскресе 🙏!

02/05/2024

👉Појасот е направен од еластичен материјал, перфориран, којшто спречува потење и овозможува слободно дишење на кожата.

👉Специјално дизајнираното перниче дава дополнителен притисок директно на самата хернија, при што ја редуцира болката и спречува влошување на состојбата.

29/04/2024

Понеделник е за нови почетоци и предизвици.🙌

Зегин Ортопедик ви нуди помагала за заштита и брзо закрепнување кои ќе ви помогнат во извршување на секојдневните активности.🏃🚴‍♀️

26/04/2024

👉Алуминиумски троножен бастун со регулирање на висина. Има анатомска рачка која лесно се мести за oбете раце.

Ваш пријател за полесно секојдневие.💙

25/04/2024

Медицински чорапи

Се употребуваат при длабока венска тромбоза кај пациенти за време на операција.
Ја подобруваат состојбата во случај на верикозни вени, самата градуирана компресија на чорапите го подобрува забавеното циркулирање на крвта во вените.

Како да ги употребувате❓
Свиткајте го чорапот се до прстите. Ставете го почетниот дел од чорапот на прстите. Внимавајте чорапот да не предизвика болка или притисок во стапалото. Петата мора да биде во делот кој што е одбележан. Отворот што се наоѓа на долниот дел од чорапот треба да биде под прстите. Обрнете внимание при облекување да не направите набори. Горниот дел од чорапите треба да биде околу три прсти под препоните, а страничните панели да се поставени на коската на колкот. Ременот се поставува во пределот на стомакот под папокот.

15/04/2024

Овој корсет служи за имобилизација на лумбалниот дел од 'рбетниот столб. Направен е од перфориран материјал, еластичен е и лесно се приспособува према телото. Во задниот дел од двете страни на 'рбетот се простираат метални шини кои овозможуваат стабилност и ограничени движења.
За удобноста да биде поголема, во внатрешниот дел на задната страна сместено е меко перниче, кое обезбедува удобност при носење на корсетот. Со дополнителните еластични ленти се обезбедува дополнителна имобилизација.

Корсетот може да го најдете во нашите специјализирани Зегин Ортопедик продавници во Скопје и Тетово. 📍

Want your practice to be the top-listed Clinic in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

За нас

Orthopedic by ZEGIN веќе 2 години посветено работи на изградба на уште еден препознатлив бренд, преку секојдневна грижа и посветеност на здравјето на пациентите. Наша цел е да бидеме нивна поддршка, да им го олесниме живеењето и направиме поудобен животот, обезбедувајќи широка палета на ортопедски помагала со висок квалитет на изработка и најпристапни цени на пазарот, како и висококвалитетни суплементи за здрав ’рбет, зглобови и коски. Располагаме со богат избор на ортози за ‘рбет, горни и долни екстремитети, влошки за стапало, антидекубитален и компресивен програм, како и лесни алуминиумски инвалидски колички, склопливи и погодни за транспорт, на товар на ФЗО. Од неодамна, нашата палета ја збогативме и со силиконски градни протези и ортопедски градници од препознатлив бренд, наменети да им го подобрат и олеснат начинот на живот и секојдневното функционирање на сите жени, сопруги, мајки во борбата со карциномот на дојка. Целиот програм на ортопедски помагала може да го најдете во аптеките на ЗЕГИН кои работат со ортопедски помагала низ целата држава, како и во нашите специјализирани продавници за ортопедски помагала во Скопје (Југодрво и Градска) и Тетово (комплекс Базар).

Грижата за здравјето на пациентите секогаш ќе биде нашиот приоритет на кој посветено ќе работиме за и во иднина да имаме заеднички успешни приказни за раскажување.

ЗЕГИН ОРТОПЕДИК

Ваша поддршка во животот

Videos (show all)

Еластичен појас за стомак со отвор за колостома
Троножен бастун
Корсет за кифоза
Имобилизатор за скочен зглоб со меки перничиња
Појас за трудници
Анатомски влошки за стапало
Медицински компресивни чорапи
Еластичен држач за рачен зглоб со метална поддршка
Влошки за пета
Помагало за движење, алуминиумски бастун, склоплив.
Serrapeptase

Category

Address


Улица Булевар Кочо Рацин бр. 75
Skopje

Other Medical & Health in Skopje (show all)
Здрава исхрана Здрава исхрана
Budimpestanska
Skopje, 1000

Early to bed and early to rise, makes a man healthy, wealthy, and wise.

vitamini.mk vitamini.mk
Skopje, 1000

Ovlasten zastapnik i distributer za Makedonija za proizvodite na Nutrex i NowFoods.

Hondrostrong Македонија Hondrostrong Македонија
Skopje

Hondrostrong крем за борба со артритисот, артрозата и болкит?

Diaverum North Macedonia Diaverum North Macedonia
Jadranska Magistrala 100
Skopje, 1000

ДИАВЕРУМ обезбедува бубрежна нега за подобрување на животот на пациентите со хронична бубрежна болест, овозможувајќи им исполнет живот.

Bakev Massage & Yumeiho Therapy Bakev Massage & Yumeiho Therapy
Vasil Gorgov 29
Skopje, 1000

Passion.mkd Passion.mkd
Skopje

Passion Mk ви нуди производи кои со сигурност ќе ви овозмож?

Pzu.Omnis Pzu.Omnis
Bukureshka 2
Skopje, 1000

Секој има право на матичен лекар кој силно ќе се грижи за вашето здравје и здравјето на вашите сакани

EMC Hair Clinic EMC Hair Clinic
Skopje, Makedonia
Skopje

трансплантација на коса Македонија

Aloe Vera Benefits Aloe Vera Benefits
Makedonija
Skopje, 1000

Оваа страна е наменета за сите кои сакаат да добијат повеќе информации за употребата на Алое Вера и нејзините корисни својства

Bowen Therapy Skopje Bowen Therapy Skopje
Gorce Petrov 28
Skopje, 1000

Bowen terapija e vodecka tehnika na 21vek

IVF Mon Bebe IVF Mon Bebe
50-ta Divizija Br. 5
Skopje, 1000

Mon Bebe - Центар за плодност Љубов пред првиот поглед❣️

„Aloe Vera - Chudo na prirodata“ „Aloe Vera - Chudo na prirodata“
BUlica Partizanski Odredi Br. 86
Skopje, 1000