Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept

Политичка партија

20/09/2024
19/09/2024

ОДЛИЧНА ОДЛУКА на Уставен Суд, базирана на правни, а не политички аргументи, како до сега!

Се надеваме, истата ќе стане конечно решение, со што нашата визија за граѓанско општество станува реалност!

Етничка припадност на граѓаните е приватна, истата не може да биде услов за остварување на било кои граѓански права!

НАШИТЕ ЗАЛОЖБИ за пад на апархејдот, даваат резултат! А тука е само почеток!
Тек работите ќе се менуваат, до конечно донесување на граѓански Устав!

#владеењенаправото #новаиднина #мудраодлука #граѓанскиустав #МакедонскиКонцепт

Photos from Петар Богојески - Petar Bogojeski's post 18/09/2024
16/09/2024

БРАНИТЕЛИТЕ низ призмата на Македонски Концепт

Во суштина на нашата политика кон Бранителите, стои почитување на воспоставениот уставно - правен поредок на Македонија и обидите за негово рушење од страна на учк и косово!

Тоа е клучен елемен и по меѓународно и по домашно право, а ние се залагаме за владеење на правото.

Ние не сме квазишовинистички структури, градиме политики на цврсти принципи и вредности, а не некаков си етнички романтизам!

Темелот на државноста се штити со нашите политики! А не оџакот!

#бранители #победаилипобеда #кауза #МакедонскиКонцепт

15/09/2024

ЗНАМЕТО Е ПРОБЛЕМ?!?
Камо среќа да беше само тој проблем, ќе го решиме за 5 мин!

И не, не релативизирам! И не, не бранам никого!
Вината не е само на домаќините, кои “заборавиле” да стават македонско знаме, вината е споделена и со гостите, кои “не забележале” дека нема мак знаме, а требало и биле должни да забележат!

ПРОБЛЕМОТ Е МНОГУ ПОГОЛЕМ!
Ова е тежок македонско - македонски судир, а кумот и кумата на истиот се Петровград и Москва! Тоа започна 1820 и никако да престане! Еве поминаа повеќе од 200 години!

Судирот помеѓу јужнословенизираните Македонци и избугарените Македонци е толку досаден и фрекфентен, што дури и на вистинските Бугари им е преку глава! И со право!

ШТО ПРАВИМЕ НИЕ?
Каузата заповеда да работиме на нивно помирување и обединување!

ПОГРЕШЕН Е ПАТОТ за “зближување” и споделување на “општа историја”! Тука Американците и ЕУропјаните ептен грешат!
Со тоа, “руското кукавичко јајце” си го ставаат во пазуви, а тие добро знаат за тоа! Кажано им е преку 1000 пати!

ПРАВИЛНО Е, да изградиме СУПЕРИОРНО МАКЕДОНСТВО, кое ќе биде доволно атрактивно, прво да го запре процесот на избугарување (руски проект со крајно насилни методи кон нашиот народ), а потоа да започне вистинска дебугаризација и освестување / обединување на Македонците (антируски проект кој треба да го поддржи “западот”)!

Тоа нема да успее без прво да се ослободиме од нашето “јужнословенизирање” (тоа е наша домашна задача), потоа да се обединиме со Македонците од јужна Македонија (тоа е можно само преку стратешко партнерство со Грција - читај Британија и САД), а тек на крај ќе успееме со нашите избугарени Македонци!

Дали сеуште е знамето проблем?
За заколнатите јужнословенци ДА!
Тоа било и ќе им остане најголем проблем, така им налага туѓата Кауза!

Ние, Борците за Каузата - Обединителите, гледаме многу подлабоко и многу подалеку од “знамето”! Ние сме Македонци, не јужнословенци!

Станете сите Борци за Каузата, така ќе успееме! Ова е голема борба, која ќе трае уште долго!

#кауза #обединители #МакедонскиКонцепт

13/09/2024

Почитувани македонски граѓани,

Претседателството на Македонски Концепт на вонреден состанок на 13.09.2024 година го разгледа поднесениот во Собрание “Закон за бранители”, предлог на сдс измеќарска, донесувајќи позиција дека истиот не ги исполнува потребите и очекувањата на Бранителите и нивните семејства.
Тој нуди поткуп, со пари да се купи нивната душа и чест, очекувано од “комуна и неолиберали”.

На Бранителите им треба друго, вистинско решение, кое ќе наметне историски наратив на победници, кое ќе ги издигне на ниво на Илинденци и Асномци, кое ќе ги вброи во бесмртните Македонци!

За нас од Македонски Концепт, неприфатливо е било какво равенство помеѓу победниците Бранители и амнестирани губитници, терористички учки! Тоа е како да изедначуваме Асномци и балисти или Илинденци и башибозук!
Секој обид во таа насока, ќе биде соочен со народен, решителен отпор, на кој целосно ќе се посветиме!

Бранителите се бореа за унитарна, просперитетна, слободна, демократска, граѓанска и европска Македонија на сите нејзини македонски граѓани, а учките за поделба на територии, нарушување на меѓународниот поредок и право, убивање на цивили, вршејќи воени злосторства против човештвото, дела кои никогаш нема да застарат, а одговорноста ќе ги стигне!

Идните генерации ќе учат од споменот и Делото на Бранителите, за да ја продолжат борбата за Каузата за независна, демократска и европска Македонија на сите родени во неа!

Со почит,
Центар за комуникации и анализа
Македонски Концепт

#Бранители #победаилипобеда #МакедонскиКонцепт

07/09/2024

ДАЛИ СМЕ НЕЗАВИСНИ?

Македонското срце бие отежнато… без главната артерија… види на сликата👇🏼

Ако не го изградиме тој автопат Скопје - Велес - Прилеп - Битола - 1. Охрид - 2. Лерин… ние не можеме да се наречиме “независни”.

Денес трошиме милиони за туѓи “артерии” на туѓи “срца”… не на МАКЕДОНСКОТО СРЦЕ!

НА СЛИКАТА е главната артерија на македонскиот род, која постоела кога постоеле вистински Македонци!
Со цел да се уништи МАКЕДОНСТВОТО, таа артерија е прекината!
Или ќе ја изградиме или ќе не нема! Изберете!

#новаиднина #МакедонскиКонцепт

Бангиевски: Македонски концепт бара поддршка од ВРЕДИ за нов граѓански Устав - Локално 06/09/2024

Извршниот директор на МК има клучна порака👇🏼

Бангиевски: Македонски концепт бара поддршка од ВРЕДИ за нов граѓански Устав - Локално Нашата политичка партија Македонски Концепт отворено бара поддршка од Коалицијата ВРЕДИ за донесување на нов –…

06/09/2024

ЗБОР

Кога ќе дадеш збор на човек (граѓанин на избори), ти си ја земал неговата надеж во твои раце!

Кога нема да го исполниш дадениот збор, ти не си ја скршил неговата надеж, туку си ја изгубил твојата надеж!

Затоа, на моите пријатели и соработници од Македонски Концепт им потенцирам, внимавајте што зборувате, зошто секој збор треба да биде исполнет!

Ако еднаш излажеме, ние сами се лажеме!
Ако еднаш изневериме, ние сами се изневеруваме!
Ако на еден човек му ја скршиме надежта, ние сме ја уништиле надежта за Каузата!

Колку вреди еден човек?
Онолку колку му вреди зборот!

Петар Богојески с.р.

06/09/2024

Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept како централно - десничарска опција е компромис пимеѓу конзервативната и либералната идеологија, а обидите за усогласување на конзервативизмот и социјализмот, преку десниот центар - ни се подалечни!

Од Доктрината на МКонцепт

#МакедонскиКонцепт
#ПетарБогојески
#ВладимирБангиевски

Богојески за „Локално“: Големо е незадоволството кај владините коалициски партнери од поведението на ВЛЕН - Локално 04/09/2024

ИЗЈАВА ЗА ЛОКАЛНО
(поради парафразирани одговори, истото го споделувам текстуално во целост)

1. Пратеникот Ријад Шаќири од коалицијата ВЛЕН од пратеничката говорница осврнувајќи се на критиките против претседателот на Собранието, Африм Гаши за молитвите во Собрание, рече дека тие ќе продолжат да се молат секаде што треба и каде што сакаат. Шаќири исто така се осврна и на критиките за користењето на службени возила за Гаши да оди на свадба во Косово и да игра шота. Тој рече дека шота ќе се игра и во Приштина и во Тирана и во Скопје се додека има барем еден Албанец... Дали со говорот се разгоруваат меѓуетничките односи?

Шакири лично го познавам, ми беше колега на работа. Колку знам, неговиот татко беше некој од командантите на учк од Липково. Секогаш бил надвор од редовите на дуи, самостојно настапуваше во разговорите со мене, што ми остави некој позитивен впечаток. Барем дека не е човек од партиските трла. Неговиот вчерашен настап на собраниската говорница, покажа дека и тој пати од истиот комплекс на криза на идентитет и има потреба да се докажува колкав голем Албанец е. Жалам за тоа.

Ние од Коалицијата „Твоја Македонија“ се изборивме дуи да биде опозиција, а им подадовме рака на Коалицијата „Вреди“ за да работиме да не е како до сега. Секако не да се докажуваат со дуи кој е поголема учка или кој од кого е поголем Албанец. Таа замка, тој наратив им го наметна Ахмети, а коалиционите партнери за жал паднаа во неговата замка. Им понудивме помош, да се издигнат над состојбата, да ја согледаат новата општествена улога како владечка коалиција, но до сега не гледаме резултат во таа насока. Не знам за другите партнери, но во Македонски Концепт не сме задоволни од поведението на т.н. Вреди. Едноставно не можеме да забележиме што тоа вреди кај нив. Забележуваме дека немаат големи разлики со дуи, што не ужасува. Создаваат огромни проблеми во општеството, делуваат негативно на имиџот на нашата Влада, особено врз рејтингот на нашата партија. Најголемиот проблем е создавањето на меѓуетнички антагонизми во општеството.

Не веруваме дека Шакири и останатите негови колеги се посебно загрижени за меѓуетничките односи. Тоа остана грижа само за етничките Македонци. Албанците продолжуваат да манифестираат етнички шовинизам, а по ново и верски радикализам, што секако ќе наиде на македонски одговор. И покрај предупредувањата на премиерот Мицкоски и министерот Тошкоски за сценарија на дуи со цел дестабилизација на земјава на етничка основа, сепак дел од политичарите од Вреди продолжуваат со негативна реторика. Тоа не прави да се сомневаме дека дел од нив се во тајна соработка токму со структури на дуи и останати од Косово.

Секако дека Гаши има право да оди на свадба и да си игра шота, но нема право да шверцува ликови преку граница со службени возила и да прави каубојски испади на меѓународен аеродром. Секако дека има право да се помолат со Ријат заедно, но не во државна институција. Тоа не е оставштина на нивните родители, ниту пак верски Храм. Особено немаат право на историски ревизионизам и промоција на албанска шовинистичка пропаганда за ослободување на Скопје, што е казниво дело согласно Одлука на Европски суд за човекови права и Комитетот на министри на Советот на Европа.

2. Во каква ситуација се ставаат сега ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, да бранат коалициски партнери кои шират вакви ставови?
Секое прашање за ВМРО ДПМНЕ и за Мицкоски, ќе ги упатите до нив. Јас истакнав дека Македонски Концепт се става во сериозно неприфатлива позиција од поведението на Вреди, а од разговори и со останати коалициски партнери, знаме дека незадоволството е изразено. Ние подадовме рака на Вреди да работиме на нова иднина, на економски раст и развој, на борба со криминал и корупција, особено од редовите на дуи. Тоа за сега не го гледаме кај Влен.

3. Дали новиот албански партнер во македонската влада ќе продолжи да се радикализира?
Јас лично и Македонски Концепт, тоа не им го посакуваме, зашто и брзо ќе завршат со мисијата. Најдобар пријател на дуи во моментов е поведението на функционерите на Вреди. Како да сакаат да го вратат дуи на власт, а не убедуваа дека имаат животна желба да ги уништат како партија. Не гледам резултати во таа насока. Само докажување дека тие се поголеми шовинисти и од актерите на дуи до сега. Односно, дека нема да биде како до сега, туку полошо. Доказ за тоа се заканите на Вреди кон Уставниот Суд, што е надвор од здрав разум. Тоа е тотално антиевропско поведение, а ние јасно и гласно даваме поддршка на судиите да носат правни, а не политички одлуки, кои мораме сите да ги почитуваме.

4. Држи ли вода тврдењето на лидерот на Левица, Димитар Апасиев дека Македонија се косовизира?
Тоа не е негова теза, туку украдена од Македонски Концепт. Може да направите истражување и да забележите дека кампањата „ослободување од косовското ропство“ е промовирана од нас веќе две години наназад. Но во ред, Димче е познат арамија и плагијатор во политиката и ова не му е прав пат. Тој има најмалку право да зборува за тоа, кога во Собрание шири исламистичка талибанска пропаганда како јавен поддржувач на терористите од хамас и хезболах, а се клања на Еневер Хоџа. Апасиев е докажан бизнис партнер на Ахмети, за што објавивме докази, па добро е да се знае дека неговите „удари во Собрание“ се целосно усогласени со сценариото на дуи за дестабилизација на Македонија.

Точно е тоа дека Македонија се косовизира и тоа мора да престане. Токму за тоа ја добивме довербата од граѓаните на последните избори. Ако не престане, треба да биде спречено со сите методи. Македонски Концепт веќе работи на модели, како да ги поразиме етничките шовинизми и верски радикализми, без разлика од каде доаѓаат и да преминеме во нормално, граѓанско општество, како модерните земји во ЕУ и самите САД. Убедени сме дека МОЖЕМЕ НОРМАЛНО!

#новаиднина #МакедонскиКонцепт

Богојески за „Локално“: Големо е незадоволството кај владините коалициски партнери од поведението на ВЛЕН - Локално Вчерашната седница на која обид за смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши предизвика препукувања меѓу…

03/09/2024

АРНАУТИТЕ НЕ ГО ОСЛОБОДИЛЕ СКОПЈЕ 1912 година
(термин Албанец тогаш не постоел, а Македонците го користеле турскиот збор Арнаут, од таму и јас во овој пост, со цел да се запази автентичноста)

Отоманскиот султан, соочен со напад од Балканските сојузници со цел одземање на Македонија и нејзина поделба, се обидел да ги мобилизира Арнаутите на негова страна со ветување за создавање на албанска држава. На тоа Арнаутите одговориле позитивно и започнале масовно да се собираат во Косовскиот вилает, а со воз и коњи на турската армија од 01 до 12 август 1912 година околу 500 – 600 од нив, пристигале во Скопје.

Прво што побарале Арнаутите било рушфет (мито) од турските власти, кој бил насилно собиран од мирното христијанско население.

Второ што побарале Арнаутите било ослободување на нивните затвореници од турскиот затвор во Скопје, што предизвикало ослободување на бандити низ градот, кои започнале со криминал и плачкање на населението, што предизвикало судири помеѓу Македонците и муслиманите, во кои имало и жртви.

Особено во тешка положба биле Македонците, затвореници во скопскиот затвор. Месните отомански власти ги заплашувале христијаните.

Согледувајќи ја положбата во Скопје, а со цел да го спасат градот од разурнувања, странските конзули заедно со месните првенци, извршиле дипломатски притисок и заканување врз Фети-паша, кој се обидувал да ја организира одбраната на градот, и успеале да го наговорат наместо да се стационира во Скопје, да се повлече кон Битола.

Не постои документ од странските дипломати во Скопје кои забележале било какви борби помеѓу Арнаути и Турци. Обратно, поради пружена помош на отоманските власти, полициски патроли и шверц на оружје, султанот му дал одликување на нивниот водач Бајрам Цури.

Откако на 18 август 1912 година османлиската власт и признала автономија на Албанија, а српската војска започнала со пробиви на север кај Табановце, сите арнаутски банди на чело со Бајрам Цури, натоварени со паричен надоместок, зад грбот на турските власти, избегале од Скопје кон Косово, наводно да организираат таму отпор кон српската војска, а всушност ги оставиле турските власти без поддршка.

Отоманската западна армија на Али Риза-паша по битката кај Куманово, 23 и 24 октомври 1912 година, во паника заедно со најголем дел муслиманско население од Скопје, Куманово и Велес, со возови бегале према Солун, а потоа према Истанбул.

Неколку дена, пред повлекувањето на Фети-паша од Скопје, во соработка со странските конзули, градските македонски првенци успеале да организираат месна власт и стражи и да ги спречат безредијата во градот. Тогаш биле ослободени сите Македонци од затворот, но ниту едно муслиманско семејство не било повредено.

Откако корпусот на Фети-паша се повлекол кон Велес, странските конзули отишле во штабот на Првата српска армија во Бучар Хан и му го предале градот, во кој српските единици влегле без борба, а потоа воспоставиле српска власт.

Оваа власт за нас Македонците не е ослободителна, туку реокупаторска. Отоманската окупација на Скопје била заменета со српска, а Арнаутите немаат никаква улога во некакво си ослободување на градот.

Македонските чети на ВМРО и овозможиле на српската војска да ги заземе сртовите на Бабуна и дале силен придонес на 5 ноември 1912 година српските сили да ги заземат позициите кај село Алинци и да се префрлат на десниот брег на Црна Река. На тој начин, македонскиот народ кој бил мобилизиран во разни воени формации, а често и самиот се организирал, дал голем придонес во прогонувањето на отоманската војска кон Битола.

Тоа е вистината и да му ја кажете на пратеникот во Собрание, да земе да учи малку историја!

Петар Богојески

#ослободувањенаскопје

Наумовски Викиус: ЕУ е Мојата визија за иднината на Македонија - НОВА ТВ 03/09/2024

Интервју на потпретседателот на МК👇🏼

Наумовски Викиус: ЕУ е Мојата визија за иднината на Македонија - НОВА ТВ Интервју со Самуел Наумовски Викиус – македонскиот Швеѓанец и шведскиот Македонец Дипломатите се нашите амбасадори, гласот на Македонија во светот и нивната рабо...

02/09/2024

Петар, како ќе се бориме со албанскиот шовинизам?

Едноставно, со владеење на правото! И не само со етнички шовинизам, туку и со верски радикализам и измеќарење… со се! Само владеење на правото за сите, поддеднакво!

Ако имавме судски систем, кој не е наполнет со шверцери, арамии, блефери, уценувачи… никогаш немаше да имаме меѓуетнички проблеми, зашто сите ќе беа свесни за одговорноста пред закон!
Вака нема закон, нема ред, нема мир! Некои поверуваа дека се над државата, над законот, за нив правилата не важат и забегаа! И со право! Така им дозволија!

Време е за систем во кој правилата важат за сите, без исклучок!

#владеењенаправото #МакедонскиКонцепт

30/08/2024

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
30 Август 2024 ГОДИНА

Бугарија со непримерно поведение ја вмешува Македонија во изборната кампања и внатрешни политички односи

Бугарија со непримерно поведение ја вмешува Македонија во изборната кампања и внатрешни политички односи, со што дополнително го нарушува кредибилитетот на ЕУ во очите на македонските граѓани. Себично е од бугарските политичари, за потребите на изборната кампања, со цел себе си да се претстават како „заштитници на бугаризмот“, да ја вмешуваат Македонија во истата. Уверуваме дека со тоа губат гласови и не добиваат ништо, освен омраза кај Македонците, кои во огромен број одлучуваат кој ќе биде следна власт во Бугарија.

Бугарските политичари отворено се залагаат за историски ревизионизам и негаторизам на историските факти, констатирани од европската историографија, особено за двете светски војни. Креирање на лажна историја и обид за нејзино наметнување преку цензура на слободата на говорот со кој им налага на македонските граѓани, новинари или политичари да коментираат по желба на Бугарија, не е решение на овој проблем, туку негово продлабочување. Говорот на омраза против нас Македонците и Македонија кој доаѓа од министри на бугарската влада е поведение без преседан, надвор од здравиот разум и спротивно на сите европски вредности. Тоа ги руши и постулатите на Преспанскиот договор, со што се нарушува безбедноста на Балканот, за што е потребна реакција од НАТО и САД.

Согласно Одлуките на Европскиот суд за човекови права и Комитетот на министри на Советот на Европа, сите оние личности и држави кои се служат со негирање или ревизија на јасно утврдените историски факти, ќе подлежат на санкции. Се криминализира историскиот ревизионизам во сите земји членки на ЕУ и тоа е казниво дело. Очекуваме ЕУ да отвари постапка против Бугарија како држава и да ја смести во редот на негаторите, пред очите на меѓународна јавност.

Убедени сме дека, прогресивниот патриотизам и промоцијата на македонските национални интереси е проевропско поведение и не може да биде толкуван како провокација или конфронтација со соседите. Неправилно е да се очекува од нас да ги промовираме бугарските позиции и потчинето да се однесуваме, бидејќи тоа создава лажно пријателство со Бугарија, лажна надеж и бегање од суштинско решение. Да потсетиме, Македонија е суверена, а не втора бугарска држава!

Потребни се потези со кои се решава, а не се одлага проблемот, од дневно политичка природа, со што се отежнува позицијата на ЕУ во евроинтеграциските процеси на Балкан. Самите Бугари знаат дека немаат никаква корист од т.н. решение „Бугари во Устав“ и дека тоа е спротивно на бугарските интереси. Потребно ни е поинакво решение, базирано на современиот концепт на граѓанските општества во Европа. Ако се фокусираме на перспективата на идните генерации, решение секако ќе има.

Центар за комуникации и анализи
Македонски Концепт

27/08/2024

МЕЃУЕТНИЧКАТА ДОВЕРБА е раскрсница во повеќе насоки… не може сите заедници меѓусебно да се почитуваме, а само албанската заедница да врши насилство врз сите нас!

Споделувам снимка од невидено грозно поведение на албанските шовинисти, кои слават убиство на дете и провоцираат со истото кон Македонците!

Вака доверба не се гради!
Ние Македонците сме жртви на албанското шовинистичко насилство секој ден!
И тоа веќе не смееме да го трпиме!

Свесен сум дека можно е политички кругови од земјава и странство да стојат зад овие провокации, но секогаш ќе се најде такво оправдување, а насилството никако да престане! Нема оправдување!

Ова е возобновување на неофашистичко, балистичко поведение, што е казниво во сите земји на ЕУ. Како тоа Албанците се самодекларираат за најголеми ЕУ фанови, а ги кршат вредностите и законите на ЕУ, за кои се казнува и во Македонија?!?

Ова кривично дело ќе биде пријавено во ОЈО во прилог на веќе отворен предмет за постапување против манифестации на албански етнички шовинизам!
ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

#владеењенаправото #МакедонскиКонцепт

Want your organization to be the top-listed Government Service in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Македонски Концепт

“Македонски Концепт” е политичка платформа за промоција на иновативни идеи и решенија, на база на граѓански активизам. Во таа платформа може свое учество да земат политички партии, здруженија и организации, граѓани, без разлика на етнички, верски, политички или било кој друг идентитет го носат во себе.

Основна цел за постигнување е просперитетна и бескомпромисно интегрирана, домашно и меѓународно, граѓанска држава и нација на богати граѓани, кои ќе живеат во фер општество во кое ќе има шанса за секого и во кое ќе царуваат правото и безбедноста. На крај од нашата мисија треба да создадеме „жива Македонија“, а тоа е држава полна со млади луѓе, на кои во наследство ќе им оставиме три работи – држава, слобода и пари!

Поаѓаме од идеалот на револуцијата „Македонија на Македонците“. Под „Македонци“ ги подразбираме сите граѓани на македонската Република, кои искрено и недвосмислено ја поддржуваме нејзината државност. Сите ние сме дел од современата државотворна македонска нација.

Етничкиот патриотизм се отфрла и заменува со државен патриотизам во граѓанска држава на современа граѓанска нација. За нас, македонската нација е политичка заедница на сите граѓани на македонската држава, при што секој од нив поединечно, како индивидуи, но и како дел од своите примарни етнички заедници, ќе учествуваат и ќе даваат сестран придонес во нејзиното устројување како компактен политички организам.

Videos (show all)

ОВА Е КОНЦЕПТОТ 1-8
НЕГОРЦИ, ГЕВГЕЛИЈА, БОГОРОДИЦА, СТОЈАКОВО, БОГДАНЦИ... СТРУМИЦА ви благодариме на гостопримството и искрените разговори ...
МУДРОСТА НА НАРОДОТ можеме да ја спознаеме само ако сме блиски до него! Секој збор, злато вреди! Битола ви благодарам на...
ПРОДОЛЖУВАМЕ УШТЕ ПОЈАКО... од човек до човек, лице во лице со народот... со сите македонски граѓани, без разлика на етн...
БИТОЛА е подготвена за големата победа! ПРОДОЛЖУВАМЕ со акцијата „лице во лице“ со народот, кој ништо нема да го поколеб...
ПРИЛЕП е со нас… тие кои сеуште не се определиле, размислете дали заслужувате учка ропство во Градот Херој! СИТЕ кои ги ...
КОГА НАРОД ЌЕ ВИ КАЖЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ СТЕ, нема поубаво чувство од тоа... СВОИ НА СВОЕТО, со свој народ во борба за своја д...
ПОЕНТИ од интервјуто на потпретседателот на МК за меѓународна соработка, г-дин Самуел Наумовски за Глаголица.мк#Македонс...
КАКО ЖИВЕЕТЕ малцинствата под јаремот на албанското мнозинство? БАДИНТЕР ЗА СИТЕ!!!
НАЈГОЛЕМАТА ЛАГА на изборите е влезот во НАТО! - изјавува Богојески
НАРОД СЕ БУДИ... нема запирање до конечна победа! - порача Богојески
КРУШЕВО, изворот на македонството... градот на Карев, Питу, Никлев... на Тоше... МОРАМЕ ДА ГО ОСЛОБОДИМЕ!

Address


Boulevard Partizanski Odredi 17
Skopje
1000

Other Political Parties in Skopje (show all)
ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО
VMRO Square
Skopje, 1

ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 јуни 1990 година. Позционирана е десно од центарот. ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка на Европската Народна Партија

УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош
Љубљанска 6
Skopje, 1000

http://ok-karpos.blogspot.com/ https://www.facebook.com/OK.Karpos https://instagram.com/umskarposh

СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија
Bihacka 8
Skopje, 1000

http://sdsm.org.mk/ http://twitter.com/sdsmakedonija http://youtube.com/SDSMtube

Partia Demokratike Evropiane-Dega Butel Partia Demokratike Evropiane-Dega Butel
Hristijan Todorovski Karposh, 86
Skopje, 1000

"Asnjëherë mos u përpiqni të dekurajoni të menduarit, sepse me siguri do të keni sukses." - Bertrand

LDP Kisela Voda - ЛДП Кисела Вода LDP Kisela Voda - ЛДП Кисела Вода
Vasil Glavinov 14-1/7
Skopje, 1000

Општинска организација на Либерално Демократска Партија - Кисела Вода

Партија на Власите од Македонија / Partia a Armânjilor dit Machidunii Партија на Власите од Македонија / Partia a Armânjilor dit Machidunii
Борис Трајковски бб, Општина Кисела Вода, Барака 2
Skopje, 1000

Partia a Armãnjilor dit Machidunii yasti fundatã pi 07 di April, anlu 2001 tu Skopia. Ghini-vinitu pi frãndza ofitsialã./ Партијата на Власите од Македонија е основана на 07 Април ...

Lëvizja Demokratike Lëvizja Demokratike
BUlica Goce Delcev Br. 11, Mavrovka
Skopje, 1000

Унија на Ветерани  ОК Центар   ВМРО ДПМНЕ Унија на Ветерани ОК Центар ВМРО ДПМНЕ
Square VMRO
Skopje, 1000

Македонско Национално Единство

CDU-Centralna Demokratska Unija CDU-Centralna Demokratska Unija
Skopje, 1000

Официјална страница на политичката партија ЦДУ - Централна демократска унија.

Родина Македонија - Бутел Родина Македонија - Бутел
Ljuba Ivanovich 50/1/5
Skopje, 1000

Страница на Општинскиот одбор Бутел, на политичката партија Родина Македонија

Либерално Демократска Партија ЛДП Либерално Демократска Партија ЛДП
Ulica Vasil Glavinov Br. 14-1/7
Skopje, 1000

Такви сме... некогаш пред времето... доследни на своите и