Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум"
Nearby clinics
Bulica Partizanski Odredi Br
Partizanski Odredi
Ul : 20 Br 77, Скопје
Улица Булевар Кочо Рацин Бр
1000
Hristo Tatarcev 13 Br
1000
1000
Алберт Ајнштајн
Mpj
Ferid Bajram
Luj Paster
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум", Medical and health, Skopje.
Психотерапијата може да придонесе луѓето да станат позадоволни со себе,
да живеат поквалитетно и поздраво, спремни за соочување со животните
тешкотии, за подобро разбирање со околината и за остварување на близина.
При тоа се потикнува развој на проактивен однос према животот
и прифаќање на сопствената одговорност за негување на личниот раст и развој.
Ирена Жунгулова - 075 310 562
Александра Ги
🌱 Тргнувањето во градинка подразбира дека наеднаш детето од „центар во светот“, станува „едно од многуте во светот“.
🌱 Сето ова вклучува многу нови, непознати и фрустрирачки моменти кои за детето претставуваат стресна ситуација.
🌱 Поради ова многу деца реагираат со страв и отпор кон одењето во градинка.
🌱Тргнувањето во градинка подразбира средба со нова средина, непознати возрасни лица, голем број на врсници, нова храна, нова дневна рутина, нови правила на однесување и слично.
🌱Излистај ги сите слики за практични совети како да му се помогне на детето при адаптација на градинката!
📌Како да знам дали моето дете е подготвено за поаѓање во градинка?
🌱 Тешко е да се даде еден одговор на ова прашање.
🌱 Подготвеноста за поаѓање во градинка е индивидуална- некое дете може да биде подготвено за градинка и на 2.5 годишна возраст, а друго дете да не биде подготвено ниту на 5 годишна возраст.
🌱Затоа е важно да се провери дали детето ги покажува овие знаци на подготвеност*.⬇️⬇️⬇️
*Свесни сме дека голем дел од родителите немаат избор за алтернативни форми на згрижување на децата уште од најмала возраст. Сепак, постои дел кои го имаат тој избор, па овој пост е повеќе наменет за нив и за сите што ги интересира без разлика на животниот контекст.
✏️🌱Тргнувањето во градинка е важна пресвртница во животот на детето и на родителите.
✏️🌱Пред почетокот на новата школска година, тимот на Психолариум подготви серија постови кои ќе помогнат при поаѓањето во градинка, процесот на адаптација и потенцијалните мерки кои може да се преземат доколку семејството наиде на потешкотии во тој процес.
„Она што често поминува незабележано се малите настани кои на животот му даваат содржина и континуитет. Еднаш некој ме праша со што интересно се занимавам во последно време. Иако знам дека сака да му зборувам за поголеми нешта, јас зборувам за тоа како утрото особено сум уживал додека одев низ куќата да земам чаша вода. Доживувањето на сопствените чекори, во удобни влечки, по дрвен под, погледот низ прозорите во дневната соба, промената на ритамот во односот со работата и уживањето во пиењето вода, голтка по голтка – се тоа во тој момент ми имаше поголемо значење од било што друго. Човекот се насмевнува, збунет, убеден дека не сум расположен да одговорам на неговото прашање. Можеби требаше да му кажам како ова доживување на пиење вода се придружува кон останатите доживувања на секојдневниот живот, кои им даваат реалност и контекст на поинтензивните моменти. “ - Ирвинг Полстер, Животот на секој човек е вреден за роман
Постпородилната депресија (ППД) е психолошко нарушување кое најчесто се појавува во првите 6 недели после породувањето и случаите се разликуваат според сериозноста и времетраењето.
Симптомите може да се појават во било кој момент за време на бременоста и во првата година после породувањето.
Постпородилната депресија е привремена и излечива состојба доколку се добие навремена и соодветна професионална поддршка.
Ако се пронаоѓаш во симптомите и се бориш со оваа состојба, важно е да знаеш дека не си виновна и не си сама.
Поддршката постои.
Разбираме низ што поминуваш и можеме да ти помогнеме.
Придружете ни се на работилниците за деца насочени кон развој на детските потенцијали и градење на здрави релации, водени од психологот и гешталт психотерапевтката Сузана Арсовска Митревска. 😊
Овие работилници ќе им помогнат на децата да развијат:
✨Позитивна слика за себе
✨Чувство на сигурност и самодоверба
✨Чувство на сопствена вредност
✨Толеранција, разбирање и почитување на меѓусебните сличности и разлики
✨Позитивна комуникација со врсниците
✨Емоционална писменост
✨Емпатија
✨Способност за справување со конфликти
Работилниците ќе се одржат во Едукативен центар 'Детелина' во Виница. За пријави и повеќе информации пишете во приватна порака на Едукативно-забавен и развоен центар за деца "Детелина"
Верувај му на процесот. 🌱🤍
На гешталт психотерапија ја отфрламе идејата за промени и го охрабруваме клиентот да биде таму кајшто е и да биде она што е.
Сметаме дека промената не се случува кога во процесот се вклучуваат разни форми на убедување и увидување, туку кога човек барем за момент нема да се занимава со она што ќе биде туку ќе стане она што е.
Идејата позади оваа теорија е дека за да се тргне со сигурност во некој правец во животот, неопходно е прво цврсто и стабилно да се застане на моменталната позиција.
#психолариум #психологија #психотерапија #менталноздравје
➡️Во периодот Април-Мај 2024, психолозите Сузана Арсовска Митревска и Александра Гилевска од Центарот за психотерапија и развој на човечките потенцијали „Психолариум“, одржаа 4 тематски работилници насочени кон развојот на менталното здравје на младата популација. Во работилниците беа вклучени деца на возраст од 10 до 12 години.
➡️Низ оваа серија интерактивни работилници, децата успеаа да се запознаат со основните одлики на асертивната комуникација, емоционалната интелигенција, личниот простор и личните граници, видовите насилство и начините на превенција на истото.
➡️Децата се запознаваа со овие поими низ низа интерактивни вежби, кои имаа за цел разбирање, препознавање и примена на овие вештини во понатомошното дејствување. Преку комбинација на игра и отворена дискусија, децата ги развиваа вештините за соработка и меѓусебно почитување, со акцент на групната соработка и поддршка.
➡️Тимот на Психолариум се заблагодарува на сите учесници и нивните родители за укажаната доверба. Веруваме во важноста и неопходноста на развивање на овие вештини кај децата, кои им помагаат во развивањето на своите потенцијали, но истовремено им ја покажуваат и значајноста на меѓусебната соработка.
Животот со комплексен ПТСР (CPTSD) најчесто е тежок и преплавувачки, па затоа разбирањето на состојбата е првиот чекор кон заздравување.
Прочитајте ја оваа статија за КПТСР, симптомите кои го придружуваат растројството и начините на кои може да помогне гешталт психотерапијата.
Психолариум - Комплексно Пост-Трауматско Стресно Растројство Што е КПТСР? Комплексно Пост-трауматско Стресно Растројство (КПТСР) подразбира силна, продолжена и повторена траума која најчесто започнува во раното детство и вкл...
🟣Медицинската анксиозност (попозната како хипохондрија) е состојба која се карактеризира со изразена грижа и страв од сериозни болести и покрај недостатокот на симптоми кои укажуваат на таква медицинска состојба. Еден од главните предизвици при медицинска анксиозност е недостатокот на капацитети за справување со неизвесноста и немањето (целосна) контрола врз сопственото здравје.
🟣Гешталт психотерапијата може да помогне при справување со овој специфичен тип на анксиозност, и тоа преку:
➡️Учење на живот во сега и овде - Клучен аспект од гешталт терапијата е живеење во сегашниот момент. Преку помагање на клиентите да останат во сега и овде, се намалува преокупацијата со идните здравствени катастрофи. Оваа свесност фокусирана на сегашноста им помага на клиентите да најдат мир и спокој сега и овде и да се ослободат од постојаната грижа за она што може да се случи.
➡️Интеграција на телото и умот – гешталт терапијата се занимава со врската помеѓу телото и умот и нагласува дека телесните сензации често се огледало на емоционалната состојба. Преку посветување на внимание на овие сензации клиентите може да добијат увид во нивните емоционални доживувања и да научат да прават разлика помеѓу физички симптоми и симптоми кои се појавуваат како резултат на анксиозноста.
➡️Свесност и прифаќање – гешталт терапијата им помага на луѓето да бидат свесни за нивните доживувања, мисли, емоции и физички сензации, без осудување. Зголемената свесност им дозволува да ги препознаат тригерите на анксиозноста и обрасците на однесување кои ја одржуваат медицинската анксиозност во живот.
➡️Зајакнување и лична одговорност – На гешталт психотерапија личноста се охрабрува да преземе одговорност за сопственото доживување и однесување.
Новооткриеното чувство на одговорност може да ги намали доживувањата на беспомошност и да ја зголеми самодовербата во ситуација на неизвесност и несигурност. Со други зборови, клиентите може да го пренасочат вниманието од неконтролираните аспекти на здравјето и болеста кон аспектите од животот врз кои имаат контрола.
Запознај го тимот на Психолариум ✨😊
Имаме канцеларии на три локации:
📌 Васко Карангелески 7, Скопје
📌 Анастас Митрев 3, Скопје
📌 Бел Камен бб, Виница
Како да знам дали е анксиозност или нешто друго?
➖ Анксиозноста е состојба на висока возбуденост поврзана со нејасна или неодредена закана.
➖Стравот е специфична состојба на возбуденост поврзана со позната или непосредна закана.
➖Загриженоста е слободно лебдечки мисловен процес фокусиран на негативни исходи што поттикнува анксиозна состојба
Некои од анксиозните уверувања се:
❗ Јас немам сила да се справам со ова
❗На другите не може да им се верува
❗Светот е опасно место за живеење
❗Само лоши работи им се случуваат на луѓе како нас
Како можеме да си помогнеме?
✔️Преку примена на техники за релаксација (бавно, подлабоко дишење и дишење од дијафрагма, прогресивна мускулна релаксација)
✔️ Рационализација
✔️Зголемување на емотивната толеранција
✔️ Градење капацитети за справување со застрашувачки ситуации
Поддршката на нашите најблиски во тешките времиња често подразбира барање баланс помеѓу тоа да се биде од помош, но и да се признаат и валидираат нивните потешкотии.
Еве неколку начини да покажете поддршка без притоа да прибегнете кон клише охрабрувачки фрази:
За време на празниците старите, познати, маладаптивни шеми на однесување можат да се појават, особено ако ги поминеме во поширокиот круг на семејството или под голем стрес.
Очекувањата за совршено среќно семејство седнато на трпеза може да не се исполнат, и тоа е сосема во ред.
Идеализираната верзија на празникот најчесто не постои, и очекувано е работите да не се одвиваат како што е планирано или замислено.
Што можеш да сториш за да го сочуваш менталното здравје за време на празниците?
Животот е полн со неизвесност и незнаење. Но, имаме избор дали ќе дозволиме тоа да не преплави или ќе се фокусираме на она што можеме да го контролираме: нашите ставови, напори, избори, граници, дела.
Денес е одличен ден да научиме како да направиме преглед на емоциите што ги чувствуваме и пораките што сакаат да ни ги пратат. 😊🥰
„Тоа што чинот на целосно откривање на себеси пред некој друг ќе резултира со целосно прифаќање може да биде главна движечка сила на терапевтскиот процес. Некои лица избегнуваат интимност поради страв од злоупотреба, колонизирање или напуштање. За нив, грижливиот терапевтски однос кој нема да води до очекуваната катастрофа може да биде корективно емоционално искуство.“
- Ирвин Јалом, „Дарот на психотерапијата: отворено писмо до младите терапевти и нивните клиенти“
🟣Во семејството се остваруваат примарните и најважните меѓучовечки односи во текот на нашиот живот. Семејството е почеток на нашите животни искуства.
🟣Некои од основните елементи на здраво функционирање на семејството се:
➡️Поврзување и посветеност во меѓусебно поддржувачки односи.
➡️Создавање на семеен идентитет „ние сме семејство“.
➡️Почитување на индивидуалните разлики и автономијата на сите членови.
➡️Распределба на моќ и одговорност.
➡️Заштита, социјализација и грижа за ранливите членови.
➡️Психосоцијална поддршка од поширокото семејство и заедницата.
➡️Организациска стабилност која се карактеризира со јасност, доследност и предвидливост на однесувањето.
➡️Флексибилност во исполнувањето на барањата за промени внатре во семејството и вон семејството.
➡️Извори на основна економска сигурност.
➡️Отворен, јасен и широк опсег на емоционално изразување без обвинување, критика или „жртвување“.
➡️Емпатија за другите членови на семејството.
➡️Заеднички систем на верувања кој овозможува взаемна доверба, поврзаност со минатите и идните генерации, етички вредности и однос со човечкото општество како целина.
🟣Со вклучување на овие процеси, семејството преживува, а преку преживувањето манифестира семејна отпорност и резилиентност.
🟣Ова се постигнува со исполнувачки начин на живот и комуникацски стилови кои поттикнуваат изразување на спротивставени идеи и непријатни емоции.
🟣Во здравото семејно комуницирање се укинуваат одбраните како што се ароганцијата, тврдоглавоста и повлекувањето, а се поддржуваат радоста, нежноста, љубовта и хуморот
➡️Волјата е еден вид на психолошки мускул. Како и за мускулите, и на волјата и е потребна вежба за да расте и станува посилна.
➡️Родителите можат да обезбедат нега, услови и насочување, но не можат да ги зајакнат мускулите наместо децата.
➡️Еден од начините за вежбање на волјата е донесување на одлуки.
➡️Потребно е детето (и себе) да го охрабруваме во правец на вежбање, така што ќе го потикнуваме учењето од последиците и преземањето одговорност.
➡️Значајно е родителите на децата да им даваат колку што е можно прилики за правење избори и носење одлуки.
➡️Давањето на детето прилики да направи избор е друг начин да се зајакне селфот на детето.
➡️Децата често се плашат да донесат дури и безначајни одлуки, па може да се почне со прашања како „Каде сакаш да седиме денес? На кауч или на стол? Сакаш фломастери или дрвени боички?“, односно прашања кои нудат само две опции, а подоцна изборите да станат покомплексни и да нудат повеќе избори.
➡️Често пати типичниот одговор ќе биде „не знам“ или „не ми е гајле“ или „како ќе кажеш ти“, но важно е да охрабруваме изборот да го направи детето и на тој начин да го вежба мускулот наречен „слободна волја“. 🥰
🌱Потребно е да им се помогне на децата да ги преточат своите емоции со зборови, да развиваат богат емотивен вокабулар и да ја градат својата емоционална писменост.
🌱Развојот на емоционалната писменост кај децата може да се поддржи со започнување на речник на емоции.
🌱Како се прави речник на емоции?
🌱Детето најпрво само ги избира зборовите, сите емоции кои му паѓаат на ум. Потоа може и родителот да додаде зборови кои мисли дека би биле адекватно дополнување.
🌱На секоја страница може да има по еден збор, а под зборот детето може да го запише или да го нацрта искуството кога ја почувствувало таа емоција.
🌱Може да се побараат и фотографии или слики од весници и да се залепат во речникот.
🌱Детето може да опише и ситуации во кои некој друг ја доживеал таа емоција.
🌱Јазикот ја поддржува слободата преку:
- Препознавање/именување на емоциите
- Изразување на себе
- Поврзување со другиот
✅Сите во нашата околина имаме некое „добро дете“ кое делува како одраз на сите позитивни особини што ги посакуваме кај нашите деца. Ова дете има социјално прифатливи манири, почитува правила, бара дозвола од родителите за да направи нешто и генерално е доживеано како „културно и воспитано“ од страна на околината.
❗Но, по која цена? Како расте „доброто“ дете и со какви психички предизвици се соочува?
Повеќе на оваа тема можете да прочитате на следниот линк: ⬇️
Психолариум - Внимавајте на „доброто дете“ Сите во нашата околина имаме некое „добро дете“ кое делува како одраз на сите позитивни особини што ги посакуваме кај нашите деца. Ова дете има социјално прифатли....
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО АДОЛЕСЦЕНЦИЈА - Клучни фактори за негување на менталното здравје (3/3)
✨Грижата за менталното здравје на младите во општеството не вклучува само третман на лица кои страдаат од ментална болест, туку и заштита и унапредување на менталното здравје, што е важно за општеството воопшто.
✨Грижата за ментално здравје вклучува две групи активности: промоција и превенција.
✨Промоција е секоја активност што ја зајакнува силата и продуктивноста. Според СЗО, целта на унапредувањето на менталното здравје е да се зајакне поединецот, да може подобро да управува со емоциите, да успее да најде алтернативи за ризичното однесување, како и да развие отпорност на кризни ситуации.
✨Превенцијата се стреми да ги намали факторите на ризик кои можат да доведат до развој на проблеми со менталното здравје. Грижата за себе вклучува редовно опуштање од стресот и вклучување во активности кои прават да се чувствуваме посреќни. Бројни студии укажуваат на поврзаност помеѓу физичката активност и задоволството од животот. Престојот во природа, без разлика дали е сам или во група, ги стимулира нашите сетила, освежува, па затоа постојат упатства за активности кои ќе ни обезбедат состојба на подобро чувство: вежбање, пешачење, танцување, возење велосипед; креативни активности (пеење, уметност, сликарство, ракотворби).
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО АДОЛЕСЦЕНЦИЈА (2/3) - Нарушувања на менталното здравје
✨Во актуелните општествени и социјални контексти, од особена важност е разбирањето и адресирањето на нарушувањата на менталното здравје кај адолесцентите.
✨Најчестите нарушувања на менталното здравје можете да ги видите на илустрациите ⬇️⬇️⬇️
МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПЕРИОДОТ НА АДОЛЕСЦЕНЦИЈА (1/3)
✨ Адолесценцијата е период од животот во кој младите поминуваат низ психички, физички и социјални промени кои треба да се надминат и во кој е неопходно да се обезбеди место во светот на возрасните.
✨ Важен извор за надминување на животните и развојните кризи е самодовербата и самовреднувањето. Задоволството од себе и самодовербата се важни за психолошката благосостојба и оптимално функционирање.
✨Верувањето во сопствените сили и ресурси му овозможува на поединецот поенергично да се бори со животните предизвици.
✨Важен услов за менталното здравје е секако социјалното/општественото прилагодување, па затоа во средини погодени од конфликти, во услови на релативна или апсолутна сиромаштија како и општа социјална несигурност и неизвесност, менталното здравје на младите треба да биде една од главните преокупации на општеството.
Следете не за вториот дел од оваа тема 🥰
❗🚨Доколку имаш опсесивни или интрузивни мисли кои те измачуваат и ти го нарушуваат секојдневното функционирање, пожелно е да поразговараш со психотерапевт.
🟣Опсесивните мисли се мисли, слики или импулси кои се упорни и повторувачки, а поединецот ги доживува како наметливи, несоодветни и непријатни.
🟣Содржината на опсесивните мисли најчесто се однесува на:
• Инфекции и контаминација;
• Заборавање или губиток на нешто;
• Губење на контрола над однесувањето;
• Ненамерно повредување на себе и другите;
• Претерана потреба за симетрија и ред и сл.
🟣Опсесивните мисли имаат потенцијал негативно да влијаат на добросостојбата на поединецот. Тие предизвикуваат вознемиреност, ги отежнуваат секојдневните активности и ги нарушуваат меѓучовечките односи.
🟣Опсесивните мисли се карактеристичен симптом на опсесивно- компулзивното нарушување (OCD), а можат да се јават и кај анксиозните нарушувања, депресија, посттрауматско стресно нарушување и слични ментални состојби.
🟣Кога опсесивните мисли траат во континуитет и предизвикуваат вознемиреност (која може да варира по интензитет), мала е веројатноста дека тие ќе исчезнат сами од себе.
🟣Обидите за нивно отфрлање и контролирање не успеваат, а борбата со нив на некој начин уште повеќе ги оснажнува и засилува.
🟣Работата со психотерапевт/ка ќе ти помогне во:
- Идентификација и прифаќање на опсесивните мисли;
- Разбирање како настануваат и што ги предизвикува;
- Развој на механизми за соочување и здраво справување со нив.
➡️Психотерапијата ни нуди перспективи преку кои можеме да ја истражиме и прифатиме нежноста кон себе.
➡️Нежноста кон себе почнува со целосно себеприфаќање, со сите маани и доблести.
➡️Преку приземјување во сегашноста можеме да понудиме нежност и разбирање кон себе во секој даден момент
➡️Кога ќе ги испочитуваме нашите лични доживувања, ќе можеме да си ја дадеме и грижата и валидацијата што ги заслужуваме.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Contact the practice
Telephone
Website
Address
Skopje
1000
Budimpestanska
Skopje, 1000
Early to bed and early to rise, makes a man healthy, wealthy, and wise.
Skopje, 1000
Ovlasten zastapnik i distributer za Makedonija za proizvodite na Nutrex i NowFoods.
Jadranska Magistrala 100
Skopje, 1000
ДИАВЕРУМ обезбедува бубрежна нега за подобрување на животот на пациентите со хронична бубрежна болест, овозможувајќи им исполнет живот.
Поликлиника Јане Сандански, втор спрат
Skopje
ПЗУ Др. Ана Крстевска - Поликлиника Јане Сандански е долгогодишна стоматолошка ортодонтна ординација.
Bukureshka 2
Skopje, 1000
Секој има право на матичен лекар кој силно ќе се грижи за вашето здравје и здравјето на вашите сакани
Makedonija
Skopje, 1000
Оваа страна е наменета за сите кои сакаат да добијат повеќе информации за употребата на Алое Вера и нејзините корисни својства
50-ta Divizija Br. 5
Skopje, 1000
Mon Bebe - Центар за плодност Љубов пред првиот поглед❣️