CDU-Centralna Demokratska Unija

CDU-Centralna Demokratska Unija

You may also like

Hsp Karlovačka Županija
Hsp Karlovačka Županija

Официјална страница на политичката партија ЦДУ - Централна демократска унија.

06/12/2023

Како што веќе примапрната цел на партијата Централна Демократска Унија е ромско обединување и заштита на нивните интереси, како и одговорно и интензивно решавање на проблемите со кои се соочуваат.

Нашата партија веќе повеќе од година дена активно работи на тоа и ги лоцираме сите проблеми и незаконски работи на кои што досега се премолчуваше.

Во периодот кој што ни следува, гласно ќе зборуваме за проблемите на Ромите во Македонија и ќе даваме решенија кои што ќе имаат цел да да придонесат во решавањето на проблемите и креирањето на посветла иднина.

ВРЕМЕ Е ЗА РОМСКО ОБЕДИНУВАЊЕ!
ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!

#ромскоединство

04/12/2023
02/12/2023

Централната Демократска Унија нема да функционира како досега каде што се ценеа партиски книшки, туку ќе го вреднува квалитетот и ќе даде предност на кадрите кои вредат. Заеднички ќе се бориме за обединетост како би ставиле крај на тоа Ромите да ги даваат своите гласови на партиите кои целосно забораваат на својот народ откако ќе дојдат на власт.

Една од работите по кои што се разликуваме од останатите е што во нашата партија сите одлуки ќе ги донесуваме заедно со останатите членови и ограноци на партијата. Нема да дозволиме да одлучуваат само поединци кои што ќе носат одлуки за своите потреби. Секој наш член или секој што доаѓа од ромската заедница ќе има право да даде предлог или идеја за некоја проблем кој што треба да се реши.

Само обединети и сложни заедно еден до друг ќе можеме да одиме напред. Не може да седиме и да чекаме само од себе да дојдат подобри времиња. Треба да работиме да носиме одлуки кои што ќе бидат прифатени од сите, за да помогнеме да Ромите во нашата држава да живеат достоинствен живот рамо до рамо со другите нации.

Photos from CDU-Centralna Demokratska Unija's post 11/09/2023

Интервју со претседателот на Централна Демократска Унија, Рикардо Сали со Маргарте Рајзер на 1 јули 2023 г.

Скопје е главен град и економска метропола во јужна Европа. Северна Македонија е членка на НАТО од 27 март 2020 година и кандидат за членство во Европската Унија од 2006 година, која како кандидат за членство во ЕУ постигна значителен напредок кон членството во последните години.

Земјата спроведе сеопфатни реформи во различни области за да ги исполни стандардите и критериумите на ЕУ. Ова вклучува политички, економски и правни реформи за зајакнување на демократијата, пазарната економија и владеењето на правото. Сегашната ситуација во Северна Македонија се карактеризира со политичка стабилност и економски развој, постигнати се добри резултати особено во реформите на судскиот систем, борбата против корупцијата и зајакнувањето на слободата на печатот. Овие напори беа позитивно оценети од ЕУ и други меѓународни организации.

Економијата на земјата постојано расте, при што туристичкиот сектор, земјоделството и индустријата за снабдување играат важна улога за ЕУ. Инвестициите на Северна Македонија во обновливите извори на енергија, кои беа спроведени заедно со партнери од ЕУ, исто така од Германија, како и инфраструктурни проекти се зајакнаа. Сепак, остануваат предизвиците, како што се високата невработеност, особено кај младите, и потребата од натамошни реформи во образовниот и здравствениот систем. Севкупно, Северна Македонија е на позитивен пат да обезбеди долгорочна стабилност и развој на земјата. Во таа насока, Северна Македонија ги реши и билатералните спорови и спорот за името со Грција, што додаде уште еден позитивен моментум на пристапните преговори. Европската унија секако ќе биде заинтересирана да може да понуди алтернатива за економските и инвестициските активности на Кина како дел од нејзиниот „Новиот пат на свилата“ со иницијативата за зелениот договор и подобро да ја поврзе Европа со партнерите од Западен Балкан.

Меморандумот за разбирање за пристапување на Северна Македонија во ЕУ беше потпишан во март 2020 година, а преговорите во моментов се во тек. Важно е да се напомене дека процесот на пристапување во ЕУ е долг и тежок процес кој зависи од многу фактори. Северна Македонија сигурно ќе продолжи да ги спроведува реформите за да ги исполни критериумите на ЕУ и да стане членка на ЕУ на рамноправна основа. Во таа насока, ЕУ ја повтори својата поддршка за процесот на пристапување и ја охрабри Северна Македонија да продолжи со напорите.

Ова се однесува и на економскиот развој, кој е позитивен во последните години. Земјата направи значителен напредок во охрабрувањето на странските директни инвестиции (главно од Грција, Германија и Бугарија) и создавање средина поволна за бизнисот. Преземени се мерки за зајакнување на конкурентноста и подобрување на инфраструктурата. Северна Македонија, исто така, има корист од меѓународните партнерства и трговските договори кои доведоа до зголемување на извозот. Дополнително, преземени се иницијативи за унапредување на туристичкиот сектор, што придонесе за позитивен придонес во економијата. Генерално, економскиот развој во Северна Македонија покажува ветувачки изгледи за иднината.

Господине Сали, ве молиме кажете ни за вашите причини за вклучување во политиката како претприемач: „Очигледно е дека Европската Унија ни овозможува да ја унапредиме нашата стратегија за економски раст. Со создавање нови мрежи кои вклучуваат иновативни економски играчи на европските пазари, особено за средни компании во комерцијалниот и индустрискиот сектор.

Во исто време, ние претприемачите сакаме да бидеме вклучени во политичкото мислење и процесот на одлучување, што треба да се имплементира во соодветни закони за учество со цел дополнително да се прошири процутот на економијата во нашата земја.

За таа цел, сакаме активно да ги вклучиме индустриските и земјоделските актери, како што се производството на храна, челичните компании, туристичките компании - на пример агротуризмот - што е пример во Германија со децении, бидејќи тие го сочинуваат најголемиот дел од Македонија. национален економски производ денес.

Бидејќи и Северна Македонија е посветена на заштита на животната средина, иницијативата за енергетска ефикасност што ја покренавме покажува дека во минатото 80% од енергијата во Македонија генериравме од електрани на јаглен.

11/09/2023

По повод празникот 8ми септември, Денот на независноста на Македонија нашиот потпретседател на партијата Ајдован Мамудов гостуваше на Телевизија 24.

14/08/2023

Од самото отворање и започнување со работа на нашата парија, решивме да се обединиме. Токму затоа еден од нашите слогани на партијата е Ромско Единство.

За помалку од една година нашата партија досега има отворено 38 ограноци во различни оптишни низ Цела Македонија. Имаме одлична соработка и заеднички идеи за делување за подобра иднина на Ромското население во оваа држава. Навистина сме задоволни од соработката со сите ограноци, бидејќи им даваме можност сами да ги кажат своите проблеми, бидејќи секоја општина си има различни проблеми кои што сакаат да ги решат.

Изградивме соработка со клучните луѓе и квалитетни кадри од цела Македонија од кои што навистина сакаат подобар живот за своите браќа и сестри.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

11/08/2023

Со години наназад од многу политички субјекти слушаме ветеувања, а никаква реализација. Затоа нашиот политички ангажман е одговор на лошите услови во кои се наоѓаат Ромите во нашата држава. Имаме цел да ставиме крај на разединетоста кај Ромите и со конкретни проекти да направиме подобар живот во оваа држава за сите нас.

Нашата примарна цел е да го реорганизираме ромскиот народ во оваа држава и да наметнеме нов начин на делување и да се стремиме кон решавање на проблеми, а не само придобивање на гласови за исполнување на личните цели на партијата. Во ситуација на голема сиромаштија, и огромни класни разлики меѓу Ромите и дугите нации во Македонија, кога нашите браќа и сестри добиваат ветувања од политичари кои веќе долги години ништо не исполнуваат, нужна е потребата од нешто ново на политичката сцена.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

24/07/2023

Централна Демократска Унија е партија која ветува промени на ромската политичка сцена во Македонија, а преку нашата програма на која што веќе интензивно работиме се обврзуваме дека ќе обезбедиме мирен и достоинствен живот на Ромите кои живеат во оваа држава.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

17/07/2023

ПОРАКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЦЕНТРАЛНА ДЕМОКРАТСКА УНИЈА - РИКАРДО САЛИ

Ние сме партија која гласно ќе зборува за проблемите на Ромите во Македонија, а за решавање на истите демократски ќе се одлучува во рамките на самата партија. Во нашата партија сите ќе имаат можност да придонесат во решавањето на проблемите и креирањето на посветла иднина.

Во политичката партија ЦДУ има луѓе кои веќе подолго време биле активни во политиката, но и млади луѓе кои сега за првпат влегуваат на македонското политичко поднебје. Сите сме полни со ентузијазам и желба конечно да донесеме промени.

10/07/2023

Централна Демократска Унија како партија е должна и имаме обврска да создадеме еднаква шанса за просперитет на Ромите во Македонија!

Загрижувачката е состојбата во која со децении се наоѓа поголем дел од Ромскиот народ , затоа е од клучно значење да се започне со конкретни политики за подобрување на ситуацијата. Ние сме должни да ја дадеме таа шанса за да имаат еднаков живот со сите граѓани.

Должни сме заради младите и должни сме заради нашите деца!

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

06/07/2023

Само три отсто од граѓаните вклучени во активните мерки за вработување се Роми. И додека припадниците на ромската етничка заедница се уште се жртви на расизам, дискриминација и сегрегација, не можеме да зборуваме за значаен напредок во превенцијата и заштитата на Ромите на системско ниво. Дури денеска, голем дел од ромската етничка заедница се соочува со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита.

Пристигнува времето за промени! ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!

27/06/2023

Сведоци сме на катастрофалното водење на ромскиот народ во претходните 20 години. Овие слики кои ги гледаме до ден денес, не се никаква илузија, туку реалност. Реалност на нашите проблеми за кои досега само на зборови не‘ убедуваа дека ќе ги решат.

И самите гледате дека голем дел од Ромите се уште живеат во супстандардни услoви. Време е да го обединиме ромскиот народ. Со континуирани заложби да обезбедиме подобрување условите за живот, носење на политички одлуки за пристап до здраствената заштита, образованието и промовирање на идентитетот, културата и ромскиот јазик.

Имаме прогресивни идеи со кои можеме да го олесниме животот на Ромите, па да направиме конечно да ги имаат посакуваните услови.

Време е за видливи промени кај Ромите во Македонија!

Со нашата политичка партија ЦДУ, празните ветувања ќе бидат минато, а Ромите конечно ќе живеат рамо до рамо со другите заедници во Македонија!

22/06/2023

Крајно време е да бидеме рамо до рамо со другите нации! Ветуваме промени и ветуваме дека ќе ги подобриме условите за живот на Ромите во Македонија!

19/06/2023

Централната Демократска Унија нема да функционира како досега каде што се ценеа партиски книшки, туку ќе го вреднува квалитетот и ќе даде предност на кадрите кои вредат. Заеднички ќе се бориме за обединетост како би ставиле крај на тоа Ромите да ги даваат своите гласови на партиите кои целосно забораваат на својот народ откако ќе дојдат на власт.

Една од работите по кои што се разликуваме од останатите е што во нашата партија сите одлуки ќе ги донесуваме заедно со останатите членови и ограноци на партијата. Нема да дозволиме да одлучуваат само поединци кои што ќе носат одлуки за своите потреби. Секој наш член или секој што доаѓа од ромската заедница ќе има право да даде предлог или идеја за некоја проблем кој што треба да се реши.

Само обединети и сложни заедно еден до друг ќе можеме да одиме напред. Не може да седиме и да чекаме само од себе да дојдат подобри времиња. Треба да работиме да носиме одлуки кои што ќе бидат прифатени од сите, за да помогнеме да Ромите во нашата држава да живеат достоинствен живот рамо до рамо со другите нации.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

16/06/2023

Доста е од празни политички тези! Народе ромски, вистината е пред ваши очи!

ЦЕНТРАЛНА ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ВЕТУВА ПРОМЕНИ!

Се обрзуваме дека ќе работиме чесно и лојално да ги исполниме нашите цели како што се вработување, домување, образование и здравство.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

15/06/2023

Со години наназад од многу политички субјекти слушаме ветеувања, а никаква реализација. Затоа нашиот политички ангажман е одговор на лошите услови во кои се наоѓаат Ромите во нашата држава. Имаме цел да ставиме крај на разединетоста кај Ромите и со конкретни проекти да направиме подобар живот во оваа држава за сите нас.

Најтрагичното и жалното е што во 21 век, Ромите сеуште живеат во субстандардни услови. Уловите во кои живеат ромите се далеку полоши од условите во кои живеат другите граѓани. Немаат услови за образование, а камоли вработување и тоа е проблемот кој сакаме да го решиме. Сеуште живеат голем број на членови во еден мал дом, а половина од Ромите немаат услови за хигиена и вода во своите домови. Зарем тоа не е загрижувачки кога повеќе од 20 години ромските партии коалицираа со различни партии кои беа на власт. Тоа е доказ дека навистина ништо не се работело и се гледале само сопствените интереси. Долго време прашањето со инфраструктурата и квалитетот на домување се наметнува како агенда на сите ромски политички партии, но директни мерки и проекти во ромските населби сеуште немаме.

05/06/2023

Образованието е клучен фактор за развивање на една нација, а знаеме дека сиромаштијата и уловите во кои што живеат ромите во Македонија не им дозволува да го поднесат тој трошок. Токму затоа образованието е значаен приоритет во нашето залагање да овозможиме ниво на едукација на децата, иста како и за сите останати во државата.

Со тоа би се развиле поголеми услови за вработување каде би се вреднувале повеќе затоа што имаме многу потенцијален кадар кој е неприфатен и непрепознаен во општсеството.

Што се однесува до здравството, процентот на невработеност кај Ромите е огромна и не можат да си дозволат соодветна здравствена нега. Тука би сакале да потенцираме дека ќе се бориме да секој еден Ром добие еднакви услови за здравствена заштита како и сите останати граѓани на оваа држава.

Сакаме да вложиме исклучителни напори да го решиме домувањето во ромските заедници и со помош на општините да им ги овозможиме основните услови за живот во оваа држава.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

23/05/2023

Со формирањето на партијата решаваме обединување со 38 ограноци низ целата држава. Се стремиме за постигнување решение на сите проблеми кои досега беа само ветување, а никогаш ништо не придонесоа останатите ромски партии за својот народ. Сакаме да ги тргнеме сиромашните семејства од улица и ќе се залагаме за нивно згрижување и обезбедување на нормални услови за живот.

Состојбата во државата е дополнително отежната и за нашиот народ секојдневието претставува преживување од ден за ден. Според мое мислење треба да се обедини целиот ромски народ и заедно да работиме за доброто на на нашите браќа и сестри. Доста ни е веќе од меѓупартиски препукувања и докажувања, треба да се работи со и за народот. Доколку се обединиме, сите заедно ќе ја поедноставиме кризата во која се наоѓаме. Некои ромски политички партии профитираат на грбот на народот, а тоа не е добар показател за обединување, тоа мора да се промени.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!

#ромскоединство #централнадемократскаунија

20/05/2023

Централната Демократска Унија нема да функционира како досега каде што се ценеа партиски книшки, туку ќе го вреднува квалитетот и ќе даде предност на кадрите кои вредат. Заеднички ќе се бориме за обединетост како би ставиле крај на тоа Ромите да ги даваат своите гласови на партиите кои целосно забораваат на својот народ откако ќе дојдат на власт. Една од работите по кои што се разликуваме од останатите е што во нашата партија сите одлуки ќе ги донесуваме заедно со останатите членови и ограноци на партијата. Нема да дозволиме да одлучуваат само поединци кои што ќе носат одлуки за своите потреби. Секој наш член или секој што доаѓа од ромската заедница ќе има право да даде предлог или идеја за некоја проблем кој што треба да се реши. Само обединети и сложни заедно еден до друг ќе можеме да одиме напред. Не може да седиме и да чекаме само од себе да дојдат подобри времиња. Треба да работиме да носиме одлуки кои што ќе бидат прифатени од сите, за да помогнеме да Ромите во нашата држава да живеат достоинствен живот рамо до рамо со другите нации.

15/05/2023

Вистината е на наша страна и не треба да се премолчува заради некакви „повисоки“ интереси на некои индивидуалци.

Со години наназад од многу политички субјекти слушаме ветеувања, а никаква реализација. Затоа нашиот политички ангажман е одговор на лошите услови во кои се наоѓаат Ромите во нашата држава. Имаме цел да ставиме крај на разединетоста кај Ромите и со конкретни проекти да направиме подобар живот во оваа држава за сите нас. Нашата примарна цел е да го реорганизираме ромскиот народ во оваа држава и да наметнеме нов начин на делување и да се стремиме кон решавање на проблеми, а не само придобивање на гласови за исполнување на личните цели на партијата. Во ситуација на голема сиромаштија, и огромни класни разлики меѓу Ромите и дугите нации во Македонија, кога нашите браќа и сестри добиваат ветувања од политичари кои веќе долги години ништо не исполнуваат, нужна е потребата од нешто ново на политичката сцена.

ПРОМЕНИТЕ ЗАПОЧНУВААТ! ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

01/05/2023

Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на трудот кој е посветен на сите работници и на борбата за зачувување и унапредување на правата на самите работници.

Додека ние го одбележуваме овој ден, не смееме да заборавиме дека последните неколку години имаме зголемување на невработеноста кај Ромите, а помалку од 3% од граѓаните кои живеат во Република Македонија вклучени во активните мерки за вработување се токму Ромите.

Нека овој ден биде мотивација за сите нас да ги пообриме условите за вработување на нашите браќа и сестри и конечно Ромите да бидат рамо до рамо со другите.

28/04/2023

Како е можно после 30 години да се соочуваме со истите проблеми и никако да се решат? Како е можно после 30 години Ромите да бидат етничка заедница која сеуште е жртва на расизам, дискриминација и сегрегација? Како може после 30 години Ромите сеуште да живеат во екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита?

Ова се прашања на кои што ниту еден Ромски политичар досега кој што бил избран од нашите браќа и сестри не дал конкретен одговор.

Затоа што не успеаа да ги реализираат државните политики и проектите кои што ги ветувале.

Надеж за решавање на сите овие работи постои и затоа се нафативме и влеговме во политиката за да можеме да направиме подобро опшество.

Промените ќе се случат кога ќе почнеме да ги реализираме првите проекти кои што ни се предвидени во програмата која што ја работиме во моментов и со која активно ќе настапиме пред народот.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

22/04/2023

Bajram serif mubarek olsun!

Честитка до сите муслимани за големиот исламски празник Рамазан Бајрам.

Рамазан е време на пост, молитва и солидарност. Нека ги исполни сите муслимански верници и нивните семејства со добрина, милост и љубов.

Photos from CDU-Centralna Demokratska Unija's post 22/04/2023

Централна Демократска Унија и претседателот на партијата Рикардо Сали заедно со огранокот на партијата во Битола организираше уште еден Ифтар за нашите браќа и сестри.

Секогаш ќе бидеме заедно со Римите на едно место!

Photos from CDU-Centralna Demokratska Unija's post 17/04/2023

Партијата Централна Демократска Унија заедно со огранокот на партијата од Куманово послуживме Ифтар за нашите браќа и сестри. Ни беше навистина чест што можевме да им припремиме и послужиме и да донесеме радост и среќа во овој свет месец. Навистина се надеваме дека овој чин ќе ги инспирира и мотивира останатите да го сторат истото.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

16/04/2023

Централна Демократска Унија посакува среќни Велигденски празници на сите припадници од православна вероисповед, со желба за мир и благосостојба.

Photos from CDU-Centralna Demokratska Unija's post 12/04/2023

Продолжуваме да помагаме на нашите браќа и сестри. Вчера нашата партија заедно со огранокот во Штип организираше ифтар.

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

Photos from CDU-Centralna Demokratska Unija's post 11/04/2023

Партијата Централна Демократска Унија заедно со огранокот во Велес организираше Ифтар за своите браќа и сестри во џамијата. Помагаме од срце, бидејќи добрите дела се потребни кај сите од нас!

ЗНАЕМЕ, УМЕЕМЕ, МОЖЕМЕ!
#ромскоединство #централнадемократскаунија

08/04/2023

Нека ни е честит Меѓународниот ден на Ромите!

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Ромите. За Меѓународен ден на Ромите 8 април официјално е прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.

На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.

Денеска е вистинско време за обединување на Ромите и да започнеме со промените!

Want your organization to be the top-listed Government Service in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Videos (show all)

ЦЕНТРАЛНА ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ВЕТУВА ПРОМЕНИ!
ЧЕТИРИ ОСНОВНИ ПРИОРИТЕТИ НА ЦДУ
Време е за Ромско единство!
Рикардо Сали: “Ајде да обезбедиме мирен и достоинствен живот на Ромите„
Нашиот претседател на Централна Демократска Унија, Рикардо Сали за најмладите
Рикардо Сали: “За помалку од една година успеавме да отвориме 38 ограноци на партијата“
Сеад Исмаил: “Доста беше Ромите да бидат интересни само кога се избори и кога треба да гласаме, време е тоа да се промен...
Рикардо Сали: “Да се избориме со сите проблеми кои што ги имаат Ромите“
Претседателот на ЦДУ, Рикардо Сали за Телевизија 24
Рикардо Сали: Заедно да ги оствариме целите кои што ги имаме зацртано
Рикардо Сали - Ќе работиме транспарентно и еднаш засекогаш вистински да се помогне на ромскиот народ“
Формирање на огранок во Битола - Централна Демократска Унија

Address

Skopje
1000

Other Political Parties in Skopje (show all)
ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО
VMRO Square
Skopje, 1

ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 јуни 1990 година. Позционирана е десно од центарот. ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка на Европската Народна Партија

УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош
Љубљанска 6
Skopje, 1000

http://ok-karpos.blogspot.com/ https://www.facebook.com/OK.Karpos https://instagram.com/umskarposh

СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија
Bihacka 8
Skopje, 1000

http://sdsm.org.mk/ http://twitter.com/sdsmakedonija http://youtube.com/SDSMtube

LDP Kisela Voda - ЛДП Кисела Вода LDP Kisela Voda - ЛДП Кисела Вода
Vasil Glavinov 14-1/7
Skopje, 1000

Општинска организација на Либерално Демократска Партија - Кисела Вода

Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept
Boulevard Partizanski Odredi 17
Skopje, 1000

Политичка партија

Партија на Власите од Македонија / Partia a Armânjilor dit Machidunii Партија на Власите од Македонија / Partia a Armânjilor dit Machidunii
Борис Трајковски бб, Општина Кисела Вода, Барака 2
Skopje, 1000

Partia a Armãnjilor dit Machidunii yasti fundatã pi 07 di April, anlu 2001 tu Skopia. Ghini-vinitu pi frãndza ofitsialã./ Партијата на Власите од Македонија е основана на 07 Април ...

Lëvizja Demokratike Lëvizja Demokratike
BUlica Goce Delcev Br. 11, Mavrovka
Skopje, 1000

Унија на Ветерани  ОК Центар   ВМРО ДПМНЕ Унија на Ветерани ОК Центар ВМРО ДПМНЕ
Square VMRO
Skopje, 1000

Македонско Национално Единство

Родина Македонија - Бутел Родина Македонија - Бутел
Ljuba Ivanovich 50/1/5
Skopje, 1000

Страница на Општинскиот одбор Бутел, на политичката па

Либерално Демократска Партија ЛДП Либерално Демократска Партија ЛДП
Ulica Vasil Glavinov Br. 14-1/7
Skopje, 1000

Такви сме... некогаш пред времето... доследни на своите и

Keshilli Vendor -Dizhoni 2 Keshilli Vendor -Dizhoni 2
Skopje, 1000

Bashkimi Demokratki për Integrim BDI